Тоа дефинитивно не ја снема. Се тестираше ептен маж ми дека крвната слика му беше како да има бактериска инфекција. Највеќе ни беше ако се разболи и бебе одма да знаеме дали е вирусно или бактериско. Се надевам се ќе е ок со твоето и да помине брзо.
Ние дома сме короносани по не знам кој пат веќе. Маж ми изгоре од тт 2 дена и толку, јас немав ама затоа си спуштив на плуќа, а исто и дете, она е најлоша. Јас се справувам со инхалации само и подобра сум, ама кај неа не помогна ни атровент со кортеир, ништо. Од вчера и уклучија сумамед, на 2 метри се слушаше како и свират градите и еве подобра е од сабајлево. Мислам дека 4ти пат фаќаме. И секој пат различно ја поминуваме, ама никогаш полесно. Детево во глобала многу лесно поминуваше со корона, само тт ден, два, ама сега имаше микоплазма пред месец ипол и имунитетот и е партал. Два пати за два месеци ми направи опструкции. Само си плачам од мука ми е жал да ја гледам вака.
И јас заглавив како на Мариса мажот. Црп 150, бактериска инфекција укажуваше. Не се тестирав оти ништо баш ништо освен тт немав. Ама тт ужасна, 10 дена - 38.7 до 40. Симнување со ништо. Атеист сум, ама ќе почнев да се молам на сите светци. 3 антибиотика ми сменија, последниот дали помогна, дали веќе само од себе помина не знам. Со лесно на сите короносани, и кај нас во градинка пријавија завчера..
Јас мислам дека општо после тоа време со карантини, вакцини и прележан вирус толку пати кај сите има долгорочни последици и имунитетите ни се изменети и опаднати, јас од човек кој што се разболуваше еднаш во 5 год сега месец не минува без да бидам болена макар само настинка. И колку млади луѓе знам што починаа од срце, тромб, ова она во последните години, нешто што предходно го немаше, и тоа ептен млади некои беа во 20тите. Тоа е се последици на корона или на вакцините, не знам не сакам да звучам како антиваксер, ама како поминува време сфаќам дека може антиваксерите и во право беа… Бевме на лекар ние, среќа не се ушите, малце црвено грло, рече 2-3 дена само со парсцетемол па ако е подобар ништо не дава, ако се влошо ќе направеме кс во понеделник. Ама не знам која е оваа теорија ама деца и животни обавезно се разболуваат за викенд, пред одмор, пред голем настан или на празник. Вчера свекрвата нешто беше наапана и му се развика на детето за глупост, јас смирено и реков дека нема потреба да се дере дека ќе разбере и полека да му каже, а и да се дере он нема да постапи поинаку оти е само дете, ама јас бев смирена, мм ја направи партал, рече ако уште еднаш ја слушне да дигне глас на детето нема веќе да има потреба да му збори уопште. Јас мислам дека малце и он претера дека генерално жената е стварно ок со нас и со него, ама он со трауми од детството од татко му па вајда се уклучи аларм. Кажувајте чаре како да се грижам за болно дете со вкочанета половина, не можам да стојам, да одам едвај, да седам ич…го држам во раце и солзи ми течат, а не сака апсолутно во никој друг да оди кога е болен, крај ќе сум скоро…
Кога сум била и јас болна и дете болно, олабавувам со правила. Целта е да се преживее додека сме сами и болни двајцата. Во смисла ќе пуштиш пола саат песнички или Биби и Боби, ќе му ги даваш омилените смоки, шмукалчиња, сѐ само да одморите и оздравите двајцата. Ќе помине.
Тоа секако правам ама не функционира баш, сака само да го држам и да шетам, вајда ќе идам да ме боцкаат да мине побрзо за да можам да функционирам. Инаку искрено не сум од оние кои бранат тв. после 9-10м почна да гледа по нешто песни, сега некогаш гледа и цртани, ама тв е цело време вклучен, дали музика, дали нешто анимал планет, филм некој, ут со канали за готвење, некој цртан. Генерално пуштам стари цртани, не многу стимулативни ама најискрено ретко се загледува не го интересира освен кога има животни и некогаш пред дремка има една серија најти најд се вика и по ред им кажуваат добра ноќ на животните, многу е смирувачка и знае да побара, ќе рече мама нау нау и ќе се стутка во мене и ќе погледа малце ќе заспие. Се согласувам дека по цел ден пред тв е штетно за развој, ама апсолутно без екран не е мој стил на одгледување. А исто и приметив на другарка детето кое до 2 год никогаш не имаше гледано тв , сега кога де заедно и кога тв е вклучен она е внесена скроз не регистрира ништо, додека мојов си игра, истражува, сака да се дружи и воопшто не гледа во тв…не знам што да мислам на темава што е најпаметно, секој со своето.
