Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.461
    Пол:
    Женски
    Ај да отворам една тема, сега си размислувам во глава па да си се олеснам.
    Каков ви е животот со сопрузите? Од 1 до 10 колку се чувствувате убаво со нив, чувствувате љубов, страст, желба да бидете заедно и слично? Колку се карате?
    Некако периодов ништо немам желба да правам со мм, можеби периодов трае и подолго, се ме нервира, се ми фали, сакам да размислува паметно, поразлично, сакам да го променам.
    Дали секогаш беше ваков, а не го гледав така? Или сега се промени? Дали јас сум проблемот?
    Во принцип е фин, смирен, секогаш смирува топка, јас сум онаа кавкаџика и дераџика. Ми помага, се грижи за дома ама нешто ме нервира, ми смета.
    Баш би сакала да чујам искуства.
     
    На SummerGirl и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  2. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    4.190
    Пол:
    Женски
    :D
    Ај една мајка што успа дете и блее во телефон цел саат да ти одговори на прашањата , кога не ми доаѓа памет да си легнам. Колку ми е убаво со оцена од 1-10 мислам дека треба секој ден индивидуално да го оценувам. Ние сме релативно малку ,2 години во брак заедно 4 години, дека постои љубов тоа сигурно ама дека не е истата како на почетокот и тоа стои. Друга е таа првична заљубеност и пеперутки , друга е оваа позрела сегашна љубов. Страст сеуште има (време нема):DИмаме многу желба да сме заедно, имавме некако ист животен стил пред да се земеме лесно се уклопивме и поминувањето време заедно е секогаш уживање. Е сега се се смени откако дојде бебе. Мала е , на доење, тек сега почнува да јаде што значи уште не бевме дојдени до момент да ја оставаме. Се до минатиот викенд. Успеавме да украдеме два дена по 5 саати за нас двајцата и дури не ми е верно се препородивме. Сфатив дека ми фалел баш онака искрено .
    Дека човекот каков што е во врска не е во брак тоа гарантирам. Ние жените генерално имаме малце проблем со тоа постојано менување. И пет пати дс го смениш, пак мана ќе му најдеш;) Да не есовршен има милион мани, ама имам и јас. Мислам дека секогаш тревата ни е позелена кај комшијата и тоа е проблемот. Кавгаџика сум и јас лесно избувлива ама морам да признаам дека некогаш некои мои лични незадоволства знам врз него да ги истурам а не ми е он крив. Јазикот ми е побрз од паметот многу често. Беше смирен сталожен сега јас малце го поместив и него го направив кавгаџија да ни е интересно по дома:D
    Пред дете мн ретко се каравме , сега со нејзе уморот не изместува тука додај мои хормони и еден благ хаос. Ама ден по ден работиме нештата да бидат подобри.
    Он е човекот на мојот живот и со сите мани среќна сум што он и е татко на мојата ќерка:l:
     
    На Coco31, Mumoftwo30, Luminary и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    5.760
    Пол:
    Женски
    Како небо и земја сме станати. Колку што јас се посветив на бебе и сите обврски, распореди ги правам околу дете, толку тој обратно. Некако се повеќе ни се истакнуваат различностите. Може и секогаш сме биле различни ама наоѓавме баланс сега ми е многу потешко да го направам тоа.
    Некако како многу непромислени работи прави што ни се причина за кавга. Еве пример, вчера си викнал братучед со жената на гости (ако викнал, добредојдени се сите). Проблемот е што жената е пред пораѓај, а ние дома сите со вирус. Е па заборавил да кажи за тоа. Жива се изедов, да не нешто префати жената од нас и на крај да и се искомплицира. На кратко само на балкон ги седнав, на отворено, се извинив што не можеме да се видиме како што треба.
    Инаку, може и јас сум проблемот, за Х работи треба да се опуштам повеќе и да поработиме на бракот.
     
