Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    8.741
    Пол:
    Женски
    За сите нови мајки :hug:
    Се пронаоѓам себеси со првото дете и тензијата која си ја правев :)
     

    Прикачени фајлови:

    На lipstickmadness, Speechless, WhiteCat33 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Еве и јас да пишам некој ред:)
    И никна првото запче на ќере, живи радости сме, и го видов јас непцето уште пред некој ден дека е набабрено ама ај си реков има време, ќе извади другиот месец.Ама еве тука еее и сега путер колачиња за во среда ми се планирани и кравајчиња и сутлијаш ќе направам.:)
    Не знам дали секаде по градовиве ваков обичај има, кај нас така е.:wasntme:
    За на одмор се спремаме средината на август ќе одиме и малце ми е мисла како ќе поминеме дека дури на трет крак ќе одиме да не е далеку за бебето, да не не сака да седи во кола долго,да не и се лоши од патот .. триста прашања имам во глава. И брзо пробувам да ги отфрлам сите мисли и да пробам да мислам позитивно. Сепак ќе носиме баба сервис со нас, ќе биде одмор и за нас до некаде. :DАпартманов што го најдовме е со 2 посебни спални за спиење и со 2 посебни тераси. Кујна и тоалет се заеднички. Блиску е одма до плажа што е супер.Би требало да сме таман вака. Треба да купам реквизити за на плажа, млека за сончање..
    Поголемиов батко е добар, само оди да ја гушка и бацува сестра му, сака да и ги бакнува ножињата да и зборува мило..:wasntme: Го прашувам да го носиме бебето на плажа со нас или дома да седи..Кога ми направи една фаца:o домаа? Нее, со нас мамо, како дома:D а јас намерно го прашувам да видам што ќе ми каже.
    Сега ново му е сака крадци и полицајци да играме, ама сака нонстоп. И само трчаме низ соби кој стигне бегаме од полицаецот. Колку и да сум изморена со бебето некако најдувам некоја скриена енергија и се бркаме,се смееме.
    Ако е 3 години старо детенце многу ми помага психички да функционирам со бебево и сите обврски околу него и плус куќните.
    Со неговата ведрина и искрена невина насмевка ми се чини можам планина да турнам.
    Сака и криенка да игра јас го научив како. На почетокот кога не сфаќаше што треба да прави ми вели ќе се скриел под масата а јас да го барам.:)Му велам не ми кажувај кај ќе се криеш:D па прекина да кажува:)
    После го гледам се скрил под тепихот,а јас се правам не го гледам среде соба дека е :)
    И така мајки,постов каша попара, како и мисливе..
     
    На Mumoftwo30, CareTee, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.970
    Пол:
    Женски
    Како се да се вратам во нормала после одмор?
    Ми фали тоа чувство и готово.
    Мајки, камп, мајка било. Прв пат одам, решена никогаш да не сменам.
    Базен во кампот, море на 100м. Возила нема, зеленило, деца на куп. Одмор ипол. Вака не сум одморила, и пред бебка.

    Е сега се вратив, и цел ден лежам. Мачно ми е. Депре некое.
    Луѓено родени во Грчка на море, Бог ги сака дупло од нас.
    5 саати дома, и ми фали фредо еспресо, мирис на море и фактор.
    Ете така.. Се се изжалив, си се пофалив.
     
    На Antebellum, Осе, Coco31 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мир што може море да ти даде нигде нема на друго место. Оваа година ќе ја рипнеме ние малиот ни се роди сред лето. :sweat:
     
    На Mumoftwo30 и Carolin. им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    18.032
    Пол:
    Женски

    Ако имате можност одете септември па и втора половина, бебе ке ужива, само предлог дадов :$ јас го шеткарам од неполни 2 месеци луда ме правеа сите кога тргнав првиот пат, еве сме живи здрави шетани и со уште мнооогу планови за шетање :D
     
    На Осе, Marsi*, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  6. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Навистина е благослов да имаш помош.. некој да го причува на 2-3 часа, да излезеш од дома со партнерот , со другарките едно кафе на мира да испиеш ,да пешачиш да идеш на шопинг. Ми се врати волјата за живот и среќна сум сега дури и наспана сум се средивме веќе 4 недели синко. Јас незнам како функционираат мајките без ничија помош, секоја чест.
     
