Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Разговарано е многу пати, но тогаш за тогаш. Среќа голема што се научив се да правам сама без никаква помош. Затоа си го седнав, и му кажав што имам и му дадов 2 опции. Нека одбере од тие 2 опции. Дали му треба фамилија или сака да е женет ерген. Знам, звучи бесчувствително, но мора така за да се свести.
     
    На Leonessa Moon, Harper, Ena05 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.043
    Допаѓања:
    66.630
    Пол:
    Женски
    Не звучи бесчувствително, тоа што он го прави од друга страна, е тоа звучи крајно бесчувствително.
    Ако веќе све правиш сама, тогаш и стварно нека е така, барем гаќите нема да му ги переш.
    Нашле жена што ќе ги сака, направиле деца, станале татковци и после не можам. Е стварно се нервирам вака кога слушам, и не само од тебе ова што го прочитав.
    Не е дека не можат, така им одговара и толку. За подбирање се и тоа како.
    Не знам, ние со маж ми некако си тераме ако ние сами не се помагаме еден со друг, не се почитуваме, кој?
    Еднаш едниот не може, после другиот не може и тој што е поспособен го презема теретот, и за дете и за куќа.
    Ама јас све да правам, а он уморен, е тоа тешко малку.
     
    На Luna91, WhiteCat33, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Боже боже ти си била мајка и мораш да се раскршуваш на сите страни, бидејќи си мајка тебе не треба да те боли ниту грб, кичма, глава...:!:
    Ова маживе со нивните изговори аман.
    Наместо да го фати грев уште приказни ти кажува.
    Незнам извини ако малку сум директна, ама стварно така ме погодува кога маж не си ја цени жената и си го бира полесниот пат.
    Разговарај ако треба почни и да му се лутиш и да му укажуваш каде греши, па да смени некои работи.
    :)
    Не си и ти од камен!

    Јас може вака испаѓам и лоша жена :^) ама маж ми станува во 5h за на работа, и доаѓа околу 17h.
    Некогаш може и саат порано зависи.
    Сега како сум бремена не ми ни дава да чистам со правосмукалка.
    Ќе земе јадење ќе направи ако не сум постигнала.
    Садови ќе измие да не се мачам јас.
    Алишта ќе среди, сите работи домашни ги прави.
    Како останав бремена за да не се наведнувам тој го бања синко, после работа обавезно го шета одат некаде заедно.
    Ретко се има случено да преспие пола саат-саат.
    Па дури и јас кога ќе му речам не поминуваш доволно време со мене:wasntme:
    Ајде се вадам на хормоните.:D
    Ама навистина имам секаква помош од него и ретко да се пожали дека е уморен или неможе кога се работи за нас.
    Да не зборувам дека секојдневно на некој од колегите врши некоја работа, се чудам како постигнува.
    Па дури кога ќе му се избацам ајде малку да ме масираш:rofl:
    Има шанси некаде на форумот тој да се жали од мене.:lol:
     
    На Luna91, Harper, Giiirl23 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Е, кај мене и во 2те бремености (првата во 9ти а втората во 5ти) јас дома кречев. Мм си одмараше дека е на работа, мрли а јас дома...
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Жал ми е искрено, ама така го имаш научено дека ти можеш се сама и сама ќе си завршиш работа.
    Арно имал срце ти бремена да кречиш, а тој да спие.(facepalm)
     
    На Skyler, lackygirl, Kikikikiri0405 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Не се правдам, да, можеби и јас сум малку крива, но, нели бебиња ќе донесов дома. Па сакав на чистичко да си ги донесам. А инаку почнав се сама да правам, во последнава година.
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Ниту ти заслужуваш ваков третман, ниту тој заслужува вакво жениште ко тебе. Ако можеш се сама да правиш, значи немаш потреба од маж.
    Да ти се живи и здрави децата, не треба да учат дека вака треба брак да изгледа.
     