    На SummerGirl, plava.90, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Како цимери во принцип, што е и скроз очекувано со бебе под година. Доење,скокови,регресии,сепарации,прозори на будност...еден ден си фатила ред следниот сè низ брдо. Мајка си,доиш ноќе, бебе се буди по 100пати, автоматски си растревожена, замор прави свое. Ти се плаче, ти се јаде, ти се спие, мирисаш на твор од повраќаници мочки пот и во цело лудило маж ми ако не се прошуња пред мене не би ни ми текнало на Х работи да се скарам да преречам.
    Од секогаш бев гласната тој тивок, јас оган тој мирна вода, кавгите ни се сведуваа на: јас редам сè 10год уназад а тој како карано дете и после е само тажен и потиштен па на крај он ќе ми прости зошто сум била лоша и така во круг. Амаааа со бебево мислам дека секоја капка ми ја прелева чашата, одма ескалирам.
    Ме нервира што си е лабав, што му требаат 3ч за да старта ден, ме нервира да пакувам/чистам/спремам бебе/мислам на сè сама, да треба да му кажам ај бе земи да се избањам, ај бе да не кенка заиграј го итн. А сè можам сама, цел живот сè правам сама, не е спорно и му имам кажано јас не зависам и не се плашам да го пораснам бебево сама, ама сум тооолку едноставен лик што не ми ни треба да он прави кој знае што. Само многу ми значи да пројде додека се борам со сама себе,со бебе да ме гушне со утешна насмевка, да ме праша абе сакаш нешто треба нешто? Е толку фали за да не се жалам цело време. А прекрасна личност е, прекрасен татко, се топам кога се гушкаат со бебо а ова па како мало коалче го гушнува со раце нозе цел, така само него го држи. :inlove: ама е спор трактор, влијае што татко му бил голем дел отсутен од неговото детство за да заработи за нив,па мислам се има така изградено дека како таткова фигура не си многу важен, а греши и му кажувам ама 3 дена му трае.
    Генерално јас се фокусирав 300% на бебето и тоа знам дека му падна него тешко,зошто да бидеме реални и јас го разгалив овие 10години. Може ќе биде полесно да го доверам бебе на 3 4ч на родителиве па ние да одиме на кино,вечера,театар, што и да е. Може добро ќе ни доаѓа, ми фали дефинитивно, неговите гушкања ми се омилени а не сум ги осетила така искрено 7месеци. Како викаат, на прво место мора да си бидете со партнерот па потоа децата ќе можат да бидат сакани, растени и воспитани правилно.

    :l:
     
    На Coco31, 1209, SummerGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  5. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    824
    Пол:
    Женски
    Јас од кога ни со роди синчето уште повеќе го засакав маж ми кога видов колку е грижлив уште од кога бев во болница се прикрадуваше навечер пред да ги земат бебињата со мене во соба цела продавница ми ја купил иако јас ни залче не можев да каснам. Кога имав проблем со млекото ми купил се и пумпа и силиконска ,формула,чаеви се за де не се секирам ме убедуваше ќе дојде млекото не се секирај и навистина дојде. Првите две недели плачев нон стоп секој ден ми купуваше готов ручек и ме носеше кај мајками и он спиеше таму со мене за да се чувствувам подобро , секој ден го остававме кај мајками а ние шетавме за да се раздвижам и се ослободам седнуваме на кафе со другарките за да не бидам цел ден со бебето. И помина депресијата се чувстувам нормално си дојдовме и дома сите обврски околу домот сакаше он да ги прави но не му давав јас он и на работа оди преморен. Пред некој ден ни беше и годишнина ми купил преубав поклон а јас организирав вечера во Mi Casa преубаво си поминавме како млад брачен пар. Детето го чува и повеќе од мене ми дава да поспијам некој саат плус го успива он премногу му се радува кога ќе ги видам срцето ми се полни. И страст има секој пат кога ќе легне детето ме гушка не издржавме ми за секс на 4та недела после царски имавме и секој момент кога можеме си имаме. Мора да се прави време за партнерот јас не сакам да постанеме цимери што потајно ќе се мразиме дека ни пропаднал животот заедно.Можеби ми фали време како порано што имавме да шетаме со саати и да дремеме у кревет али ако се прашувам за оцена колку му давам за нашата љубов тоа е дефинитивно 10+. Детето ми покажа колку прекрасен човек сум земала.
     
