Жени јас незнам како до повеќе енергија значи просто волја енергија сила на 0. А тек уште сум на породилно кон крај на септември почнувам на работа дури тогаш како незнам. Знам колку пати имам пишувано едвај чекам да одам на работа и вистиана е ама сега просто немамм сила за ништо дали дека дома само со беебе и цело време тоа па тоа незз. Колку и да имам обврски некако без волја правам се незнам дали уште ме држи ппд, дали дека имам циклус или што уште не. На тема чувањр на деца радо би на свекрвата да го оставам отколку на мама, дека за мама мислам ништо што правам не треба така за се има коментар : аа така сте ја научиле а оно бебе гелдам дека е мирна и така терам. Ко гледам кој како фукционираат без помош капа ви симнувам, не дека не би можела, сама ја чував 3 недели како си дојдовме од болница затоа што дома сите болни кашлаа а не ни знаев како се чува бебе ни па пелена како се менува, ама ко имам помош користам колку што мислам дека треба.
Токму затоа и ти реков дека би им се скарала јас, знаејќи ја мти ситуацијата. Да знае дека човекот дома ми е неарен и не ми е од помош и да се праи наудрена, ќе бидам многу навредена. Јас си имам мака од моето семејство, голема мака, и поради тоа ни се со мм лоши односите повеќето од времето, зошто знае дека немам асално семејство да застане зад мене. А верувајте жени, ништо не е поважно од цврста потпора од семејството, ништо! Да знае човекот до тебе дека ако недајбоже влакно ти фали има кој да го врати на фабричко подесување, е јас немам, имам само мајка која е безгласна буква и секогаш тој до мене е подобар од мене (фигуративно зборам, она секогаш е за другата страна не за нас) и сестра која повеќе ми има штета направено од најголемиот душман.
Каква тема сте отвориле, и јас немам никаква помош. Мајка ми 3 саати далеку со кола а свекрва ми 10 мин макс а никогаш не го чувала. Морам некогаш на фризер да го земам, на пазарење сегде со мене. Свекрва дома на одмор 1 недела па никогаш 5 мин не се понудила. Вака добра е жената не ми се меша за ништо ама па не ни помага. Чудно ми е јас и мајка ми ја израснавме внуката. Сега реков би сакала на професионален план да се остварам ама таа била на работа и реков наставничките може 3 месеци неплатен одмор да земи( нека ме поправи некоја ако грешам) не не можела таа. Кога дојдов пд болница ни ручек ни ништо за јадење дома бидејќи на работа била. Катастрофа!
Не е за совети темава,но колку месеци е бебето? Не ти помага ама не ти ни одмага,тоа е уште подобро !
Свекор ти и золва ти го чуваат секој ден по 2 саати, а мајка ти секој викенд до 11?! Дефинитивно требаше на помлади години да ги раѓам децава, вака на 32 нема сожалување, се чуваат од баба и дедо деца само кога имаме потреба со маж, а не за наша релаксација и уживање. Т.е. дете, бебево никој друг го нема чувано.
Ми ја чува мајка ми само од 8 до 4 коа сум на работа ,4 си ја зимам и слободно време немаме Не ми се остава ни за викенди да ја оставам за да излезам сама ,со неа ќе си излеземе заедно до игротека или до парк ..нема да се секогаш мали ,дур да видиме ќе пораснат затоа максимално го користам слободното време со ќерка! Нема поубаво.
6 само што направи. Точно е нр ми се меша за ништо ни за дома ни за бебе ама па би сакала некогаш да речи излезете јас ќе го почувам или оди раат на фризер. Сепак за 2 3 саати задоволство е да се чува внучето не обврска.
Се согласувам јас со ова. Ќерката си оди во градинка, максимум 2 3 саати е оставана кај моите и 2 пати за на свадба да идеме ја чуваа кај нас, 3 години е, се си правиме со нејзе. Бебево е 2 месеци, апсолутно не можам да замислам да го оставам на чување се уште. Нема да умреме ако не искачаме дур не пораснат децава, фала богу доста се акавме пред да ги имаме. Може требаше да дополнам претходниот пост ем нема сожалување ем тебе не ти се остава детето.
