Ако има некој да и го чува секој ден за да шета, нека и го чува, што те засега, тебе да не те чекаат да им го чуваш? Тоа ќе ја направи може 100 пати подобра мајка оти ќе биде опуштена и релаксирана, а не ко мене со месеци неам кој да ме замени ни 2 саата да посветам на себе и после на моменти накурчена сум била, епа ќе бидам оти на секој му треба време за себе. На секој му треба издишка и да се осети како слободен човек на момент. А засекогаш нема ни потреба да им ги чуваат децата, ќе пораснат ќе тргнат во школо итн, за сега ако има доброволна помош секој ден тоа е супер и ќешки сите да ја имавме. Не рекле џабе it takes a village…а голем дел од нас немаат ни маало луѓе, не цело село. Многу јака вака кога ќе почнете ама јас за добро од искуство и зборам. Ама совет она не побара, а непобарано солење памет ни јас ни било кој сака реално. Како и членката предходни што и се нафрли она на 22 родила и е супер мајка и се нервирала оти некој ги запоставувал децата оти сакал да иде на диско и тоа не било правилно. Па може според мене не е правилно и на 22 да родиш, ама ете раѓаат и се супер мајки и која сум јас да кажам. Верувале или не на некои луѓе и покрај тоа што имаат деца, родиле деца и сакаат деца, имањето деца не им е најголемо постигнување и успех кој може воопшто да им се деси во животот. Да најсакани се, да преубаво е и многу задоволувачко чувство, ама не им е едниствена цел во животот да бидат најдобри мајки. Јас детето си го сакам највеќе на свет, не можам да замислам да сакам нешто повеќе од него, не можам да замислам како е можно да го сакам толку, да денот ми се врти околу него и животот ми се врти околу него, ама имам и многу други преубави работи што ми се десиле во животот и ми фали многу да бидам само жена, а не и мајка.
Баш врати се на моите мислења и прочитај ги одново ама убаво! Ако не ти се допаѓа слободно игнорирај ме. Не се криви децата што не можеме да си ги задоволиме нашите потреби. И ја поддржувам секоја мајка и на 18/20/30/40+ ,секоја мајка би го дала животот за своето дете. Никогаш не кажав дека јас сум СОВРШЕНА мајка,напротив јас сум мајка што најубавиот период на бебчето го поминав во плачење ,пиење лекови и по психијатри.Присутна ама сепак отсутна мајка. Тоа не е добра мајка,јас тој период се чувствував како најлоша мајка Јас си го кажав моето мислење од што препатив како и секој овде на форумот,а и може не се изразив убаво ама јас и се извинив на членката ,не ми падна круната од глава!
Да точно не ни се криви децата за ништо оти ние избравме да ги родиме, децата јас не видов и некој да ги обвинува. Ама дека не смееме да се пожалиме за било што оти сме родиле е нефер и ниедна жена, а посебно мајка не смее да осудува друга жена зошто се пожалила. Ќе слушаш и ќе подржеш. Нормално ако не е нешто екстрем. Да видов дека се извини, браво за тоа.Сакав да посочам дека ти рече дека имањето деца и раѓањето дете е најубаво нешто што може да се деси во животот, да точно дека за тебе може тоа е факт, за некој и покрај тоа што има деца и си ги сака децата, сепак тоа може и да не биде најубавото нешто што му се десило. Редно е да се заборави тоа мислење дека на жената најубаво нешто што може да и се деси е да стане мајка и апсолутно ништо друго во животот не треба да ја израдува повеќе и дека после раѓање треба да заборави на себе, треба да престане да се жали за било што или да посакува нешто за себе, недеај боже да помисли да биде себична малце, ќе ја распнат, оти решила да роди и сама одбрала, не смее да помисли да се пожали дека е тешко или дека и фали да биде слободна.
Значи жена на жена е најголем непријател. Девојчето си кажа како се чувствува и не треба да е нападната за тоа. Како си земате за право да пишувате такви работи. Ништо не ја прави помалку мајка ама само да се осудува.
Eve dobro ajde , a ti sea kako si zemas za pravo da pisuvas i osuduvas? Vo ist kos kako mene si? Neli si poarna ne osuduvas?? Ajde veke toleriram i jas kritiki ama sto mi se nafrlivte za moe mislenje??m
Ама напнавте , шетајте кој ве брани не знам стварно ??? Јас никогаш не осудив и кажав ЈАС СУМ СОВРШЕНА МАЈКА А ВИЕ СТЕ СИТЕ НЕМАЈКИ , господ да чува. Еве и јас бев немајка и ? Ај малку опушти се ,си земам за право бидејки е форум и не гледам што лошо имав напишано освен што со членката си споделивме на крај убави и тешки периоди .
Девојко те молам најди си друга занимација во животот. Немам во план да трошам време на препукувања на форуми. Поздрав
Ако веќе не можеш да прифатиш добронамерни совети и критики ,тогаш деифитивно форумот не е за тебе! Не може во се да се согласуваме сите,нити навредувам нити се лутам на критики и негативни коментари . А секогаш сум тука за разговор и поддршка на секоја една жена! Дури и ако згрешам ,се извинувам иако е анонимен форумот .
E ubavo i ti tekna. Sekogas koga nema sto da se kaze se krie zad povlekuvanje. Znaes i sama deka ne si vo pravo zasto ti prva me napadna i me citirase . Ali kako i da e za edna rab potpolno te podrzuvam , nema sto da se raspravame tuka. Pozdrav
Што си се мажела, а не си била спремна. Кога ќе се мажиш стариот живот треба да го заборавиш, да се свестиш, а не да леташ во облаци. Требало да знаеш што те чека, а не после да се жалиш.
Јас знаев што ме чека кога ќе се мажам. Мама ме научи јајце да варам и запршка да правам. Затоа сега не се жалам.
Ааа јас си купив мултикукер Прц! Сега тоа готви наместо мене Шала на страна, се препородив со мултикукерот Тоа било рај бе! Бутни, замешај, уклучи и крени нозе скролај на Фемина
Hahahah da daa, Mislev cistacka i gotvacka ke imam ama nisto me zaeba maz mi samo da me kjari hahaha Ama se svestiv sea jade lino so bebo zaedno
Човек да не сподели ништо..2 часа на ден излегувам да испешачам и за викенд едно кафе. Другите 22 часа сум со малиот но сепак не сум добра мајка зошто ми се излагало. Извинете вас никогаш не ви дошло да излезете на пијачка или свирка ви се седело дома 24/7 ако е така тогаш секоја чест.
Немаш потреба да се правдаш на никој.Ти си знаеш дека си најдобра мајка за твоето дете и нема потреба друг да верува во тоа! Уживај и прави што те прави среќна тебе и бебуш .
Се додека ние жените се обвинуваме едни со други, светот ќе го водат мажите. Тие колку и да се добри, лоши дали се сложуваат или не... оп труп секогаш си наоѓаат друштво за кафенце, случаајно сретнат некој па си седнат на по едно пиво. Си го изладат мозокот успат, а ние цел ден се договараме, цел ден наоѓаме начин како да се организираме да се видиме. Па која ова ќе правела, па која она ќе правела...женски мозок секогаш overthinking. Во животот само жалам што не сум маж ништо друго хахаха
Да бе, не ни дошло Откако е родена и во диско сум отишла до 4, и во 7 сум станувала со нејзе. Па ај да се самозапалиме сега. Мојава спие од 8-9 вечер, па и татко има. Ако излезам у 10 крај на светот ќе е демек.