    На Coco31, MeowMeow, Luminary и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.461
    Пол:
    Женски
    Сликата која ја имав за него пред дете и по дете ми е скроз различна. Можеби очекував друго, можеби сум фрик, можеби претерувам ама ми фали нешто. Сакам да размислува поразлично, да расте со самите промени кои ги имаме, не само за детето туку и општо. Ми фали стабилност, мажественост, сигурност... Како да се изгуби во новата улога, а јас како да продолжив да се борам и прилагодувам на новонастанатите ситуации. Ми фали да бидам горда на маж ми. Не знам, ете си кажав.
     
    На SummerGirl, Carolin., IRBBB и 10 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.356
    Допаѓања:
    103.044
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите ние жени сме такви, овертинкери. А како не, ние мислиме и на нив и на деца и на се, а они само на себе, за воља на вистината голем дел од нив и на себе не мислат. Јас мислам за 10 дена одмор 10 дена пред и 10 дена потоа, а он само на шорцот, наочарите за нуркање и на брановите. Одморот најтешко тоа ми беше, јас треба да мислам на се, на сите и на комшиите до нас дури, според свекрва ми нели да не им сметаме. Да де, носевме свекрва на одмор, се одмори жената фино, не ми сметаше, не беше лоша не беше зајадлива, абе како да ја немаше. Може и подобро така ама мене ми беше претешко да носам товар за 2 возрасни и две деца, мојот товар нели не се ни рачуна. Епа затоа од следна година одмор 1 недела јуни, 1 недела август, и сами без додатоци, зошто иначе сама да сум одговорна за се па и за уште еден возрасен, но но... И тоа, еве после одмор демек продолжен викенд и на другиов родител му текна да оди у село да барел шумски овошки, ако, фино, деца обожаваат, ама ја некако да одморев?! На работа им реков, барајте семинар некој пуштете ме 2 дена да одморам аман! Малово за воља на вистината е тешка лепенка, мама.... мазуљка мама, еве моментално пишувам со една рака, он другата ми ја има гушнато со раце и со нозе. И не смеам ништо да направам. Нема мрдање.

    Инаку ние у минус сме после 17г заедно и 11 у брак, негатива, опасна. Само се караме. Одличен татко е, иначе досега ќе ми го видеше грбот. Реално и добар сопруг е, ме нервира што е аљкав, не почнува иницијатива сам, се мора јас, друго се е супер. Не фаќаат периоди на нервоза ама проаѓаат. Татко е што ќе однесе деца да прошетаат дасе одморам или исчистам, што бања деца и спрема за спиење и носи, разнесува, ама си цени и време за себе. Работи многу за да имаме се и мило ми е за тоа, јас пак работам со децата и така иде се.

    Воглавно имаме нормално секојдневие, ама ни фали малку помош од страна за да бидеме повеќе заедно сами.
     
    На Mumoftwo30, 1209, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    10/10 искрено многу пораснавме и двајцата заедно со детето. Првата година беше тешко, претешко затоа што бев многу ненаспана а и ни требаше на двајцата време да се научиме на новите улоги. Имаше на почеток кавги. Околу годината негде почнавме да спиеме цела ноќ и стана полесно. Пак се случуваат ситни кавги ама сѐ во рамки на нормала. Искрено ме прави среќна и јас него, не би можела да сум во брак ако е поразлично. А исто и додека добив, околу 7.5 месеци мене ми беше многу мачно, без никаква желба за интимност, тоа и заморот највеќе придонесоа за кавги.
    Малку ми е чудно како пишувате прекрасен сопруг и татко е ама јас за сѐ мислам, не прашува дали нешто треба и слично. Не е ваша задача да ги учите за емпатија. Тие што имате машки деца учете ги од сега реално.
     
