Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.090
    Пол:
    Женски
    Ау тоа кенкањето колку ме вадеше од такт. Не беше плачко бебе сма мислам ушите ми зуеја од “а’а’а’”, знам колку е напорно да го слушаш тоа постојано. Престана да кенка кога почна да зборува “кинески”, месец-два после годината мислам. Сега црка и се кара, ама секако по се трпи од кенкањето :D
     
    На Sun&Moon, LiquidLuna, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    15.097
    Муабетот за ручек од свекрва... Ние кратко живеевме заедно, во заедница скоро ич, не знам зошто но кога и да направела таа ручек, после тоа имав чувство дека и должам нешто.

    Можеби затоа што кај неа е така низ муабет а.к.а "велам ти ќерко, сети се снао" знае уметнички се' да ти пререче и ако дала нешто од неа очекува да и вратиш повеќекратно назад. Затоа на прсти можам да избројам колкупати имам од неа ручек јадено.

    Дури и во период од 3-4 месеци кога мм беше во странство а јас сеуште во мк ниту еднаш не се симнав доле кај неа на ручек.

    За дете па немав никаква помош од никој и многу ми беше убаво сама. Не мораше секој ден да има готвено, имало денови не сум имала желба ниту да готвам ниту да средувам па пак сме поминувале.

    Иначе дојдов да ви кажам, уживајте во слатките маки оти и тие не траат засекогаш. Еве ја мојата четири години е, многу е привризана за мене ама деновиве забележувам нова промена што за мене е изненандување. Си седи сама во соба, си гледа цртани, си игра сама, црта, бои ... и не ме замара мене воопшто.

    Конечно можам да кажам дека можам да здивнам :D, или можеби тоа е знак дека е време за второ:lol:. Во последно време добивам повторно желба за една година "одмор" , по цел ден дома со бебче, без трчање по термини или замарање со работа. Ај може и ќе биде ако успеам во догледно време да симнам барем 10-15кг, на моментелната килажа не се осудувам. :wasntme:

    Како стареам сфаќам дека се е минливо и било какво достигнување на поле на кариера или сл. не те исполнува како тоа да гледаш дека си створил живот и пред очи гледаш како се претвара во мало човече кое секој ден ти вели: "Мама јас тебе ногу сакам те". За секој ќе бидеш лесно заменлив освен за твоето дете, така да со текот на годините ми се променија приоритетите. Ама се распишав...:coffee: :makeup:
     
    На Sunrise!!!, hello-kitty.90, lackygirl и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Najdov malku vreme da zdivnam i si sedam i razmisluvam.
    Uste mesec i treba da se vratam na rabota.
    Kako ke se odvojam od bebko po 8 h sekoj den , da go propustam momentot koga ke pocne da zbori, da odi, da rucka sam i slicno.
    Sega zasto e so mene celo vreme go gledam sto pravi, koga ke napravi nesto novo kolku mu se raduvam.
    Vcera prvpat od mese si sedna na gaze sam , nema ramnoteza mn mn da sedi ali barem sedna, presrekna bev
    Lele kolku mi se place koga ke pomislam na ovie raboti.
    Vo momentov mi doaga da se javam uste sega da im kazam da ne me planiraat, kako idiot zatvorena vo kancelarija pred pc cel den bez dnevna svetlina depresija level 100.
     
    На DaisyDream, Coco31, Dejzi.2 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.137
    Пол:
    Женски
    Истото и мене ме мачеше, за сите работи кои ќе ги пропуштам. Но, си реков дека сепак морам, и дека ќе пробам во случај ако не успеам ќе барам начин.. се уште немам тргнато на работа но мислам дека ми е тоа најтешкиот момент
     
    На DaisyDream, Carolin. и Emilija28 им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    Душа ми плаче, иста работа, што не ме влече веќе, ја работам само поради сигурност и добра плата. 100пати во ноќта барам решение, да побарам да ме префрлат на друга позиција, така ќе можам да сум од дома ама па ќе ми скратат на плата многу.. а знам дека сега ни е секој денар и те како важен па си се тешам, ајде тоа е суровото да си мајка...кога е веќе бебко посвесен, првите чекори зборови, нови достигнувања да ги пропуштиме. Да ни се сведува мајчинството на 3 4 ч попладне и викенди... пред да станам мајка велев никогаш не би седела дома за деца, во денешно време жена треба да си тера кариера! Ах...си ги јадам зборовите, сè би дала мм да зима јака плата да можев да останам со бебе дома барем уште 6 7 месеци, но тоа е..ваљда ќе се навикнеме.

