1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.572
    искрено и ја мислев дека збори за мојот :rofl: само мојот не вика утре, вика добро и така 50 пати, 51 и првиот почнувам да се дерам и тогаш вика ти си ненормална шо се дереш кажи со убаво:rofl: и тоа е и моментот кога ќе го направи тоа шо сум го побарала од него со добро пред еден месец :D
     
    На Mother of 2boys, CareTee, Mumoftwo30 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    14.368
    Пол:
    Женски
    Јас чекам чекам и после почнувам сама да работам, е тогаш му текнува да стане.
     
    На Mumoftwo30, Зеленоокатаа, DaisyDream и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.655
    Што да се каже на тема проактивност освен тоа што 6 месеци сме без сијаличка во рерната, и исто толку долго со скршена врата од пералната. Во станов сме 3 години, ништо неаме закачено на ѕидовите, мислам се стои наместено во рамки ама некој треба да го закачи нели.
    А 6 месеци беше на породилно, секоја недела викаше “неделава ќе средам се низ станов што е за средување”.
    Како самоуверено го започна породилното, јас реков човеков тип топ ќе го среди станов. Дури и курс за фотогафија ќе упишуваше, ќе спремаше и сертификат некој за на работа. :D
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, јolene и 8 други им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    18.771
    Пол:
    Женски
    Јас чекајќи да викне мајстор за рерната, складиште ми стана за тави и тенџериња :D
    Електричар имаме над нас, го викнав ( јас ) , и ми рече дека не може он да го поправи. И еве си стои така 8)
     
    На Tea SK, Skyler, DaisyDream и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Само јас ли сум ќерко-татин син? 90% од работите што останале да се досредат дома, чекајќи, сум ги направила сама :D
    Кога ќе се накани да фати, повеќе ме фаќа нервоза од туфкање, пцуење, правење една работа 4ч, барање алат да најдам на 2минути :!: за на крај да се заврши со: "ццццц значи сè е направено аљкаво, глеј го сега ова (сосема 30та ствар што не требало да се погледне) :D
    Денес ќе си ја поправам машината за садови.


    Мене не ме иритира "ај утре",ме исфрла од контакт "што ти е бе што си нервозна сега?!" :swear:

    Стварно ни треба посебна тема за маживе :rofl:



    Љуби га мајка, бебо станува 3 дена во 6.30, збеснува 1ч па плаче 2ч за денес дури да сфатам дека му се приспива и сака да си доспие, еве го до мене комиран саат ипол :l:
     
    На Mumoftwo30, Mother of 2boys, WhiteCat33 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.919
    Пол:
    Женски
    Фала ти. :)
    Спремна сум за бубањ со 2400 вртежи.:wasntme:
    Среќа е што немам фиксно работно време и колешка што суво злато вреди па ќе можам некако да жонглирам. Време и сега немам, хаос е секој ден ко војска дома да чувам. :D
    Кога беше едно барем едниот ќе можеше да поземе душа, сега двајцата на низок старт цел ден. :DМуабет меѓу себе само на вибер.

    Битно релаксаторот кога го собиравме спомна маж да го продадеме/подариме и викам, а за третото нов ли ќе купуваме? Не се ни насмеа, не знам зашто :D
     
    На Mother of 2boys, CareTee, Tea SK и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    На тема маж , Од 3 сијалици во ходник расипани се 2 веќе повеќе од еден месец .. работи едната кај влезната врата што не ми е ни потребна ..
    Пред некој ден му викам сијалици уште не купи, "ооо заборавив " ми вика " Кога сакаш да ТИ купам ?" :D:D Мислиш куќава е само моја и си ја донесов на тркалца а он е само цимер што е привремено тука .. На крај ми рече АЈ УТРЕ.. и утрето уште го чекаме во полумрак :rofl:
     
