1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Ич да не се правдаш. Не бевме дома прибрани со мажот ми. Почнавме да живееме заедно, макарони јадевме, дека плата на излегување трошевме. Се соземавме едно време, додуша короната не прибра. Средивме се, после бебе, подпораснавме малку, амаа пак ни се испаѓа бе. Не сме пензионери. Чат пат еден чува еден испаѓа, некогаш дете кај баба, се снаоѓаме.
     
    На warrior, Liza38 и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  2. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Значи добар е како свекрва шо не живее со мене, така ?
    Се шалам. Мислев да си земам, но не бев сигурна дали е толку добар како што го рекламираат...
     
  3. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    4.469
    Пол:
    Женски
    Зависи и од карактер на човек. Мм е тежок интроверт, ни порано ни сега сака да искача. Со сила секаде го влечев. Јас па не можам без луѓе. 35 сум па можеби се ми е изживеано, ама кога ќе се собереме другарки за искачанка, пак сакам да откачиме ко што е редот :D
    Нема правилно и неправилно. Фино сте пишале, место да се поддржуваме, уште меѓу себе да се јадеме и толку ни е.

    Јас да си поплачам, ме фаќаат плачки дека средина на септември се враќам на работа , ќе ми фали пилево мое. До некаде сакам во ред да се ставам, една рутина да имам, ама знам дека цел ден нема да го видам.:worried: Се тешам со тоа, како сите така и јас.
    Од пред некој ден почна да мамка, и сега уста не затвара мама мама. Мамино мое сонце :hug:
    Закажавме крштевка на први. Отпадна опцијата роденден и крштевка, пошто на Нова година се роди. :rofl: Па здравје за роденден, сите кај нас, и ќе славиме 2во1.
    Викендов по поклони да одам, да тргнам тоа од глава. И тоа. Заспа бебко, одам кафе да пијам и да јадам сладолед. Убав ден милички мајки најубави :*
     
    На lackygirl, strelec231992, warrior и 14 други им се допаѓа ова.
  4. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    69.731
    Пол:
    Женски
    Неколку пати пишувам реферат на темава што сте ја почнале и бришам. Од мене има поддршка секоја жена.

    И излезе запче на малата, деновиве поплачива беше и потешко заспиваше, за мене шок затоа што од кога е родена е најмирното бебе.
     
    На CareTee, Giiirl23, strelec231992 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ние сме на 29ти декември. Се мислам како ќе биде за роденден. Тогаш сите фирми си слават Нова година, и дали ќе најдам место... А во игротека не сакам прв роденден да славиме.
    Се враќам на работа исто, од средина на септември, големото ќе ми е прваче и незнам како ќе ставам ред и рутина. Се плашам дека од толку патки, некоја ќе ми избега
     
    На DaisyDream и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Подобро готви од мене :D
    Јас сум супер задоволна. Имав една постара верзија мајка ми што ја користеше и ми се расипа. Ко сфатив дека пак до шпорет треба да стоам, ми се темнеше.
    Сега си купивме поново, како експрес лонец абе милина е 8)
     
    На kozuf, Dejzi.2, Marsi* и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    За сè да се најде хак бре еј све немајки и недомаќинки :rofl::rofl:
    Јас па спремна со месење со готвење пред мажење па тоа не давам никој да ми го чува детево загинав начисто за 7месеци :whew:
    Будала мислиш орден ќе добијам,
    Жени користете помош тие што можете, здравје, сила и воља за живот ако изгубиме каде ни е крајот за поголеми проблеми и предизвици.


    Кажи кој кукер го имаш да си скратам барем некоја мака и јас?
     
    На warrior, Inana123, le.soleil и 7 други им се допаѓа ова.
  8. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Исто и јас.Со мултикукерот сум раат во врска со готвењето,сега со 3 деца ќе немам многу време да висам над шпоретот.
    Прц...друг ќе готви ,јас со децата ќе си играм и ќе чекам сигнал тиитт,титтт(fingers)
     
    На sani99, Miss_S, Kikikikiri0405 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ArtemisSs

    ArtemisSs Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    I jas imam multikuker na delimano i sum mnogu zadovolna,go vadam i na terasa da ne mi mirisa doma. Epten mi e funkcionalen i ubavo gi pravi jadenjata.
     
    На warrior, јolene, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Делимано
    Ќе скратиш од пари тук таму, не знам дали е уште на попуст јас ептен убаво го начекав, ама многу време заштедува реално
     
    На sani99, DaisyDream, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.899
    Допаѓања:
    4.811
    Пол:
    Женски
    Јас од делимано го иам тоа што е комбинирано под притисок и мултикулер и можам да потврдам дека мнгоу олеснува за чорбести јадења инаку да стоиш да го пазиш да не загори па вода да не снема да бркаш... Кој може да си набави најарно ќе му е.
     
    На DaisyDream, Fenix05, ArtemisSs и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    4.469
    Пол:
    Женски
    А дали недомаќинка ко мене ќе се снајде да зготви нешто, има ли рецепти? Ич не сум вешта за манџи и чорби готвење.
     