    На WhiteCat33, Harper, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Тебе те разбирам убаво, туку тој не ми е јасен.
     
  9. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    4.469
    Пол:
    Женски
    Aу ми треба и мене една тема "roast my husband" :D

    Мојов додека бев бремена, не ми даваше ни машина за садови да испразнам. И до ден денес, садови средува он, јадење 80% од времето си прави (си има посебен режим). Иако после се тоа кујната пак ја чистам, пошто неговото чисто е што да ви кажам. Првите 40 дена откако се роди бебе, буквално не спиеше, дежураше. Ама после се олабави. Работи од дома (читај игра игрици), и сам си направи трета смена. Раат си седи додека ние спиеме, и сабајле обратно. Згора на се, пред 3-4 месеци повреди кичма, па се вади на тоа дека уште го боли. А детево 7кила, мислиш крева 100кг deadlift :rofl:
    Кој знае, може стварно го боли да не мрчам, ама не ми е верно. И сега сум во шах-мат (facepalm)
     
    На hello-kitty.90, Skyler, marrisa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Тие бебиња се ваши не само твои.Треба да го ангажираш околу нив, кога сам не е свесен задади му задачи што и како да прави и тој со тоа не ти помага тебе туку се грижи за неговите деца (вашите) заеднички .
     
    На Tea SK, Mother of 2boys, Kikikikiri0405 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Тоа плус со игрите. Имаше еден reel, жената со тешко срце го праќа мажот во тоалет. Ееее иста ситуација дме, само шо не го испраќам така :D:D
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    868
    Пол:
    Женски
    Јас и ти да земиме мажите и децата да ги споиме и да ги оставиме дома а ние две на рехабилитација :rofl:
    Абе се исто како шо опишуваш ,само јас женско имам :D
    Ќерка ми дури и ако сме сами (мм пуши и може да е на тераса или подрум) и ко ќе дојдеше да ја праша зашо плаче оваа му викаше мама ме удри (facepalm) па се расправаваме дали ја удрив или не :whew:
    Сеа малку веќе му станува јасно дека е преразгалена па не дека застанува зад мене кога ја карам ама барем не ми ја ,,брани " пред неа оти чим осетат таква слабост готово толку.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Мене мм исто за се ми помага и дома и чистење и јадење и за дете го чува и сам работи у смени па јас и на работа идам он го чува ее друг проблем имам јас со мајка му на мм ептен е проблематична жена дека мие сами живимо и мие смо се договориле пример денес да шетаме со мм она мора да иде кај неа да и работи нешто ако не е како она ќе каже почнува проблеми други навредилви зборови еднаш и на врата дојде вика се дере за џабе зошто не е по нејзино она одувек вака ни правеше и кого не бевме во брак ама сега претерано навредува па и родителите мој збори све што ке и дојде сум му кажала и на мм више немам контанк со неа ама она упорно само проблем да направи
     
  14. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Nemozev da se vozdrzam da ne prokomentiram na ova.
    Koga imas bebe se menuva zivotot i zaboravi si go stariot , barem nekoe vreme.
    Veruvam deka go sakas , zasto treba da si slaknat da ne si go sakas sopstvenoto dete.
    Isto dali ti e prvo bebe? Kako da te imam citano vo 2023 kako imase pisuvano za prethodna bremenost ??
    Pomlada si okej ti se seta ama ZASTO ne si odlucila koj ti se prioriteti vo zivotot.
    Iritantno e toa sto pisuvas deka ti falat diskoteki i iskacanja a se molzes za on da jade....
    Go imenuvas so ON .....
    Ne e dolzen nikoj da ti cuva bebe sekoj den imas sreka sto ti se naogaat lugeto.
    Neznam mn loso razmisluvanje imas spored mene.
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.221
    Пол:
    Женски
    Ај олади од кажување кој е добра кој е лоша мајка на темава и ти. Претеравте.
    Да нормално е на сите да ни фали предходниот живот, да нормално е да сака и да излезе и да прошета и да и фалат дискотеки и пијанчење по некогаш. И мене ми фалат. И плански направив бебе и на 33 уште ми фали забавата од предходно. И не дека не сум изживеана па ми фали, живеев и лудував многу и излегувања и пијанчења и дружби и шетања и живеење го различни земји и концерти, журки и дрога и се тоа ми фали. И ако се пожалам дека ми фали не е оти сум лоша мајка и оти преоритет ми е да се журкам место да чувам дете. И да имам шанса сеа да се журкам пак ви го чувала дете, а ми фали журка знаеш како.

