I tuka sekoj so sekoj se znae baska cel zivot ziveam tuka taka da novodoselenite ne gi znam. Majka isto raboti tuka vo blizina taka da so dosta luge imam zdravo ako nisto drugo ama od koga dobiv bebe magicno site gi zainteresirav da mi praat muabet po pola saat i da nemozam raat da prosetam.
Лајкот за поддршка. Иста сум и јас. Особено се пронајдов во последнава реченица. А сум човек што се соочил со големи предизвици и секогаш сум била позитивна. Бев и тироидна да проверам, добра е Не знам што е работава, ама чуствувм дека во иднина ќе се каам што сум сега ваква, затоа што ова треба да ни е најубав период во животот нели?
Не се бори против тие чувства. Прифати дека е така, не си набивај грижа на совест уште толку. Океј е, се чувствуваш како што се чувствуваш, не се терај на сила дека мораш да бидеш позитивна, дека нешто не е во ред со тебе што си таква. Таков е периодот, а неспиењето особено си го прави своето. Кога не сме наспани не размислуваме јасно. И ќе помине. Како ќе расне бебето, ќе станува посамостојно, ќе спие повеќе, ќе се враќаш полека на себеси. Така ми беше и на мене и затоа знам дека ќе помине. Полесно ќе помине без самообвинувања, преанализирање на зошто вака, зошто така. Има и некој притисок дека мора да сме среќни, баш тогаш, па уживај со бебето во секој еден момент, нема да се врати бла бла бла... Не, во ред се и другите чувства. Прифати ги како такви и ти и останатите и малку по малку ќе си дојдат работите на свое место.
Уморот што го осеќаме не е физички иако така се одразува, енергија ич, подочњаци до колена, замор и додадете вие што уште не... Уморни сме емоционално, ај кажете кој можи цел ден секој ден да мисли на капки, витамини, д3, колкчиња, наочари, школо, пелени, папокот, ноктите, воспитувањето, тоа капиларот кај рачето, што за ужина, капење, ушите се за чистење, на забар треба.... Да не одам за нас што треба , за дома не ни почнувам. Чистењето не уморува ама грижата за најмилите многу. Абе комјутер да беше мозокот ќе прегори... Затоа е важно многу опуштањето и времето за себе, менталното здравје на прво место.
Три дена по ред читам што пишувате за ппд и никако да успеам да шкртнам..или си викав подобро да не копам низ затрупани емоции побезбедно е. Не се доживеав јас така лошо постпородилно, ваљда зошто фокус ми беше 200% на бебево, конечно го дочекавме, па цело време си викав немаш право да се осеќаш лошо,немаш право да се жалиш,да си уморна, да плачеш, да си депресивна. И така некако си пројдоа 6ипол месеци. Пресреќна сум како мајка на ова слатко обравче, но не сум среќна како личност,подолг период. Премногу несреќни настани, лоши работи, често на мм му велам се осеќам како да сме проколнати. Замор не осеќам, сон не ми фали зошто легнувам рано со бебе па цепкано ќе се наспијам, но колку и да не сакав да признаам бебо е преголем плачко. Скокови,регресии,заби,сепарации,вакцини дали вкупно 2недели во овие месеци било без драматични плачења за сè живо и зајдување до онесвестување. Ме преморува тоа зошто го проаѓам скроз сама, мм ќе проба 3мин ќе створи тензија уште толку и ќе си се повлече, па јас по 40мин трпи шутеви од нервозно бебе што плаче агресивно, тантрумски на 6 месеци. Ми влијае премногу ми влијае на психа што на моменти се фаќам како во себе посакувам да запре сè, да станам и да излезам надвор.. само да е тивко барем на кратко. И после се каам и знам дека не сака тоа да плаче ради реда, што е тоа криво што јас се осеќам самотно во целото родителство 90% од времето. Па се враќам во реалноста земам воздух,голтам солзи и го гушкам и повторувам дека е најсакан. Знам дека горе доле сите бебиња исто прават, прва година е најтешка, сè ми е јасно и само си повторувам - ќе помине, фаза е, ќе помине, ќе порасне. Но сакам ли да помине побрзо без да запамтам сè што е убаво само зошто јас се осеќам слабо? И ете, ќе помине, од Октомври по 9ч на работа и те како ќе пројде годината и ќе порасне. Но мора да се пронајдам себе, за да порасне тој во среќно дете. Некоја мајка прашуваше дали имаме црни сценарија, јас ги имам цело време. Стравови дека утре ќе ме нема и ќе остане незгрижен и недоволно сакан од останатите, дека не знаат како сум го сакала јас,за да продолжат.
