1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    буквално и имаше на членката пишано ,,никој со сила не ве терал да раѓате дете", тоа што ти добро си се сносила со таа голема промена, не значи дека секој исто се носи. имам мал милион примери да набројам за истото, имам другарка шо кога беше трудна едвај чекаше да се породи, викаше мене не ми треба никој да ми помага, ни мајка, ни свекрва сакам да ми се мешаат, јас сум чувала толку бебиња, јас сестра ми ја исчував( голема разлика се), јас се знам. се раѓа бебето и звонам после месец дена да ја чујам како е, ми вика не знам шо ми требаше ова во животот( 30 и нешо години е), друго било туѓо, друго било твое, ми доаѓа да се самоубијам, буквално со овие зборови, ми вика сега сум кај мајка ми и ќе поседам тука некој месец, јас сфаќам дека ја има мавнато постпородилна депресија на најјако. од друга страна се зимам за пример јас, никогаш не сум допрела бебе, не па да чувам, дечар не сум, пред пораѓај извадена од памет, шо ќе биде како ќе биде, да не му направам нешо на бебето, се пораѓам, доаѓам дома, после 5тиот ден од пораѓај останувам дома скроз сама со неа, пресреќна, седам и плачам од среќа, само ја гледав и се прашував со што ја заслужив јас оваа среќа?? никогаш не западнав во постпородилна депресија, имав подршка и од партнерот и од сите околу мене, мн брзо почнав да се чусвтвувам како старата јас. раѓањето на првото дете е огромна промена во животот на една жена и не може да очекувате дека сите ќе реагираат исто, има мајки шо им треба време да си го засакаат детето, шо се борат со страшна постпородилна депресија итн итн, не е само да се напаѓа некој туку така.
     
    На WhiteCat33, Harper, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Ова е форум и секој има право да си искаже мислење ,ти се допаѓа тоа или не .Не користам навреди и тоа што го кажав не е навреда туку никој не не тера со сила да правиме и раѓаме ако не сме спремни ,да се биде мајка е најголем предизвик! Ама жалење дека сакаш во дискотеки да бидеш до 3 сабајле и секој викенд на пијачки со другарки до никое време не ми е сфатливо .Кој очекувате дека ке се грижи за вашите деца?
     
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    види, ова е форум и јас искажувам мислење дека тоа не се зборови кои треба да ги упатиш кон тазе породена жена/ девојка која што ја поздравувам иако непланирано решила да го донесе на овој свет тоа бебе, не и се средени уште хормоните, најмалце шо и треба и е некој да и рече кој те требаше да раѓаш? коментираш постојано дека не треба мајка и свекрви да ни чуваат деца, а низ сите теми имаш пишано дека мајка ти ти го чува детето од 8 до 4 и дека со свекрва ти си во топ односи и ги праву ручек итн, не знам како да ти кажам еве мене ми е несфатливо зашо мајка ти ти го чува детето, ама па како да ти кажам не е моја работа, секој се снаоѓа како знае и умее, некој пушта во градинка, некој му го чува мајка му, некој свекрвата, не е дека сеа пошо мојата оди во градинка од 8 месеци ја треба да седнам и на тебе и на сите останати да ви пишувам мене ми е несфатливо како мајка ти ти го чува детето секој ден по 8 саати????
     
    На Lizi, LadyD, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Ми го чува бидејки мајка ми е сама и не оди на работа,домаќинка е и она од самиот почеток ми кажа дека ќе ја чува иако јас сакав во градинка од 9 месеци да ја пуштам. За твоја информација свекрвата моја живее со нас во иста куќа и таа е сама ,пензионерка, јас и чистам,перам,пеглам доброволно а таа уште одма ми кажа дека ручек не ми прави мене туку за фамилијата си готви ,за неа ,за син и ,ќерка и (јас) . Додека знам свекрви кои им готват на снаите и пак се незадоволни снаите од свекрвите. Точно дека никој не е должен да ти чува дете и да ти готви ама јас сум заслужила. И никогаш нема да кажам лошо и да престане да готви и да престане мајка ми да ја чува.Никој не е принуден на сила.
    Ако некој се навреди нека ме извини ,не сакав. Само ме изиритира нагласувањето постојано за шетање и одење по дискотеки ,сепак не сме мали и 13 години . Колку толку штом знаеме да правиме деца треба бар малку да се има во предвид што не очекува и дека НИЕ сме одговорни за тоа! Мајка и татко!
     
    Последна измена: 21 август 2024
    На Leonessa Moon и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  5. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    @tinkerbell22 види, секако секој има право на свое мислење, според моето мислење ти претеруваш и имаш двојни стандарди.
     
