Јас би и пишала дали и требат алиштата или да ги фрлам. И јас имав ваков случај кај што реков не треба ништо имаме и ми донесе цела вреќа 90% исфлекани. Ја прашав дали да и ги вратам или да ги фрлам, и фино лепо си фрлив се
Правец во контејнер. Многу ме нервираат такви луѓе, напорни. Значи ако некој ти вика дека не сака или не и требаат, фрли ги мајку му стара и готово, зашо сеа ќе терам инает, да биде по мое, да ми рече некој не сакам и јас за инает да тупнам. Плус јас кога нудам, нудам стварно тоа што е сочувано, без флеки, како ново. Ако некој сака да земе од другарките, ок, ако не носам во црвен крст само тоа што е сочувано, нема флеканици да носам. Нема што да напињам. Ја мрзело да оди да ги фрли па ај на маж ти на врата му ги дала, као еве ај фрли ги ти успат. Ја да сум на твое место, сеа ќе и ги вратам, ќе и речам ти реков не ми требаат, еве ти дај ги на друг. Ако треба и пред врата ќе и ги оставам па нека мисли она.
Алишта имам од ќерка куп. За волја на вистината ретко кој се понудил да ни даде. Сами од една роднина, испрани, испеглани, без дамка на нив, сортирани по големина. Може 15-20 парчиња да беа. Е сега јас почнав тие од ќерка со флеки што не успеале и со различни средства и неколку перења да де исчистат да ги фрлам. Ни јас би ги употребила за второ (ако некогаш имам) така со флеки или скинати, ни пак некој ако ги дадам би ги употребил. Свекрва е со став тој што нема ќе користи секакви, јас пак обратно. Таа демек немала за децата и носеле се и сешто, ова 35+ години во минатото. Бар како што расте ќерка се повеќе ги износува и подолго, така да не ми е криво и да треба да фрлам. За до 1на година мислам некои и се паѓаше по еднаш да ги облечи и да спакуваме
Ќе ги оставиш така затворени во вреќа во некој плакар и ќе и ги вратиш кога ќе ги надрасне или едноставно она безобразна ти повеќе, ги враќаш фала не ми требаат. Сосе скафандерот.
Точно е тоа да 1г помалце флекаат и може нешто и еднаш ќе се облече. Сега како поголем, син ми помалце алишта добива од братучед му, особено долни тренерки, зошто деца како деца, трчаат, паѓаат, кинат, па фала Богу такво нема да ми ги дадат, искинати. Горните маички ми ги даваат стварно без флеки, како нови. А бебешките стакло ми се, дамка немаат.
Ама стварно бев културна и убаво и реков дека ништо не ми треба, дека си имаме ако сака нека ги даде на некој друг што му требаат. Таа секој втор ден ми праќаше некои работи и мене ми неугодно, а не на неа. Мене некој да ми рече Не, нема шанси по втор пат да го прашам. И ај што реков само за едно нешто, таа 3 вреќи. Големиот дел од нив се убаво исфлекани и влакна незнам колку имаат. Ми се згади искрено. Маж само рече остави ги така ќе ги фрлиме директно. Дури му кажувала еее друго е кога некој ќе ти помогне и на неа и давале така. Незнам дали е до мене ама јас од друг неможам да користам, посебно не за бебе па кој сака нека се лути. За првото исто ми се нудеше сестра му на маж ми да ни даде алишта, јас ја одбив. Ама па и вакви уфлекани со кој памет се даваат. А, да ја видиш целата е филм жена што само "марки" носи и само тоа го збори.
Ако ги собере у канта, арно. Ако не, до канта Додуша јас облека што не е за донирање, исфлекана или поткината ги оставам ДО контењери. Како некоја свекрвица шо рекла "кој нема никакви, нема да пребира". Ама јас лично да ги дадам на некој такви, ноу ноу Срам ќе ме изеде. Јас моите ги нудев, рекоа не им требаат, спакував по кутии и ако побара некој некогаш, ќе ги дадам. Ако не, живи здрави
Неможам на крај пак мене ќе ми биде непријатно, смотана сум знам. Јас едвај направив простор и доста наши алишта исфрлав што не се носат да имаме простор. Сега и за овие да мислам. Ама секако ќе ги фрлам, освен да ги исперам и проберам па да ги оставам тука некаде покрај улица може некој ќе ги земе што му требаат. Тука така прават. Незнам...
