1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    101.195
    Пол:
    Женски
    Дојте да се гушнеме во една виртуелна групна гушка.

    Откако почна во градинка после одмор е ваков ете, нит вода нит киселина што викаше баба му на мм, му се спие а не спие, му се јаде а не јаде и само вика њам њам, дајш њам њам, мама дајш њам њам, тани, качи (земи ме во раце му значи) и да не стојам во место како улава да се шетам и од рака во рака да го префрлам. Смрт. Вчера ми го правеше ова цело попладне. Отидовме на кафе кај мајка од школо да и однесеме лектира за другарчето, да поиграат децава нели, малово истури сок, истури кутија колачи, истури кутија чипс, истури се што можеше да се истури и на крај го однесов дома и место да заспие играше до 10. Сабајле едвај го разбудив во 7.15 за во градинка. Таму му се спие ама не спие никако, очи затвара ама не спие, се буди. Среќа па се со осет иначе тешко мене. И големиот капак на тоа почнува да се треска од земја, да скока ко мрднато по улици да имитира од една игрица движења, да се тегне... Скратив кај него лап топ и тие 2 часа на ден што ги играше ги скративме и така. Време му е да се сконцентрира на враќање во школо, собата му е хаос, се му е на средина, нека си среди играчки, книги, па ќе му ја исчистам убаво детално за да може да се спремиме за школо полека. Ќе треба да се спремаме и за музичко и за новите обврски. Инаку е посветен ученик, на одмор ги прочита сите лектири, сака да учи, му реков земи напиши ги таблица множење до 5 во тетратка сите и одма без приговор го направи тоа, ама сака и да си забушава малку. Паметен а мрзелив, најлоша комбинација.

    Инаку вчера сум испукала по шавови до толку што го прашав малото, кажи ми што те мачи веќе еднаш, не ми кенкај само. Ама луѓе не знам на мм како не му смета цело време да е мама, мама, мама... Абе ќе земам еднаш ќе речам дај ќе го прошетам детево одмори, ова ако не му речеш нема. Многу фактори вчера ми ги споија жичките. Маж, деца, умор, воспалени мускули, глад, нервоза, се се собра. Капак беше свекрва, ама не останав должна и реков дека не може да се споредуваме бидејќи пред 30г децата ги чувало селото а сега мајките сами си ги чуваме, нит баби нит дедовци нема како порано и си заќутевме, па ако следно пак ми зановета ќе се заблагодарам за зимање од градинка и школо и ќе и речам дека сама ќе си ги зимам ич не ми е проблем. Малку ми ги спои жичките така. Фина е, не е лоша, нема лоша душа, ама знае некогаш да откачи муабет. Мм и кажува се во лице, јас не можам сепак не ми е мене мајка, ама затоа можам културно да одговорам.

    Убав ден мајки, одам да појадувам и да се продолжи со работа.
     
    На Coco31, Marsi*, hello-kitty.90 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    22.749
    Пол:
    Женски
    Секое различно, големиот имаше најјаки тантруми после 3тата година, негде до 3 и пол год. На 4 год се смири, поминаа тантрумите. Имаше и пред тоа од година и пол ама не беа како овие после 3тата год. :smirk:
    Малово почнува со инает, не се овие вистински тантруми, ама се ака наназад :D на 16ти прави годинка.
     
    На Sun&Moon и Fenix05 им се допаѓа ова.
  3. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Исто сестро, исто. Не сака да го допирам, најлошо од се е што не зборува и не знам зошто плаче. И кога веќе еднаш ќе почне да плаче после ништо не со смирува, само полошо може да стане.
    Утрово прашуваа сите, ова ли е малото што плачеше ноќеска, сите не разбуди.
    Јас веќе мислам дека е карактер за се да се лути. Плачев и јас како мала ама не до толку, се сеќавам мајка ми ме прашуваше зошто плачеш, едноставно се олеснував:rofl:

    Убедете ме дека после оваа бура ќе биде добар. Нема шанса да се плетка околу нас, да знае да се заигра, или да шета околу нас. Не… тоа мора да трча како од синџир испуштено, ако му подадеш рака легнува на земја и вришти колку го држе глас.
    Се чувствувам беспомошно, уплашено и не знам како веќе. Во градинка е мирен, глас не му се слушало. Ова само со нас домашните е вака.
    Ко не полуди, тај није нормалан.
     