    На LadyD, 1209, Feniksgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Никако, никогаш не осудувам дали си мајка на 18/20/40 години и општо за секоја една ситуација во животот .Ги поддржувам сите мајки до крај .Минлив процес е , а ова што го доживувате денес никогаш нема да се повтори, барем не во ист облик. сепак тоа е твое мислење,имаш право да се изјасниш :)
     
  7. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Еве да и се извинам на членката @dead.flower23 бидејки во првото мислење можеби невкусно се изразив што не и доликува на една млада мајка како мене ама сепак ќе кажам не ми беше намерата никој да навредам и повредам . Не познавам мајка што не си го сака најдоброто за своето дете па така и тебе во никој случај не те нареков лоша мајка нит го помислив тоа!!! Само се изразив на начин на кој што не требаше и бев сфатена погрешка. Само сакам да кажам уште еднаш дека децата се наша одговорност и не треба да жалиме дека веќе не сме дел од нашите друштва што се по кафани и журки ,мајчинството е најголем благослов и треба да бидеме секој ден благодарни и среќни (ова го кажувам бидејки јас поминав многу лошо што наместо да бидам среќна мајка,јас година ипол пиев антидепресиви во најубавиот период) .
    Ако имаме доброволна помош да ни ги почуваат саат два да се испешачиме,кафе да пиеме или што и да се прави во граници на нормала во ред е ,ако не тоа е тоа.Нема лутење нема жалење. Добра организација околу родителите и нема да биде никој незадоволен,неодморен и скратен од мн работи .
     
    На Anaroz1, DaisyDream, plava.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Нема проблем мајка ние треба да си се поддржуваме една со друга само ние знаеме која жртва е мајчинството но и која убавина доаѓа од неа. :hug:
     
    На plava.90, sani99 и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  9. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Така си е мама, денес те прочитав во повеќе теми и се гледа колку посветена и грижлива мајка си !
    Никогаш не сакам да осудувам и сум најпротив тоа но косата ми се дига од мајки кои ги криват децата ради нивните потреби што не можат да си ги задоволат (не зборувам за тебе ниту за некоја друга членка) .
    Поддршка до сите мајки кои минуваат низ вистинските,тешки и најискрени делови на мајчинството , деловите што социјалните мрежи и рекламите за пелена се трудат да ги избегнат и да ги прикажуват совршено! :l:
     
    На Mother of 2boys, Kikikikiri0405 и sani99 им се допаѓа ова.
  10. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Баш ми е драго што дојдовте/ме до разбирање, реткост се вакви позитивни исходи од несогласувања на форумот. А за цитатот се согласувам со тебе.
     
    На Mother of 2boys, Anaroz1 и tinkerbell22 им се допаѓа ова.
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    6.666
    @Lisandra прво со сопругот разговарајте што и како околу воспитувањето на детето.Според пишаново со него имаш недоразбирање. Кога е за викање викам, и ниту еднаш не рекол да си седам мирна.Кај мене знае и да свика мм по син ми ако праи нешто што не треба, па да видиш како после слуша се. Ете и после сите години не успеав јас да го имам тој авторитет што тој го има над детето. И подобро еден нека ,,владее,, барем кога ќе свика да знае дека е во неволја. И да,не може 4 год дете да не може да се оддели од мајка. Ќе плаче ќе доплаче, не ќе седиш цел ден до него. А и големи се разбираат на таа возраст што му се зборува.
    И почесто сам оставање. Најди си некоја занимација, трчај, излези на кафе. Без изговори. Знам дека е тешко кога ќе влезеш во еден круг од обврски да се дотераш и да одиш некаде. Сум била таму и уште сум. Ама се убедив себеси еднаш во денот да правам нешто што мене ми се свиѓа и ме прави среќна.

    Пс. Односот со мм не е идеален, и ние сме имале жути минути и тоа повеќе од потрeбно. Само тоа нема врска со мајчинството.Друга тема е.:)
     
    На Skyler, Skyler81, DaisyDream и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Оф топик, дали има некоја група тука за roast my husband? Деновиве некако многу почна да ми игра румба ча ча ча на жифци.... Па да избројам до 10...
     