    Офф топик ама ако мајки не знаат нема кој. Имам 2.5м елка новогодишна, рано е ама додека е топло сакам да ја избањам во када за да се исуши, страв ми е да не се сплеска цела да се уништи, а не сакам со прашина да ја ставам во Декември со бебурко. Дали сте бањале елка? Се мислев и свежа да купиме..ептен желба ми беше ланскиот Божиќ да имаме свежа во чест на бебе и после да ја посадиме во дворот кај моите ама ми беше страв да не нешто му бидне на бебло од дрвото. И така, ако некоја мами знае, нека кажува
     
    На lackygirl, DaisyDream, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.137
    Пол:
    Женски
    Ахахахахаха иста бев, дури и трудна зборев абе само да направи 9 месеци и одма во градинка го носам :rofl::rofl::rofl: врска нема, нозе ми се враќаат не ми се оди на работа!
    Многу ја сакав работата пред да се породам, многу бев ангажирана и го сакав тоа да го работам, сега нема сила на светот што би ме натерала да ја посакам повеќе работата од детето :rofl: да не зависев финансиски од платата што ја зимам немаше шанси да продолжам со работа, ама тоа е што е. Сметам дека е малку 9месеци породилно, би требало да го направат на подолго!!!
     
    На hello-kitty.90, lackygirl, CareTee и 10 други им се допаѓа ова.
  7. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Девојки да пишам и јас ништо. Пред неколку дена бев на гинеколог каков третман добив ми се згади ме изнавреѓа..Бев на преглед после 6 недели од пораѓај ..седнав да не прегледа и почна да ми вика на ништо не личиш види си го телото види го маж ти дечко ти тетка ли ќе му бидеш му реков знам дека сум здебелена на диета сум ослабнав 5 кила ми вика не се гледа..океј...моја нога таму више не стапнува..инаку се работи за Цветановски кај билна аптека..После зошто сум била опседнати до килограми и диети..
     
    На Dennings, Carolin., DaisyDream и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Значи да му се згади на човек од такви доктори. Па што има да го гледам маж ми, он не носеше дете 9 месеци па да му се смени цело тело. Еве јас после породување имам покачено 5 килограми, а претходно бев баш слаба, па не ми се познаваат. Ама пак телото ми е сменето и не жалам, го имам највредното нешто во животот. Еве доктор сум, ама пак ќе кажам срам за целата фела се таквите доктори. И ич да не му се секираш, се ќе си дојде во ред, ќе си се вратиш во форма, само дај си време, сепак 6 недели после породување е премал период.
     
    На lackygirl, Dennings, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Купивме минатата зима жива елка, никогаш веќе. Фати некои бубачиња и толку беше. Не знам каде ги најде, можда си беа во земјата. Па се погоди и некоја со многу јаки боцки, едвај ја накитив. Кога ја купувавме не ми текна тоа да проверам ете...
    Оваа година ќе земеме вештачка, чиста работа. Инаку можеш вештачката да ја тушираш и во зима, ќе се исуши.
     
    На Mumoftwo30 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  10. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Ti si trebalo da mu kazes koj e on da komentira ti kako izgledas, ides na pregled a ne na ocena na izgled.
    Strasno , e takvi da zemes da gi prijavis manjaci
     
    На Mumoftwo30, Fenix05 и MartinaMM им се допаѓа ова.
  11. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    6.722
    Скапаница.

    Нема жена која не претрпела било каква појава во бременост, дали е дијабетес, притисок, килажа, целулит, опаѓање на коса, автоимуна или не знам што уште.

    Не се стресирај и не се ставај во положба психички да паднеш.
    Телесната тежина и формата на телото се средуваат, најбитно е да си добра, наспана, одморена и психички помирена со овие работи.