    На Mother of 2boys, CareTee, Mumoftwo30 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    На тема маж, се ми помага не викам не откако останав бремена правосмукалка нрмам фатено пример, ама вчера од 10ипол до 2 менуваше од оние што се на вратничкитр механизмите во кујна и тоа само 3 мрханизми, 3 пати ги утна па и додека ги наместе и во 3 си легна а јас со нервозно бебе кое протестира со неспиење, капак на тоа и гости а рачунав викендов ништо да не работам да одморам(facepalm)
     
    На Lavender13 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.772
    Допаѓања:
    12.146
    Пол:
    Женски
    На тема укоченост, се будев таква со години. Со аларм се будам, па се откочувам пола саат и некогаш не успевам, па маж ми ме крева. Толку се навикнав на болките што ми станаа нормални, дел од животот. Прво демек трудна, па од доење, па умор, па 300 изговори си најдов зошто ме боли телото и на крај искочи дека имам реума. Сега со терапија се препородив и сфатив дека страшни болки сум трпела. Една проверка нема да ви дојде лошо.

    На тема маж, порано знаеше да забега ама сега греота е да се пожалам, не знам што би правела без него.
     
    На CareTee, Mumoftwo30, Mother of 2boys и 11 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.023
    Допаѓања:
    66.565
    Пол:
    Женски
    Зошто не отворите посебна тема ако имате идеја? Не знам како би му дошло roast your husband за наслов, Кога мажот ми ме излудува, Сопругот и неговите „бисери“, или Кога мм ми гази на последниот нерв :D Aко имате идеја слободно отворете во брак.
     
    На SummerGirl, CareTee, Mumoftwo30 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Јас после 2та пораѓаи сум исто така. Многу јаки боли од половина до врат. Сабајле додека да се размрдам, ужас. Инаку бев на ренген, уште што не излезе, сколиоза, дискусхернија и сл. Така да ќе си пијам за болки сега за сега, па здравје потоа на колаген
     
  12. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    3.575
    Пол:
    Женски
    На тема маж јас го имам спротивниот проблем. Не работи се по дома ама не работам ни јас се. Кај нас се некако поделени работите и тие “машки” работи , штрафчиња,елементи,сијалици,мајстори се е комплет негово и многу е исполнителен. Јас без срам ќе кажам ништо не знам по тоа прашање. Мојов е тешка цепидлака После секој мајстор преправа,секое кабелче во станот мора да е сокриено ништо да не се гледа, им дише у врат на мајсторите, наоѓа замерки и никогаш не е задоволен. За него секогаш може подобро и тоа е голем притисок.Може ќе си речете претеруваш ама и тоа знае да е проблем. Во кујна не влага никогаш тоа е 100% мое ама влага да ми промрчи зошто тостерот е лево а не десно,попрактично било,или зошто тавите се во тој елемент а не во овој. Или мусаката требало да се пече 8мин повеќе а да го прашаш не знае рерна да уклучи:DНајмногу мразам кога ќе готвам и како за белја кога најмногу се брзам ќе застане до мене и само коментира. Сум му рекла бетер од свекрва си. Откако останав трудна купатило чисти тата-мата и се породив и сеуште му остана таа обврска. Е сега може блузата нема да ја здипли три дена ама па ни јас не знам кај се купуваат сијалици:D Совршено-несовршен брак8)
    Од друга страна прв одмор со бебе и се покажа поорганизиран од мене. Признавам. Јас сум максимално фокусирана околу неа и ме држи некоја анксиозност дали ќе биде се земено за беба дали е се понесено дали е се задоволено а он ми ја забележува паниката па ги брка сите работи за нас. Столче,чадорче,пешкир не кренав и не понесов со мене оваа недела. Ќе го частам гиро утре:D
    Моево бебе тука изгуби тотално ред на спиење, не се знае накај тера. Од 3-4 дремки на 7м скрати на 2 и така после збеснува никој жив не може да ја заспие, пееме плачеме играме,ко преживи причаче.
     