Јас од секого сум прифаќала. Првото ми е женско, имам внука што е родена во ист период од годината и исто расте, буквално се и се фати од ќерката. Се што сум чувала, како што беше спакувано, така дадов на снаата и и реков што не ти фаќа око фрлај слободно. Сепак 95% искористила до сега зошто бебешки алишта ниту се носат нешто посебно, ниту се флекаат. Сега имам машко. Одвен неколку бодиња ништо не сум купила. Кој ме прашал сум рекла давај ако не ти треба. Што ми се свиѓа чувам, што не одма на страна и ќе однесам во црвен крст. Ептен ако е скинато го фрлам. Со оглед дека бебе на 6мес веќе носи за 12мес, да требаше се од нула да купам само џабе ќе купев и ќе одраснеше. Реално на сите нас ни фали место за да чуваме алишта од децата, и јас сакам да си ослободам место. Сфаќам ако некој не сака да користи од друг, ама да сте живи и здрави има кој ќе го искористи. Ич не ги растурај вреките, право во црвен крст. А таа бидејќи не се разбрала од збор следен пат кога ќе те понуди кажи и дека повеќето не ти се погодило и си го донирала и препорачај и да однесе и она таму, ќе се најде за некое дете што му треба навистина. Нема потреба да се прави рчка.
Да јас се разбирам и разбирам дека некој и нема и дека убаво е кога ќе се подари. Ама да се подари чисто и убаво, реално овие да пуштам слика да видите какви се. Едната вреќа буквално е полна со долги влакна од нејзе. Мене би ме било срам така да ги дадам на некој. Плус има две девојчиња, едното веќе е прваче, а ова нема ни годинка. Секако дека овие алишта голем дел се и од првото дете. Еве јас имам од првото и ми е машко, ама сите ми останаа во Мк. Сите се преубави и зачувани бидејќи имав исто доста и сите се со неутрални бои. Тие што беа исфлекани ги фрлив, што ќе ги чувам воопшто. Да си бев таму голем ден од нив ќе искористев. Сега си купивме за почеток и договор беше што ќе ни треба ќе докупуваме постепено. Ова очигледно е дека таа си исчистила бидејќи кажа дека и на колешка ќе дава и спомна дека чисти подрум. Не за џабе ми наполнила 3 вреќи хаха.
И мене би ме било многу срам, прво и да ми речеш Не сигурно нема пак да ти ги труфнам хаха. Ама тоа е, не сите сме исти. Сега таа си има простор во подрумот.
Јас користам носени алишта за децата, сочувани ми даваат и ми користат да не влагам во дополнителни трошоци за гардероба. Разбирам и некој ако не сака да зема носени работи, ама толку напињање не разбирам. Се прави глупа со сила, знае дека имаш и дека не ти треба или не сакаш плус гардероба и упорна е.
Како жена среќна, денес почнав со теорија за возачка да земам. Неколку дена за мене, излегувам од дома се дружам. Ама како мајка мн ми фали синчето, кога го оставив сабајле мн тешко ми падна иако на неколку саати. Се осеќам виновна што правам нешто за мене а него го оставам. Што знам во овие 6 месеци сегде го носев со мене, по продавници одмор кафиња ресторани па сега ми фалеше. Мајмунче мало не ни ме погледна на камера хахах. Си седеше со татко му, благодарна за ваквиот сопруг. До 6 сабајле на работа од 8 го чува малиот само 2 саати сон. Иако сме имале караници, лоши зборови паднале ама сепак благодарна што го имам. Па ќе дадам се од мене за да положам само ради него.