А зошто да бидат сожалувани мајките? Па тоа ни е улогата. Да бидеме ние мајки а не бабите да се мајки на нашите деца.Јас не сфаќам како некои ги оставаат по цел ден со бабите и не им е криво што не минат време со нив (со исклучок на мајки). Претажно и за детето во секој случај. Љубов од баба и љубов од мајка нема споредба!!
Јас сум од тие. За овие 4 ипол месеци го имам оставено еднаш цел ден и на спиење и неколку пати навечер по неколку саати и не мислам дека сум пропуштила ништо. По цел ден секој ден сме ние двајца и кога ми било потребно време за мене сум го оставала кај бабите и после среќна мама=среќно дете
Детето ке знае која е мама, а која баба. Нема ништо лошо во тоа еднаш во месецот да го земат и да го почуваат 3-4 саати, посебно поголеми кога јадат се и не се зависи од мама. На комшикава ќерка и го остави бебето и си отиде со мажот на шетање во друга држава, на АД било можеле да се снајдат. На памет не ми паднало да одам без него во друга држава. Ама и те како некогаш е потребна оддишка, малку да си на мир со својте мисли ако ништо друго.
Епа за вакви случаеви зборувам , добро секој си има право,не е моја работа. Само ми е чудно да одам на патување во друга држава и да оставам дете на одговирност со баба и дедо.
Добар ден мамички. Може не е за барање совети местово но да си прашам, малото прво не спиеше преку ден односно имаше период да не сака да спие, сега сака самиот вели ми е мака, легнуваме и читаме приказни, може еден час пробуваме да заспие ај некако со молење, со убедување, не ни мора секој ден да спие но кога му е мака вака, е сега лежам и јас до него и ме сеќава кога станувам и ме бара, треба да си лежам еден час и ништо работа не можам да завршам. Ај тоа некако ама ко ќе стани како плачи ко да сме заминале некаде, многу е приврзан за мене поготово, и цел ден е мама, навечер чекам да заспие цврсто за да можам да станам малце, се враќаме на времето ко беше мало дефинитивно, сега е четири години но голема приврзаност има, и не сака да е сам ни две мин ако одам до вц, пуштам машина и слично.. И денес така си се изнервирав салам оти кај му читав, кај го галев, го спремам за спијање оти тој бараше, ми стана по 15 мин, појдов едно кафе да си ставам и плачи ли плачи.. Му кажав треба сам да спиеш, и му се развикав малце сега ми е криво, му велев децата сите сами јадат, сами спијат си имат свои креветчиња, дека спие уште со нас, и мрда и нервира цело време и кога заспива само се размрдува, се качува на нас, ме трга за коса, ме прашува милион прашања. Се трпи вака ама не секој ден, некогаш стварно одвај дишам од шо сум напната и раат сум само ако одам до продавница сама или фрлам ѓубре. Оди во градинка но сепак ко ќе е дома е целосно зависен од нас и надвор и дома, и играме, боиме сечкаме играме со коли, детето има внимание 100% од времето и не останува ништо ни да си направиме муабет, ни да се најаде човек како шо треба, освен да се истуширам ако го земе сопругот. И тој се лути за ништо да не го караме малиот, ништо да не му велиме и мислам се разгалува уште толку.. преѓе се налути оти пробав да го скарам за нешто шо му имам милион пати речено, да не гризи работи, гризи топчиња силиконски и му реков појќе не ти купувам. И ми вели доста не му викај, ама со убаво сум пробала и нема разбирање, пак после истото. Ова со спијањето најмногу ме нервира оти вложуваме многу енергија и сам не заспива.. дали ќе се смени нешто следен период, како детево ќе спија само јас не знам, има негова соба, ќе купиме и кревет по негова желба, ќе опремиме се топ, но тој дали ќе сака.
