*Музиката* - "НЕ САКАААААААМ" Ништо не сака она, не сака да јаде, не сака да спие, не сака да си игра, не сака да шета, не сака да се вози. Сигурно заборавив нешто. Фаза ли е ова или карактер? Вечна дилема
Мхмм ..... кажи дека проаѓа зошто сум на раб да го откажам од цицање со надеж дека ќе почне да преспива ноќ
Ме фати некој вирус, изгорев од температура и дијареа ме уби. Почна раната да ме боли од што постојано сум во тоалет. Два дена ме држи, не знам до кога. Среќа малово е мирно. Вчера маж ми цел ден го чуваше, сега едвај чекам да се врати од работа. Па и ко ненормална цело време му мерам тт, страв ми е да не се разболи.
Вака од муабети ми личи дека би имала насилно пијанство . Не е спиена во градинка гарант чим не се трпи, ене ја истата спие во соседната соба. Денес вриштењето беше нејќам мала пица сакам големааааааааааа. Парче пица, зошто не била круг, а не сфаќа дека ја изедовме ние за ручек дур она урлаше сакам мала чашааааааа нејќам големаааааа
Што да ти кажам, еве и мојов е ист. Мислам дека не е до цицањето, некој скок да не е, евентуално си викам да не веќе не го заситува млекото, па се мислам дали ад да давам навечер..не се издржува вака, криза ме удри на најјако
Офофоф 8месеци е, дента да дадан прасе да изеде ноќта на 2ч ќе цица. Не е до скокот,вака прави уште пред него
Ќерката иста беше. Ќе се налапа тањир палента, па ми се буди навечер за цицање на саат. Дур не ја одбив така беше.
@LiquidLuna @Tea SK колкави се вашите? Еве ја мојата за месец ќе прави 4г и таква е со месеци Нека е период да помине, не можам веќе. Инаку се управивме со спиење, фала богу. Среќна сум многу дека како беше тргната работава мислев дека никогаш нема да се вратиме во нормала страв ме фати. Заспива со нас на спална па ја префрлувам во креветче од коа ќе завлечи убаво дека ми е страв да не ја удри бебка во спиење (многу немирно спие). Мајка сва среќна. Многу сакам јазици посебно италијанскиот така ми е нежен, романтичен. Имам некоја основа плус чичко Дуолинго ме дружи во слободно време но не е тоа тоа. Прашав во една академија за јазици, одма ми одговорија и се разочарав зошто не ми текна порано. Сега со тодлер и бебе, градинка и балет два пати неделно, кај ќе најдам време уште два пати неделно за некој да ги причува.. и така си мислев кога ќе се подослободиме малку, да имаме повеќе време за нас а тие да се самостојни? До тогаш, можеби ќе немам ниту воља за учење.. Али тоа е што е, поважни се тие од мене. Заладува конечно. Се радувам на прошетките без да се топам, кафето што ќе го пијам надвор на тераса место дома. И сеа ми текна дека едно само испив денес Ве поздравувам женски, низ што и да мините потсетете се дека се е пролазно и убави моменти доаѓаат
Немам појма, некој мирен период имаме ние да не го урочам пу пу. Знам затишје пред бура е ама ај. Ќе ти барам џинтоник тоа сигурно. Ти остај нешто и за мене
Жал ми е да го одбијам, од друга страна па и ова не го бива, пред некој ден до несвестица дојдов од премор. Работата е што не е од глад, туку како да се буди или во полусон е па како да сака да осети цица за да се смири за да не кенка. Или навика да му е, штл знам.. некој ритам таков да фатил . Ајде викам бар до 8м да го цицам, нема поубаво од мајчино млеко, ама џабе ако мајката е неодморена, со тахикардија и нервозна за сама себе, бебе и околина.
3 години е, од коа се очовечи е ваква мислам . @Konstrakta добро мал е, јас до 1 година го трпев џвакањето џице цела ноќ.
