Ауууу.... Кај нас дома мајка ми правеа, во двор 140 мекици од нејзини раце спремани Ама музика пуштена, не со бенд. И за јадење да,спремано така нешто по нешто
Majki kako najaktivna tema tuka ke prasam . Da ne e mustela negde na popust se komplet mi treba da zemam i za moeto i za poklon na edno bebce pa da ne plakam duplo
Вакви се ги носат по дома по роднини и пријатели од кога ќе се роди бебуш, нема по дома собиранки. Благи се и многу вкусни, кај ги спомнав сеа ми се прејаде
Ние денес прв пат в градинка исто најмала, од вчера 8 месеци, ама морам да ја носам да се навикне до кај 23 имам 3 недели после почнувам на работа. Сите врискаат пискаат бебе мирно, ја земаа не не ни погледна со сопругот џабе мавтав за чао. А јас Не ни излегов и почнав да си плачам, маж ми ми се смее дека немало потреба пошто ке си се навикне , ми кажува како она оди кај сите не плаче по мене и такви работи, ама пусто мн ми е мака, се осекам како некој да ми ја зема. Знам некои би рекле зошто тогаш ја пракаш да ја чуват домаа и сл. Ама работата е што исто е и дома да ја чуваат ке го имам истото чуство кога ке почнам на работа, а вака ке научи мн работи и подруштвена ке биде и се. Беба прашав како била ми рекоа си играрла се расплакала, нормално , цела се вцрвила ама после се смирила. Јас наместо да прашам дали јадела појадок јас прашував дали мн плачела а тоа е сосем нормално и го знам тоа, ама ете пусто јас да си прашам за бебето. Се гледа дека пискала ама очекував мн поцрвена да биде ко ја земав она ми е мн бела и одма знам дали и колку плачела, душата ми се кине ко ми ја дадоа кенкаше како да липаше по малку ама тоа е мора, знам дека и е тешко ама знам и дека ке се навикне. И зборував како ке славе таму роденден, нова година , ке учи песнички , ке ми праве картички за 8ми Март, незнам колку ме разбира ама морав да се потсетам кои добри работи ни следуваат после овој период на адаптација. Плус незнам дали само мене така ми влијае ама заради тој еден час што не бев со неа после шетавме не престанав да си ја гушкам и да и зборувам. Не дека претходно не го правев истото ама некако беше од навика не уживав незз како да опишам. Оваа нова јас од еден час промена почнува да ме бендисува.. Вие денес ко за втор ден како поминавте?
Лангиди знам во Струмица се, сигурно и уште во некој друг град. А крофни како спомнавте сега цел ден ги баам
Ќерка ми денес се понаша како јас у ПМС. Не смееш да ја погледнеш, да и прозбориш, да и кажеш дека нозете не се за на маса. Вришти, плаче ко да ја тепаме Оооо кај е 9 саат да си легне да спиеее
Ах, пак дремам по форумот а малиот спие од 12..сега 2 ипол за пола саат знам ќе станува да јаде место да спијам ја дремам на телефон пак ќе зажалам у 6 кога ќе стане
Не знам у која тема да пишам, ако е членка на форумот - мајка со дете Андреа и бебенце во транспортер, да има до знаење дека си го остави ајкосот на клупа во паркот во Капиштец Викнав, ама не ме слушна. Оставен е на клупата горе
Ја однесовме на гости - вришти. Бевме у парк, да си одиме - вришти. Дома - вришти. Епа ја пратив на спиење со вриштење во 19:30, и ставив џинтоник. Главата - тапан. Ај на здравје
Уф прочитав неа дека си и ставила џин тоник Наздравје сесре прати наваму Јас со денови викам едно винце би испила за душа ама мали се буди на 1до2ч и бара цице па ќе почекам... Да напуни 18
Хахахаахахаха уште џин тоник и фали, кој ќе ја трпи после. Може на агресија ќе ја мавне, ќе не испотепа