Зошто би кренало температура? Ако сакаш да спијат во своја соба ќе средите така да биде безбедно за нив и нема зошто да ти е страв. Моево има голем кревет 200×90, но целиот е со ограда што не може да ја прескокне ( се' уште). До креветот кај нозете има фиокар за алишта на него стои камера што убаво го опфаќа цел кревет. Веднаш штом излегувам од собата му ја затворам вратата и ја вклучувам камерата и се додека не си легнам и јас секаде со мене го носам тој телефон зошто преку апликација ми е врзана. Кога си легнуваме ја отвараме вратата од неговата соба, инаку спална детска се една до друга. Насабајле е научен кога станува со раката може да го дофати прекидачот и си пали светло
Откако имаме тема за испукување од мажи ве нема живи тука Јас само да ве поздравам. Да пишам нема што, ништо посебно не се дешава освен што сум опседната со барање работа и планирање на раб. време и градинката за мали. Досадна тема е таа. Пишете нешто поинтересно вие, а не само мажи да оговараме
Еве сум јас дежурам, не знам што дете ќе беше ама и од вакцини и од болест не е без 40тт, значи изгоре дете и јас не знам веќе што да правам. Спушта првите 2-3 саата од сирупот докај 38.5 ама пак не подолу и после тоа пак качува, скренав значи од мисли, а како за инат и продолжен викенд, нема буквално каде да му направат кс. Ми е страв да не е нешто сериозно, а јас без кс нема да знам…Мислам од обична настинка или вирус толку висока тт не се качува или нема правила. Ете не поминаа ни 3 саата од бруфен пак врие на допир, страв ми е да земам топломер, а заспа си викам да го оставам малце да дреме па после да мерам. Спремив битно торба за во болница и чекам. Леле како ќе биде натаму кога ќе се разболува од се и сешто, јас сум си паника човек за болести…морам да вежбам да не паничам во вакви моменти. А половината си боли ли боли…
Да те утешам, јас не сум во странство, ама буквално скрос сами сме со маж и дете. Најблиските сите ни се во странство. Ако имаш дома фастум гел мачкај, и парацетамол за болка само тоа смееш дека доиш. Мене овој гелот многу ме спасува, каде и да одам со мене го носам, стално некаде се укочувам. На итна бебе да го однесеш нема да му направат крвна слика? Ептен ако ти е на мисла во Систина мислам околу 1500 ден беше. Брзо да му поминува, многу болни периодот, коски ми се тресат од овие вируси.
Не сме од Ск, а прееска бевме кај нас на итна ама не вратија дома со препорака само за ибруфен и упут за кс ама дури за вторник, само една е лаб државна, приватни исто нема дежурни…вајда ако видат нешто итно ќе не пратат во Штип или ќе дадат ант превентивно што не сум за. Таа маст не ја знам ама утре ќе пратам мм во дежурна аптека, фала.
Ај напрај една смеса за температурата да спадне, земи сало две лажици, сода бикарбона, пола чаша ракиени киселина бела, и пола ракија, измешај малце да постои намачкај убаво, можеш и повеќе киселина и ракија види да се измеша убаво. Дај парацетамол и ќе спадне.
Еве јас уназад читам за чувањето и редот на детето. Па да не останам покуса да си се пожалам Мене како мал како што имав и плачено на форумов свеки од раце не го пушташе,што еве пред некој ден 2м бебе во раце ми дадоа, мене рацете ми се тресеа од што не сум држела толку мало бебе Мојата свеки често сака да го чува но, што би рекол мм 'ти освен на себеси на никого не веруваш да го чува малиот'. Што е точно,дури него не му верувам(пошто го остава ако му плаче "да си се исплаче","може му се плаче на детето") За ова верувам дека се годините и живците во прашање.. Ние живееме во заедница и стан секако. Во почетокот ме замараа зошто пратам колку време бил буден,па не му се спиело на детето(дете 40дена старо) Ама сега секогаш 10мин(па и више ако ме гњават мн) пред спиење си го зимам во соба и си лежиме дур не заспиеме и топ ни е. Мајка ми(да не речите оваа само со свекрва и) не знае да го чува,реална да бидам. 3деца родила ама ми се чини баба ми бог да ја прости и ги исчувала. Женава врска си нема,заразлика од свеки 2деца(и двете се со муабет "ја вака ги чував")посамоуверена у чувањето е. Мајка ми за чување само за преку ден 2ч 3махххх И тоа во последно време ("ај и Х(маж ми) нека седи,друго е и он кога е тука) да не мрчам за мм,друг пат Доаѓам кај мама и викам значи ќе си праам унатре нокти(since im always with the baby and cant poop in peace) викам успиј го време му е за спиење(дур го наранам дома дуе тргнеме времето си дојде и сите знаеме какви се децата ако пропуштат дремка). Пази сеа Она го слуша тоа, го вика татко ми да го држел, да го прошета(моите полесни се за сечење) викам еј треба да спие да беше за држење немаше уопште да ти го дадам, ми враќа добро 2мин само. никогаш не се 2м. Мм па уште вика зошто кога ќе се вратиш од кај мајка ти не си ич расположена,па