@1209 баш ми е мило што си успеала да излезете малку, да се релаксирате. И те како е потребно за психичкото здравје. Штета стварно, што вашите иако се блиску не им текнува ете на некое време да речат ајде деца излезете малку. На твое место, да веројатно барем на моите би им рекла дека ми треба оддишка. Се чудев цело време оти и покрај тоа што вашите се околу вас, ти не користиш барем малку да излезеш. Ама јасно ми е. Јас женски само овде можам да се пожалам дека ми е мака. Ако верувате. Темата вчера така ми легна, бар се олеснив. На маж ми не сакам повеќе, оти и он е на работа, па ќе се врати да зготвиме, уште една рунда надвор, ја бања и толку од нас. Секој ден се исто. Уште и јас да почнам да му киснам, кога реално ни он нема време. Си кажуваме напати така, ќе си се гушнеме и насмееме, оти и двајцата знаеме дека вака ќе е сега за сега. Има денови и денови. Некогаш ќе се заигра сама, ќе се напијам кафе бар. Денес истури со чинија мусли со млеко врз глава. Смешно ми беше иако ми отвори работа. Не разбира од последици, не разбира од стоп. Тоа е тоа. На мајка и свекрва не им велам ништо веќе. Од нив уште повеќе нервоза ќе се наполнам. Не дека ние не се сеќаваме де, по колку време со баби и дедовци минувавме, ама они се потешко поминале. Нека се живи и здрави, да не мора барем и за нив да се нервирам. Едноставно помирена сум дека таква ми е ситуацијата и полесно ми е. Леле бројче спомна депилација, веѓи. Тоа не се сеќавам кога било последно. Ни коса испеглана, фризер два пати откако сум се порпдила. Абе вештерка. Имам еден мол овде во близина, кога и да поминам ќе видам нешто убаво, па после си велам батали, џабе пари ќе си даваш, ќе ти го уплеска за секунда. А со неа кога влезам во бутик, секако одма излегувам, кај ќе пробаш кај ќе видиш. Џабе сум во милионски град. Од маалово не сум излегла. Од игралиште на игралиште. Само песок тресам. Ама ќе порасне. Се си има свои предности. Ќе има време, ќе шетаме. Една година помина, уште една па ќе пркнат, ќе почнат да разбираат. Си се тешам. Преска си легнав со неа на првата дремка, си одморив и си се изгушкавме, двете отспавме скоро саат ипол. Дома куќата ќе прооди и вака и така. Бар одморена сум и имам трпение и енергија да и се посветам и да се изиграм со неа. На нејзе тоа и е битно, а не дали јас кујната денеска по 100 пат сум ја избришала. Едноставно почнав да кочам, оти се не се постигнува. Некој ќе рече не можам да гледам, морам. Не можам и јас, ама не морам. Не сакам да ти мудрувам и да ти правам лоши чувства. И ти како сите нас, ја користиш темава да се искажеш. Ама не се согласувам со кажаното. Човек кој го сакаш, гледаш да го пошредиш и заштитиш. Семејството кое сум го основала, сакам да го имам за подолго време до мене. Не ми е гајле, дали има или нема кој друг да стои зад него, туку јас сум таа што сакам да стојам зад него. Да му пружам удобност исто како и он на мене. Прво еден за друг мислиме и гледаме како да направиме, па после се друго. Сите имаме слаби точки, ама не треба да се користат од сопружниците да се повредуваме или уценуваме. Едноставно така си се прифаќаме. Нормално е да има и несогласувањата и кавги, ама треба да се најде решение и двете страни треба да вложат. Сум се пожалила и овде де, не дека е идеално, ама пак на крај сме промениле по нешто за да нема такви дешавки повеќе. И двајцата сме се откажале од нешта кои ги сакаме, оти не се постигнува повеќе. Толку е. Мислам дека и сама знаеш, ама те забележувам веќе некое време, не е како што треба. Не дека не си пробала да разговараш, ама може треба некако тонот или пристапот да се смени. Сепак две деца имате, имате зошто е битно да најдете заеднички јазик. Верувај ни мајка ти, ни свекрва ти немаат вина. Се си е помеѓу вас, што не се слушате како што треба. Сите порано или покасно сме во таков период со браковите, ама решение се наоѓа ако се сака. Сме биле и ние на конче, ама во ниеден момент не сум мислела некој да треба да стои зад мене или да ме брани.