    На Skyler, tinkerbell22, DaisyDream и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ме слуша малиот, ама некогаш ете ќе си се изнервирам за ништо и ќе му подвикнам кога нешто се случува, кога сто пати се рекло со добро, а не викам секој ден него ете ќе се собери преку цела недела, мм вели само кажи му еднаш и толку а јас повеќе навлегувам и зборам зборам можи и ја претерувам,но со еднаш велење ништо не се постигнува, а неќам да викнам, но на момент тешко се контролирам.
    Но некој тука мора и да го скара детето не можам само јас, му велам ти биди построгиот оти мене ми е преку глава да изигравам шериф.
    Децава посебно машките не сакаат мајката да биди лошата, се поврзани повеќе за неа. Посебно син ми ептен е поврзан, но немам енергија за се да постигнам. Сега моментално лежам до него и чекам да преспие оти ако види не сум тука после пола час не можам да го смирам:sweat:
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Мајка да те гушнам... Исто и ние сме така. И двајцата се поврзани со мене. Малото ми е моментално селотејпче, и јас лежам до него за да спие (во моментов) инску станува и до вечер кревет не сака да види, а ќе кенка цело време.
     
    На Kikikikiri0405, Mother of 2boys и Lisandra им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Ќе отвориме и тоа :D
    До тогаш, пукај тука и не број :rofl:
     
    На Skyler, Kikikikiri0405, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.813
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Не правеше вака на три години, ќе се наспиеше ќе си слезеше, ништо немаше, сега влезе во четвртата се јавува некој страв, да не остани сам.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Јас бев принудена да менувам работа кога големото беше мало, токму од таа причина. Се роди во него некоја сепарациска анксиозност кога излегував за на работа, поготово кога бев 3та смена, стоеше на вратата и велеше мамо не оди на работа, седи дома да спиеме заедно. Душата ми се искина. Сега работам на работно место кое не ми е во допир со струка, но знам дека децата се со мене кога спијам, и нема што да се плашат да не случајно "ги оставам". Знам, будалесто звучи, но тоа ни се случи со големото. Со малото тек ќе почне во градинка и очекувам сепарациска на највисоко ниво. И 2те деца ми се, ако не лежам до нив да спиеме заедно дента, нема да спијат. Можеби 15тина минути ќе спијат само. Еве, пример, се уште лежам до него. Го фативме и 3от час. А да не лежев, дремката ќе му беше само 45мин. Мој совет, лежи и одмарај, затоа што кога ќе станете сигурно пак по тебе ќе биде. Така барем ќе бидеш колку толку одморена за да издржиш до вечерта.
     
    На Leonessa Moon, 1209, Skyler81 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Се мислам од кај да почнам, а да не звучам по малку идиотски... Понекогаш чашата се излива... Мм добар е, знам дека се грижи за нас, но периодов ми доаѓа да го "ккк" на лице место заради неговата (не)свесност.
    Оди на работа во смени (се мени неделно), и толку е, крахира. Ниту дома да ми помогне нешто, ниту деца да причува, ништоо. Вечерта големиот спие, а малиот се буди цело време. Еднаш не сум го разбудила да ме смени, а камоли да стане сам и да ме одмени.
    Кога е 1ва смена, си иде во 15ч, јаде и легнува да спие. Спие до кај 19ч. Со изговор дека имал мн работа и изморен бил.
    Кога е втора смена, спие до 11ч, станува со изговор дека треба да се одмори, затоа што е на работа од 15ч.
    Кога е ноќна, од 23ч, спие цел ден, ама буквално цел ден.
    Кога ќе излеземе надвор, ќе го подржи малиот в раце околу 7 8 мин, и ќе ми го даде со изговор дека го боли грб, кичма и половини. А јас со 2 царски, топ сум.
    Кога и да му посочам на тоа, се вади со, "мајка си, затоа си повеќе со децата".
    Се запустив од што дење ноќе сум со децата (не се жалам во негативен контекст) без некој и 15 мин да ме одмени колку да се исфарбам и да се избањам. А за домот... Алишта на секаде, садови во судоперот.. Абе недомаќинка права.
    Денес пукнав, и му дадов ултиматум. Или ќе се мени, или ќе го сменам .
    Се смеам за да не се вратам во дупката со ппд од каде што скоро излегов.
    Имам уште многу, но ќе оставам за следна нервоза. Ми олесна многу ова да го извадам од мене.
     
    На Leonessa Moon, Harper, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Срам да му е и он е родител па што ако иде во смени и мојот оди во смени цело време е со детето он го успива. Ја со душа чекам да дојде од работа да го земе , никад не преспал со 4 саата оди на работа јас навечер станувам за он да поспие а он после работа го зема нишка успива... Што е тоа спиење по цел ден па што ако работи не е единствен и ти си човек треба да те одмени. Обавезно разговор.
     
    На Luna91, Leonessa Moon, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Муабет, муабет и само муабет.

    Се ќе биде добро :l:
     
    На kozuf, Mother of 2boys и Dejzi.2 им се допаѓа ова.