    На Antebellum, Осе, Leanne и 20 други им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.081
    Допаѓања:
    21.626
    Пол:
    Женски
    Тешко, претешко :$

    Вчера имав работа докај 7 поручек, абе ко кажа НЕЈЌАМ ТАТО, САКАМ СО МАМА ДА РАБОТААААМ :whew::whew:
     
    На Leanne, Mom's_life, Dennings и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Офф топик, во кој камп бевте? :D
    Јас уште 2месеци имам од породилното па само си кукам вчера се вративме од Охрид, 15дена бевме таму абе друго е ...и овде и таму сме со бебка заедно ама таму што викаш плажа, водичка,фактор, бранче, полесно се гледа на кенкање од заби :x
    Сакам август уште еднаш барем 1 недела до Охрид па Септември Грција и доста е за годинава, ќе си се вратам со ред солзи на работа :sweat:
     
    На Marsi*, CareTee, Mom's_life и 2 други им се допаѓа ова.
  9. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.970
    Пол:
    Женски
    Митикас. Помеѓу Лептокарија и Катерини. Мало, мирно местенце. Ние во бунгалов бевме. Не сум толку спремна од клима да се откажам :)
     
    На sani99 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  10. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    1.911
    Пол:
    Женски
    Здраво Мамички како се справивте со хормоните и се што доаѓа после пораѓај? Особено за прво дете..јас породена пред 3 недели со хормоните сум хаос и со мислите и маж ми исто.. мислам дека двајцата врвиме низ постпородилна депресија. Имам премногу поддршка од маж ми да напоменам ама некако и двајцата сме хаос овие недели очигледно не предооставуваме дека ќе биде вака, доење на секој сат, пелени,плачење и успивање бебе и така во круг..двајцата ненаспани. Помош добивме од свеки ама првите две недели главата тапан ни ја направи, ти и кажуваш едно таа се контра, искрено разочарана сум многу, очекував дека ќе имам помош ама не ваква, па затоа и ја одбив дури и потешко да ни е се сами да правиме..а толку мислев ќе можам да се подпрам на некој.Дополнителен тригер за плачење ми е и тоа што чувавме домашен миленик маче 4 години, кое го дадовме во друг дом бидејќи страв ни беше колку е безбедно да го чуваме бебето со маче дома па сега и тоа не уби психички уште повеќе. На моменти некогаш и сеуште не можам да си поверувам дека бебето е мое..толку имам грижа на совест собрано во мене, тага, страв и само лоши мисли, се си мислам на мажотми ќе му се случи нешто и ќе останиме сами со бебето на овој свет;( незнам искрено што ми е,како празна се осеќам бувално мислам дека ако почнам да плачам нема да можам да престанам
     
    На Осе, Tea SK, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  11. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    1.966
    Пол:
    Женски
    Џабе е да ти кажуваме дека ќе помине. Сама ќе си осетиш како минуваат деновите и се' повеќе ќе се заљубуваш во своето дете и ќе сакаш да бидеш се повеќе со него.
    Во блиска фамилија добивме уште едно бебче, а моето е веќе скоро годинка. Отидовме на посета кај нив една недела откако го донесоа бебчето дома и си помислив во себе "Колку сум била глупава што после пораѓај се нервирав што сум дома со бебето, што не сакав да лежам по цел ден на кревет и да го дојам. Колку сум глупава што сум се нервирала што сака да си лежи во мене и да спие во мене"
    Гледајќи ја роднината сфатив дека тие денови биле толку убави, а ние минуваме низ хорор во главата.
    Само можам да ти кажам биди силна :hug:
     
    На mKdevojce, Coco31, Marsi* и 14 други им се допаѓа ова.
  12. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    Ако не поминува депресијата, јас би отишла на психолог/психијатар за неколку недели. Инаку за сега, пробај да излезете со бебушот наутро кога е посвежо или навечер. Јас го носев во марама многу ама моето беше зимско бебе, за во лето мислам дека не е препорачливо. Мене тоа ме спаси. Според мене ова е најтешкиот период, првите недели.. не можам да го споредам тоа чувство што го имав со ништо. Знај дека ќе стане поубаво, ќе се навикнете полека на новата улога. Времето ќе летне а љубовта ќе си остане најголема.
     