    На Fenix05, tinkerbell22 и јolene им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    19.648
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажеме, ти само земи го :rofl::rofl:
    Рецепти има една група на фб ама глупости невидени се пишуваат таму
     
    На Fenix05, Kikikikiri0405 и DaisyDream им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.226
    Пол:
    Женски
    Леле жени ама се испотресов денес, на моите на пријатели внучето кое е 2 и нешто год, изело нешто отровно, најверојатно печурка додека се шетал до татко му во шума и едвај го спасиле ама му откажувале бубрезите, сега 6м ќе било на дијализа и ако не успеат да ги спасат ќе мора трансплантација. Они не живеат тука и кога се десило мајката била на службен пат и таткото и неговите го чувале.
    Да чува Господ како криво ми падна, значи таа фамилија цела се од проблем во проблем, почнуваајќи од пријателите на мајка ми па до најмалиот брат па и нивните фамилии, значи трагедија до трагедија. Како ги има затепано јас не знам дали читави ќе излезат после ова, а многу арна е жената, пријателки се со мајка ми повеќе од 20год, за се ни се има најдено.
    Јас не знам зошто вака им се случува ама многу криво ми падна.
    Не го знаете детенцето ама една тивка молитва ќе помогне.

    Инаку мали денес заспа без борби, јас се надевам дека ќе поспие некој саат мирно оти сакам да цртам малце. Фингерс крост.
    Добра ноќ мајки и нека ве чува Господ сите.
     
    На Трагедијаупмм, lackygirl, strelec231992 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Епа мајки, меѓу недомакинките и немајките денес сум и јас... Го оставив бебуш и бато на половина час со свекор ми (за прв пат). Дека мм е 2ра смена. Додека да отидам до аптека. Абе пола саат пола. Мн значи. Не плачеше затоа што не ме виде дека излегов.
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    425
    Срце ми се стегна, се надевам ќе биде добро малото :(
     
    На lovely91, 1209 и јolene им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    6.450
    Пол:
    Женски
    Леле мене ми е срам да кажам. Ја имам такво нешто бе. И не ми текнало на терасата да го вадам. Додуша не знам ни како се користи, до толку не сум готвела одамна. Маж ми го оперира повремено. Он прави месо најчесто динста, како експрес и грав неколку пати.
    Ај кажете што манџурии прајте или нешто рецепт, па да се раздомаќинам и јас.
    Инаку знаев пред брак се да правам и на готвам и да месам и торти. И во чистењето уживав, ама сега некако во последните години ништо од домаќинството не ми се прави, само ми се шета :x.
     
    На WhiteCat33, lackygirl, Mother of 2boys и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    425
    Само да се сложам нема правилно и неправилно, сите минуваме низ истото ама сме толку различни. Не обидувајте се да ги сфатите сите зошто така прават и зошто така мислат. Најверојатно си имаат добра причина, само своја. (Се додека не повредува никој друг, секако)

    А за крштевката, дај пушти некоја идеја за поклони :wasntme: ќе правиме и ние после роденденот ама треба да се спремам а немам ни идеја :yawn:
     
    На Marsi* и DaisyDream им се допаѓа ова.
  19. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    3.821
    Пол:
    Женски
    Јас да бидам искрена од животот пред дете ми фали само да се изнаспијам квалитетно:D
    Нит кафани нит дискотеки не патам по тоа ,можеби зошто цело друштво и мое и на мм ни се во оваа родителска фаза,нашето е најмало, па и пред да се роди одевме по игротеки и пиевме кафиња по дома со цртани во позадина:D
    Уживам со неа, помош мене ми треба некој да ја почува да поспијам ама и тој момент се случува баш ретко. Ние можам да кажам си ја чуваме сами, мм со долги работни саати му доаѓа си ја чувам сама;) на моменти лесно, на моменти тешко ,ќе си приплачам, ќе пројде нов ден јово на ново. Некако влегов во бубањот и не ни размислувам ни анализирам како ми е како се осеќам, кои ми се желбите и потребите:^)
    Родители сме ,најубаво нешто ама и најтешко, ама па нема бегање, си ја сакав си ја родив, сега ќе си думкам по цели ноќи;);(
    Искрено,не би го мењала животецов за ништо на светот.
    Поздрав од тераса на море,пиеме вино во филџани зашто на газдиве не им текнало вински чаши да стават:D
     
    На mKdevojce, WhiteCat33, lackygirl и 18 други им се допаѓа ова.
  20. ArtemisSs

    ArtemisSs Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Oriz ( 1 dozerka od kukerot oriz so 3 voda mozes da si dodades zacini po zelba,kromid,morkov) grasok so meso,kompir mandza,boranija,corbi krem supi, one pot pasta.. najcesto ja koristam programata za varenje chorba i programata za oriz i za pecenje. Denes pecev riba na trkalca limon i zacini samo sto moras da vrtis posto pece samo na dolniot del.
     
    На strelec231992 и јolene им се допаѓа ова.