Јас имам и носко и плус обичен со влечење. Не е страшен носко, на упатството пишува, без разлика колкава моќ на влечење има правосмукалката, намерно е дизајниран да влече до одредена сила. Меѓутоа од практични причини, јас го користам само кога ќе се разболи моево. Јас друг проблем со носко си направив. Дел од секретот знае да се вовлече во цревото на правосмукалката. Дојдов до степен, да се умириса ужасно. Па го перев цело црево со секакви средства. Како правите да не ви влага внатре од секретот?
Jas so Shark navigator vlecam so Nosko pa sea vidi ti... Crevoto od noskoto mozes da go iscitis so onie cetki za cevki sto se, dolgi i tenki.
Јс зедовме дада од градинка со бебо. Околу 20 мин имам возење до градинка и натаму мирна беше, за назад плачење беше ама не можњб ништо да направам и веќе пред да стигнеме дома се смири. Во принцип само вторник и четврток ќе треба да ја возам со мене другите денови маж ми од дома работа. Фала зс совети @atz1995 @kozuf @Spidy ќе набавам огледало и некоја играчка што светка ќе закачам. Мала е за цртани не ја интересираат.
Haha lele isto i mene. Toa od sekretot sto ostanuva vo crevoto i posle koga smukas od prasinata se lepi i mirisa. Jas go vadam crevoto i mm go cisti vo dvor so crevo so voda.
Леле добро што пишавте, јас се чудев што ми мириса усисивачот а го исчистив и филтерот и сменив ќеса. Сега ќе знам и цревото да го исчистам.
Ставете влажна марамица во цревото и потоа пикнете го ноското, секретот ќе остане во влажната, нема да влезе внатре. Влажната оптегната да биде по ширината на отворот на цевката, стегната и ова од ноското да влезе надоле, не знам дали добро објаснив, ваљда разбравте.
Ќерката на околу 4 мес веќе не плачеше. Од некаде 10 дена кога беше стара секаде ја носев со мене со кола, вообичаено 10-20мин возење. 4-5 дена во неделата сигурно сум ја возела, некогаш можеби и два пати на ден. Се сеќавам кога од Кисела Вода до Влае плачела цел пат. Нервира, ама алтернативата беше да не одам ни јас никаде, па мораше да се навикне. Треба време, ама ќе си легне на брашното. И иако после тоа не плачела, пред годината почна да повраќа при возење. Многу поголем проблем по мое мислење. Секој втор ден да треба да переш седиште и навлаки. Среќа почна корона па редуциравме шетање, иначе ми се смачи од мирисање повраќаници... Сега првото дете го анимира второто, па второво не плаче. Епа ваљда тоа е најдобриот совет што можам да го дадам, имај си поголемо дете да ти го игра помалото за да можеш раат да возиш
Уу може, ме погоди таман Да чкртнам нешто, штом сум тука веќе, Есен ми е омилена, може дека сум родена пред нејзинот почеток, којзнае, го сакам мирисот, боите, атмосферата, сè. И дождов го обожавам .. Добро, не мораше таман кога се остававме сабајле по школи и градинки да истури, ама ајде. Традиционално, како почнаа, одма шмркаат, испод нос зборуваат , со нив и ние, се трудам да го држам фронтот, колку ќе успееме, ќе видиме, појачав витамини и лук у све Ќерка - второ одделение, пред да почне школската година, се жалеше од стомакот, со плачки, драми и сè пропратно. Видов - невидов, ја однесов кај матичната, и раскажав се, ми предложи да испитаме да исклучиме можни бактерии и сл. Испадна од стрес, пошто се друго беше супер, сега на бкомплекс еден период ќе е, проследено со многу зборење, гушкања и мислам дека има подобрување, се приметува. Битен момент е што сега сака да оди во училиште, па се надевам толку од стресот. Стрес! Нејсе, синко во градинка, го вакциниравме со дтрп последната ревакцина и конечно сме завршени со тој дел ( добро до прво одд). Исто и пелените ги исфрливме од употреба, па немам веќе стварно бебе по дома, битерсуит ми е фазава.. Спремив доручек и ручек за утре, се напив фервекс, чекам да кикне па да се комирам и јас. Дејзи кафето за утре го оставам ) Ноќ мајки
