1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Ke se adaptira bebe na nova sredina ne se sekiraj.
    Cudno mu e i nepoznato.
    Nie koga bevme na odmor prvite 3 dena bese kenkav i ne spiese skoro ic preku den posle toa pocna po 2h da spie na plaza .
    Mene isto strav me fati na pocetokot zasto imavme uplateno 14 noki ama super izleze .
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Happy дете :D најмногу сакам ко кр стане малата и целата насмена и знам дека денот не ама утрото ке биде лесно.

    Мојава од вчера и течат мрсоли официјално прва настинка за 8 месеци се надевам бргу ке мине, нема температура нема ништо нај весела на свет е па дури понекогаш и се испушта и ммама да каже да не биде бабаба само:D вадам редовно со аспиратор само незмам како ке правиме за градинка дали да ја носам како што па викендов продолжен ке ми помине во мислење што и како:D
     
    На WhiteCat33, Carolin., Fenix05 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.486
    Допаѓања:
    5.036
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna , златна е.

    Да не сме покусо и ние си стануваме пред 7:00.

    Ќе биде долго ова. Да се разбереме моиве заслужуваат во друга временска зона да се преселам за помалку гледање и слушање, ама Нема, така да нов лист. Свекрва е жена што за Не, не знае. И лом да ја направиш утре иста приказна,пак ќе се меша. Случка од лани. Јас со бебе, договарам со маж како пред Велигден да исчистиме. И се слуша свекрва по улица на комшивката "Ратка" еве кај младиве да забришам прозорци, со бебе се, не стасуваат. И така за куп работи цела година, кај не ја бараш ќе се појави. Годинава пред да одиме на одмор, ноќта/утрото, сменив прекривки, во дневна, постелнини во спална, наполнив купатилото и плус зедов 2 дена одмор, за после нели плажирање јас со денови да перам. Свекрва секако се качува демек да луфтира, цвеќиња да полее, да провери, итн. Рековме, не знае од не. И така се враќам јас, зачекав испрано и испеглано се. Старата јас, ќе ја направеше лом што фаќа, кај што не и е од работа. Новата јас, реков фала, си испланирав време само 2 машини од одмор алиштата да си ги исперам и остатокот со ќерка да си шетаме.

    Празничен муабет, место шетање денес на мени, готвење за неколку дена, машини, пеглање. Ќерка се врати во градинка, па да се организираме викендашки, да не трчам секое утро.
     
    На Carolin., mal.ecka, Dennings и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    3.835
    Пол:
    Женски
    За добиеното и дождот немам како да те утешам ама за бебе исти бебме првите 2-3 дена тоа се кенкаше 24/7 само да се цивка некое незадоволство, на цице по цел ден уста не отвори да јаде цел одмор. Последните денови некако беше ок,татко и ја научи у количка да заспива таму што дома не се случувало. Си дремнуваше на плажа ,повеќе спиеше навечер некако се адаптираше и она. Така да стисни заби издржи.
     
    На Carolin., DaisyDream, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    3.835
    Пол:
    Женски
    Реално не знам за вашите ама моето ако нешто не е ок и плаче, само кај мене се смирува. Што знам сметам дека така треба и да биде и јас прва реагирам да ми ја дадат ако плаче. Немам ништо против да ја држат играат и се тоа ама ако плаче подхитно да се врати кај мене зашто не се смирува. Мене ми е тоа проблемот со свекрва ми. Беба плаче ,она праи се (ја трга од мене да не ме гледала од тоа плачела) само да ми ја даде не. Па затоа и се караме. Сигурно нема да ја остаам да вришти, ќе ја смирам па шетајте се до утре.
     
    На 1209, Giiirl23, Mother of 2boys и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Хај:f:

    Дојде мајка ми кај нас и синко е пресреќен, не ја остава само си оди по неа баба, баба и секакви игри измислува да се играат.
    Не ни дава ние со неа да збориме, целото внимание сака кај него да е насочено.
    Многу сакам кога го гледам така среќен.:inlove:
    Дека цело време само ние тројца сме, ова за него е големо освежување.
    За некој ден одам да ја родам и втората среќа, само се молам на Господ да биде добро се'.