    На CareTee, Mumoftwo30, Marsi* и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Dejzi.2

    Dejzi.2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ау значи не е само мојот ваков. Што ќе се види да се изеде. Не да се проба, да се изеде. Незнам дали свеста не им работи или до што е. Инаку за развод, буквално и јас сум на работ. И така се сама правам во врска со домот и децата, фали уште некоја капка за да се прелие чашата.
     
    На Carolin. и DaisyDream им се допаѓа ова.
  14. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Спијат децата, јас една соба за средување ама рршив пола саат ќе одмарам и еден саат ќе средувам. Рано во 4 треба да станам да поработам на компјутер. Има ли некој како мене две деца и работа да прифатил во друга временска зона? Ама ете мајка супер херој (јарец). Утре можеби и не одиме на прошетка ако не дремнам една дневна со децата, една улица и во центар пуканки од кај тетката ќе купиме и правец дома. Вторник полабаво :whew:
     
    На Zumbulche, 1209, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Цел месец и фазла само викам тататататта и на крај бебе прво што кажа е бабабабаба :D(facepalm)

    Не дека ми е криво знам дека нели почнува со слогови да сврзува не разбира уште и сл работи ама мака ми е :D сакав прво тата да каже :D

    Иначе мислев со некои си 8 месеци веќе ќе спијам цела ноќ |(ама прц нема беба вика неможе и така жива ненаспана , она што става не е многу 2 пати ама измеѓу се буде со врискање 101:| па згора и тоа што се расонувам и неможам да заспијам:rofl:

    И така се пожалив за денеска
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Хахах мислам дека најлесно им е она "Баблинг" што го викаат бба бла поради тоа и да речам "прв збор" е ба-ба
    Јас го зезам ајде кажи мааа-ма ме гледа се гази од смеење и сега цели денови кога ќе го оставам на подлога да завршам нешто а не сум му во видно поле е Нааааа-наааа :rofl: и моево прави бббба ббббла и да-да, најлесно им е за местење на муцето
    П.с вчера се успа на денските па затоа цела вечер на 1ч со врискање зајдување се будеше. Скок 6 на најјако
     
    На firequeenn, јolene, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    735
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ми е како safe zone for venting :nod:

    Викендов ми помина дур да трепнам, ја мажевме другарка ми од детство и еве да се пријавам немајка - ги оставивме двете деца дома (свадбата беше во друг град). Поголемата кај едните, бебка кај другите. Супер си поминале и двете без плачки без проблеми. Мајка си мислеше ќе се опушти, ќе се изнаспие но, ко на трњи да седев цели време само тие ми беа во глава, не можев ни салам да се расположам и цела свадба со кисела вода ја поминав ебате глупавата :drunk:

    Имав пишано дека дада е сега супер со бебка, фала богу тераме така но не знам до кога ќе издржам со испадите нејзини. Мислам дека не се ниту тантруми веќе зашто плачи пишти за се што не е по нејзино, страв ме фаќа веќе.. Од другата недела ја носам во градинка и се надевам на некој ред и подобрување во нејзино однесување. Зборував и со психотерапевтот за да ја носам некаде но мала била, за тоа од 5 годинки па нагоре ми рече..

    Едвај чекам да залади да излегуваме почесто од дома, се мрднав луѓе. Кај нас во градот и вечерите се исто жешки, дали 2-3 степени е разликата. Излеговме прееска низ маало, бебка само по боди и за 15мин се нафрла вручанички, ексик и излегување.

    На тема работа - едвај чекам да се вратам! Со првото ич не сакав, дали дека и работата ми беше така стресна и токсична, но сеа е д в а ј чекам. Само мислам како ќе е со бебка дека сум на америчко време, но за тоа ќе се стресирам пред да ми заврши породилното, за сеа овие стресови ми се доста.

    Него се мислам да и барам апчиња за анксиозност на психотерапевткава, веќе се приметувам и самата дека вака не ми е во ред..

    Бебка сеа има една мала дремка, да прочачкам низ темиве во мир и тишина да разбистрам глава.