И јас многу се плашев да не ми се случи нешто кога сум сама со бебе. Имав страшни сценарија од онесвестување до удар. И погодете што? Се случи. Бебе беше некаде 12-13 месеци, јас во кујна тој на земја блиску до мене. Добив таков страшен напад на желудник ли жолчка ли појма немам што беше тоа. Паднав на земја се свивав и не можев да се дигнам некој 5-6 минути не знам мене предолго ми траеше. По некое време бебе почна да плаче зашто не можеше да ја дофати водата од масата, цркаше нервозно по мене. А јас не можев да се кренам од болка па имаше една топка до мене, со неа маев и се молев шишето да не падне врз него туку до него. Среќа не беше проблем како онесвестување недај боже нели ама само таа случка ми покажа колку јас како мајка можам се за моето дете и во најголемите болки. Затоа верувајте си и бидете сигурни дека и во каква ситуација да сте ќе најдете начин и сила да го заштитете вашето дете.
Не знам како ја отворив темава, не сум отворила баш долго, кога тука ист муабет што пред малку го имав со маж ми. Јас не сум среќна. Не знам да се израдувам. И ми доаѓа да си ја мавнав главата од ѕид... Маж ми е многу едноставен човек. Многу посветен татко, сопруг, многу ја сака фамилијата, ги обожава децата, ме сака и ме цени. Дома делиме се од обврски, на моменти и повеќе од мене е со децата, со двајцата надвор само за да одморам... и среќен е. Нема никакви пороци, не пие, не пуши, не иде во кладилници, не би изневерил никогаш.. Сега ме праша баш што ми фали... Не знам. Имаме и повеќе од солидни месечни приходи, имаме здрави деца, здрави сме генерално, имаме наш стан, уплатен уште еден , две коли. Одмори и викенди на море, во Европа... све со личен труд.. не ми фали ништо. И ми фали се. Ми фали мајка ми. Ми фали татко ми. Ми фали таква поддршка. Ми фали некој да ги почува... Од што сум оштетена од детство и растење со болести на родители, не сум способна да се израдувам. Бројам години, мислам што боледт ќе ме задеси, кој ген ќе преовлада.. Правам се за децава, ништо не им фали, секој атом го давам за да се анимирани, средени, најадени... и син ми големиот на три пати 'ме утепа'. Еднаш на психолог кога беше прашан да избере сликичка што ја опишува мама избра тажно маче. Втор пат кога зема пари од татко му да ми купи едно цвеќе за да 'видиш тато мама колку ќе се израдува, ќе се насмее'.. и трет пат... кога се сликавме со филтери од вибер и се смеевме на сликите смешни. Вистински се смеев. Следниот ден дојде со телефонот и ми кажа 'ајде мама пак да се смееме, многу беше убаво вчера'... има нецели 5 години. Сите core memories сега му се создаваат. Првите 5 се најважни на свет, нели? А со што го оставам.. И сега не знам зошто ова го пишувам тука, ваљда да ми олесни дур ми течат солзиве.. се надевам дека љубовта им е доволна зошто ги сакам повеќе од себе си. Многу повеќе од себе си... И се надевам дека ќе се издигнам од оваа дупка и од овој умор. Дека пак ќе се смеам...