    Голем стрес доживеавме и уште неможам да се соземам.
    На пат накај аеродром моите имале сообраќајка;(
    Пијан возач од свадба да ги претече и ги удрил толку силно, што се чудам и како се живи.
    Шокови невидени, татко ми заврши во болница со скршени ребра, мајка ми имала среќа и само со некоја модрица.
    Мајка ми сакала да остане што е и нормално, ама тато упорно ја праќал да стигне на аеродром.
    Луѓе тоа беше шок невиден за сите нас.
    Родител е родител и секогаш ќе гледа прво за децата:l:
    Татко ми со огромни болки одглумил дека не му е ништо пред мама за само да дојде да го чува синко.
    Колата како е скршена, велам фала Господе што ми ги зачува родителите!
    Наместо да се радуваме за новиот член ние овие денови сме ужас.
    Толку ми е криво да го гледам тато во болки, што само си плачам.;(
    Посебно кога ќе видам како тој се растажува, срцето ме боли.
    Вели ајде ќерче уште малку па тато ќе ги части сите тука со по една инфузија.:lol:

    Животот е стварно краток, во секунда може да ти се промени.
    Една пијана будала триста бељи ќе направи.
    Само нека не чува Господ сите, да бидеме живи, здрави и на број.
    Другото ќе се среди...
     
    На WhiteCat33, senza.parole, Hellokitty93 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
    Ќути денес се пробањав. По некој саат е сонце па врне. Бебе си се буди на 1ч54мин ама и дома иста мака, барем цел ден е расположен. Тоа е додека цица вака ќе биде
    :inlove: фала на убава мисла
    Ве гушкам :hug::( фала Богу што се добро и двајцата. Фокус на бебко сега :inlove:
     
    На Carolin., DaisyDream, Marsi* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.089
    Пол:
    Женски
    Уфф. Нека поминува брзо кај татко ти и среќа што се добри. Да не се повтори :l:
     
    На Marsi* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.049
    Фала ви многу мајки.:l::l:
    Нека бидат само убавини кај сите!

    Ве гушкам!:hug::hug:
     
    На Fenix05 и Anturium им се допаѓа ова.
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    @Marsi* со помин да е, побрзо да се опорави татко ти.
    На тема бебиња цицачи, еве го мојов денес хаос е со дневни дремки, по 30 мин, кои 30, и 20 се многу. И лиже цицка цел ден, а ја само да е одморен му ја давам кога ќе закенка. И јас будала, се укочив цел ден, он А, јас НА. Нервите ми се истенчени, веќе не знам дали воопшто спијам ноќе, осеќам како ми тоне телото а главата ми зуе и работи уште. Пред нервен слом сум.
    Иде есен и со тоа иде и депре периодот, мразам есен и зима ај есен некако се тера, има сончеви денови ама од ноември до февруари ме мава јака депресија, уште во 2 се стемнува и дома кога ќе си дојдам од работа толку ми е тмурно, освен до игротека нема каде да го однесам детето. Викенд евентуално до Водно, ако не врне. У најдепрето за 1м почнувам на работа. По депре ми е и тоа што не можам да си најдам со месеци нова работа. Буквално и од пред бременост барав, паузирав само при крај коа бев и продолжив активно веднаш штом се породив. Ме фаќа лудило кај што сум сеа и очајно сакам да си одам, ама муж не е бизнисмен да може за двајца да р'мба :D Ќе ми се собере сé следниот месец па ќе се истурам на муж. А на кој друг ако не на муж, има да слуша и да теши :D.
    И така, денов вака така си пројде со моето лежење со голи цицки по 30 мин 10 пати од сабајле.
    Вие како си пројдовте празнично ?
     
