1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    На социјален живот мислев не одма напаѓај кога не си разбрала.
     
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.976
    Допаѓања:
    7.350
    Пол:
    Женски
    Па од неколку причини.
    Прво работат мајка ми и татко ми, имаат 60 години, жал ни е за нив. Второ, не мислам дека ми завршил животот што сум родила две деца. Трето, сум се утпала од искачање до 30 години, па не глеам потреба да искачам сега со тодлер и бебе. Ова до душа се е за ќерката зошто не ја оставам, бебево на 2 месеци не ми е реално да го оставам.

    И мислам дека треба малце да се разграничи имање време за себе и прететување и однесување како бебето да не треба да е приоритет во животот на мајката. Не ти се обраќам на тебе директ туку општо кажувам.

    Јас апсолутно ја разбирам потребата за одмор и време за себе. Две деца имам и издепилирана и налакирана и избањата сум. И на шопинг одам и на кафе и во кафана и на гости. Разбирам и кога се остава дете на спиење кај баба и дедо за да се искочи еднаш два пати месечно ама апсолутно не можам да разберам како може да се очекува дека нема да има никаква промена во животот на мајката откако ќе се роди бебето. Живо минијатурно човече кое треба да го оформиш во човек и да го научиш на се што постои, чека на мене, а јас да се фрустрирам зошто не се акам по кафани и диска секој викенд. Нереално.
     
    На WhiteCat33, Oneo, Coco31 и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.366
    Допаѓања:
    200.747
    Пол:
    Женски
    Нити социјалниот живот не завршува кога ќе родиш деца. Барем мојот не заврши, уште трае. Првите години кога децата се помали, ќе се прилагодиш на нив, ама не значи дека ќе престанеш да излегуваш. Еве, со деца сум, редовно излегуваме, шетаме, по концерти одиме, социјалниот живот не ни е за жалење. Како трагично го напиша тоа, да не ми заврши прерано животот, ко казна да е тоа што си родила.
     
    На Harper, strelec231992, Mnik и 10 други им се допаѓа ова.
  4. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Во право си дека детето треба да ти е приоритет. Во тоа е и разликата во дете што е планирано и чекано и дете што ко гром од ведро небо те фатил ни спремен ни подготвен неочекувано се претвараш во сосема друг човек до сега секој ден искачање кафана диско алкохол друштво шопинг , факс , дружби и наеднаш боом од враќање од 3 сабајле од диско до станување во 3 сабајле да се молзиш за он да јаде. Друштвото се собрало без тебе , на факултет полагав во 40та недела. И тоа е тоа тие 2-3 саата се за да бидам јас таа која што сум не само мајката и многу сум благодарна на семејството. Затоа е најдобро да се има дете на 30+ или било кога ќе си спремен да не се биде после "неизживеан" како мене.
     
  5. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Девојче,никој не ти е крив во ситуацијата.Како така неспремни правите дете? Ова не е истото време од пред 60 години кога нашите баби раѓале по 5/6 деца сите на земја спиеле ама пак немало никакво жалење,глас не им се слушал.
    Треба да е срамно да се кука дека се нема време за журкање и пиење до 3 сабајле кога дома имаш нов живот кој зависи од тебе и му немаш замена. На никој не му завршил животот од кога станал родител,еве јас на 22 станав мајка па? Точно дека имав ппд ама не сум разочарана до бесвест дека не искачам со другарки до 3 сабајле по дискотеки и кафани.
    Стварно веќе се изначитав многу глупости на темава,ко да ве терал некој со сила да правите дете .
    *стануваш во 3 сабајле да се молзиш за ОН да јаде :|
    Тој ОН е дел од тебе , поубаво чувство и задоволство нема од тоа!!!
     
    На strelec231992, Mnik, Skyler81 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Уживај никој не ми е крив ниту кукам споделив само некој аспекти дека ми фалат од претходно а не дека не го сакам детето. Ете јас не сум добра мајка дека ми се искачало тоа е.
     
  7. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Еве пак ти жртва.Кој не сака да излезе со друштво на забава? Ама ти го направи мајчинството како крај на животот да е,ќе се умира.21 век, постои заштита.
    Треба многу повеќе едукација околу оваа тема,родителите се за тоа највиновни!
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  8. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Нема потреба од shaming, нема ништо срамно во тоа што го чувствува членката. Дури и со очекувани и намерно „правени“ бебиња, и на 30 и на 40, многу жени ја доживуваат екстремно таа промена, макар и да не биле секоја ноќ по дискотеки пред да дојде бебето. Во ред е да и недостасува „стариот“ живот, ова е само дел од процесот на жалење што треба да се помине при секоја голема промена. Колку и да ти звучи глупаво, не значи дека не е реално, а цензура и шејминг се само контра продуктивни.
    Сите кукаме на форумот, што ќе се случи ако на сите жалопојки коментари реплицираме со „кој те терал со сила да правиш дете.“
     
