1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    Леле мене тоа најмногу ме плаши. Работам работа што бара концентрација и грешки тешко се оправаат и се сериозни, реков куцнува 00.00 на прв роденден и го праќам 3 ноќи да спие со татко му. Боже мој ќе го лечам со хомеопатски и баба Рада лекови
     
    На Dennings, sani99 и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    7.297
    Пол:
    Женски
    3 дена после прв роденден ја одбив :D
     
    На sani99 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  3. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Знам, еднаш го јадев тој стап со големиот. И го одбив ама пак стануваше се до 14м а го одбив на 11 мислам. На работа одев како зомби, немав сила фала богу ни да се нашминкам, како пропалица бев, живеев на кафе за да останам будна 8 саати. Многу е лошо што одма од мајката се има очекувања да се врати со мозокот на работа и да биде функционална и ретко кој има разбирање за да ти намали обем на работа .
     
    На WhiteCat33, Mother of 2boys, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.598
    Допаѓања:
    22.724
    Пол:
    Женски
    Јас сум со мисла за одбивање, еве го година направи, уште малку 13 месеци, конкретно ноќеска цицаше цела ноќ, значи ич не сум спиена, на работа сум, луѓе цел ден (работам со наплата сметки), незнам кај сум, сега седнав кафе си сварив, немам концентрација поќе, а со пари работам... А не ми се одбива, се борам сама со себе деновиве... Мм вели ти си знајш, твое тело, како мислиш така.
    Си мислам полошо ќе биди.
    Првото на 14 месеци го одбив и полошо беше.....затоа ми е страв и да го одбијам, а секако мора еден ден.
     
    На Carolin., Dennings, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    Те молам кажи дека спиеше цела ноќ после тоа?
     
  6. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    7.297
    Пол:
    Женски
    2 вечери плачеше, јас спиев во дневна, она со маж ми.
    Третата вечер ја преспа цела.
    Спиев по цела вечер од август 2022 до јуни 2024 кога ми се роди синко :D
     
    На Mother of 2boys, DaisyDream, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    Иде живот Констре @Konstrakta :party:држ' се сесре уште малце :inlove:
     
    На Carolin., Dennings, sani99 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Женски
    @Tea SK

    Добро сликиче женска 8)
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    7.297
    Пол:
    Женски
    3 години сум на форумов редно време беше слика да ставам 8)
     
    На Carolin., sani99 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде. И пенис на раат ќе видам после тоа ХАХАХАХАХАХАХА, ќе заживее бракот :rofl:
     
    На WhiteCat33, 1209, Tea SK и 6 други им се допаѓа ова.
  11. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.269
    Допаѓања:
    1.298
    И јас откако го одбив на 21 месеци освен првите 3 вечери си преспа цела вечер
     
    На Marsi*, Fenix05 и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  12. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно нешто:D Пример синока се успа у 8 стана у 10ипол, со врискање пробав и дадов вода мислев дека е жедна пошто јадеше у 7и нешто не верував дека е гладна, пиеше вода и не преатана да писка додека не и дадов млеко и после се успа како ништо. Реално сакам да е на мое млеко дека нели велат као демек по заштитени од настинки се као имаа повеке антитела од нас или како и да е, дека сега баш почна в градинка и иде зима, ама работам со поголеми суми на пари на работа и докуненти и ако не спијам кој знае колку глупоати би направила и затоа би земала ад, реално помалку време ке ми одзема во нокта и да треба да ставам отколку сега, аама незнам ни дали би го сакала и како да постапам доколку без млеко не ми се смири што правите тогаш.:|
     
    На Carolin., Marsi* и sani99 им се допаѓа ова.
  13. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.680
    Пол:
    Женски
    Кај мене 1 и 5м ја одбив спие цела ноќ или еднаш за вода,ама одма презаспива.
    Јас намалував со подои и полесно прифати не спиеше до никој друг додека ја одбивав.
     
    На Carolin., Mother of 2boys, Marsi* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    19.587
    Пол:
    Женски
    Дете како може да ви заебе цел план значи никој друг не може.
    Имено, госпоѓицата не спиеше цел ден. Ајде, наше си е тоа - ја земавме после ручек од градинка за сликање за пасош. Дојдовме дома, уште чачкалици на очи не стави за да не заспие. Инатот од нејзе поголем, не цртани, не песни, не гушкање - не се даде. Рековме да ја шетнеме. И погодете што? Заспа одма ко излеговме. И шта чемо сад?? Се враќаме дома ај. И се разбуди на 3м до дома.

    Абе ајјј :smirk:
     
    На Carolin., Ano, Dennings и 6 други им се допаѓа ова.
  15. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Госпоѓицата моја кога ни го направи истото фино лепо си ја разбудив кога стигнавме на роденден, цел ден ми се инаетеше, епа инаетот си носи последици :D Кога виде трамболина, дечиња, се расона одма.
    Вечерта во осум ипол заспа како камен. Само ја „фрлив“ во креветче и беше заспана кога и допре главата на перница :D
     