Епа не си среќна оти сепак ти фали нешто, и не е мало нешто. И нормално е да се чуствуваш така. Макар имале се материјално, пак фали нешто. И жалам што не можеш да се израдуваш и верувам дека сакаш да се смееш и дека сакаш децата да те помнат како мама која беше среќна додека растевме, а не како мама која беше тажна, ама некогаш е посилно од нас. Ете јас ништо немам од тоа што имаш ти материјално и тоа ми е делот кој ме загрижува. И не не детето дека ме прави уморна, не е ниту неспиењето, грижите се. Растев во сиромаштија и стварно сакав да има детево се, со мм толку години чекавме за дете оти сакавме да сме обезбедени, бевме на добар пат. Живот во странство, куќа, работа, пари и стварно ни беше удобно, план да дојдеме тука и да уживаме година со детето и имавме финансии, можевме да си дозволиме, ама ете мм заглави со здравјето, баш последните месеци пред да се врати и да работи, јас не можам да работам морам дете да чувам оти место во градинка толку изненадно нема, баби нема за чување и грижата за финансии буквално ме убива. Со детево по приватни болници пари се издадовме, со мм исто. Ете вчера за нова болест му правеа тестови, за месец дена резултати, значи одењето на работа се пролонгира уште за толку и повеќе. Он работи и тука ама не е кој знае каква работа, а и не може да работи било каква работа ради дијагнозата. Не гледам излез и загрижена сум, немам желба да идам на фризер, да излезам или било што оти ќе трошам пари, а не сакам и се запуштам и не е воопшто ради грижата за детето. Знам дека ми давате совети да правам нешто за себе, ама не можам оти имам грижа на совест дека ако направам за себе ќе нема за дете. А реално иаме уште од заштедата и не дека би останале без финансии, има и кој да помогне, ама моментот дека не знам што ќе се деси и моментот дека ќе немам за нешто за дете ме парализира. Трауми од детството ми де ова, стварно.
И јас имам трауми од детство за истово. Собирав ситни пари по дома да купам улошки или нешто за јадеење. Се продаде стан и се дадоа паритеда се најде лек и на крај на ден сите дадени пари не ја спасија мајка ми. Гледајте го здравјето, здрав човек и работи и заработува. Ќе биде добар сопругот.
Мислам дека човек со повеќе трауми од мене нема, не постои. Татко алкохоличар, мајка нарцис (не сум ја доживувала таква, психолог ми ја кажа нејзината "дијагноза") и скроз дисфункционално семејство. Сама во голем град кој чини многу а пари нема, со последните пари сум одлучувале дали ќе купам ѓеврек или хамер за у школо/факултет, одам да принтам и се крстам да излезе 20ден поефтино да купам еден ѓеврек, по улици се џарам да не најдам од некој паднати 2 ден, 5ден, смрт ми беше кога ќе дојдеше 5ти за ќирија, како да се јавам за ќирија кога знам ќе речат Нема! Прв компјутер во 1ва на факултет оти ептен ми требаше, не за друго, прв телефон си купив од пари од стипендија што ги добив зошто имав награда на ниво на цел свет за цртеж, ама шодека. Татко тежок алкохоличар, мајка што Нема не и искачаше од уста, нервози и караници од утро до мрак, срам да донесам друштво дома, сите знаеа кој и што се моите и друштво едино кога дојдов во Скопје, ама и тие после 1, 2 пати кога ги откачував за искачање зошто нели нема пари и тие се повлекуваа, па почнав да искачам и да одам пешки до дома, за да не ме откачат, а срам ми е да кажам... И така до една голема љубов која ми пропадна и никогаш не го преболев и мм кој ме спаси на некој начин, но сепак со текот на годините карактерот му се расипа до толку што на пати си мислам Да имав грб досега ќе фатев магла сто пати. Среќа имам 2 прекрасни деца и се ќе направам да ги насочам во