    На Thor, baby-star, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Заедно сме 12 години, цела младост ја поминавме заедно. Генерално многу ретко сме се карале, сме имале разбирање, кога имало караници сме зборувале сме ги решавале проблемите. Откако дојде бебе, ни се случи земјотрес... Се помалце имаме разбирање еден за друг, се караме и си префрламе вина цело време, на кој му е повеќе тешко, покрај се што се случува со бебе ова ми падна многу тешко. На моменти се прашувам дали ќе пребродиме или вака ќе биде, не би издржала мислам дека. Се ми се смени откако станав мајка ама ова најмногу ме шокираше, не очекував.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Добар човек не е совршен човек. Не постои таков, 90% од мажите се нацртај ми што треба за да те препрашам 10пати пред да го направам успешно. Сама кажуваш сте имале потешкотии првата година што е нормално и очекувано кај сите затоа и не се стресирам дека ќе се разведувам на 7месеци пост партум. Кажувам дека е прекрасен сопруг затоа што 2год во обиди за бебево поминав низ пекол од операции болници крварења абортуси и да не беше тој да ме држи во живот којзнае каде ќе бев сега,зошто му отидов со предлог за развод за да си најде жена што може да му роди дете,бев во ужасна состојба и само тој знаеше како треба со мене за да ми помогне. И да прекрасен човек е и со бебето кога ги прави работите кои му доаѓаат спонтано и природно.
    Не знам може јас имам различна перцепција за лош човек, зошто сум била во токсична врска со егоист скриен психопат а маж ми нема ни трошка злоба и лоши намери, само е ултра спор. :D
    А за воспитувањето на син ми, 100% практикувам сè од раѓање што сакам да прави и да биде, како ќе расте да се гради во прекрасен независен човек да знае да си зготви среди по себе и да забележува ситници. Нешто што генерации наназад фали кај мажите дефинитивно.
     
    На Coco31, SummerGirl, Kikikikiri0405 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    Какво разведување во 7 месец постпартум, првата година е најтешка да се преживее. Далеку дека ние сме совршени, ама бракот јас не си го замислувам да се докажувам дека сѐ можам сама, ако е така што е поентата? Тоа е според мене нели, сите различно си функционираме.
    А инаку да, во првата година кавгите беа 100% од неспиење (доено бебе), мајка со постпородилна анксиозност, хормони. Нашата емпатија, разбирање и љубов еден спрема друг си остана и тој период. Секогаш ме прашуваше и како сум и што може да направи, за очигледни работи сам му текнува има очи и разум.
    Не ми е целта да се фалам, цел ми е да сфатат жените дека постои таков третман како принцеза, го имам и го гледам околу мене. Сите жени го заслужуваат тоа. :*: Кога ќе те види некој да ти каже дека блескаш.
    Едит: тоа за влечкањето кај повеќето е присутно ама ако ние можеме да се навикнеме сѐ да правиме турбо можат и тие. Е сега ти треба да му дадеш шанса да вежба а не да преземаш сѐ да правиш сама.
     
    На Coco31, baby-star, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  12. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Женски
    Кај нас кавгите траат уште, големата 4 год и малото 2. Помага низ дома, ги игра децата ама пак најголемиот дел од обврските се на мене. И ми е преку глава. Во образование работам и сега ми е одморот, и замислете еднаш не излегов на кафе со другарки. Моја е грешката знам што така сум си ги поставила работите ама тоа ме фрустрира. Се си велам ќе пораснат па после ќе бидам послободна. Ептен сум оладена спрема мажот ми, немам ни некоја желба за блискост и интимност. И на тоа не работам од што сум уморна. Еве уште една што се жали ама посилно е од мене. Дефинитивно поинаку ни работи мозокот на мажите и на жените.
     
    На SummerGirl, Carolin., Sun&Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Јас на моменти мислам дека го имам најдобриот, на моменти најлошиот маж :rofl::rofl: зависи колкава ми е анксиозноста!

    Да, дефинитивно е потешко со дете, но маж ми кога би го оценила, би му дала 15/10, бидејќи треба да имаш челични нерви за моите хормони ахах. Јас мислам да беше обратна ситуацијата ќе немав толкаво трпение.

