Таа метода ја пробав два пати, едниот пат траеше пола саат и на крај попуштив, другиот пат траеше 45 мин исто така попуштив. Некако многу време ми трае и мислам дека ќе се повреди сам. А да.. се сетив имаше и трет пат траеше десет минути и кога влегов имаше крв насекаде, ваљда се удрил од под на устата или се каснал
Јас да ја оставам сама во соба, соба нема да видам после. Она се дере, се треска јас гледам во тв или низ прозор пошто не дава ни да ја гледаш а не па да ја гушнеш. Пробав неколку пати да ја гушнам да ја смирам, ме изнаклоца така јако што не ми текна веќе да ја чепнам ко е во таков муд. Мм не може, он излегува од соба и пали цигара. Не дека јас секогаш можам ама гледам да не и придавам толку внимание оти уште толку се пролонгира тантрумот. Е еднаш мајке ми кашкавал сакав да и фрлам на чело, го имате видено видеото сигурно со бебињата кога плачат и ги лепат со кашкавал и се смируваат Ама мислев дека уште толку ќе ја збеснам па баталив
Леле страв да те фати со искуствава со тантруми.. Ќе се надоврзам на кашкавалов, моево на 7 се ака од земја кога ќе заминам од него лупа со нозе ржи и плаче нервозно до зајдување па очекувам да има и такви тантруми во иднина. Видов едно видео со "аааааммммммммм" мантра некоја ја практикуваат во Индонезија мислам беше, на раб на лудило еднаш му заааамммкав не знаеше што се дешава моментално запре па почна да се смее така што пробај го кашкавалов следно,може ќе помогне
Полудувам со овие тантруми, двајцата ги фаќа, едниот ќе се смири па другиот почнува, па ќе се мирни двајцата, па пак по некое време и двајцата одеднаш се трескаат од земја, викаат, пискаат, маваат, клоцаат... Јас седам и гледам у една точка, зашо веќе се имам пробано и не помагаше, до пред некое време кога пак почнав да ги гушкам за да се смират, сега ми викаат уз плачење" "мама гушни ме" Работата е што тоа го искористуваат и кога ќе ги скарам, прават фаца, и одма мама гушни ме, за се така ми праат сега заши знаат дека мн сум слаба на таа реченица изгледа Ми ги тренираат нервите периодов, на скоро 4 год. запнал во количка да го возам, и саат време се натегаме, ама џабе е некад. Па не ги сакал тие бермуди, сакал други, не таа маица друга сакал, само ако кажам НЕ, почнува трескањето на земја, ќе се испружи и ќе легне колку што е долг и широк, и ќе вреска до недоглед и така се навикнав веќе, или со гушкање, или сами ќе се смират, или им пренасочувам внимание на нешто друго, секогаш разлиен потег пали. При крај ми се нервите, врзани со едно тенко конче, висат!
Јас некаде прочитав да урлаш исто и ти и се смирува. И стварно се смирува. Е сеа будалесто изгледаш малку од страна ама...
Моето е исто. Ау страшно е на моменти. Сега е во фаза на дерење. Плаче, плаче и ќе почне да се дере. Не можам да мрднам ни милиметар. Одма се врти, и се фрла по мене. Исто 7 месеци е. Со него најверојатно ќе имам повеќе тантруми за разлика од големото, со кое имав 2 или 3 пати само.
Сите глупости и непотребни работи се случуваат пред битни настани и патувања нели.. Епа бебе се разболе со температура 40, 5 дена пред роденден. Ако верувате ни роденден ми се прави ни ништо, не се луѓе што не ги гледа скоро секој ден ама пак ич сеа не сакам да го мешам низ луѓе. Од вчера е добар нема качено повеќе од 38 обично пред спиење. И почна да каснува малку повеќе се заигрува ама тие три дена без спиење и без памет бев. Матичната на став дека е вирус и дека мора да изгради имунитет, сакаше да му стави инфузија пошо одбиваше храна и течности, ама не можеше никој да го допре а не да му боцне игла. Па давав електролити со лажиче демек по цел ден, сируп давав на сила, мм нос му затнува за да отвори уста иначе стега заби и дојди дај му, хорор ако верувате. За се писка ако не е по негово вришти ако не дај боже некој го земе од мој раце. Еве го сега спие да одморам малку и едно кафе да испијам и пак после одново се. Роденденот спремен за во недела, уште некоја ситница да доспремам за дечињата и тоа е тоа. Се испожалив ама таков ми е периодот.