Најубав ми е одмор во септември. Кога големиот не беше ученик одевме и најраат ни беше. Вака на сред лето поминал заминал, како да не бил Продолжен викенд? Планови 100 реализација 0 Стомачен вирус кај малото, машината веќе ќе прегори. Многу ми е жал, повраќа и плачи Еве денес трет ден - поминува, ама уште не е многу весел. Душичка. Кога е болен е многу сериозен. И само сака да се гушка. Ученикот пресреќен и "преубо" си поминува на ичилиште, иако цел распуст дури една лектира успеа да прочита Се гледа крајот на летово. Некако бескрајно ми изгледаше. Ја сакам есента иако малку ме растажува. Времето лета, не ми се верува. И само чекаме уште ова уште она. Ќе научиме да го живееме моментот некогаш?! Почнав да филозофирам, време е да си легнам Добра ноќ
Здраво мајки Одмор број два истеран. Вратени дома, испрани алиштата. До сега можам да кажам дека ни е најубав одмор. Ни се погоди друштвото и на нас и на децава. Тодлерите си играа цело време, бебињата си лазеа, мераци. Не ми се враќаше ич. Секој одмор го тупам маж ми да праша дали е слободно уште еден ден да останеме ама среќа ме игнорира, па со тешко срце се пакувам за назад. Ко да тој еден ден плус ќе ме одмори Од утре официјално се враќам на работа и баш денес ми искочија слики од денот кога се роди бебка. Во преубаво сеќавање ми е цел тој период. Ги гледав сликите и се топев. Колку брзо ми пораснаа децава, не знам кој го убрза времето толку. Јас сум од таборот на вечно лето. Животен сон ми е да живеам на море. Така само да ми мириса на солено, доста ми е, скромна сум. А колку сегде ми се патува е друга работа. Само да пркнат децава да може ко луѓе да одиме без три нервни слома и кенкање без причина. Да фатам низ дома дур машкиот табор е надвор. Ве поздравувам
Баш пред некој ден сакав да пишувам као како да не бидам толку за да мо биде се под конец да бидам полабава во врака со дремките и општо со се и оп вчера ми се удри од глава то што не следев време за успивање и воопшто нејзината рутина како и да ја наречам. Ја земав од градонка ја успав кај 12 и следно во 4 4ипол спие ама мене ми текна да ја шетам си викам ке се успие додека ја возам јок вриштење пиштење неподносливо за на крај во кенкур да ми се успие. Дента вчера хаос, додади на тоа менструација, болка во грло, настинат сопруг и изморен кој сака да ми помогне ама секој пат ко си иде од работи ми вика како сум многу изморена што упте толку ми паѓа тешко , ваљда ме дрма уште ппд или што и да е и така на крај си се успав и јас плачејќи ко беба. Само се надевам дека за недела две ко ке тргнам на работа од обврски нема да имам време за многу мислење и ке ми минат сите бубачки.
Ауу што е со периодов. Дете болно, јас и мм исто, влезена е во скок, и излегуваат 2 заба, плаче за мене кога ќе ја земе некој друг дури и татко и иииии цело време е мама, мама,мама! Вчера оболев психички, ќе почнев да вриштам. Во меѓувреме немам помош од никој, почнав друга работа плус и се ми е хаотично и страшно. Градинката беше 3 дена и одма разболување. Имам трауми од нејзиното вриштење, а верувам и она. И згора на се, денес и колата ми се расипа. Од понеделник јово на ново со градинка и мајка и на нова работа. Кој повеќе ќе плаче?
