Топење да запишеш нешто за кога ќе порасне П.С. ме потсети на тодлер на другарка во истата фаза за мешето, му зборат мајка ти има во мешето бебе ќе добиеш братче. Кога викна дете да плаче, добро ај едно ама зошто две, на тато е уште поголемо мешето
И јас имам Хашимото и Хипо, не сум се проверила одамна може и за промена на терапија сум. Кај мене реално гладувањето преку ден придонесува за оваа килажа. Јас јадам малце ама јадам многу нередовно, и тоа ми е најголем проблем за килажата. Имам метаболизам на кој му треба обилно и редовно хранење за да бидам во форма. Пред да останам бремена па и после тоа се хранев на 4 саата и тогаш бев во идеална форма, мада да не се лажеме и работев многу, околу 55 саата неделно во ресторан кој беше многу популарен, некогаш бев и 16 саата на нога па и тоа беше кардио, без 25000 чекори не минев ден, а сега? Мислам и сега одам по него ама не јадам и тоа што јадам е безбеза најчесто. Ми треба план за исхрана и можеби меал преп, ама уште и за тоа да планирам како да го испланирам и топ ќе биде. Него само мене ли ужасно ми сметаат моториве??? Значи осет се немало по цела ноќ прозор не можам да отворам, посебно оние големите. Човече мислам у реду е луѓето спијат, не мора да покажуваш колку си фраер у 1 по полноќ, движете се пеш или со коли. Мислам дека ова е 100та причина што мразам лето, а и децата што се дерат на улица до ниедно време. Сега сфаќам зошто не падеа од пред зграда кога бевме млади.
Јас пак имам спротивен "проблем" со гинекологот за разлика од претходната членка. Мојата не знае за осуди и критики. Знае да ме ислуша, ако и побарам совет да ми даде но не и да ми соли памет за нешто што знае дека и јас самата сум свесна. Минатата недела бев на редовен годишен преглед, терминот траеше едно 15 минути и верувале или не, во тие 15 минути жената буквално ми го разубави денот и после тоа цел ден се чувствував убаво и расположено. Толку беше пријатна, расположена, насмеана цело време, си направивме муабет како со најблиска пријателка, заврши прегледот, не го ни осетив. Со бременоста ми беше вака од почеток па се до пораѓај во клиника и доаѓање дома. И замислете сето тоа без да платам 2000к+ еур само за малку подобар, човечки однос во најделикатните моменти. Не велам дека не ми е тешко и жал за државата каде што сум се родила, пораснала и образувала, но тоа е една од најголемите причини зошто не се каам што се иселив од Македонија.
Не ми се верува што прочитав Зарем уште го има тоа ден денес?! Како жени сме научени да си наоѓаме мани, ама тоа самите од себе смее да го поставиме, а не ДОКТОР кај што одиш да те прегледа после САМО 40 ДЕНА ОД ПОРОДУВАЊЕ. Не ми се верува. Мислам, секако не е океј од било кого било кога, ама каква комбинација е ова, брука.
Ова ти е искрено најубавата фаза уживај во тоа мало човече кое го осознава светот, не биди уморна објасни му го секое прашање они впиваат се како сунѓер. Некогаш ќе се сеќаваш на ова о ќе го бараш назад.
Провери си обавезно, не ради килажа колку ради други работи, и умор и депресија и расположение реметат тие хормони. Јас имам и инсулинска резистенција, тоа што ми кажуваш со редовното јадење малце познато ми звучи, да не ти ставам на ум работи ама напрај си една крвна слика ништо не губиш и чувај се. А меал преп е спас, кога спие готвам за утредента ручек и веќе се трудам исто или скоро исто да е како за нас, без сол секако. Не толку за здраво, него време немам инаку, па покрај неа и ние поздраво јадеме.
Тоа е драга а не сум ни нешто претерано дебела...докторот пред се треба да биде психолог да знае како да го смири пациентот а не да го повредува во најболното а пред се човек кој знае низ се што поминува една жена за да донесе на свет еден живот.
Имам правено пред месец дена, се беше добро. Немам проблем со шеќерот, имав во бременоста гестациски, ама пак и тогаш јадев редевно. Јас на пораѓај отидов со 60кг, сеа сум 68, како? Не знам?! @mKdevojce и јас во странство исто многу имав позитивно искуство со докторите. Цела бременост не ми ја водеше доктор туку бабици ама сите беа многу фини, пријатни и охрабрувачки. И после пораѓај тие дома што ме посетија беа исто така многу, многу од помош. Е добро само на крај ме утанаа со чекањето и со сепсата што ја фатив, али барем не спасија исто толку ефикасно, така да им простив за тоа Не знам што не легнам да спијам, знам дека детево кај и да е пак ќе се разбуди, регресијава овојпат ептен ја осетивме. Мора да почнам да легнувам рано и јас со него, ама кога само тоа време го имам за себе не ми се легнува порано, а реално ништо не правам, секако морам да лежам до него оти онак се буди и само блеам во телефонот, барем место тоа да спијам.