    На Carolin., WhiteCat33 и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  13. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Здраво душичке.потполно те разбирам бидејки бев во истата ситуација само што мене не ме сфаќаше никој сериозно и ми кажуваа "ајде не ти е ништо" ...плачење по цел ден ,бебето плаче јас со него, доење на 20 минути,заспивање на цицка, цела ноќ грчеви и плачење ...не сакав никој до мене освен јас и моето бебе ...сопругот си се премести во дневна да си спие бидејки јас така сакав за да биде наспиен за работа јас цели ноќи цели денови сама ..помош не сакав од никој а немав се на се 2 саата сон ...тоа траеше година ипол,од ден на ден депресијата ми се развиваше се повеќе и повеќе , што и да правев за бебчето секогаш мислев дека не сум доволно добра мајка,сопруга .... па врз сета мака и депресија ,детето ми се разболе бевме цел месец во болница буквално помислував да си го направам најлошото ,и на крај се истоштив ,ослабев 26 кг и завршив на психијатарија ... помина една година од тој пекол, сега си одам на работа и се си е во најнормален ред фала му на бога. Во овој момент ти треба најголема поддршка и разговор со сопруг ,мајка,пријателка...јас тоа го немав а многу ми фалеше....па дури и побарај помош од психолог уште кога е рано и знај дека оваа е период и ке помине ..ако ти треба разговор слободно пиши ми во било кое време,тука сум <3
     
    На 1209, Dennings, снежана2023 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.970
    Пол:
    Женски
    3тата машина, и 2та сушара ме враќаат дома :(
    А таму на рака пропери, обеси на тел, не ми сметаше:P
     
    На Mumoftwo30 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  15. Trinity9

    Trinity9 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Моето е 3 месеца и те сфаќам потполно. Не се само хормони во прашање, туку и умор. Кога бев бремена со сопругот решивме дека сѐ сами ќе правиме, за да не ни се меша никој. Единствена помош што ја примивме беше ручек да ни се носи. Ние имаме и две кучиња, кои мора да се шетаат 2 пати на ден. Додека ми беше на града 24/7 многу тешко можевме да се организираме сите заедно да прошетаме. Среќа првите две недели сопругот ги зема слободни, па приспособувањето заедно го правевме. Свекрва ми и так оди на работа, а едно од кучињата почна со мајка ми да се однесува “агресивно”, па мајка ми ми нема дојдено 2 месеца, морам јас кај нејзе да идам. Додека е мало бебево не можам да се замарам со дресирања, секако ќе го решиме проблемот, само што дополнително непотребни стресови ми се направија. Некогаш посакувам да ги немавме кучињава, а некогаш да не сум станала мајка. Сопругот изглегува со нив, ги враќа, оди веднаш на работа, се враќа во 18ч, руча, излегува со нив, се враќа во 21ч, трча да испазари додека не затворило Веро и дошло 22ч. Сега пркна малиот малку, купивме кенгур, вечерното шетање сите заедно го правиме, за да поминеме фамилијарно време :) Уморна сум уште, секој период носи свои предизвици, и знам дека само што сме започнале. Сте постапиле со миленичето како што сте мислеле дека е најдобро, секој родител постапува најдобро! Иако јас не сум се откажала од моиве, не те осудувам за спротивното. А помош не е некој да ти дојде и да ти кажува како не треба, ама повеќето за жал таков вид на помош знаат само да дадат. Сите емоции се нормални, тежок период е. Мене до пред еден месец ми беше многу досадно мајчинството, сега малку по малку почнувам да уживам во деновите со малиот. Ти посакувам што поскоро да го осетиш и тоа.
     