ти помага баба таму све дрндрн од раце не го пушта. Инаку исто годиште се со свеки дури мајка ми 1г помлада Помагала 1нед малиот коа имал 3м,толку. За 2м сме на свадба од странава на мм и и викам на мајка ми,вака и вака после 19ч ќе ти го донесам да го чуваш на спиење,ќе ти донесам млеко све... викам мал е да не го држам толку буден(имаме ред од 2м бањање,цицање,спиење кој строго фо пратам) плус гласна музика. Ми вика 'ќе видиме,а што не си го носиш со тебе голем ќе е 10м ќе има'или па 'голем ќе е ќе му биде интересно,пуно луѓе таму. Фати еден,фати друг вака ќе ти помине времето' И сега ја гледам бледо и процесирам. инаку сакам раат да ја поседам свадбата,па и на свадба со години не сум била,не дека мирна ќе седам таму ама барем ќе знам озбањат наранет и нема за ми го префаќа никој(мразам тетки стринки да го префрлаат едни на др мислиш топка е) Инаку на кафе немам излезено(без дете и маж) па може 2г ќе станат(а со дете и маж,летово почесто дека поголем и зајаде,а без маж со дете никогаш ) Пошто откако останав трудна ни Д од другарка ни П од пријателка нејќеше да пие кафе... поготово откако почна да ми се познава стомакот како така на 20 години да ги глеедаат со некоја трудна 20годишна,боже пази И така сега прв одмор тераме со беба инаку Они заклани а мама не може да спие, аи нема место на спалнава се оптегнале двајцата ама ако мирна душа,мирна глава. Тивко убаво,милина згора на се не можам да спијам,тоа што немам место е башка Не го пишав за да врати некоја мајка,чисто да се убацам на муабетите Добра ноќ и убав викенд кралици
Инаку кога запишував чек и ова. Нз дали е до мене или луѓево со деца си зимаат мн за право? Бевме кај колега на мм на гости и малиот со нас (постари луѓе) и секако мажот(да речам Ставре) и жената(Митра,лупам) за све ме прашуваа дали смеат околу детето. И го држи Митра малиов и ѕвони некој на врата(сестрата на Ставре,Лила нека биде со маж и) и ај влегоа и ја слушам Лила 'оо душиче кај си дечко' иииии влага Лила со малиов у раце(извини женче шо?) И мм кога виде пред да издрамам стана и го зема седнавме у дрта соба ние наводно да јаде малиов,чурев.. Згора на се доаѓа Лила со кеса(имај на ум прв пат ја гледам женава) и ми вика 'еве јас расчистував од кај моиве од соба 16-17г имаат моите па слушнав бебче ќе дошло па да му дадам играчки' , ' користени се ги забришав да си игра' Во кесата мики маус гумени од оние шо свиркаат од што беа толку стари се лепеа,стигнав дома и ги фрлив. Само мене ми се дешаваат вакви глупости ме гледаат може млада и си викаат мутава е не знае. И така what a time to be alivе Ајде ќе се вратам со други глупости
Некогаш во животот се прашувам дали ми е интересно да си отежнувам сама и што ѓавол ми треба да одам било каде. Прва вечер на одмор (читај- умирам за сон неспана веќе 2ноќи и се молам да видам прв зрак за да станам ) бебево веќе 8 пати висеше на града, рика на секое го зимам во раце низ соба за да не ги буди нели сите зошто ѕидови на смештајов лист лазања, го слушам комшијата како хрчи цела ноќ (наизменично со маж ми) и не знам на која страна да пукам. Се надевам дека му треба 1 вечер да се адаптида за да почне да спие барем по 2ч зошто мислам дека ќе фатам Грчки Пупе Компани и ќе си одам дома. Нејсе си добив ден пред тргање, па ни морево не ми е утеха и мотив за да останам а и слушам надвор на тераса како врне значи џабе патот море ќе олади па ни бебево нема да се бања Ајде 5.45 по Грчко, осеќам ќе го стартам денот со узо а не кафе
На пример мојата, ноќи ноќи поминале без спиење, плаче малиот , ќе дојде после толку плачење и тоа од врата ќе види, а што е , ова да не е, тоа да не е, само за солење памет и оп одма ја снемува, аман кога ќе се спасам од ова заедница, не можам да поднесам
Да те утешам, ќерката така на секое качуваше 40 (41.1 еднаш видов, мислам очите од главата ми излегоа). Дали било вирус 3 дена, воспалени уши или бактерија, за се качуваше 40. После 3от роденден како со магично стапче смени. Сируп ако отвориме, еднаш ќе и дадам дека стигнало над 38.5, и после уште еднаш нема да качи толку. Едвај 38, и третиот ден проаѓа. Освен со болка во уши, друга поголема мака од неа не сум видела веќе 2 години. Така да има надеж
Големата ми е мене така, секое разболување и е 40, без разлика дал е вирус, бактерија и слично. И ставам обично лепенка, туширање со млака вода и бруфен, парацетамол многу бавно и делува и додека спушти она пак качила. Сегс почна во градинка и ќе видиме како ќе биде оваа година.
Станување во 6:40 - Ден втори. Дека викенд нели. Ко забрането да и е да спие после 6:41 аман. И така, цртаните во позадина си вртат за јас да си гледам. Да иначе, Патролни Шепи е интересен цртан ако го загледаш пред 7 оти немаш шо друго да правиш. Бонус дете повелете