Здраво мајки. Ве читам одамна и никако да се решам да пишам нешто. Многу имам да кажам, а искрено не знам сега што да пишам. Веќе цела година како спијам по неколку саати. Цицањето стана малку проблем, бидејќи само така заспива, а се буди мнооогу. Од умор сум страшно нервозна до степен што сама веќе не се поднесувам. Физички умор, но мислам дека многу повеќе имам психички умор. Живеењето во странство ми го смени животот 100%. Не знам дали баш на подобро. Среќна сум со маж ми и детето, а сепак неиполнета и осамена. Немаме буквално никој тука. Сами сме тројцата. Ми фали денеска да можам два збора да презборам со некој, а кафе пак да испијам во друштво ми стана фантазија. По цел ден сама со детето. Маж на работа, доаѓа, вечераме, успивање дете, ние уморни ај у кревет. Утре ист ден. Наредниот пак ист. Знам дека многу ве има што сте во странство. Вреди ли вака да се живее, само колку да имаш малку повеќе пари во животот? Уфф, го пробив ледот Ве поздравувам
Денес прв ден во градинка Почнав да плачам уште на самиот влез во градинката, кога ја оставив некако се прибрав но затоа кога излегов се изнаплакав и така плачејќи си дојдов дома. Многу стресно го доживувам ова, сѐ знам и дека мора и дека е подобро и дека поминува но пак срцево ми е топче. Прво кога си дојдов дома седев покрај телефон да не ми јават дека многу плаче. Потоа си реков ајде ќе средувам за да не мислам толку. Кога веќе помина саат време си мислев да не плаче многу а да не можат да ми го најдат бројот Не знам како да си помогнам, еве денес збунета па разгледуваше и не плачеше кога ја оставав но што кога веќе ќе знае дека ќе ја оставам... Почна да лази, леле најмала е во група сите ќе ја штипат Се тешам дека имаме месец и пол да се прилагоди и дека ќе е доволно и веќе не знам што да кажам... Да одам да ја прегледам испукајте се од мажот да се насмеам малку
Јас не сум во странство, ама ако ти е за утеха јас и тука немам многу со кој да прозборам во денот. Работам од дома онлајн и се случува дури маж жи кога ќе дојде од работа во 5 ми е прва директна комуникација со возрасен дента. Дел од пријателите се отселија а дел си имаат свои обврски и животи и едноставно немаме многу слободно време на располагање и со повеќето иако се тука се слушам на телефон и камера.
И јас имам многу облека од внуциве, но ист проблем ко членката неразбрани луѓе. За новороденче ни фалеа,после од мекици поклони Собравме купишта и реков фала за следниве броеви не ми требаат, оп ми носат 4 вреќи со дотрајани флекави ствари од капки, кашички. Јас од моево се уредно перев пеглав вакумирав, се што беше флекаво, раширено одма фрлив зачував вистина добри парчиња и ги дадов на следнава генерација внуци. Поентата е, мора да се разбираат луѓето од збор да почитуваат и ако сакаат да помогнат да одвојат барем а не абе глеј марка е ова а тоа обледено,раширено и флекаво. Исто така за мекици побарав бањарче од блиска роднина ( буквално се 300денари) ми донесе ќеса со 4 стари ожолтени бањарки со флеки од какушки. Ама зошто знам се луѓе си ги бараат назад, 1 месец фаќаа прашина во ходник и ги вратив по мајка ми.
И мојата беше најмала на времето, никој не ја штипеше. И не се секирај одма ќе ти најдат број. Сите миневме низ тоа, само храбро, и не плачи пред дете. Они се адаптираат брзо. Инааку ние денеска прв ден, во прва мала. Нови тетки, стари и нови другарчиња. Ми рекоа 2 саати денеска, одам, она разочарана оти дојдов. Не сака да си оди. Проблем никаков, одма се вклопила. Со киндер јајце ја лажев да си одиме, не бе не сака. Имиња на тетките научила одма. Утре до ручек, среда веќе цел ден. Порасна госпоѓица.