Еве јас сум во странство веќе 7 години, со две дечиња сум и сум имала моменти кога ми фалело друштво затоа што вел ден сум била сама. Еве совет со бебе ќе излезеш ќе прошеташ во парк, ќе запознаваш мајки и ќе почнеш со нив да се дружиш. Не знам каде си ама обде пример има многу од страна дојдени и има многу што им фали дружба. Јас и работев еден период кога дојдов и се запознав со една од Узбекистан и сега можам дека ти кажам дека ми е најдобрата пријателка и се гледам со неа кога јас сум во можност и можам да се орагнизирам.
Излегуваме скоро секој ден, ама го вртиме истиот круг на улица секој ден. И не можеш да се задржиш повеќе од 40мин. Во мало место сме, нема парк, така да немам многу каде да сретнам некоја мајка. Ако работев можеби друго ќе беше, бар таму ќе запознаев некој. Почнуваат некои идеи да ми доаѓаат во глава за враќање во мк, дури и маж ми е на два ума, не знам колку е добра идејата. За прв пат имав потреба да се искажам малку тука.
Jas ne prifakam alista od nikogo. Bratuced na tatko mi doe uspat bil mi se javi da se simnam na cigara mi donese banjarka koristena ,mu rekov izvini ama jas vakvi ne koristam i ja frliv vo kanta pred nego. Bez oset luge. Treba da im e sram da ti trupaat taka noseni alista a ne si pobaral. Se osekav mizerno koga ja vidov
Едно релаксирачко прашање: За бебето кај вас мекици или крофни прават? Кај мајка ми прават мекици, кај свекрва ми крофни... Добро е, не се најдов " на средина" пти така ми налага ситуацијата, инаку два пати башка-башка ќе требаше да правиме П.С викендот помина добро (имав поназад нешто пишано)
Мекици. Сум слушнала за различни рецепти за мекици и со што се јадат, зависно од местото, ама не сум слушнала за крофни за новородено.
Мекици. Ама во Скопје се очекува кафана да закажеш со салати, месо, неограничено пиење и уз пат мекици
Вреди, јас се вратув тука кога беше бебе 4м демек тука е подобро за сите. Искрено 100 пати се покајав и едвај чекаме да се вратиме. Не дека беше лошо со сите да поминеме малце време , ама на крај на денот еднаш месечно ако се видиме со некој добро е, така да не е само странството осамено, ама и те како странството е раат. Седете си таму со тек на време ќе најдеш другарки, на работа ќе тргнеш, во парк други мајки, па и подоцна ќе доаѓаат сигурно и домашните, ќе видиш дека убаво ќе биде. Знам дека исто секојдневие на сите удара на психа ама барем во стрнство има можност секој ден за нови активности, кај нас барем во мојот град еден парк со три лулашки и секој ден тоа. Јас вчера дозволив една баба да му бае на детево, оти веќе скренав со неспиењето, не верувам во тоа стварно, ама синоќа заспа без маки, а беше баш на денот на громчето во скокот, спиеше цела ноќ и стана расположен и јадеше убаво дури вчера цел ден. Дали е до тоа не знам, ама ќе си молчам. Инаку бизнисот многу слабо ми оди, криво ми е што блиски луѓе порачуваат се и сешто од интернет, а мене да ме подржат барем со една честитка да нарачаа, никој. Сега спремам и илустрации за есен и зима за честитки и календари и у меѓувреме работам на илустрациите за децката книга, малце ми е време сакам повеќе да се внесам во цртањето ама користам моменти измеѓу дремки, после успивање, кога е до тато…чекам да ми кажат дали ќе го примаат во градинка, фативме некои врски оти немаше место, се надевам дека да, сакам да го пратам отсабајле по неколку саати додека да се придружиме на тато во Лондон. И така постов каша попара ама тоа е.
И декорација некоја, балони иц а бој/грл, чоколатце со картичка пред секој гостин. Ги извитоперивме адетите дефинитивно.
За ѕверката исто само делење мекици имаше ама ковид тогаш беше. Затоа сеа за бебево мислам се наплати и тогаш што не се правеше. Најјако, мајка ми ја направи бељата, гледала она на инстаграм како модерно се прават мекици. Чоколатца, банери, балони, купувала, она декорации праела. Ја руки дигнав јер ме заболе секако не бев присутна. Му викам на маж ти се согласуваш со ова, ми вика не и го крши меракот на жената, нека се радува...ама он мн мек е.
Каде е ова "лангиди"? Баш интересно А крофни во Прилеп кај свекрва ми Да, помодерно е и послатко,мх мх Ама и мекиците си ги сакам