    На tanjaaa и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    22.749
    Пол:
    Женски
    После 4 год :D е тогаш станува лесно. Тогаш и се решивме за 2ро дете :rofl:
    Пред тоа немаше шанса да ме убеди некој :rofl:
     
    На Mother of 2boys, Anaroz1, tanjaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Ууу, ако треба одново да го преживувам истово, нека… ќе си остане единец:lol:
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    22.749
    Пол:
    Женски
    Hahah се заборава, навистина се заборава, идеална разлика е над 4 год, според мене. Ама нивната љубов е нешто што само се доживува и не се опишува :D да не филозофирам не ме бива :D
     
    На Mother of 2boys и Bebetoo им се допаѓа ова.
  7. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Мојата е три и пол години,значи после нова година ќе видам раат,до тогаш да бројам до 100 :D

    Да се надевам дека близнаците нема да се такви (а знам ќе бидат) ;( .
     
    На Marsi*, Tea SK, Speechless и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    3.817
    Пол:
    Женски
    Добар ден од една мајка која што си поплака сега зашто ја исплашив бебка со лажица што ми падна на плочки.
    Деновиве сум максимално уморна и ненаспана,се смени детево премногу кенка, не плаче , нешто се не и е погодено, навечер си седи будна до тој степен што ноќеска во 3 си седевме сите во дневна и си гледавме цртани. Да , до тоа ниво дојдов. Не знам повеќе што да и правам, не е скок, не е регресија, аздис ли е , од кај потекнува ова незадоволство овие 10 дена не разбирам. Како ја штрекнав земав да ја смирам,плаче она,плачам јас, хормониве ми се крш. Вакви ситници прават да се чуствувам како најлоша мајка, а со неа сум 24/7 теоретски се ми е јасно, практично се губам, се мрднав.
    По цели денови сама, мислам дека паѓам во некоја блага депресија. Бебе цица на саат време само во мене бутната, демек оброк имаме џабе само на цице сака бетер од новороденче е.
    Викендов резервиран за охрид а за две недели на море. Не знам дали ми се оди воопшто од сега знам дека ќе биде трагично ако е ваква беба. Дај боже некој ресет да напраи да се врати на старо да видиме малце живот.
    Сега инсистирам да ме носи мм на ручек и не готвам дома иако знам дека ќе јадам стоејќи пеејќи песни и ќе кенка.
    Ама со глава во ѕид, мора да се бориме сами со себе:D
     
    На Coco31, Marsi*, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    12.254
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам дека ќе биде подобро. Подобро во смисла ќе зборува, ќе споделувате, ќе се договарате и преговарате. Мене до третата година ми беше претешко, ужасно тешко, ослабена од трчање по него, физички исцрпена 24/7, психички уништена со плачки секоја вечер.
    Кога дојде второто бебе среќа беше бубалче, па успевав да балансирам. Како си расне и второто предизвик е секој ден. Пак се враќам на старо, преморена, престимулирана, несоници, стрес.

    Дојдов и јас да се изјадам. Пробувам неколку дена да составам реченица ама толку ми е тешко што и мислите ми се хаос. Веќе се тркалам, стомакот нагло скокна, децата со свои барања константно, трчај дома, трчај на работа ама пак некако додека бев турбо бев и добра. Сега докторот нареди да лежам наредните две недели. Казна најголема. Свекрва едвај чекаше ваква шанса да ми ровари низ дома, децата бегаат од неа и лепенки се за мене. Видов не видов, станав за мир у кучи. Не дека нешто помага, фала и за тој еден ручек што ќе го направи ама радо би нарачала од ресторан попрво да знаев дека цел ред дома ќе се изремети.
    Мм само урла по мене ‘не станувај, не кревај, не ова, не тоа’ ама не можам мирна да седам и да гледам што се случува, еве два дена како ‘лежам’, јас понервозна во живот не сум била.
    И само си викам едвај чекам да се породам ама па кога ќе ми текне тек тогаш што ме чека, кои маки, кои нервози, станување во сред ноќ, зима доаѓа пак затворени дома, уф си викам што ми требаше.
    Се воздржувам премногу, а кој ден ќе згрмам низ дома е само прашање на време.
     
    На Coco31, Marsi*, Mother of 2boys и 12 други им се допаѓа ова.
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    6.666
    Еве и јас да пишам некој ред.:wasntme:
    Вчера после месец и пол сипаници кај тројцата (големиот,јас и малата) конечно излеговме четворицата в град. Прво бевме на пица, потоа шетавме низ центар со количката. Јас се осеќав како од затвор пуштена. Како да сум избегала од часови.:D Бевме и во луна парк,да се повози сакаше со татко му на количиња. Бебево ги гледа се смее, гледа во мене, мафта со ноџињата. Е малце шубе ми беше што не видоа еден милион луѓе,па по лице ја фаќаа, една рече дај да ја подржам малце. Нема спас значи, едно излегување, еден напаст од луѓе. Не сум хомофоб,само нема потреба од гмечење на лице.Дома кога си дојдовме ја избањав.
    Се спремаме за на одмор,наредна недела ќе одиме. Страв ме фаќа како ќе поминам со бебево таму. Не од смисла болести туку со анимирање, да не ми биде кенкава, дома си има рутина... не знам.И плус со два оброци во денот е кај ќе и спремам таму домашно. Можеби и купечка ќе давам, ќе видам Да не се сторам пишман што сум тргнала..
    Јас не ни сакав да одиме годинава ама нема смисла на големиот да му кратам одмор ради лични стравови, не е фер.
    Викендов е пивофест ќе излезиме со мм една вечер секако.(fingers)Малце пиво не е на одмет. Програмата не е сјајна ама и не ми е толку битно.