Одамна не сум напишала нешто.. Дечкото наш расте еве 1год и 1 месец. Како прооди пред годината не е застанал. Цел август си го изоди бос или на чорапи секаде.. по земја, по асфалт, по плочки, не знам колку чорапи запустивме. Едвај му најдовме патики што му одговараат на широкото ноже, па прво не сакаше да оди во нив, но еве веќе е навикнат и трча Август месец по одмори ваму таму повеќе го чувавме јас и мм, прво одење кај свеќи одма прави дремка од 2 часа што скоро никогаш не се случило дома хаха... не знам зошто Се шалам дека каскадерските идеи и вештини не му се соодветни со мозокот на 1 година. Викендот на викендица научи да се качува и спушта по тобоганот, кога главечки, кога гзечки битно се спушта Малце е залепен за мене кога сум присутна, за среќа ако не сум со него не прави проблем да го чува друг. Сега кога размислувам да можам да го вратам времето не би одела на одмор во Грција, би одбрала планина зошто сум сигурна дека подобро ќе поминевме. Вака се осеќам како да не сум била на одмор зошто ич не уживавме на плажа и дечкото ич не ја сакаше.
Да чкртнам и јас нешто Помина одморот, дома сме пере мислам 5та машина денеска Ке се фалам, бебо беше бааајче, во кола не заплака, 3 нови играчки иии возешњ бу, раневме пилиња "цртавме", гледавме гооолеми буу и беше многу интересен кога ке видеше камион правеше "ооооо бу" така возбудеен демек мноогу голема кола Од новости на одмор, падна од креветот спиејќи во секунда не знам ни јас како ама не плачеше, успан беше не знаеше што се случи, а јас се тресев да не скршил рака. Успевме да посетиме 4/5 плажи што сакав, за на 5тата врнеше дента и ја оставивме за некој нареден пат кога ке не однесе патот натака. Тераше дремка на плажа и трчаше во вода -> гол, без гума, без купаќи, без дубак без било што бадијала изнакупувавме 300 тракатанци, он си собираше камчиња во водата и ги фрлаше. Песокот на сите плажи го проба, вкусен ваљда беше и му се допадна. И најважното прооди, сега нека дојде некој да го запре, оди сам и писка од радост дека оди Не знам зошто толку се плашев, кога он лесно се прилагодувал секогаш секаде не правел проблем. Дојдовме дома во есен буквално покриен е со кебенце, а и за мене имам кебе извадено. Арно што си исправ есенски работи пред одмор сега се наредени спремни за носење. Јас сум од тие малку улавите чистев пред одмор за да дојдеме дома начисто. Испрани, завеси, кебиња, теписонот од спална.. мириса на чисто Имајте убава вечер
Лесни чекорчиња Какви патичиња, моиве 2те со високо небо на стапало, на првото само адидас еден модел му чинеше, ништо др и само исти му купував, 3 пара со ред исти само поголеми бројки, Спојлер: Патики исто и овај е таков, досега не трпи ништо на нозе, сега нз со чорапи што ќе се прај одма слекува. Дај ми слика што му се фати на ноже
Знам не е за совети ама некоја мајка да има искуство со др.гуднајт програмите? Веќе сум очајна за сон, 8месеци бебе се буди на 1ч буквално со плачење. Одморов низ нос, денски е супер сè и ние уз плажа кафе со мм се оправаме да не сме напети цело време ама ноќите хорор. Едвај чекаме да се раздени од што или го нишам на раце или на града само да не ги разбуди сите. Тресе и сепарациска и 6ти скок ама мора нешто да сменам и за себе и за него зошто не спие доволно... А душиче е само си гуга нешто, почна да се крева на сите 4 па се ниша па си игра на музика се смешка, сите го фалат леле ама е умен ама ноќе, друго бебе. Сакам да смениме нешто пред да тргнам на работа со свекрва ми мака ќе мачат... Ми треба сон,кафе ........ или нешто јаче.