    На eliesaab, anggell, Luminary и 10 други им се допаѓа ова.
  9. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Извини ама не ми е сфатливо дека може повеќе да ти фалат кафаните и дискотеките од тоа што сега го имаш до тебе. Самата таа кажа дека има огромна помош од блиските,и го чуваат детето што за некои мајки тоа е луксуз.Не гледам причина за изигравање жртва.
    Сите сакаме да излеземе ,да се напиеме, да се опуштиме и да,не е крај на свет .Ова е само процес кој поминува. Животот е пред неа.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Леле кој глуми жртва баш пишав дека сум благодарна ма фамилијата што ми овозможиле 2 ЧАСА ЗА МЕНЕ да излезам и дека сум среќна сега и мајка и жена и девојка, секоја промена јас тешко ја поднесувам емотивна сум а они ми олеснуваат да се прилагодам полесно и самата пиша си имала ппд јас немам благодарение на тие 2 часа. А ова за да се едуцирам околу заштита не ти е океј..
     
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Душо и нас ни фали тоа време, кога пиевме до 5сабајле и не се замара ме со ништо, но помина тоа, убаво беше заврши, инаку нас не дека нешто ни фали излегуваме кога и да можеме со пријатели, со блиски но дете со нас, обврските према детето се други, но секој поминат миг со него мене ми е далеку подобро него ли пиење со друштвото.
    Внимавај овие моменти со детето се битни некој ден и тие ќе ти фалат, растат брзо, јас се би дала сега да е на три, на две , една годинка ко беше бебе, но не се враќа..
     
    На dead.flower23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Јас имам 30 години и бебе од 4 месеци. Бебето беше и планирано, и сакано и чекано АМА ете ако ти е за утеха и мене ми фали стариот живот. Не дека идев да се пијанчам и по дискотеки, тоа ми здосади уште средно кога бев ама ми фали спонтаноста и слободата као на пример ми текнало у 11 вечер одам кај другарка да се видиме или во последен момент ми текнува ќе искачам вечер и други ситници од типот ќе читам книга или серија ќе гледам цела ноќ. Е сега не може така затоа што плановите прво се прават според бебето. Така да уживај нормално е така да се осеќаш. Со текот на времето ќе се навикнеш и ќе можеш да имаш и нешто од стариот живот и плус да уживаш во мајчинството :)
     
    На Luminary, WhiteCat33, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Го сакам јас тоа мало човече од првиот миг што го видов кога ми го донесоа после царски во таа соба за опоравување кога го видов мал помодерен после 20 саата пораѓај од првата прегратка кога ми го донесоа во соба па поседе со мене 3 часа го гушкав како најубавото плишано мече а оно мирно ме гледа со тие мали очиња. Го сакам и од првиот ден дома кога бев уплашена и броев колку мл испил на колку саати кога запишував кога какал кога заспал. Го сакам кога ми заспа прв пат на гради толку мило се почуствувал сигурно во моите раце. Го сакам кога за прв пат ми се насмевна и секое утро во 6 часот кога ќе ме види иако сум преморена таа насмевка лекува се он е моето смајли што најмногу го сакам. Првото нешто што му купив беше скафандер плишан да ми биде мече . Иако се беше неочекувано таа љубов е како да бил он од секогаш во мојот живот. Не се каам за ништо таа топлина што оно ми ја дава не може да се спореди со никакво искачање. Се се случува со причина време е и јас да се смирам малку. Добра ноќ убави мајки:l:
     
    На WhiteCat33, Harper, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Девојки, наредниот викенд мм ќе отсуствува неколку дена
    Јас штотуку се породив (пред недела дена)
    Ова ни е второ детенце ..
    Првото е 2 год.

    Мојата свекрва ќе дојде за преспивање сиг кај нас за да ми прави друштво и да е од помош..