Само јас имам луд комшија што рока музика во 6:30? не е бормашина него марија шерифовиќ ечи. Идат ли луѓево на работа, спијат ли втф Едвај чекам да се вратам на работа. Едвај ! Ме убедуваат да седам уште малце зашто нема да оди во градинка ама нек се снаоѓаат баби дедовци кој што сака нека праи јас се збудалев дома од готвење,перење,чистење и пак на крај трудот не ти се гледа. Домаќинскава работа е најнеблагодарна. Иако ја сакам ќере највише на свет морам од дома да искочам барем на 4-5 саати и да сменам муабет од пелени ,заспивање ,цицање. И тоа цицање веќе исто е и кај нас. По цели ноќи е обесена на мене, на два саати, некогаш и саат. Да споулавиш. Денски има ред,два оброка и си цица на 3ч. јас не знам што се случува навечер. Како друго дете е. Маж инсистира средина на септември пак да одиме до Грција не знам што е паметно дали во јакни ќе седиме . Не сум била никогаш тој период а и годинава времево е скроз изреметено не знам што да очекувам. Да не плаќам за да седам во соба. Овој 7ми месец кај бебево ми е најубав. Толку се смени како друго дете е, лазиме (војнички се влече), некои гугања зборчиња што се не знам , само изводи некои глупости. Мое. Викендов турбо испланиран, роденден ми е па маж рече ќе ме изненадел, не знам што да очекувам може ќе ја почува ќерка му да се избањам на раат. Убав викенд девојки
Џабе е џин тоник кога еве вчера јас таман си ставив врисна и цел саат се мачеше да заспие, па морав на екс да го мавнам да не ми се стопли. Ние демек на одмор она се буди на саат ипол. Сабајле после два саати стана и му реков на мм денес ти ќе ја чуваш цел ден и он ми вика де бреее сега цела Грција ќе разбере дека не си спиела цела ноќ. Викам и форумот не само Грција Феникс ми кажа дека сме во четврт скок до 09.09, намали пред да тргнеме ама еве го пак деновиве се активира. Се надевам ќе заврши со скокот тоа дремење на цицка(^не, не сте сами)
Нема ни 3 години. А се понаша вака едно добри 2 години. Од ко го разбра светот како културно поле за тенчење нерви на мајка ѝ.
Испрекинато ве читам наназад низ темите за муабетите за градинките и си плачам и јас колку ми е тешко што ја оставам во градинка. Како да ја напуштам за јас да сум раат, љубоморна сум на воспитувачките што ќе си играат со неа а не јас. Знам дека треба да стиснам заби и ќе навикнам, ама сега имам чувство дека цел живот ќе ми биде криво што го пропуштам овој период со неа. Особено затоа што од 5 месеци кога имаше си поработувам навечер и ја чувам, а не работам од што морам финансиски, туку имам висока позиција до која стигнав со многу труд и не сакам да ја изгубам. Ама па не е тоа поважно од неа... Само да си споделам што ми тежи
Ако се буди а не е за цице, ќе биде будење за шише, уште полошо. Ќе треба да стануваш да полниш шишиња. Издржи уште малку, знам дека ви е тешко на сите, ама после две години не стануваат така за цицање. Барем моите цицачи Ќе му дадам само раче и ќе презаспие. Има надеж
@Konstrakta @Fenix05 sekoja vecer velam od utre ke kupam ad nema veke moe mleko ni sne na izmolzeno inace, kao demek ke spie poveke ama deka imam mleko i uste 2 3 nedeli su doma greota mi e za posle ke vidime znam licen primer od bebe sto do godina isto stanuvase na saat dva kako go odbi zenata ko novo dete cela nok spiese.
Абе и јас така се тешам, не се вечно мали хахаха, ама па сега ќе почнам со работа, како ќе функционирам на работа, не знам До кога ги доеше ти? Кога почнаа да спијат?
Хаос ќе ти биде. Јас кога се вратив на работа блеев во монитор. На саат будење и се очекува од тебе да функционираш. 4 месеци така и ја одбив, не се издржуваше, 56 кила се направив како испиена цела бев.