    Има моменти кога ме вади од такт, но кога ќе видам и како ме третира јас го обожавам! Го сакам луѓе! И 100 пати да бирам ќе си го изберам него!
    Спор е на моменти (или пак јас во тој момент имам одлучено дека сакам да е 100 на саат); ќе дадам пример, само што стана од попладневна дремка, јас бев веќе на врата за да шетаме бидејќи цел ден сме дома поради топлото. Он ни а, ни б, стана, се облече и беше на врата. Мене ме нервираше зошто е толку спор, без да размислам, цел пат му се лутев како не разбира дека ова е мое единствено шетање во текот на денот, бидејќи после легнува бебе, легнувам јас. Циркузи. Или пак кога ќе станеме заборавил да му смени пелена. Од такт ме вади! Ама смешно во исто време бидејќи знам дека не ја сменил и ќе му довикнам од кујна: ја смени ли пелената? Он секогаш ми враќа: Да, да! И го слушам како брзо оди да ја смени :D:rofl:
    Има денови кога му се качувам на глава зошто има социјален живот а јас немам… Он на сето тоа на крај на денот ќе ми каже колку сум убава и колку ме сака :inlove:
    Понекогаш мислам дека не го заслужувам!

    Одлично функционираме дома, исто како и пред детето, буквално ништо не е сменето од функционирање со домашни обврски, до функционирање со финансии.
    Има промени да, помеѓу мене и него, денови со намалена комуникација бидејќи окупација ни е детето, најголем приоритет. Но едвај чекам да порасне бебка да можеме барем еден ден да ја оставиме кај баба и дедо, и да поминеме еден ден јас и он заедно!
    Има денови кога страшно ми недостасува, ми фали да сме јас и он, но јас сум во неверојатен тим од мене, маж ми и бебето. Стварно сум пресреќна што ги имам!

    Дефинитивно треба да се гледа кога се бира партнер, со ниеден бивши ќе го немав ова што го имам денес!

    На се се работи, потребен е реален разговор, разбирање и трпение. Јас и он сме ова денес бидејќи многу работевме еден на друг уште кога почнавме да живееме прв пат заедно.
    Можам да кажам за сите жени, се справуваме со нагли промени од тело, хормони, социјален живот, се ќе помине.. и сите сме во ова :l: не сте сами!
     
    На Coco31, Giiirl23, macka91 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Ах мажи, мажи ние од градинка се замараме со нив, они до 7мо одделение не знаат дека постоиме. (facepalm)

    Од интересните страни на нашата врска беше што после 1 недела искачање знаев дека он е тој, а од секогаш ми било тоа мистерија како луѓето знаат дека со тој човек сакаат да го поминат животот.
    Не е дека многу романтично започнавме, напротив. Многу смртни случаи во фамилија, поплави, промени на работни времиња. Еднаш на три дена ако ни се поклопеше да се видиме.
    Ама секогаш преку разговор и отворени карти сме ги решавале битните прашања во животот. Он е брзиот јас сум спората. Двајцата не сме кавгаџии мада после второ дете мислам дека хормоните уште ми играат ламбада па знам да избувнам за работи што во моментот ми биле битни, а он не мислел така.
    Откако ги имаме децава, уште повеќе го сакам. Тимски го тркаламе секој ден. Он гледа да ми олесни на мене јас на него. Во бракот научив дека не секој ден можеш да дадеш 100% ама ако денес можам да дадам 30% он ќе ги надополни другите 70% и пак ќе биде убав денот.
    Ако речам дека не ми фали време за нас ќе излажам. Се трудиме колку се може да се задржи жарот иако најчесто у несвест паѓаме штом заспијат децата :D Ќе пркнат ќе биде полесно тоа знам.
    Он ми е најдобар другар, ветер во грб и прв човек што едвај чекам да му кажувам глупости што не го занимаат. :D
    Е во родителствувањето знаеме да имаме тотално различни ставови. Јас сум строгата, лошата што сака да се има ред и за каприци исполнување не попуштам. Он е попустлив и не знае не да каже. Да може светот наопачки ќе го сврти само да угоди на децата. Некогаш и свесно по цена многу да се искараме пак ќе си истера по свое за да угоди.
    Затоа и синко е лепенка со него. Со мене знае многу работи нема да ги добие може и да биде искаран, а со тато може се. Учителките во градинка викаат сите деца плачат по мама, само вашиот по тато. ^_^