    Што ако се молзи да го нахранат???
    Може не се изрази добро у смисла што рече ми заврши животот ама верувам не мислеше у тој контекст, а вие и срипавте како да е најлоша мајка на свет па уште и мислења и се пребаруваат да видите каква мајка е.
    Ај оладете малце не сте вие најмајки оти 24 саата успевате да не се пожалите за ништо.
     
    На defocus, WhiteCat33, Harper и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    5.041
    Пол:
    Женски
    Планирано дете на 30+. Со работа стабилна, со се погодено навидум што би се рекло.
    1,5 година јас сум таа што е цело време со дете и секаде. Јас ја носам со мене на кафиња, јас ја носам по маркети, во градинка, по доктори. Јас трчам на работа со 2-3 часа спиење.

    Татко и, "се вади" на сменско работење и демек му е 100 пати потешко да се организира околу детето.

    И баби имаме во близина стои тоа како факт ама да, ми фали време за мене. Еве пример, никој не рекол седни и 2 часа изгледај филм. Опушти се.
    Чуваат дете само ако е болна и не оди во градинка или ептен некое неодложно излегување имам.
    Дали сум лоша мајка што се жалам, можеби. Факт е дека за некоја година ќе биде се ова надминато и повеќе од доволно ќе имам време за себе ама во овој момент е таа ситуацијата. Може за 5-6 години овие муабети ќе ни се смешни.
     
    На Harper, Coco31, Anturium и 12 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Нема појако од тоа да си ги мерите непостоечките пениси во тема за мајчинство. Стварно нема.
    Превртете очи ако не се согласувате со нешто и продужете даље. Не мора на секое лонче капаче да се стави :D

    Ме нервирате у единствената тема кај шо можам да се жалам од тоа шо го родив аман :D
     
    На Luminary, WhiteCat33, Oneo и 36 други им се допаѓа ова.
  18. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Jas vo nieden moment ne rekov deka e losa majka, tuku deka loso razmisluva.
    Veruvam deka si go saka bebeto .
    Ama sekoj den da i go cuva nekoj za da seta??
    Sto ke se sluci koga ke dojde den i ke i kazat deka veke ne i go cuvaat i sama da se snaoga ?
    Potesko x100 ke i bide zatoa i treba da se osvesti malku sto i kako sleduva i kakov e zivotot so bebe a ne da se leta vo oblaci.
    Jas za nekoj rab ne bev svesna pa posto site mi vikaa deka tece mleko i med i mi bea sok.
    Mislam na obvrskite gotvenje , cistenje, perenje.
    Neznaev jajca da svaram pred da se omazam a posle se na mene se ceka , ludilo i uste se zalam za toa.
    Bolje od start da ne mi pomagaa.
    Mislenja ne se prebaruvani tuku sto imam citano od prethodno .
    Memorija mi e dobra strana .
     
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.657
    Допаѓања:
    6.408
    Пол:
    Женски
    После се чудиме зошто многу жени, мајки не сакаат да се отворат и да споделат што им е тешко и да се пожалат
     
    На WhiteCat33, Adidas888, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.578
    имаше еден quote, ако не се жалиш од чувањето дете, значи не го правиш тоа доволно :D
     
    На defocus, WhiteCat33, Ano и 14 други им се допаѓа ова.