    На WhiteCat33, Marsi*, Ano и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    17.206
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :beer:

    Поздрав од една мајка на тераса со пиво,(и бујрум) бебо заспива во 9 по грчко време, има по 2 дремки, ни излезе заб сеа освн германски имаме и грчки заб :rofl: ама се спрема и друг пошо лиги има до земја, ама фала богу па не е страшен, пу пу да не го заречам.
    Очекував полош да биде ама не е, значи подобро од очекуваното е.
    Вчера бевме на плажа ама не се бањавме ладничко беше, денес па ич прошетавме до Никити одсабајле дојдовме преспа бебо отидовме на ручек/вечера, дома бебо сега нана а јас и мм медитираме. За утре викаат пак ке врне, јас без дете би се замарала за овие 3 дена без бањање и пржење на сонце, сеа ич не ми е гајле и облачно да е ке шетаме низ град, на плажа бебо ке си поигра секако имаме занимација. Да видиме дали кога ке се вратиме ке се фалам или ке се жалам од одморов :D

    Добра ноќ :sun:
     
    На Fenix05, Mother of 2boys, Skyler81 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    4.469
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене од одмор тазе вратена. Бебе уживаше што ме изненади. Волку дома ни спие ни јаде. По 3 каши маф ги правеше (до душа, се беа купечки Хипп, може затоа :D).
    А покрај обала и на плажа се изнаспа.
    И крштевка завршивме пред одмор, мило мајкино христијанче е сега :l:
    Е тоа напорно ми беше, многу луѓе, па сите сакаат да го држат, како топка од раце во раце, он плаче, они упорни.
    Од понеделник стартувам со работа, душа ми плаче ама мора. Не сакам да бидам домаќинка, си ја сакам работата многу, ама барем 2 години да трае трудничково. Да потпорасне, да разбира дека одам на работа. А вака што, ќе плаче он, ќе плачам јас ;(
    Маж ми работи од дома, па дење ќе го чува, навечер ќе работи, бар тоа му е master планот
    (пелена му нема сменето, ни јадење знае да му направи, ќе биде смешки 8-|).
    Добра ноќ и од мене, бебе заспа, јас одам да пуштам перална има 3 дена да пере. Една недела бевме, а куфери ко да сме се селеле :D
     
    На Carolin., le.soleil, Mom's_life и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.100
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20240909_211541_Chrome.jpg
    Муабетот за куферите
     
    На WhiteCat33, Carolin., LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    4.469
    Пол:
    Женски
    Скроз да ти кажам ми се стужи, кај све пакував па и да распакувам па и да средам исперам. Женско пусто (facepalm)
     
    На Carolin., Fenix05 и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  15. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    69.710
    Пол:
    Женски
    Кажите некои трикови за во кола за бебе, додека ги возите сами? Првпат ќе се возам со неа, затоа што маж ми е на работа и нема кој да ја чува..
     
  16. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Пеам песни цел фестивал можам да испеам :D инаку обично не прави проблем, има цуцла си разгледува..
     
    На Carolin., Fenix05 и macka91 им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    415
    Огледало имам за да ја гледам, песнички и некоја светлечка распеана играчка. Зависи и колку е долг патот, ако е долго и плаче и пуштам цртани, има такво да се закачи телефонот на огледалото горе за да не го чепка. Гласна музика некогаш помага исто. Цртаните се ептен исклучок, ама имам возено по неколку саати и не можам да стигнам ако не го направам тоа, така да не ти препорачувам за прв избор ама опција е што помага
     
    На Carolin. и macka91 им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    12.886
    Пол:
    Женски
    Моето искуство било дека се возат со плачење додека не се навикнат. Сама кога си не можеш да се свртиш да подадеш цуцла или играчка, така да ќе има плачки што и да правиш. Ама ако често ја возиш, брзо ќе се навикне.
     
    На Carolin. и macka91 им се допаѓа ова.
  19. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    145
    Кој аспиратор ќе ми препорачате? Имам еден од Бебе Хоум но многу е голем за да влезе во мало носе на бебе, нз тогаш како не забележав.
     
  20. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Јас уште пред да се роди го купив на бекутан околу 400 ден е и со него функционирам веке 8 мес., ти треба да влечиш за да извлечиш секрет, со носко незз оти мн ми е страв дека нели на правосмукалка се става.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.