добар пат. Имам армија жени кои ги сакам и ме сакаат, кои ме ценат, секогаш сум тука за нив и обратно, знам дека ќе бидат тука за мене но тоа не ме прави потполно среќна. Не е дека не сум среќна со мм, но не сум потполно среќна. Има многу тежок карактер и многу е тврдоглав, со него нема докажување, па ми смета тој начин на однесување кај него. Поприлично сум оштетена пред децата па доаѓањето на децата ми беше големо освежување, досега не сум имала проблем освен кога се породив со второто и не можев да го смирам една ноќ па си помислив Што ми требаше оваа работа, ама брзо се вратив во живот. Ги обожавам, животот би си го дала за нив. Ми недостигаат многу работи ама компензирам со среќата нивна. Ете, исповед на една заробена мајка од годинаипол старо ѕверче, со страшно уморни плеќи и згрчени мускули. Се вративме од море, 10 дена со свекрва никад веќе. Нека е жива и здрава, бетер дете од двајцата. Ме умори целата обврска на мене да одлучам каде, колку, кој, што и зошто. Кај ќе одиме? Колку ќе седиме? Кој ќе се бања прв? Што ќе се јаде? Зошто не е спремен никој? И многу други прашални зборчиња кои бараа одговор само од мене. На мене будење, соблакање, облакање, мачкање, пакување, распакување, спремање, распремање, мкнење, влечење, вадење од вода, ужинки, главни оброци, калкулирање колку и што ќе се јаде... Се преморив! Едвај го чекам понеделник. Ми остана правосмукалка дома и џогер, уште една машина да се пушти и таман да се доуморам до понеделник. Понеделник на работа, таму бар ќе одморам од мама, мама, мама, мама... 300 на саат. Одам 3те ручеци полуготови да ги ставам во фрижидер за од понеделник и да се спремам за попладневна прошетка со мајки и синковци во парк. Убав ден!
Ме расплака... Не знам ни јас шо ја отворив темава ама иста сум... душа ме боли по татко ми можам да плачам и плачам. А сепак гледам да не сум таква. Упорно вежбам биди присутна во сегашниот момент ама упорно паѓам. Упорно се трудам да не размислувам па сепак мислам зошто сме вака створени зошто немаме никаква контрола врз тие рабори ,татко ми почина од нога ,срцев удар кога никој не очекуваше ,карпата се сруши... после почнувам да мислам дека може и на нас да ни се случи истото ,што ќе прави детево и слично
Денес не сум горда на себе. Имав нервен слом. Многу ми се насобра лутина. Не сака да спие во креветче, по цели денови е мама, мама, мама, во вц на скут ми седи, бегам и пак за мене залепено. Ме фати инает, не сакам со мене да спие. Што не пробав. Приказни, прожектор со ѕвезди, бели звуци, поткуп, не се дава и не се дава. Станато од 6 и 40, заспа во 20 часот. Маж ми на крај го окрка, го испратив со нишкање да заспие. Мене грбот ми е налик 90 годишна баба. Кога престанав да слушам звуци, такво олеснување доживеав, неописливо. Ми доаѓа маж ми, 1:0 за нас. Ама не е решение. Не сакам да водиме инает кој повеќе е инаетлив. Мора да спие во тоа креветче. Дали спиете со децата во ист кревет, и ако не, како да успеам, а да не се трауматизираме сите. Згора на се, ај пошо не сака да спие, надвор ќе идеме. Поголема грешка не можев да направам. По земја лежи, лази, се тркала. Луѓе гледаат. Ама толку ми дојде преку глава, само набљудував и си викам тоа е, број до 10 ќе помине и после во машина на 60 ќе го перам. Не можам ни од умор да заспијам, никогаш повторно ваков ден. Будиста да беше тука и тој ќе се пореметеше. Ја не знам нашите како се справувале со нас. А сигурно истото сме го правеле. Дали не оставале да се трескаме од земја, дали ни урлале, што правеле, еве не знам. Рудник ќе копам, со тодлер и тантруми не можам да се справам. Добри ли сте вака психички, вие во оваа фаза?