    На 1209, lackygirl, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Прочитај го мојот пост претходно ете исто се осеќав дури се каев што родив. Но сега сум подобра 4 недели сме со бебче се смири спие подолго се одморивме излегов од дома шетав се разбистри главата. Прво што е со маж ти не смее он да запаѓа у депресии он мора да биде тука цврст за тебе . Друго немој да ја одбиваш свекрвати можеби у моментот она што ти контрира ти изледа престрашно но не е така друга генерација се тие нормално е не одбивај помош обавезно остави и го на 2-3 часа да го почува ти шетај у природа со маж ти јас за викенд го оставам кај мајками за да искочиме со маж ми а другите денови кај тетка му и свекорот исто да прошетам тоа ме спаси мора помош инаку ке полудиш. Ќе фатиш ритам со детето ќе биде се полесно спиј кога оно спие ова е само фаза ти кажува некои кој до вчера плачеше зошто родил.. :l:
     
    На Dennings, sani99, Ena05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Кога се роди ќерка ми се силев да ја "сакам". Излегував на тераса и си викав: добро, што ми требаше ова? Се чудев како е тоа љубов на прв поглед и со тек на време сфатив дека секојдневно ја градите вашата врска и таа неопислива љубов која доаѓа малку по малку.
    Ќе се навикнете и прилагодите.
    И јас имам куче, не знаеш колкава грижа на совест имав што неможев да му се посветам. Што до вчера сум го шетала и играла, а денес го предадов, заменив.
    Маж ми беше 100 на саат од стрес, збореше нешто неповрзано, јас заспана, неприсутна. Хаос.
    Дај си време, плачи ако ти се плаче. Тоа е здраво, ќе ти се олесни. Секој ден се повеќе ќе се запознавате и ќе се засакувате. Верувај во тоа и биди трпелива :l:
     
    На Dennings, Mumoftwo30, sani99 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.081
    Допаѓања:
    21.626
    Пол:
    Женски
    Жени, мајки, кралици.
    Се почесто се праи муабет за ППД, па би сакала да го споделам моето искуство како мајка на 2 и пол годишна ѕверка, со сеуште блага ППД.

    Ќерка ми е посакувана, не е на грешка, дури и испадна баш како што ја замислував. Преубава, премека, преМОЈА. Правена со месеци, плачена на секој негативен тест дали некогаш ќе ја имам. И ја добив. И стиховите од Констракта - И шта чемо сад??? си дојдоа со нејзе.
    На ГАК бев шокирана, 2 дена не бев свесна дека родив. Ми беше олеснето дека веќе не сум трудна, океј супер. И онака си ја мразев бременоста. Софија ја држев механички, ја оддржував во живот што се вика. Знаев дека така треба, бебенце си бара блискост. Ама јас таа блискост не ја осеќав. Знам дека ги гледав внимателно сестрите кога ја пресоблекуваа и ми изгледаа толку роботски, што си реков па да бе, лесно е ова, можам јас. Ку*ац сум можела, извинете на израз.
    Првата ноќ само ја гледав, ја држев за рака и плачев. Верник ќе станев за малку, се молев да ја сакам.
    Вториот ден не ја пуштив од раце, не знаев што да правам друго. Страв ми беше од се.
    На денот на излегување плачев цело сабајле, барав психолог - ми рекоа дека е сабота. Добро. Се собрав.

    Си дојдовме дома, 1 недела не ја погледнав. Колку болно и да звучи, многу малку внимание и посветував. Мајка ми си замина, сѐ соочив со реалноста. Останав сама, мм беше на работа. Не знам колку беше присутен, последица од ППДто ми е што првите 6 месеци речиси не ги памтам. Знам дека многу се каравме тогаш. Прв пат родители, не знаевме за подобро. Нејсе, се опседнав со доењето.
    Си го мразев телото дека не дои, правев апсолутно се што можам за тоа. Запознав другарки од форумот кои што беа присутни и сфатија дека се опседнав, дури и мм кажа да се откажам. Некако успеав да се помирам дека доенечката приказна заврши на 3 месеци.

    Се распишував, мме. Кој нема време, нека прекине сега :D

    Софија беше бебе од книга, освен нејадењето. ( До 9 месеци, после тоа си покажа роговите :devil: )
    Јас ја пратив у градинка на 9 месеци без емоции. Не плачев дека се "делам" од нејзе. Бев сигурна дека мора да оди во градинка. Адаптацијата ми беше измачување, едвај чекав да заврши тоа да се стабилизираме.

    Дојде првиот роденден, јас ја сакав. Не знам како, кога, од механички робот Софија доби мајка. Од тогаш до сега, ми се случија премногу лоши работи во животот каде што дојдов до степен да немам воља за живот. Софија ме спаси. И ја сакам од ден на ден сѐ повеќе и повеќе.