    Бидејќи еве се справувам со баланс меѓу новороденче и нелутењена тодлер итн,се трудам со постарото дете да правам некој активности што се "наши" (капење, миење заби , вадење цвеќиња итн)
    мн збеснува кога не сме сами
    Сите се вртат околу него,
    му зборуваат само за бебето,
    сестра ми е тука НА НЕКОЛКУ ДЕНА СЕГА ,
    кога ќе се качи сестра му од мм горе одма го заигрува, му чита книги (што е супер)
    Но омам чувство дека тоа време што и е изброено на сестра ми да помине со деците-дополнително и се крати. Како некој страв да имаат да не пропуштат некој момент, некоја активност
    го играат со ова-со она .
    Сето тоа е супер, сето тоа е од помош и е добредојдено , НО :

    -дали јас нетреба да имам 'me time' за мене и за него со нешто.
    Да се тивко повелечеме на кратко време со кратка прошета? (Ова како реторички малку или како гласно размислување)
    -Дали е ок да речам седете вие со бебе, јас ќе го искапам поголемото
    -или јас ќе го заспијам... (за да не биде 3 дена баба му да го заспива, па и да го рани па и да го игра ..) ќе цркнам јас така од мака, оти јас да не си ги бркам тие обврски. Добро, не сите но нели, некои колку што се може

    Дали звучам дрско и себично?

    Дали е ок да и речам (или да ИМ речам, било кој да е некој друг близок):
    "Ние 3ца ќе спиеме заедно вечерва ма спалната едноставно оти така сакаме

    Како да ги поминам тие денови? Осеќам притисок уште од сега.
    Јас и сама би се снашла, никој да нема
    така функционирам подобро , како самец :$ но да не ме мислел мм , ете..

    Или едноставно , три дена да се "оптегнам" на тераса, ако толку сакаат ете нека се вардат нека се чуваат, да си јадам сладолед ,нозете скрстени и да не се замарам. Как ќе го чуваат што сакаат нека прават..
    (Само после како друго дете да имам, тоа е целиот проблем )

    *Извинете на долгиот коментар
     
  15. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    девојче не мора да се правдаш, нормално дека си го сакаш детето, се што чувствуваш е сосема нормално и секој шо ќе ти каже поинаку те лаже. прво си премногу млада и второ бебето ти е премногу мало, со тек на време ќе се навикнеш на мајчинството и шо викам јас ќе станеш мастер :D се што сега ти изгледа страшно и дека ќе трае долго верувај не е, брзо поминува времето, брзо растат и ќе бидеш пак старата ти и ќе имаш поише време за себе, само сега во нова подобра верзија, како млада мама :D сосема нормално е да ти фали чувството на безгрижност од пред да станеш мајка, јас родив на 30 скоро, секако планирано и сакано, па и јас некогаш си замислувам како ми било предходно без обврски. мајчинството е најубавата и најтешката работа на свет, верувај со тек на време се ќе си дојде на место, мило ми е што имаш фамилија и партнер што те подржуваат:l:
     
    На Coco31, 1209, Marsi* и 5 други им се допаѓа ова.
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    69.726
    Пол:
    Женски
    :sweat:
    Кога требаше да се породам, свекрва ми прашаа да дојдат да помогнат, нормално дека не ги одбивме затоа што со првото беше мајка ми, сега и нејзе и било мерак да дојде да помогне. Иначе имаме најдобар и најдругарски однос со свекрва ми и знам дека можам да и кажам се. Јас ја чувстував истата потреба да бидам и со големата ќерка, така да веднаш и кажав дека ќе го чува бебето за да можам да се посветам и на големата. Не е себично воопшто, слободно кажи им дека сакаш ти нешто да направиш ако чувствуваш потреба. Штом дошле да ти помогнат дали ќе го чуваат бебето или големото нив не им менува ништо. И јас сакам да бидам сама зошто како така имаме некоја рутина, но тој период баш треба некоја помош. Не знам каква е кај тебе состојбата, ама кај мене големата е научена на внимание 24/7. Затоа што од кога е родена јас сум била цело време покрај неа, играње, занимавање и за нес ќе беше шок да не може никој да биде со неа. Сега како расте малата веќе има 6 месеци, големата има разбирање кога треба да ја надојам или да ја заспијам, за тоа време она да си поигра сама и потоа ќе и се придружам. Не се сите денови такви, има денови кога се лути, е тие денови знаат да бидат тешки. :sweat::worried:
     
    На Carolin., lackygirl, Kikikikiri0405 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    "Јас ја чувстував истата потреба да бидам и со големата ќерка, така да веднаш и кажав дека ќе го чува бебето за да можам да се посветам и на големата"

    @macka91
    Исто е така...
    Сама, сами - носи во градинка / враќај се
    Оди на игралиште.. итн
    Но сето тоа од љубов, затоа што јас така сакав. И секако, без разлика можеби што не е некое захтевно дете, но би му било шок одеднаш да е само.