    На WhiteCat33, Carolin., LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    41.168
    Пол:
    Женски
    Јас се фатив во половината, утре ќе одам на боцкање изгледа. Овој последниот скок ми ја е*а мајката.
    Вака ми личи дека моево дете никогаш нема да фати ред за спиење, таман едно време легнуваше во 8 и стануваше во 8 и си реков тоа е тоа, не траеше ни 2 недели и пак проблеми.
    Еден ден заспива во 7:30, друг во 9, трет ден не сака да заспие до 12, ама за тоа во 8:00 сабајле е буден, прва дремка у исто време заспива у исто се буди, ама ноќново спиење ме разби.
    Цела недела и повеќе го успивам со шетање во раце по улица, по цел саат, па после дома уште толку, не сака со читање, со галење, со цице, со цртан, со песни…со ништо не сака.
    Инаку многу се раздума и ќе си легнеме он си тепа муабет по негово, синоќа еден саат го снимав, не знам што ми раскажуваше ама беше многу сладок :inlove:
    Се научи да брои до 6:o И сега кога си играме нешто почнува да брои и на 3 ќе се издере демек 1,2,3 сега:D
    Ама стварно де сунѓери, секој ден нешто ново запомнува, пример не знам од каде сабајле во ќесето за ѓубре виде опаковка од зденка и се врти и ми вика мама денка, јас велата??? Што велам, и он пак денка и покажува накај ќесе, погледнувам внатре и сфатив, го прашам мм дали му кажувал како се вика, рече не специјално ама сигурно укапирал од нас. Умен на мајка.
    Ама и за глупости е прв, најново што сака е да седи на маса и да јаде и не прифаќа ниеден друг начин на јадење. Војна е дома за јадењето, му го смаливме и столчето демек на земја да е скоро полесно да се качува и симнува од него, ама не сака, ќе си повлече од нашите столови ќе си се каче и од таму оп на маса.Журки секој ден.

    Неделава гледам ќе заладува ќе мора еден ден да убијам во вадење топла облека, и детево да видам што има што нема, мислам дека од лани ќе му се фаќаат работитe, реално скоро се му беше широчко лани.
    Јас многу сакам есенска облека, едвај чекав да залади и се замислувам уште сеа во што ќе шетам, едвај чекам да можам да шетам по цел ден со него.

    На тема градинки искрено јас порадо би го чувала дома отколку да го праќам, да можам да седам дома.
    Би го пратила на 3-4год. Ние не одевме во градинка и реално не гледам да ни фали нешто оти не чувале нашите, од аспект на социјализација или преголема поврзаност, мислам знам дека е убаво да се дружи со деца и да си ствара навики и се тоа, ама уште сега да го слушам како плаче по мене и да го гледам како трча жално кога го земам за сега не сум спремна. Може и јас ќе го пратам за месец до два ама ако морам, ако не морам ќе го чувам уште малце.
    И тоа и тоа има и слабости и негативности, ама сакам да си се дружиме дома уште малце.

    И така, слушам контењеров како го чистат и сериозно од ум се извадив, што е со тропањето не ми е јасно, механизација ужас. Настрана ова, многу плашлива сум во последно време, често срипувам за глупости.

    Последно за денес, знам дека напнав ама многу, многу ми фали кучето, уште ден не ми е да не си го исплачам, дупка во стомакот имам кога ќе го помислам и сеуште не ми е верно дека го нема, не можам да прифатам, дури некогаш го “слушам” кај моите, како оди, како пие вода… халуцинирам вајда од преголема тага.
     
    На Coco31, WhiteCat33, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Ланското лето ми беше многу тешко, бебе цицаше често, болни и двете, прво едното па другото.
    Не знам и јас како издржав. Бев преморена, испиена, ослабнав, немав концентрација ни дома, а не па на работа.
    Ама после година и пол, кога му излегоа и перките, кога почна да преспива по еднаш на ден, почнавме да фаќаме ред. Да заспива порано навечер, и да спие поцврсто, со помалку будење за цицање.
    Сега е две години и три месеци, и сеуште го дојам, ама тоа е за заспивање. И не се сеќавам последните два три месеци да се разбудил во сон и да бара да цица. Само ќе го гушнам и ќе заспие.
    Големиот цицаше до две и пол, исто и тој сам намали подои, и лесно се откажавме. Кога престанав со доење, почна и тој да спие цела ноќ без да бара вода или сок.


    Сега јас да барам совет :D иако темата не е за совети
    и двајцата спијат со мене на спална. И бидејќи бебе веќе не цица во сон, се мислам да ги оставам да спијат сами. Не да заспиваат сами, за тоа не сум ни јас спремна, да ги заспијам и да одам во другата соба.
    Ама ми е страв да не крене температура, да не падне од кревет, да не им студи, или им се пие вода или мочка, а јас не сум до нив. Како јас да имам страв и грижа дека ги оставам сами. Помагајте вие што сте поминале низ истото, ама полесно :worried:
     
    На Skyler81 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    41.168
    Пол:
    Женски
    Мали пак болен, синоќа кога решив да легнам видов дека е топол, имаше тт, ја спушти ноќеска ама сабајле пак и плаче цело сабајле мис е жали и само во раце сака кај мене, с мене половината ми е скроз отидена, едвај мрдам, не знам како да го држам во раце…како баш сега се разболе кога и јас не сум здрава.
    Да отспие малце па ќе одиме на детско, морам да видам да не е уринарна инфекција иако не личи така. Што вирус хара на крај на лето?
     
  19. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Корона хара. Многу заразени има и матичната ми кажа. Еве маж ми е позитивен.. а и јас се разболувам. Да се надеваме бебе дека лесно ќе помине.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    41.168
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека корона не ни престана да има, не знам колку пати ја фатив ама веќе ја сметам за вирус како и сите други и не се ниту тестирам кога сум болна за да проверам дали е тоа. Ќе одиме да видме сепак пошто он е со рефлукс на бубрези и мора секогаш кога има тт да му се прави уринокултура да се исклучи уринарна.
    Со лесно да минете.
     
    На mal.ecka и marrisa им се допаѓа ова.