    @Skyler тука сме ние, сите поминавме низ истото и еве не живи здрави. И ние тука ќе помагаме со совети.:) Знаеш дека после дожд изгрева сонце. Секогаш е така.:)

    Поздрав:l:
     
    На Coco31, Leanne, hello-kitty.90 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    5.039
    Пол:
    Женски
    @Skyler , истиот период како тебе бев со лежење. Е сега без деца плус дома така да не можам да споредувам. А, и свекрва нешто многу не гледав.

    Ти праќам виртуелно поддршка, ќе го издржиш периодот, па ќе уживате сите 5мина после.

    Во припрема за одмор. Најмногу ми е страв како ќерка ќе се однесува, да не демолира таму соби, па на 100 ума сум што да носиме со нас за занимација, а да не изгледаме како големата преселба на народите.
     
    На hello-kitty.90, Carolin., LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Ти бремена си за трето?
    Леле секоја чест на храброста:D
    Од мала ми беше желба за големо семејство, но после првово се си мислам дека не сум спремна за одново да доживувам вакви нервози. Со душа чекам да помине оваа фаза, во спортивно ако потрае или ќе кркаме развод или лудница:wasntme:
     
    На mal.ecka, Mother of 2boys, Dennings и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    12.254
    Пол:
    Женски
    Yup :D Лудичко малку ама тоа е, назад нема :D
    Готова сум веќе, за месец максимум ќе раѓам и завршив со бремености :D
     
    На Coco31, Leanne, Giiirl23 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    @Skyler секоја чест. Со лесно. Јас сега после второво мислам дека никогаш нема да се решам за трето. Нека е жив и здрав, но душа извади. Од зајдување, до нон стоп плачки, кенкање. Сака цело време во раце, не оди во никој од секој плаче. Дури ни во мм ни свекор ми ни никој. Додуша и цело време е со мене, никој не сака да се замара со него затоа што сака да е во раце цело време и да го шетаат.
    Големото, како бебе беше бубаче. Немаше глас од него. Сега, дали е некоја фаза или незнам, целото внимание треба да е во него. Цело време вика го имитира бебето.
    Дома општи хаос. Нит можам да средам, нит некој се нуди да среди или евентуално да го земе бебето.
    Се надевам дека ќе помине оваа фаза што побргу зашто од септември се враќам на работа, а бебе не сака со никој да заспива. Ќе почнам во смени веднаш па како ќе биде со спиење... Незнам.
    Уф. Полесно е малку :rofl:
     