Хелоу мамички Тешки теми сте почнале. Убаво е кога има кај да се искажеме без никој да не осудува, или да ни праќа од оние "сожалувачки" погледи. Прочитав нешто, нешто прескокнав ама убава ми е темава. Мислам само овде нема препукувања. Не би пишувала за тие моменти на слабост што сите, апсолутно сите ги имаме верувајте. Кој повеќе кој помалку. Во тие моменти ни изгледа како да нема излез, нема светлина на крај од тунелот... И не сакаме совети, сакаме само некој да не ислуша и да ни каже дека се ќе помине. Само толку, лесно е и едноставно... Се ќе помине И ппд И караниците додека се децата мали постепено намалуваат И непроспиени ноќи И тодлер фаза И ќе седнеме еден ден, читајќи се, само ќе кажеме вредеше... После загубата која ја доживеав, одејќи на болница имав чувство како да се поздравувам последен пат со поголемиот. Од тогаш секој ден се трудам да го гледам со радост, да барам позитива во се. И само ќе речам да сме здрави и живи. Толку... Мојот одмор/умор помина со 200 на саат. Додека трепнеш се вратив "претепана". Утешете ме дека в година ќе е полесно бар малку... Имајте убава вечер
Колкаво е малото? Јас бев ваква со големото дете. Мора да спие во креветче и спиеше генерално во своја соба и своиј кревет, освен нели кога е болен и од сабајле кога ќе станеше во 5, па да се доспиеме сите го земавме. .. на негови 2 ипол години доби голем кревет, сфати дека може да се симне да си дојде во спална и така. Некогаш ќе го осетиш како се бутнал, некогаш ќе станеш и ќе го видиш... сфатив дека се бориме со ветерници ако го враќаме назад. Има скоро 5г, правилото е да си легне кај него во кревет, па кога сака може да дојде. Заспива до 9.30 и некогаш доаѓа во 1, некогаш не знам кога доаѓа, некогаш се будиш го нема, па идеш го бараш... и така. Малово сега спие во креветче, па во дел од ноќта го земам до мене.. некако не ми се водат истите битки. Имам време за себе, за куќа, за муабет со маж дур спијат у своите кревети... Види тебе како ти е полесно и така прави. Реално ќе пораснат и нема ни да не бараат. Пс. Неспиено и гладно дете имаат најстрашни тантруми.
Кога ќе научиме да не се вртиме во минатото, да не размислуваме за иднината, туку да живееме во сегашноста, да му се радуваме на денот и на се што дошло во него, тогаш ќе бидеме среќни. Многу кратко време се мали, дур да трепнеме ќе пораснат. Ова ви го кажува мајка на 12 годишно, 8 годишно и 6 месечно. Радувајте им се на децата, прекратко се мали верувајте. И сами ќе почнат да јадат, да спијат, да се бањаат, па после и да излегуваат. Ќе бидат самостални и помалку ќе сакаат да се гушкаат и да седат со нас. Нема да растураат играчки, да валкаат, да истураат. И тогаш што? Поминал животот, сме остареле и не сме уживале во тоа што поминало. Правете спомени со децата, сликајте се, снимајте се. И кога ќе потпораснат седнете заедно и гледајте. Тон емоции и солзи од радост ќе ви дојдат. Почнете уште од денес да гледате на убавите работи а понеубавите игнорирајте ги. Ден по ден ќе ви се смени секојдневието. Нека ве паметат децата по убаво, нека ве паметат насмеани и весели. Чувството е прекрасно, верувајте ми.