    Таа и на работа ќе си оди после ,
    жената не е во пензија..
    Но некогаш овие викенди само што ќе се наближат- и ме плашат.
    Исто и односите, несмеам да се пожалам
    добро е се. Како секаде, секогаш можеби има нешто ќе се изнервираш (што е нормално и родител да ти е) но добро е.
    Имаш право,
    со убаво, отворено ќе кажам
    Сега вие седете, ете има млеко, ова она
    ние одиме еден круг и се враќаме

    Јас знам дека неможам да бидам сега 100% посветена, и знам дека тоа можеби тие нема ни да го паметат. Но ,и за нас е тешко како мајки тоа чувство, не станува збор само за дечињата.
    Сетоа тоа додека се организираш и навикнеш
     
    На 1209, Kikikikiri0405 и macka91 им се допаѓа ова.
  18. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    69.726
    Пол:
    Женски
    Јас искрено и кажав не сакам да се чувствува запоставено, затоа и сакам да поминувам време до неа. И излегувавме, на родендени ја носев, обавезно си игравме. Си треба време за се, не ми е како претходно, уште пробувам да се орагнизирам се, сепак поголемиот дел од денот сама сум со нив две, до 6 ипол и треба ручек да направам, да пуштам машини, да пеглам. Во 6 ипол сопругот ја превзема одговорноста за нив, прави вечера за големата, ги занимава јас малце одмарам во 7 веќе ги бањаме и во 8 веќе спијат. После тоа ги вршиме домашните обврски, со тоа што моја обврска е само пеглањето ( не го бидува за тоа).
     
    На Mother of 2boys, Leonessa Moon, sani99 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Јас погоре се што напишав не сакав никоја мајка да се чувствува навредено.
    И јас сум мајка, и јас на 22 години родив,за некои исправно за некои не а и баш ми е гајле.Мене ми е најубаво на свет,се чувствувам среќно ,исполнето.
    Од старт имав ризична бременост ,цело време го поминав во лежење во еден исти кревет,немав видено бел ден. Поминаа и тие 9 месеци , јас не се пожалив ниту еднаш ,само сакав да биде се во ред со моето бебе и друго не мислев на ништо ! Се породив, си одам дома,плачам . Ама не плачам од што ми недостига стариот живот и дискотеки ,искачање , другарки и сл, плачам дека не знам што да правам со бебето и со себе ,толку малечко а сепак толку голема одговорност се плашиш да не згрешиш ,она спие јас бдеам над неа дали е испотена,да не и е ладно/жешко , буквално не ја давав на никој ,поврзена со ќерка ненормално ,во тоалет одев со количка или транспортер . Се сама,шетање,доење,готвење , пресоблекување,бањање , болници,температури , вируси , домашни обврски, пеглање,перење,чистење како болна нели дека бебе имаме дома итн... Ама јас не излегував никогаш несредена,ја ставав во марама и се шминкав со неа (значи тоа не е запоставување) . Мм велеше излези на раат на кафе сама со другарки остави ја ќерка со мене дома ,јас никако. Не можев да се замислам без ќерка ми излезена. Дали до маркет,банка,продавница,правење нокти,кафе со пријателки итн.Мислев дека одговорноста е само моја ,ама не е така воопшто ! Одговорноста за детето колку е на мајката толку е и на таткото. Ни на баба ни на дедо . Треба заедничко родителство и заедничка посветеност.
    Што се однесува на стариот живот воопшто не ми недостига.
    Излегував цело средно шетав по дискотеки ,кафичи ,друштво , а сега исто си шетам и уживам само што сега не сум сама ,макнам со мене плус една голема торба и повеќе се грижам . Ве гушкам сите мајки дали млади или повозрасни мајка е мајка. Вие сте посебни и незаменливи ! Мајчинството е исто, дали на 20,30,40.
    Не треба да има разочарување и да се претставува мајчинството како да е најстрашно нешто,сепак мајчинството е најубавото нешто што може да и се случи на една жена да се оствари како мајка.
     
    На Coco31, M.B., DELFINA81 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Нашите родители се достапни буквално 24/7 ако им кажеме да чуваат не постои зборот не, освен нели ако стварно имаат некоја обврска.
    Свекрвата го чува од 11 до 17ч во работни денови, мајка ми доаѓа кај мене околу 19ч за ако сакам да излезам да пазарам, да одам на кафе било што. Таа го шета, води на гости, во игротека.. Нормално многу пати и јас со нив одам, но некогаш и си терам мои обврски.
    Само што наполни годинка, до сега за преспивање не е оставан ама кога сме оделе на свадба или слично мајка ми кај нас ќе го избања заспие и ќе седи додека да си дојдеме (што најдоцна е било на полноќ).
    Јас инаку сакам вечерните часови пред заспивање да му се со мене и јас да го успијам.
    Еве имав повик за workshop од работа да бидам во друг град една недела во хотел, но ќе размислам до тогаш.. можеби би возела секој ден и би се враќала до вечер.. Ќе размислам баш.
     
    На LadyD, Skyler81, sani99 и 2 други им се допаѓа ова.