За тема градинка, едвај чекам да почне затоа што тоа значи саат време слободно ко ке сум 2ра смена на работа, ко ке сум прва ич али нема везе Вајда сум нај немајка од сите дека сите ме осудуваат зошто на 8и нешто ке оди в градинка ама така ни одговара дома, дека ако ја чуваат дома ни пола од тој ред што си го направив со неа за јадњње спиење нема да постои плус баби ка баби нормално дека ке ја разгалат. На работа не е нешто најсјајно ко ке ми текне какви глупости има ама ај ке бидам со народ најбитно ми е дека дома скренувам, не сум научена вака од 18год работам дома сум била само кога користам одмор. Арно ама ме факат паники како ке се снајде беба в градинка и јас како ке се снајдам со тој нов ред на обврски кога каде како да правам. И најголем проблем како да и организирам јадење, во смисла кога ке пие млеко дали ке биде доволно најадена да не става преку нокта и сл. Работи. Да жал ми е што многу први работи ке ги пропуштам кои ќр ги направи, но ми фали работа и контакт со луѓе кои не се маж ми и свекрваата или мама или мајки со кои само за бебиња разговараме И така
На тема: "како се чувствувам после бременост" мислам дека веќе се враќам во нормала. Добивам желба да се дотерам, да излезам, да изгледам на човек. Пред некој месец бев хаос. Облечи што ми дојде, цела изгужвана јер бебе 100 пати сум го кренала па џабе да губам време на пеглање. Кога почнав да одам по малку на работа тука ми се смени mindset-от и ја добив желбата да излезам од дома средена. Почнав да сакам да си зготвам нешто здраво, убаво, а претходно беше дај шта даш. Мислам дека некогаш фали мотивација за да дојде желбата. Да имам причина ЗОШТО да го направам тоа. Не се форсирам никогаш, само се следам себе. Такада step by step мајки, не се фрустрирајте битно е да има цел дека сакам нешто да сменам, па ќе сменам кога ќе се чувствувам спремна.
Колкаво е? Мојата врискаше еден период, прекина после годинка, кога почна да брбља. Како што ќе расте ќе се интересира за работи, предмети, играчки и ќе намалува со кенкање.
Да не те разочарам ама мојот од втор ден е таков и еве го 4г и 4м е напор жив. И мене тоа ме убива психички, 24/7 се трудам и пак ќе си најде за нешто да биде незадоволен. Плус е сензитивен, емотивен, приврзан за мене. Тешко, претешко.
На тема: "свекрва" имам да пишувам цели фермани, ама од оваа гледна точка многу сум задоволна колку бев остра и поставив граници зошто на почеток ја искористи мојата слабост, хормони и бебе, па си дозволуваше разно разни коментари. Не ја гледаме често зошто одбрав да чувам сама бебе место да се нервирам, да се замерувам и да се карам. Имаме скроз различни ставови и едноставно не се трпиме со мислењата за чување дете. На почеток кога доев, се изнасмеа и ме праша дали ќе дојдам надвор како ромите? Колку е страшно да му дадеш надвор на детето да јаде, нели? Еднаш си дозволи да и даде нешто на малата без да ме праша. Од тогаш мислам дека прво ми го гледа погледот, па прашува. Некогаш ми е криво што немам помош, некогаш ми е криво што не се заинтересирани, а им е прво внуче, ама после си викам што си ја барам бељата. Беба спие со нас на спална, па и таму се меша и ме прашува до кога ќе спие со нас. И ред други работи со пикање нос кадешто не е место и без култура. Мм ме поддржува и некогаш си поќутува и он се чуди како не се заинтересирани со внуката малку повеќе, ама тоа е што е, демек сме ги пресекле на почеток па сега стојат на страна. Не знам зошто е толку тешко да почитуваш туѓо мислење, воспоставување и став за чување дете. Јас на пример никому никогаш не си дозволувам да му кажам што да прави со своето дете, што да му дава да јаде и слично, а се среќавам многу со такви коментари кон мене, не само од свекрва туку и општо. Не знам зошто е тешко да не кажеш нешто кога не си прашан. Бебе заспа, одам да чистам вц. Убав ден мајки
9 и пол месеци е, не можам да сфатам зошто така прави. Буквално од насмеан одма кемка и се мршти. Навистина ме исцрпува тоа. Навистина се надевам дека ќе му помини
Џабе се изнаплакав пред некој ден, денес го носевме бебе на педијатар и за 10 дена качил 500 гр. Глушец на мајка најмил Пред некој ден воопшто немав млеко и тој ден прифати ад. Прегладнет беше, немаше избор Сега не сака ни да ја пипне цуцлата, си бара да цица. Мислев да е на комбинирано ама и педијатарот ми рече штом не сака да си продолжиме со доење. Што ми се случи тој ден не можам да си објаснам ама еве се оправаме полека. Денес за прв пат му сечев нокти, умрев од страв да не го повредам, мислам дека не дишев додека сечев
Јас како "немајка" едвај чекам да потпорасне ќерка, да функционираме без количка, памперси, да сме послободни за шетање т.е јас сама со неа ако е маж зафатен да одам и на викенди и слично. Некако сега се оптеретувам со влечење на се и сешто. Се радувам на се ново што учи и не ми е битно дали во градинка или на улица научила нешто. Туку дали би заминале на 4-5 дена патување со дете, само со ранци. Еден куп дестинации денес разгледав демек на Визаир попуст и од една страна со куфери плус иди скапо, од друга само со ранци плус дете од 1.5 година како би поминале, а е релативно евтино. На тема свекрва, кога чува дете, после работа одам си ја земам, прашувам што јадела, кога последно јадела и толку. Е свекрва знае по 1-2 часа да дојди и со прашање, дали сум сменила памперс на дете од кога сум ја зела од кај нив и некои такви небулози ама веќе отрпнав, така да игнорирам такви коментари.