    А вакви гомнари не заслужуваат да се доктори.
     
    На hello-kitty.90, Dennings, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    41.217
    Пол:
    Женски
    Молам??? Јас да сум на твое место ако не го пријавам некаде за овие коментари па ете. Гадови, ѓубриња. Ќе се дрзни некој да ми дава коментар за тоа како изгледам, па уште си се осетила должна да му се правдаш. Ма срамота ова јавно треба да се напише на социјални мрежи и да се знае за кој доктор се работи.
    Ауу како се наапав, јас да сум била гомно подолу ќе го направев, пациент веќе да не му стапне. Ќе видат немоќна жена напукана од хормони, преморена, не знае каде е па ќе ја омаловажува, доктор. Требало да му речеш, маж кога ќе износи и роди дете тогаш може да ми дава вакви коментари за изглед.


    Инаку јас сум мајка која ете уште е дома со детето, 16м е и ич не се каам што не работев до сега, да можам и уште нема да работам. Уствари нема да работам фултајм, ама од септември сакам да го пуштам неколку саати во градинк, мислам дека веќе е доволно голем да се дружи малце и социјализира меѓу деца. Јас пак нема да одам на работа ама имам еден мини бизнис што си го работам па ќе можам да се посветам тие неколку саати повеќе.
    Тоа ми е план ама ќе видиме сепак.
    Инаку јас се осеќам многу неубаво искрено.
    Отсекогаш сите ми велеле дека сум физички убава, мислам свесна сум дека имам некоја убавина, не до толку како што ме опишувале луѓе ама не сум слепа. Е се ова е сменето откако родив, скорз не се осеќам ниту убаво, ниту привлечно. Килажата не е ни најбитна ствар која ме депримира, некако сум пропадната, несредена, очите не мис е смеат, не сум запуштена ама не знам како да опишам. Едноставно се осеќам грдо.
    Мм вело дека уште сум убава, ама мојата перцепција во огледалото е сменета скороз, не знам на што се должи ова, ама признавам ми влијаее многу и на расположение и ментално, мислам не сум особа за која физичката убавина е најбитна работа, ама ќе излажам ако кажам дека не ми е битна и дека не сум се осеќала пријатно знаајќи што мислат луѓето за мене.
     
    На Sunrise!!!, hello-kitty.90, lackygirl и 11 други им се допаѓа ова.
  13. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    11.120
    Пол:
    Женски
    Општо на сѐ ми влијае. На расположение, секс лајф, самодоверба...
    Сега кога се соблеков на купачи се депримирав. Апсолутно ништо не ми е исто на телово. Гради виснале, стомакот виснат и голем, "спојлери" од позади, надлактица висната, гуша...
    Не можам да се препознаам и не знам дали некогаш телото ќе ми се врати. Барем малку да се осеќам убаво у своја кожа.
    Килажата нека стои ајде, али телово се смкнало и лицево ми е остарено...

    Којзнае како звучам, неблагодарно себично ама да се отворам ми дојде момент.
     
    На hello-kitty.90, lackygirl, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    41.217
    Пол:
    Женски
    Исто!Некни требаше на базен да одиме со друштвото, јас лажев дека иам добиено оти апсолутно не сакав и немав желба да се слекувам пред луѓе, посебно оти сите жени и девојки во друштвото се многу помлади од мене, позгодни и немаат родено, мм вели дека џабе им е тоа дека секако јас ги шијам ама реално што друго ќе каже:D
    Јас секако никогаш не сум била слаба(освен во средно може) Прифатив дека секогаш ќе бидам елегантно пополнета, не ми сметаше никогаш имав самодоверба и таква, ама сега различно сум дебела, висната сум како што велиш, особено делот кај рацете и градите ме нервира, отсекогаш имав тонирани и мускулести раце и помали гради и такви си ги сакав, сега ми се никакви.
    Веројатно нема ни да се смени ова, кога ја гледам мајка ми сфаќам дека сме со иста градба и како стареам си личам на неа се повеќе, ама може ако почнам да вежбам барем ќе
    се тонирам…ама и тоа вежбањето како луѓето наоѓаат време за тоа не знам!
     