    Ве поздравувам :f:
     
    На Coco31, Giiirl23, macka91 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Јас можам од лично искуство да кажам само, ме нервирал и ми сметал кога ја сум потиснувала работи што треба да му ги кажам. За свој личен мир некогаш не почнувам кавги или ај разговори кои подоцна може во кавги да преминат и така се повлекувам и се оттуѓувам. И да кога не е она што очекувам, а не можам да го сменам.Штом отворам карти и блискоста се враќа.
    Иначе за спиењето на децата, факт е дека во метаболички процеси од 20ч до 22ч им се лачи хормон на раст и допамин, т.е задоволство. Не треба се пропушта тоа да се отспие.
     
    На SummerGirl, Carolin., Kikikikiri0405 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Со маж ми сме заедно 9 и пол години 4години живееме заедно. Можам да кажам дека ко почнавме да живееме заедно исто ко да не го познавав, дефинитивно не е исто во врска каде го гледаш неколку саати и во брак каде цел ден сте заедно. До сега ниту еднаш не сме се скарале а сне поминале па доста мислам, негови панични напади, преку мојот спонтан па нова бремесност, каде он да не беше мислам немаше да можам да функционирам. Да мн е послаб од мене физички во смисла да при мала настинка пример одма неможе да фукционира и зема боледување, а јас имав спонтан вечерта, сабајлето отидов на работа, но фала богу ми е тука секој еден пат да ме подржи и да ми даде сила кога неможам затоа што во послесно време мн почесто сум психички катастрофа. И ко што некоја имаше спомнато некогаш он дава 70% од себе др јас, некогаш обратно, само сфатив дека мора да си се подржуваме еден со др за се, низ примери кои сне ги поминале сум го увидела тоа, не секогаш 100 посто е во право, но доколку го прави среќен ке го поддржам истото и замене тој го прави посебно откако се породив го сфатив тоа, затоа што најннормално коментари тон и пол од сите за се. Пред да се породам му велев сакам само саат за мене да имам секој ден, а Сега ко се породив бебе рано успивам го средуваме заедно и после време за нас, затоа што тоа ми фали најмногу, ми фали тој, ми фали да се осекам како жена пошто со бебе дома и прекриена со плунка, повраќање и што уште не, ама ич не се осекав како човек камоли како нечија жена. Колку пати му имав кажано гледај каква сум со мрсна коса , измацана изморена а некоја што ни дошла на гости пример скоцкана дотерана како вака ме сакаш, а тој секој пат направил или рекол нешто за да се осетам поубаво. Од работи кои ми фалат со него ми фали да ме гушне така сонлив додека спие и креветот да си биде само наш да не го делиме со беба :D ама си наоѓаме за се начини.
    9.5/10 би била мојта оценка затоа што мн заборава треба 100 пати да го потсетам, секогаш јас го чекам :D и мора се да си каже што ке му кажам иако не би требало некој др тоа да го знае(facepalm) ама за ништо на свет не би го мењала. Секој ден не ни е песна посебно заради обврските на работа, бебе, дома, јас со променливо расположение,:D ама гледам да си посветиме колку можиме повеке внимание и интимност и разговори и се.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, macka91 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.356
    Допаѓања:
    103.044
    Пол:
    Женски
    Сеа да ме прашате за маж ми ќе ви речам дека ги мразам од дното на душата. Не можам да разберам како викенд со деца дома, викенд пред да почне со работа е толку, може да помисли да го помине сам во планина место со нас дома. Не можам и крај. За вакво нешто би се развела да имам опција, еве ви кажувам искрено. Јес да ме пукаат хормони за добивање и нервозна сум и се, ама не можам да разберам како, не можам.