Јас сум прегорена после "одморот", ми треба одмор сега од одморот Само 4 ноќи во Охрид, дури и многу беа Значи сум била со бебе од 8 месеци, потоа година и 8 месеци, па 2г и 8 м и 3г и 8м (лани скокнавме ради бременоста и пораѓајот) ама со бебе што лази, проодувалче не се оди никаде деф душата ни ја извади, никаде да седни само да лази, да станува на се и сешто, да нејќи в количка.... Се в уста да напика само да трчаме по него Цицање по цели денови, само бараше, сам си трга, сам се мести се изнацица ко бебе новороденче на 2 сати Првото дете беше премирно, сите одмори преубо со него ги поминавме. Малото како родено во вода, пливаше и со раце и со нозе, жими се имаше движења како вистинско пливање (пеперутка стил) пресреќен во вода, плачеше за излегување. Големиот душа, помагаше колку можеше, носеше гуми, лежалки, мила душа на мајка во вода цел ден, се изнакапи и за лани Мајка со стомак виснат си носеше едноделни купаќи рает, како што ги гледав скоро сите жени си беа со дводелни, сите со стомачиња, сите со дечиња, никој не се замараше мн, ама јас не се бендисав со дводелен и си решив проблем иначе телото после втор пораѓај уште позапустено, лицето остарено, тек сега после година гледам промени во стомак, после прва менструација почнува да се враќа по малку, конечно, прво ослабев па сега сум како пред бременост со килажа, и дотерана сум арна, се врати и задник хахах иначе замина скроз после пораѓај. И клише муабет, кога помина цела година, утре бебе прави 1 годинка значи не ми се верува, овај пат уште побрзо ми помина. Роденден ќе си прославиме само ние дома, балони купив, свеќата од брат му истата (што ти се вика 2ро дете торта најобична плава со шлаг и еден топер горе. Доволно е, ни разбира ни ништо, да се обележи денот. Крштевка правевме пред 3 недели, немаме сила (ни финансиска ни физичка) пак сега да збираме луѓе, преморена сум, имав и блиска свадба пред 10 дена. Од септември в градинка, не ми се носи ама тоа е мора. Големиот прваче ќе биди забавно дома. На работа не ми се оди ама еве веќе 3 месец го газам. Тоа е засега, нека си стои тука да си читам некогаш
Со поголемото, не знам дали дека прво дете а јас имав 25г некако ич не можев да функционирам без да ја причува некој за јас да си потерам работа по дома. До душа и плачливо бебе беше, не знаеше сама да лежи бабите ја навикнаа в раце. Сега со второто се ми е како песна. Мирна е многу душиче мајкино, ја оставам си лежи мака нема глас не и се слуша. Почнува да кенка само за спиење и се сама правам со неа. Ручеци, чистење, капење и многу убаво се чувствувам И најбитното, најдов "чаре" за подолго спиење - повивање! Хахахах од секогаш ми беше жал за повивање некако стуткани така, башка и во болница не ги повиваа. Но приметив дека од мрдање со рачињата се буди почесто и купив такво за повивање, па сега ја преспива цела ноќ на 2м. Кога сака млекце почнува да кенка, не се буди, мама одма дава шише и си продолжува. Дадичка наша омекна веќе, не е љубоморна и е многу мила со бебка. Само сака да ја држи, па ја гали, па ја бакнува, и зборува а малото и гуга.. топење Само уште мака мачиме со спиењето кај баба и дедо но се надевам и тоа ќе се среди со тек на време.. Ја запишав и на модерен балет дека кај нас нема класичен. Покрај градинка да има и друга обврска/активност, си викам ќе троши енергија дека на газ не седнува до спиење Бебка сега заспа, да пивнам едно кафе па да пеглам коса си викам.. Убав ден да си имате
Какво зема за повивање, некој линк да ми пуштиш? Баш скоро ова си го размислував, таман и топличко да му биде.