    На Coco31, hello-kitty.90, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.945
    Допаѓања:
    40.190
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Ме нема ептен долго. Многу теми сте свртеле, читав скоро редовно, ама време за пишување слабо.
    Од најново назад ќе пишувам, зошто незнам ни дали ќе допишам и колку време ќе имам.
    Се прибравме од одмор. Додуша незнам дал беше одмор, ништо поразлично од дома, освен морето и плажата :drunk:. Два дена пред тргање, нормално раат да не е одморот големиот му се активирапе кашлицата после две недели пауза од терапија за алергија, па мораше пак да активираме терапија, а богами и инхалации. Среќа за 5 дена се стабилизираше, ама после ланското искуство кога се вративме со пневмонија од одмор, додека не се смири кашлањето раат не бев. Малото па вирус со благо зацрвенето грло и температура. Среќа и он брзо се крена па некако истеравме одморот. Е среќа ми текна дека има уште две вакцини за примање па денес го однесов и прими петовалентна. Остана уште ммр и после до школо раат од боцки. Со оглед на тоа каков викач е станат и на кс и на вакцина пројде супер, глас не му се слушна. Затоа дома не е застанат :@. Пишував баш во другата тема. До лустер се качува значи буквално. Висење на прозор веќе ни е секојдневие и само чекам кога ќе се струполи и не дај боже ќе скрши некој заб на радијаторот:worried:. Дури и на плажа си најде за пентарење. Главен предизвик да се качува на рачките од столот, со една нога на една, со другата на другата рачка. Среќа ниско столчето и песок инаку не сакам ни да замислам што можеше да се случи:sweat:
    Уште утре дома и од понеделник назад во реалноста. Додуша нема лошо да ми падне да одморам малку :tmi:(lalala). Мали во градинка, големи со баба му и дедо му.
    Се спремаме полека за роденденот на големиот. Торта одбрана, сега уште да се вратат слаткариве од одмор за да ја нарачаме, игротека резервирана. Уште оваа година се договоривме вака, од догодина кој знае што ќе се смислува за родендените.
    Инаку си купивме кола периодов. Се беше набрзина, набрзина се продаде старата (мојата прва кола инаку купена кога се вработив) и успеавме за 10 дена да најдеме нова на лагер во салон инаку со две деца не знам што ќе се правеше. Некој и за ова зборуваше. Јас од секогаш сум била за нова кола. Стара, колку сака нека е чувана друг ја возел. Направивме компромис на перформанси (додуша најбитно ни беше да е комотна фамилијарна за на пат, низ град и онака доста движиме и со точаци со мм.) И за среќа откажале една нарачана шкода и така се сефтосавме. Инаку по 6 месеци се чека нова, незнам што ќе правевме. Имавме бекап јарис на користење, ама со него на одмор јок:shake:.
    Друго незнам н што да пишам од што толку долго ме немало. Крштевка на малиот му направивме, ама дете не се смири, не било тоа лекот да знаете :rofl:. Инаку во црква плачеше само кога го извадија од корито, господинот сакаше да се бања|(.
    Друго што да кажам освен тргнете токсични свекрви о дома, спрегнете мажите да се вклучат подеднакво (колку може де, ние секогаш ќе сме три чекори пред нив со мислите/плановите/идеоте) и барајте време за себе. Два пати до сега сум ги оставила сами тројцата. Првиот пат два дена, вториот пат 4 дена. Ништо не им фалеше ни на мм ни на децата. Другото време ако некој има желба да излезе се консултираме да не имаме некој план и тераме. Е сега заедничко излегување ни е ептен мининум зошто не ми се ангажира баба и за кејфови, а другата ниту изразила желба, а ниту јас би оставила деца со неа. Ги нема нарането во живот, може и да заборави. За заспивање па уште помалку.

    Ептен се распишав, да оставам нешто и за друг пат :rofl:.

    Имајте убав ден мајки:f::sun:
     
    На Coco31, Leanne, Marsi* и 23 други им се допаѓа ова.
  16. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за тука мислењево. Бебе здравје треба да се роди во ноември. Кога е најдобро да се искречи? Дали е доволен еден ден за спалната да се излуфтира и исуши?
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    12.889
    Пол:
    Женски
    Сега на жешково да. Кога ќе залади, па и ако заврне, може и 3 дена да се суши. Би ти рекла сега додека е лето да си искречите, еден ден кречење, следниот чистење, за 48ч се ќе биде готово.
     
    На Mother of 2boys, Dennings и snowwhite.24 им се допаѓа ова.
  18. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Благодарам :*
     
  19. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Мажот ми работеше тоа, кречи сега.. А и тебе ќе ти е полесно сега да исчистиш, него во 9ти.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Не знам како се справувате со тантруми и од која природа се, јас имам вакво искуство. Тантруми од и за ништо буквално. Не за да се качи, да добие нешто, да оди некаде, од ништо, да не се повторувам. Прашавме психолог на вториот, два пати пробав мирен тон гушкање, што мене некако психолошки ми изгледаше прифатливо. Нула резултат. Советот на докторот го послушав не беше лесно ич. Штом почне да плаче излегував од соба .Траеа и по 15 мин ,затворав уши се тресев ,плачев, потев, кога ќе заврши одев до неа и ко ништо да не било , намалуваа, траеа после по 10 па 2, 3 мин... Народски кажано виде не и штима нешто. Сите беа дома, никогаш во продавница или во парк, не знам таму како, ама беше тешко да се иседат тие 15, 20 мин во друга соба, кошмар, со мм седнати ко попарени си велевме дали сме нормални шо правиме.Ама до резултат каков што очекуваше психологот. Ова беше 2рата годинка. Мозокот е тогаш побрз од останатиот развој.
    Мислам дека после пост партум периодот ова е најтешкиот. Тантрумите наводно се истото после 'револтот' во пубертет, пак совет ќе барам и таму ко ќе стигнеме оти сам не се може.
    Многу сум поисплашена за второто, т.е општо сум за се поисплашена, нова неизвесност ми е, имавме и бампи старт да се поврзам. Мисли милиони на кои не им е местото. Килажата ме мачи 25кг како ќе ги спуштам еве не знам.Хормоните малку се смирија од кога добив, ама далеку се од средени, дури да се средат во пред менопауза ќе влезам за мене одмор нема. До сега беше како игра со едно топче, сега дефинитивно е жонглирање.
    Убава ноќ женски и мирен сон на сите деца|-)
     
    Последна измена: 9 август 2024
    На Coco31, Mother of 2boys, Kikikikiri0405 и 12 други им се допаѓа ова.