Не, не сме само не кажуваме Ако почнам да пишувам, ќе плачам. Ќе потонам во тага. Утре одиме на одмор, а куферот не е спремен. Децата не се заспани, а јас сум уморна. За тоа како изгледам, не би коментирала А како се чувствувам уште помалку. Ова ние прв одмор со две деца. Се надевам на убав одмор, и дека нема таму да потпишеме развод Виш ми лак
Се ова е супер што го велиш и се согласувам дека е така и веројатно еден ден сите ќе сфатиме дека било така. Знам дека сосема со добра мисла ти е постот, ама сепак ако се жалиме и кажуваме дека ни е тешко не значи дека не им се радуваме на децата и на секој ден со нив. Знаеме дека се ќе помине ама некогаш едноставно е премногу. И на крај на ден, ако си обезбеден материјално, ако сите се живи и здрави, ако имаш барем малце подршка замена од некој, ако имаш вистински партнер до тебе, и ако секојдневието е исполнето со љубов, може целиот живот би бил полесен. Ама сепак покрај тоа што сме родители сме и луѓе и не верувам дека не постои човек без некоја грижа, ама сепак секој товар е различен и секоја тага не е иста. Да тагуваш по родител, не е исто како и да тагуваш оти не си имал време да излезеш со другарки. Второто ќе те направи малце депре ама ќе си речеш еј насмеј се има денови ќе пораснат децата ќе излезам, ама првото колку и да сакаш да се смееш душата ти плаче, го нема тоа еј стегни заби ќе помине, мора да си среќен пред децата. Не мора реално, децата треба да знаат дека има секакви чувства, децата треба да се научат дека еден ден ќе мора да поминат и они низ тие чувства, мора да знаат како да се справат со нив. Друго лесно е да биде човек оптимистичен кога има скоро се, и да ужива во сегашноста, ама реалноста е друга и скоро никој нема апсолутно се што посакувал во животот, пак ќе кажам луѓе сме некогаш и не толку убави чувства преовладуваат во нас. И така. Само се надоврзувам кон муабетот, да не ме сфатиш дека нешто ти се спротиставувам @ArabellaStarfall моево спие со мене и да бидам искрена сто пати сме понаспиени отколку кога спиеше во креветче, оти кога спиеше во креветче станував по 3957626 ноќеска за да го проверам, да цица, да го презаспијам и ми пукна филмот го земав со нас. Сега се тесниме ама реално мм повеќе од ноќта е буден па и не е толку страшно, некогаш спие и во дневна, секако рчи многу и не можам да спијам со него па ваква ситуација ни е ок за сега. Ќе дојде време пак ќе спиеме сами(може пак нема заедно ради рчењево) ама сепак за сега ич не ми пречи што спиеме заедно. Сабајле кога ќе се разбуди и кога ќе не фати така со рачињата и кога ќе рече мама, заборавам на “неудобноста”. Мислам дека колку повеќе си упорна да спие сам, он толку повеќе сака да е со тебе, пробај да олабавиш малце ќе видеш дека може сам ќе сака да си спие засебно. А за тантрумите, го оставам да прави што сака, трча во фонтана, се вала во песок, седнува кај што стигне, се мачка со кал, не се замарам многу, дете е и секако перам одма и туширам кога влегуваме дома, а он е среќен и изморен. Како сака нека ме гледаат не се потресувам многу што мислат. А психички не сум добра ама тоа е друга тема на муабет
Уживкај, те сфатив Луѓе сме, мајки сме, нормално е да имаме и различно расположение и различни емоции. Со добра намера ми е секако постот, сакам да ве "дигнам" малку, да знаете дека се е минливо. Ехе, пред да се роди бебето бев и наспана и преодморена. Ама, ова сега не би го сменила со ништо на светов. Колку пати не заспивам намерно за да го гледам како спие
Исто, исто... мам мам мам и прееска татко му му вика Кого сакаш поише мама или тато, мртов ладен вика Тато. Абе да го згмечиш. Спие со нас, нажалост. Се научивме на море и тоа е. Ќе го вратам, зошто иначе тешко мене, утре ќе чистам, па ќе менувам постела и ќе залепам креветче до спална па ќе се снаоѓаме некако. Не бива иначе. Он спие залепен а мене, мора у мишка да ми е пикнат. Ме боли грб и десно рамо ко да ме тепале.