    Убава вечер да си имате и гушкате малишани :inlove::l::hug:
     
    На 1209, Ano, DaisyDream и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Само мене ме фаќа депре што завршува летово?
    Почнувам да работам по турбо од септември, ќере ќе оди на адаптација во градинка, јас се фрлам во акција на заработување пари и мислам дека не чека тешка зима со разболувања и стресови.
    Обично живеам за сега, не сакам да размислувам како и што ќе биде, кога ќе дојде ќе го решавам ама некако ми прелетува како мисла во глава. Баш же фаќа страв, за СЕ. За сите промени кои доаѓаат. Кукав како ми е тешко да седам цело време дома, сега ќе плачам колку ќе ми фали тој период. Такви сме ние, се да дојде друго, кога ќе дојде, оп, пак тешко.
    Полесно ми е да си напишам.
    Убав ден мајки убави :f:
     
    На Mother of 2boys, Mumoftwo30, Ano и 9 други им се допаѓа ова.
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    6.639
    Се наближува денот да се вратам на работа, уште некои три недели ми останаа за дома седење.
    Искрено, од една страна се радувам дека ќе тргнам оти тоа значи мешање со луѓе, не зборување за деца и нивните оброци, играчки, однесување. Малце преку глава ми е од тоа. Од друга страна се мислам како ќе се снајди свекрва ми со двајцата дома. Добро, оди градинка поголемиот но што е со деновите кога нема да оди? Немам повеќе само едно дете и да не мислам до детал како ќе е. Како ќе менаџира со двајцата..
    Таа е супер оптимист и ми се има најдено стварно жената и сум преблагодарна. Дај боже сите да имате свекрви ко мојата. И да почитува, и да слуша што и зборуваш и вистински да ги сака децата. Ама се си мислам дека многу обврска ќе и дојде и ми е страв. Можеби не е свесна дека ќе е тешко.Ме теши што таа сама се согласи. Ќе видиме ајде. Тоа вака ме копка периодов ама јас не сум јас ако не правам од ништо-нешто.
    Од одмор вчера се вративме, супер поминавме. Со малата подобро отколку што очекував. Сакаше во вода , јас до врат ја брцкав. Претопла беше водата ми беше жал да и ги шлапкам само нозете.:) Брат и исто од дете што не сака вода , не сакаше претходното лето да влези(само еднаш влезе) годинава си најде друштво и цело време во вода си беше. Ние кефови. Пред се за него одам потоа за мене. И затоа се израдував кога видов дека ужива.:)
    И јас времето таму максимално го искористив. Шетав, одевме на различни плажи, пиев пиво навечер.. на плажа ќе си седнев, мозокот на пасење, некоја лименка до мене и неврзан муабет. Добро ми дојде оваа недела промена од секојдневието. На секој би му годело. Можеби затоа бев напната во последно време и се ми сметаше, море ми требало :D

    Нескафе е моето ново омилено :coffee:
     
    На 1209, Mother of 2boys, CareTee и 17 други им се допаѓа ова.
  20. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    8.903
    Пол:
    Женски
    Наздравје мајка.
    И мене ми фали одмор,море,плажа,мирис на масло за сончање...
    Оваа година нема море,бебињата мали ми се многи 3 месеци,а не знам и следното лето дали ќе сакам да одам :?: ,ќе бидат година и нешто,период на проодување,плус др.дете 4.5 ќе биде тогаш,како да ми е страв со 3 деца на одмор на таа возраст.Свесна сум дека само ќе сањам за одмор како што е бил до сега така раат :D
    Ама како што викаш,за нив одиме,ако се тие радосни и ние ќе сме.

    На тема одење на работа,коса ми се ежи уште сега,во септември треба ама 2025 до тогаш не му ја мислам многу(fingers)
     
    Последна измена: 27 август 2024
    На 1209, Mother of 2boys, Ano и 9 други им се допаѓа ова.