    Капак на моите хормони е малово недоспано, дома хаос, трошки насекаде, јас неизбањата, деца за бањање, алишта неспастрени, купатило за миење, кујна за средување, а јас опеков прсти капак на се. Ми се плаче од умор и од нервоза. Како бе не и текнува на свекрва ми еднаш да рече ајде оди ти одмори ја ќе го почувам малово, ќе го наранам, ќе отспие кај мене. Им се дивам на мајките што секој викенд имаат опција да остават дете некаде за да исчистат, не повеќе. А бебе пусто у најтежок период, мама, мама, мама... Ми се плаче. На ум сум за роденден да си уплатам во некое спа сама, без никој, да одморам еднаш и ја ко човек. Не можам веќе, една ноќ да ја отспијам без да ми се пика некој во кичма и без да спијам на штицата од креветот.

    Доста се жалев, да земам да си усисам, да изџогирам, да направам вечера и да се истуширам оти никој нема за мене да го направи тоа. Ќе си поплачам пак јас.
     
    На Besbes24, defocus, hello-kitty.90 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.689
    Пол:
    Женски
    Јас и сопругот сме заедно скоро 15 години, од кои 13 во брак. Првите 3 години (отприлика) од бракот имавме проблеми. Причина - госпожа свекрва. Он и дозволуваше да се меша, а јас си молчев. Е кога ми пукна филмот партали го направив. Му дадов две опции. А веќе и пола алишта ми беа спакувани. Среќа што по недела дена му дојде памет. Уште комуницирам со мајка му, ама само службено. На негово инсистирање. Ама си знае што ќе се случи ако уште еднаш и дозволи да се меша. Оттогаш немаме проблем околу мешање во бракот и во воспитувањето на децата.

    Единствено што ми пречи е што е наивен. Премногу им дозволува на другите. Тука и неговите спаѓаат. И едниот брат. За разлика од него, јас не толерирам. Не дозволувам на глава да ми се качуваат. Дома јас сум таа што повеќе вика. Он е посмирен. :D

    За помагање... Помага. А и обврска му е тоа. Некои работи не му дозволувам да ги прави, затоа што не е баш способен. Блискост има, ама не е како порано. Децата се големи и разбираат. Чекаме да заспијат, па после да се забавуваме. Ама почесто заспиваме пред да почне акцијата. :rofl:

    Ај да почнам да се пакувам. Во сабота тргнуваме за Мк. Резервирано и за на одмор. :!:
     
    На hello-kitty.90, Skyler81, macka91 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.003
    Пол:
    Женски
    Ајде држи се уште малку и време за спиење, ако не заспало малото веќе.
    Моето ѕверче заспа, се премори денес во вода, шетање, па заб му расте плус. Дали е од тоа не знам ама на крај тантрумов ме дотепа. Уште сама ако бев не знам што ќе беше. Денес и двајцата не измори убаво.
    Сега конечно одмор. :bug:
     
    На macka91, AngelOfArh, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    5.760
    Пол:
    Женски
    Маж ми е човек што знае да светни куќа и без никој да му го напомене тоа, истиот е човек што година и пол од кога е ќерка родена ме нема прашано дали ми е добро, дали сум уморна, дали ми треба пола час за мене.
    Тек сега поминува повеќе време со ќерка. Додуша и пушта повеќе цртани од што јас дозволувам ама за малку одмор да добијам што сакаат нека прават.

    Истиот тој знае и да си затера излегувања со другари и секој ден цела недела, така да не можам да најдам некој баланс, за совршен е далеку од тоа. Најголема маана му е што за куп работи не знае да се спротистави на неговите и дозволува на глава да ни се качуваат.

    Од новини со ќерка, пушта некое зборче плус, далеку е од реченици и скроз чисто разбирање на некој од страна. Знае и да е најмирно и најслатко дете, а знае и да ме извади од такт во секунда и стварно да се мислам што ми требаше ова.
    Мама, мама е главно, нема шанса некој да ја држи ако јас сум во соба.
    Далеку сме од роденден ама веќе почнав да мислам теми, планови и слично.
     
    На hello-kitty.90, Skyler81, macka91 и 9 други им се допаѓа ова.