    На hello-kitty.90, Carolin., DaisyDream и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Женски кажете ми дека е фаза и ќе помини. Син ми стана толку активен и љубопитен прашува многу прашања, секоја минута..
    Не знам ама мислам ќе скренам дури, мене дури ми текни да му одговорам тој одма друго прашање, лепенка е цело време шо и да правам, и не можам да го игнорирам, нема да прекини само мама, мама, по татко му толку не е и жал ми е да не му одговорам на прашањата, да го оставам така. И кога е заигран со нешто, ми покажува ми носи играчки, зошто е ова вака зошто е така, дали можам ова, она, шо сакам појќе, со коливе цело време која кола ја сакам, која боја, а оти јас не возам, некни со пожарите ги виде, дали ќе се изгасни, а шо ако нема да се изгасни, а шо ако дојди кај нас, ама нема пожарна, ако има зошто има, ако нема зошто нема, постојано вакви прашања за се, ако климата дува зошто дува, ама после не дува не иди кај нас, ако е ладно зошто е ладно, ако ја исклучиме како ќе спија таа кога работи. И милион прашања други, ако речам не знам за нешто и оти не знајш, не можам да го прекинам:D
     
    На lackygirl, Carolin., DaisyDream и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    6.981
    Пол:
    Женски
    Same here :whew:

    За секој мој одговор, тој има прашање истата секунда, мамо ама види мамо зошто е тоа жолто а не сино? :envy:
    А зошто така? И милион потпрашања... :x
     
    На Carolin., tinkerbell22 и Lisandra им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    419
    Далеку сме од таа фаза али преслатко ми звучи, ме насмеа слатко :D држи се, барем трпение за прашања да треба, не за тантруми
     
    На Carolin., Mother of 2boys, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    11.120
    Пол:
    Женски
    Моментално мајка ми има поубави тонирани раце од моиве.
    Сите велеа дека се слабеело после кога се трчало по детето, кога се доело, не бре. Јас тие килограми што ги тргнав после бременост со тешки маки, со гладување, со броење калории, со нутриционист. Еве до денес, детево ми е година ипол јас јадам многу малку. Гладувам буквално и пак многу многу слабо, скроз ми е демотивирачки.

    За вежбање не ми збори.. Тргнав, убаво ми беше да не речам и одлично, ама грижа на совест ме изеде после работа едино можев ама по 10 саати ме немаше дома. Бедно се осетив ради детето...

    За слаба не сум слаба ни јас, и не ми смета тоа толку колку што ми смета телово. Му треба работа многу, а нит време се има нит пари.
    Во early thirties сум си велам да не е доцна за total makover :D

    А тоа со базенот, i feel you :D

    На одморот му забранив на маж ми да ме слика, еднаш се скаравме шо ме фатил случајно небива он е крив за бицепсов..
    Отпосле си признав дека реагирав од разочараност...
     
    На hello-kitty.90, Carolin., DaisyDream и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Сега на заспивање ми вика дали е климата скапа, многу или малце:D па телевизорот, креветот колку пари е, после му текна јас имам меко меше а деди шарк дали има меко меше или тврдо, од кај му идат прашањава:D
     
    На Carolin., DaisyDream, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    419
    Исто, исто :$ чекав да помине време доењето да ме ослаби, па нишкањето, па трчањето, џабе.
    Имав проблем со тироидна па може и тоа придонесе, ама и глад невиден имав до скоро и си се здебелив.
    А пред тоа слаба бев и редовно вежбав, али сега е просто невозможно. Не можам да се препознаам, не само за базен и купачи, општо на некој настан кога треба да одам сум анксиозна. Сега ќе славиме прв роденден, купив тесен фустан ама послаба изгледав така, во широк огромна сум. Со дијастазата сум како трудна пак. Самодоверба нула.
    А симнав некое кило периодов, интермитент фастинг ми помогна од 14 саати. Веројатно сум јадела доста навечер, кога го скратив тоа се осети одма на вагата и формата. Пробајте, додека е балансирана исхраната остатокот од денот нема да има проблем со млекото, јас си дојам имам се уште многу млеко.
     
    На hello-kitty.90, Carolin., DaisyDream и 5 други им се допаѓа ова.