Ако ништо друго ме утешивте дека не е само моево, искрено и децата што ги знам(а ги има доста) ни едно вака не правело) Прв пат во животот се радувам на дете кога плаче, доволно ми е да знам дека не погрешив во воспитувањето. Едноставно да се помирам дека еден ден се ќе мине, и дека се на глава ќе му дојде Кажав јас, за првата година што беше мирен ќе ми наплати за девет животи. Како ли ќе се решам за друго дете еве не знам. Камо да родев сега па на една нервоза да завршеше се. Додека се решам он ќе се смири и пак ли на ново Еден период тоа палеше… веќе не Ако почнам да урлам и јас дур тогаш е претворен во демон
Mајка исти сме,истии.. Јас кога дојам некое од близнаците,таа тогаш има некоја потреба,сакам млекооо,сакам млеко,колку ја држи глас,за во градинка кога ја спремам исто прави проблеми,сакам таа шнолаааа,сакам таа шнолаааа, три и пол години е,до кога ќе е така не знам.
А јас да не се опуштам многу најдобро ќе е, ме чека истото и со другите две Таму некаде на училиште кога ќе тргнат ваљда ќе се смират
@LiquidLuna , звони телефон вчера мобилен и маж се јавува. Во секунда ќерка почнува да вреска на цел глас, зошто таа не го држи телефонот, а ги криеме веќе од неа. Се заучи овој во странство, да ја види на камера, оној, овој на одмор и влеговме во магичен круг. Така да нема телефони ни за нас, ни за неа. Е после тоа врескање, вика маж, добро само нашево дете е вакво? Само нашево ли вреска. Не бе викам, биди си раат.
Нема шанси некој во близина на малиот да збори на телефон. Одма се оди до него и вика да го земе телефонот... сите се криеме во други соби за да збориме.
Електролити со шприц, во образ. Писка вриска ама поинаку не може. Со лажиче многу е бавно, 100мл цел ден не можам да му дадам. Ја читам темава, имам за кажување чисто да си олеснам душа, ама време ич, да склопам некоја проширена реченица. А морам да се олеснам некаде, нервозата ми плива на површина, ту там ќе се издерам на некој ни крив ни должен. Сакам да почнам да работам со психолог/психијатар, забележувам карактерни траги кои не сакам да ги имам, имам многу за подобрување во смисла на комуникација и некое си себепронаоѓање, лечење некои детски трауми и такви работи. Плус моментално сум во многу тешка фамилјарна криза. Дали имате да препорачате некој? По можност онлајн, пошто не сум во Мк а на англиски не ми се збори. Плус многу од проблемите ми се апла балкански менталитет, странец нема ич да ме разбере.
Кај вас е од љубомора и недостатокот на внимание, ќе помине кога ќе пораснат бебињата колку неа. А ти до тогаш челичи ги нервите
Девојки згрешив...денес имавме секс незаштитен а сум 6 недели после царски сега бев на гинеколог да ја види матката нели после 6 недели и ми вика супер со имаш фоликук зрел супер плодна си почни си контрацепција ако не сакаш дете а јас наивна дека дојам и дека само 40 дена се поминати не помислив дека може сега да имам фоликук...што да правам сега не сакам дете пак тазе сум ептен породена...знам може нема да биде ништо ама многу сум загрижена...како дозволив ова пак...
Јас Хаџиванова ја имам запознаено како човек ми се допадна. Неокортекс на Фб ѕирни ја. @dead.flower23 Има апчиња за day after, ама пошто доиш, консултирај се со гинеколог, не знам дали смееш.
Јас дојдов да кажам дека откако ги имам близнаците станав ептен експерт за работа со една рака и тоа брзо и експресно.
Консултирај се со гинекологот ако смееш да пиеш апче за ден потоа, најефикасно е во првите 24ч по односот. Ако не смееш дека доиш или дека си скоро породена, само надевај се да не се фати. И маж ти да си ја чукне главата што прави, ако не може да се контролира кај свршува, да си користите кондоми. Ни по природен пораѓај не е добро одма да останеш пак трудна а не пак по царски.
Живеам во заедница и 24ч се со него една пелена нема да му го смени животот на никој. Сите се педантни и им верувам и секако знаат како и во повеќето наврати сум во собата кога мењаваат пошто тогаш имам време да подсредам пред да прооди собата.