Ве поздравувам мајки Ве читам редовно но немам време да пишам. Се соочувам со некои здравствени проблеми периодов па сум доста окупирана со тоа и со бебе. Сакав да ве прашам, мислам имавте споменато нешто за имунитет за возрасни, но не можам да го најдам мислењето. Ве молам препорачајте нешто. Се што ќе фати син ми, и јас со него.
Мене многу ме кренаа Dr Wolz Immune Zell Complex и Zell Oxygen Plus, при настинка обавезно Виранто капсулите ми се при рака, а ги фалат Orthomol ама не сум ги пробала.
Јас прашував. Сега бебе беше болно и мм одма по него. Јас сум добра почна грло да ме боли ама пројде за 2дена. Пијам спирулина, Ургент ц наутро и навечер додека беше најбукнато, и цеден од морков,јаболка,портокал,лимон,ѓмбир и лажица манука мед. Спирулината е доста добра 3 дена ја пијам само а осеќам големо подобрување
Витамин Ц пијам редовно, и хеферол исто така. Плус кога ми се децата болни, обавезно почнувам Виранто. Порано пиев и Алое, ми помагаше колку толку. Гледам се од витамини да внесам во поголеми дози сега додека ми пораснат децава. И дома секогаш имам пастили за грло, хорор ми е кога грлото ќе ме боли. Редовно да пиеш цедени сокови, лимон со портокал, барем 1 чаша на ден
Јас земам капки од семе од грејпфрут, ги има во зегин. Цела година пу пу се немам разболено, а секој втор месец бев со бронхит и успат вирувче.
Синко наполни 3 цели годинки. Апсолутно никој не се јави да му честита роденден. Повторно се потсетив колку сум сама во животов, во борбата наречена родителство. Ама тоа не ме спречи да му го направам роденденот најубав, макар и биле сами. Сама му организирав роденден, го однесов во игротека, се изигра, три дена со ред дувавме свеќички, и во градинка пратив кутивчиња за децата, торта, свеќички и сѐ по ред. Му купив и велосипед, како што беше ветено. Се изнарадува детенце, уште си пее "хепи брдеј". Мило ми е што е среќен, и тоа поради мене. Жал ми е што е сам, што нема татко, роднини, другарчиња да си поиграат ама ако, можеме и сами ние. Ќе бидам силна за него, сѐ ќе му овозможам, ќе го научам на сѐ: да биде самостоен, на човека да му биде човек, и дека може секогаш да се потпре на мама, да ѝ верува на мама и на никој друг.
Ми го скрши срцето со постот Нека му е среќен роденденот, да ти е жив и здрав. Ќе си најде тој другарчиња, уште малку нека порасне мајка
Нека му е среќен роденденот! Бидете живи и здрави, да се имате еден со друг. Три години е уште мало, ама за брзо ќе стекне другарчиња сигурно. Да викнеше фемина гости, ќе ви дојдев на торта.
Neka mu e sreken rodendenot mila najsreken. Jas su izrasnata od mama i baba isto ko sto opisa sekoj rodenden mi bese samo so niv bez nikoj dr samo sto nemavme pari i plus nezz ni dali imase igroteki i sl raboti vo toj period ama dodeka ne razbirav mi bea toa najubavite rodendeni. Ko porasnav se naviknav veke no ne mi bese seedno sepak. Sega ko su majka i sama mozam da zamislam i na mojata i tebe i na site ostanati kolku vi e tesko. Iskreno jas pri maz sto mi pomaga so se i e najdobar, ne funkcioniram psihicki sum nepodnosliva sama na sebe i ne sum si ni pola jas, ni se smea nitu nisto.. se sto sakav e da imam mome i soprug koj ke ja saka ko mene sto nikoj ne me sakal i da ima detsvo i da bide sakana ko sto site deca zasluzuvaat. I te molam ne baraj od nikoj da e prisuten za deteto dokolku ne saka, toa e najdobroto za nego i tebe, iako dete ka dete ke bara i tatko i se, ke sfati i samo nakraj ko bide vozrasen . Uste ednas femina ne otvaram noke, posteno si se iznaplakav.
И ќе биде, едно прекрасно воспитано човече со добра душа зошто имал најдобра мајка. Да е жив и здрав, ве гушкаме
Нека му е најсреќен роденденот на малото Он е веќе најсреќен што те има тебе мајка никој друг не е доволен
Среќен да му е роденденот. Не му треба никој, си има мајка која вреди за 2 мајки и 2 татковци. Главата горе си имате се, си се имате себе
Да шкртнам еден пост и јас мајки. Се ближи времето да ја запознаеме нашата втора љубов. Секој ден сум превозбудена, некогаш уште не ми се верува дека имам бебе во стомакот. Овие денови докупуваме и переме што треба и пак не е се средено и ме фаќа нервоза. Правам само стратегии во глава како синко да помине побезболно со баба му. Ќе ми биде мака многу да го оставам, само се надевам да спие кога ќе појдеме накај болница. Инаку ќе биде уште потешко. Цело време му зборам со убаво му објаснувам, тој е пресреќен. Ама кога ќе дојде на дело ќе видиме, дете како дете. Не сакам да испаднам лоша ама и не сум по мое.. Една личност во скоро време се сретнавме на една прослава и ми спомна ако сакам да ми даде алишта за бебето. Прво стварно и фала, и се заблагодарив и и реков дека голем дел веќе си купивме што е и точно. И плус сестра ми ми прати цел пакет со алишта, нема потреба да се пренатрупуваме. По некој ден ми пишува и ми праќа слики, јас од толку што ми е неугодно и гледам да не ја навредам и реков само за едно скафандерче, океј тоа ќе го земам друго ништо не треба. Таа упорна имам и тоа и тоа, еве чистам подрумот па ќе давам на една колешка и ако ти треба и тебе кажувај. Пак фино и реков само скафандерот и ништо повеќе бидејќи веќе имаме се'. Ѕвонат на маж ми да ги земе и тој ми се јавува што е ова 3 вреќи алишта што си поручувала, мислев искрено дека се шали. Ајде пак велам да видам што има, ај што големиот дел се целите пофлекани искористени максимално. Така соберени целите со влакна човечки, ми се згади најискрено. Па јас да давам на некој така иако знам дека ќе си ги перат, јас пак би ги препрала и ќе гледам што е Ок тоа ќе дадам. Вака само очигледно дека си исчистила и се отарасила. Сега јас ќе се чудам што да ги правам, сигурно нема да ги користам.