Јас им нагласив колку ми е битно иакачањето од дома и социјализација ако го нема тоа јас ќе бидам во депресија и никаква мајка. Мајками ме разбра без збор плус јас имам и факултет и испити да спремам. А гледам и на нив им е мерак си уживаат со малиот не плаче ќе им оставам млекце и си терам неколку саати раат. Сега ќе славам роденден во кафана мајками ќе го чува до 12 ипол. Имам среќа искрено добри луѓе се околу мене сите гледаат да ми помогнат можеби дека сум млада и не сакаат да ми заврши животот прерано. А ти зошто не го оставаш кај твоите за викенд барем да прошетате со маж ти?
Добра вечер добри луѓенца За шетања не ми се збори оти не сакам да излезам од дома во наредните 4 месеци отприлика. Се ми смета. Или ми е жешко, или комарци има, или некој попреку ме погледнал. Или ко маж ми, "патиките не ти одговараат со блузата". Брачен другару, низ маало шетам, биди среќен по домашни папучи што не сум излегла ај. До комбинација на патики и блуза ми дошло Да ме носеше во диско, да види каква препичка ќе искомбинирам ама нее За бракови да си кажам, откако помина бурата кај нас, ќе се испоразведевме за озбилно пред некое време. Ама сме верувале у втори шанси, па си дадовме уште една. Иначе... Куферите на врата чекаа јбг. Кога пука, пукнато е. Ама квалитетен лепакот, па убаво го залепивме пукнатото Ќерка прича сама за себе. Секој ден си се прашуваме ќе се смири ли некогаш, и доаѓаме до заклучок дека ко ќе се смири, ќе ја мислиме зошто е смирена. И на нас не ни се погодува изгледа. Секој ден нови драми е. Сега дека одвикната од пелени, па цела вечност у веце поминуваме. Поголеми деца, поголеми проблеми а? За работа не ми се збори, да добијам на лото и ќе отерам пола Америка у ккккк Македонските газди кај што сум работела се светци за овој мојов прекуокеански. Ме вади од такт а очи му немам видено. Маж слушајќи ме преска како урлам по дома дојде до заклучок дека ако бев у канцеларија со дотичниот, ќе завршев у затвор до сега. Не е далеку од вистината. И така женски, мантрајте This too shall pass на се, и евентуално will pass Ве гушкам
Ние ги исчувавме и сеуште ги чуваме децата на сестра ми. Мајка ми има 71 год. здравствени проблеми и секогаш е тука кога треба. Исто и јас, сум излегувала од работа кога требало, не сум излегувала ако мене не ми е итно, а на нив им е итн. Еве и сега моето бебе има 25 дена, мајка ми го чува кога треба да завршам нешто, на лекар да отидам, да купам нешто итн. А и знае дека за моето психичко здравје добро е да излезам. Кога ќе цица малиот заспива и спие 3 саати и мирни сме. Има и ад, па ако треба и тоа ќе направи. Плус е од оние луѓе што врти само ако мора. Пред некоја вечер бев многу изнемоштена, само им го дадов, им реков имате ад и додека не станам не ме чепкајте. Цела вечер ме чувала и мене и бебето. Маж ми станува во 5 за на работа, го убедила да си легне сепак на работа треба да оди. Од друга страна свекрва ми се нема јавено да праша како е бебе, ај за мене и не мора.
Порачај ја книгата Добри одвнатре. Ќе ги најдеш сите одговори во неа. Јас ја купив и мислам дека многу работи научив.