Ќе ме натерате да купам Мултикукер сега и јас. Од манџи јадеме само грав, леќа и грашок. Ме интересира освен тоа, што друго би можела да готвам во него?
Јас правам мусака, ориз и спанаќ, месо динстано и горе во пластичниот дел зеленчук на пареа, риба на пареа. Само за пржење не ми се допаѓа
Ние сме 2+1 дете (се надевам ќе пројаде некогаш многу повеќе од сега) ,плус моите на ручек некогаш 2 значи 5,има доволно 6 литарски е тефалот.25 програми.Јадењето брзо и вкусно,не се замараш дали ќе претече,дали ќе загори,посебно сутлијаш кога правам,ставам се и за 10 мин готов без да висам над шпоретот. Секакви манџи правам,мусака,сарми,полнети пиперки,месо динстам,буквално се,тестенини,пржам во него. Ми скратува време ептен. А сега скоро си земав и стик правосмукалка...за брзо и секојдневно чистење,абе крај нема на трошки,а знам допрва ќе има повеќе. За да не влечам кабли/мабли низ соби,така со оваа правосмукалка брзо оди..ептен сакаме да бидеме брзи домаќинки Е сега сакам и перална кога ќе отворам пералната да излезе даска да пеглање директ да пегла,ама ќе сањам тоа
Делимано само еден модел на Мултикукер има или повеќе се? Една пријателка има Делимано, ама вели не е со притисок нејзиниот??
Месо секакво, вчера пржев мекици во него , ориз, супи, паста, полнети пиперки, сарма, шо друго имам правено не ми текнува Моето претходно беше без притисок, ама тоа не знам дали се продава сеуште.
Малку не ми е јасно како пржиш мекици, значи исплатливо е да се земе жити се Мене како што ме мрзи да готвам веќе ццц...
На 7мица, white rice. И после на Steam за да испари водата со отворен капак и си го гледаш како си врие На 5ка - пржење е тоа. Ставив масло колку да има и врткаш. Пола саат е програмата, после 20тина минути се намалува температурата. Типс&Трикс - Го гасиш на 20 мин и наново ја пушташ програмата и температурата не се намалува драстично.
Mozes i da go varis i da go przis na opcija za przenje od koga ke se svari,zavisi kako povishe preferiras
Јас бев на презентацијата пред 6+ години, така да сигурно во меѓувреме се подобриле. Нашите пријатели да, го имаат основниот. И тогаш исто еден куп јадења се спреми, ама не бев воодушевена баш. Оти дојде таа презентерката со излупен зеленчук, исечкан и се ајде. А уствари исто толку време треба колку и на шпорет да го направам. Правевме кремсупа знам, па нешто компири со зеленчук и колбаси, сладолед, лепчиња исто се печена, дали и колачнекој не се сеќавам веќе. Хајлајт беше да што он ти кажува што да ставиш и колку да ставиш. Леле ова мултикукерот што го зблрите или мојот не е таков или не знам бе да го ракивам. Ја мислам не се пржи кај нас во него, а може и се пржи поима немам. Имаше нешто гледав за под пареа, нешто јогурт, нешто бавно, ориз, некои чорби таму. Ама ќе го најдам упатството деновиве да видам баш. Јас купив од тие бош мум некој беше, и има разни додатоци за сечкање, за рендање, за месо мелено, за колачи, за цедење цитрони, те блендер, те шејкер абе што ти знам и сто негде. Пак само миксер опција само користам и ете некогаш пуштам да ми замеси. Смуди дали еднаш направив. Рендав три пати и тоа. Побрзо мислам на рака ќе средам, додека ги навратам, одвртам измијам, исушам, раскренам тие деловите и ептен ако поголема количина треба да средам, па го монтирам. А сега ми дојде идеа, да исечкувам поголема количина за два три дена. Еурека .
Трет ден учење да заспиваат сами во кревет, во детска. Ужасно ме фаќа нервоза зашто заспивањето трае еден саат, прво си брмчат, си збори секој со себе, вртење, станување, си легнуваат еден кај друг, па ми доаѓаат во дневна и одново. Им оставам вода до нив, со играчки пробавме, со татко им пробав ама за брзо го избркав зашто плачат од него и не сакам одбивност да створат. На крај после еден саат си заспиваат одма, веројатно кога ќе се преморат. Инаку, истрчани се надвор, вечерата е до 19h најкасно, приспивна атмосфера, се тоа по ред. Некоја финта да не имате или барем да ми кажете колку време им требаше на вашите?
Само конзистентност. После некое време ќе сфатат дека што и да прават резултатот е ист, и пократко ќе трае ова. Ама да знаеш дека ако не имате ист пристап со маж ти многу ќе ти спречува напредок. Додека јас ја заспивав ќерката, заспиваше за максимум 10мин. Со татко и може и после цел саат уште да е будна.
Ова кај ќерка ми го приметив. Се буни, не сака да спие со мене. Оно мм поинтересен да и бил, муабет и прави за ланскиот снег. Јас преска за 10 мин ја заспав, тој пола саат се гњавеше.
Кога бев пред пораѓај со второто, една вечер ја заспивам и ја карам зошто нејќе да легне, и она ми рече "брат ми кога ќе се роди, секогаш со татко ми ќе си спијам!" демек каква закана ми кажа требаше да се стресам во гаќи
Хахахах требало да и се извиниш плус. Преска и викам "Ова со мене не го гледаш, легнувај да спиеш" и ми вика "Аа, тато нема дојде?" Викам не. "Епа добро, јас спијам" и заспа
Па јас сум таа ‘понежната’ што ги моли да заспијат, тие стануваат јас ги враќам. Маж ми кога ќе згрми не смеат глава да кренат ама па по некое време почнуваат со плачки и жал ме фаќа. И јас поради пораѓајот сум под притисок да се навикнат што побрзо, може и затоа сум попустлива зашто знам што ги чека без мене Сакам само мирно да биде тие денови кога ќе ме нема дома.