    Во меѓувреме, многу работа на себе, многу компромиси со себе и со бракот и со детето. И секој кој некогаш има почувствувано нешто вакво, не е ни страшно ни срамно. Барем јас тоа сфатив.
    Иако е анонимен форум, а јас не сум толку анонимна :rofl:

    Не е страшно да барате помош :l:
     
    На Dust, IRBBB, Leanne и 43 други им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    5.763
    Пол:
    Женски
    На тема ППД. Сфаќам дека имав/м блага форма може и предизвикана од околината.

    За разлика од други што немаат помош и заради тоа им е тешко, јас обратно, во секој момент баби, дедовци на располагање што мене пак сето тоа мешање ми беше екстремно тешко.
    Мојата замисла е дека маж и јас сами ќе си гледаме дете, ќе се навикнуваме едни на други како семејство од нас 3ца.
    Замислата и одговорот на маж за истото, викни ја мајка ми/ти нека ти помага. Коса ми се креваше кога ќе оставев бебе со него на 15-20 минути за да се избањам и излегувам од бања гледам минимум 3ца други низ куќа се плеткаат. Или јас ќе спремам дете во количка и ќе го пратам на пола час во парк за да исчистам, тој ја однесол ќерка кај мајка му за таа да ја носи во парк.
    Месеци ни требаа за барем малку од малку да ја подобриме таа ситуација.
    Е за тој период јас го превземав целиот товар на мене и бебе и дом, од друга страна се чувствував очајно зошто маж не се поврзува со ќерка. Периодот помина, веќе е многу подобро, делиме работи и околу ќерка и околу домот, меѓутоа изгубените нерви тешко дека ќе се вратат.
     
    На Leanne, Coco31, lackygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    8.655
    Пол:
    Женски
    Жени, мајки.. денеска ретко која жена не осетила ППД.
    Со првото дете беше обратно изразена, јас не го давав на никој, мислев ќе ми го земат, се сакав со мене да е, и се јас да му правам, од бањање, до пресоблакање, шетање, држење во раце, итн...
    Секој што ќе го земеше го гледав со презир, и само сакав назад да ми го врати син ми, толку беше тешко бебе, не спиеше воопшто, само врескаше, ништо не му беше погодено, јас само плачев, изгубив апетит, со сила јадев, се мислев дека нешто ќе ми се случи мене или на син ми, Бог ми го испратил мм да биде појак психички од мене, заради вакви ситуации, ниту еднаш не ми се раздра, не повиши тон на мене, се живо ми помагаше, правеше да се чувствувам посебна иако бев заникаде и физички и психички, за кратко време де вратив во нормала, после 40 дена, ајде помина тоа, останав бремена повторно, од нигде никаде се случи, 13 месеци се разлика, додела бев бремена со второто бев турбо, го држев и малотп во раце, сама го бањав, сама све буквално, и кога се роди второто се живо со стаив на грб, сама да правам, без помош, така сакав, не знам зошто, ама 1 година правев скоро се сама со две мали деца, мм беше ма раб тој период по 12 часа, јас бев турбо, секој ден, како поминуваше времето така паѓав и тонев, додека лани не се погледнав во огледало на што личам, ослабена 15 кг, не средена, без воља за ништо, психички истрошена, почнав да имам разни симптоми, физички секако, додека да сфатам дека имам анксиозност помина многу време, завршив на терапија со антидепресиви, посета на психолог и психијатар редовна, страв од себеси и од сите болести, и што се не...
    Сега после 1 година сфаќам дека мојот инат не вроди добар плод, и дека требаше да барам помош, а не да се правам силна и храбра дека се можам сама! Децата никогаш не ги ставив на второ место, и не постоеше кај мене тоа дека не ги сакам и дека не сакам да се грижам за нив, напротив јас бев толку заштитнички настроена спрема нив, што дури бев и себична, сакав цело време само јас и јас да сум со нив, целото мое внимание да е само за нив, само јас јас јас.. и погрешив!

    Барајте помош, и од дома и од психолог, не е срамота!! :l:
     
    На Leanne, Coco31, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.