Сепарациска и кај нас во најава, три заби вади истовремено,маж е на службен пат, а мама е на апарати. Мислам дека овие две недели спијам едвај по еден саат навечер , ќе оболам начисто ,подобро беше новороденче жими се. Променава на времево многу лошо ми влијае како капак на се,метеопат сум па мамурно се осеќам со денови, сила неможам да најдам никако да си дојдам при себе. On the bright side, не чекаат шетања со бебка, свадби , родендени а и викендов сум на девојачка вечер . Порано ич не ги сакав, а сега сум малце очајна за женско искачање така да со душа чекам. Периодов се нервирам со една роднина на мм прилично млада,која нема свои деца за жал, а некако како се да знае за моето.Се случува да се гледаме почесто деновиве доаѓаа накај Скопје, па секое гледање од врата ми кажува што и е, дали е добро облечена, дали и се спие/јаде/кака, зошто и е ова вака,тоа така…. Ја мери ја одмерува ја анализира како да му фали нешто на детево постојано а јас не и ги задоволувам потребите. Не и останав должна минатиот пат и го крена носот ама тоа не е мој проблем.Ми е жал за нејзината ситуација и ќутев, знам дека ја сака бебка и и се радува ама веќе некои работи се претерани. Секогаш некој подобро знае што му треба на детето од мајката. Тоа чудо едно.
Ништо, ќе прекине да паѓа кај и да е. Од 3 до 6 месеца по пораѓај е најлошо. Јас сум породена пред скоро 7 мес, еве веќе имам нови мали влакненца. Се враќа се како што било, не се секирај, после првото дете каква бев мислев готово ќелава останав.
Пред 8 месеци се породив, косата уште премногу ми паѓа. Нова коса напред веќе ми расте, ама уште не престанува, буквално цели прамени паѓаат. Ништо не правам, чекам да помине
Вака така си го фативме редот. Дада е редовна во градинка и супер е таму. Јас за тоа време со бебка дома завршувам некоја работа но, овие неколку дена како скроз без енергија се чувствувам. Спијам не можам да се пожалам, не знам дали е до времето ама некако едвај функционирам. Машината за алишта да има нозе до сеа клоци ќе јадев еден куп алишта за перење што летни што есенски, а ќебиња и јоргани не ни дошле на ред. Некни ја видов корпата празна, тоа ми беа мили 5 минути а тек диплење и редење стварно се мислам жена да платам да иде да ми помага. Замрзнав куп овошки за бебка, за месец и пол ќе почнуваме со вкусови. Таа веќе две недели е со затнато носе, влечам со пумпа сто пати на ден и постојано има. Матичната рече ништо не е, но две недели е вака еве.. Од денес почна и да кашла се надевам да нема грло, ќе ја пратам денес како ќе е ако не ќе ја носам утре да ја видат. Дека викенд иде а големата се за викенд ми се разболуваше. И ете сакав ладничко сакав есен за да шетаме, ама каде со мрсули и насолзени очки Убав ден да си имате
Добар ден и од мене Исти сме и ние со променава на времето,и носињата кај двајцата почнаа да се затнуваат. Посебно кај поголемиот.Инхалации му правам, давам чајчиња..само темература нека не ми качува. Бебе не е затнато само му течи носето. Неа со аспиратор и ги вадам и капам синомарин. Колку повеќе ги вардам толку бетар е си мислам. Барем не протестираат со нејадење, јадачи се. Малава полна да станува заинтересирана за парчиња. Не гледа додека јадиме и пружа раце и таа да касне. И давам по некоја трошка ама страв ми е некако. Од друга стеана знам дека е позитивно тоа што сака парчиња да јаде. Вчера пола домат изеде на парченца, со рацете фаќаше. Лом се напраи цела ама нема веза,исчисти мама. Отпосле видов дека рано и е за домат оти осум месеци е ама се стори веќе. Среќа немаше реакција. Јас од понеделник почнувам на работа. Сите ме прашуваат дали цицала уште,па дека требало полека да ја одвикнувам. Па тоа тетките,стрините,јатрвите сето совети на сите страни. Луѓе,бркајте работа ако сакам до 3 години ќе цица,што е проблемот? Ако некој види мака од тоа јас ќе сум,не вие. Сигурно вие нема да идите кај мене во глуво доба и да давате да цица,туку јас. Затоа секој да со гледа работа. Другава недела ќе ми стигне сушарата за алишта,конечно. Се радувам дека нема да му ја мислам зимава дали ќе се исушат алиштата, па постелнините, па прекривачите.. јупи јејј Сериозно,повеќе од потребна ми беше. И така, да одам да спремам оброци. Јас или в кујна сум приготвувам или на подлога лежам со кафето. Поздрав
Здраво мајки, оффф од кога не сум шкртнала овде. Периодов е сè ок, може и поради тоа ме немаше, турбулентно многу, ама убаво. Бебка е златен, се смее,се гушка со сите. Пресладок е дека пробува да седне од позиција лазење па не сфаќа се фрла во страна како магарче со задни нозе и паѓа странично па сам се смее Гуга повторува по нас лесни зборчиња, како мало чиче е Мајмунче се пентари нагоре а омилено му е кога ќе му речам бегај бегај те фатив и демек бега во место Измеѓу станав тетка, на дооооолго очекувана внукичка пресреќна сум Следна недела почнуваме со адаптација со баба му, се надевам ќе оди добро да немаме многу нервози и да не се контраме ептен зошто мнооогу различни ставови имаме околу што треба а што не. Мајкин ќе го мислам ептен ама некако и омекнувам дека ми треба малце да се вратам и јас во светот. Периодов имам проблем со желудник ме убива ден ноќ ама не сум дошла на ред да се жалам ниту пак проверам, машини за перење пеглање колку сакаш - време сè помалку. И така во глобала, се држам. Си користам максималмо гушкање со бебло па ќе видиме како ќе оди Шетнете, преубаво е надвор.
Добро вечер мајки Како сте? Бебо веќе не е бебо, а јас упорно си го викам бебо и сите ми велат ама он е голем дечко како бебо, е така мене бебо ми е сакам да е малечоок уште малку барем. Денес го сватив тоа, бевме на роденден во игротека, таму се изнаигра седеше сам со останатите деца со девојчињата што ги чуваат не ме побара час ипол, а јас само го ѕиркав одстрана и седев ко на трње да не почне да плаче, всушност него му било убаво. Знам деца си сакаат деца и сега е поголем го гледам си игра, сам си наоѓа занимации. Дома се влечка секаде по мене оти нема друштво тоа ми стана јасно, да има ке си игра сигурно, иако зборев дека ке седи до 2 години дома, се почесто ми се врти мислата да го запишам порано во градинка, можеби подобро би се вклопил. Цел воодушевен беше кога виде папагал, и со мм тоа се договараме папагал да му земеме еден Веќе не оди туку трчка и сам кажува каде да одиме Полека се враќаме во креветче, дури еве го и сега спие таму, а јас го варадам и ја дочитав книгата. Имам време конечно, навечер да прочитам 50тина страници, читањето ми е љубов од средношколски денови,малку го запоставив кога се роди бебо, ама еве се враќа моментот да уживам во тоа и баш ми е убаво на душата. Со креветчето сме те сакам/те мразам период, а мм збори како зимава ке ја местиме неговата соба пошо на лето ке нема време, а наредна зима некако ептен касно се гледа да биде 2ипол ке има тогаш и мене ме фаќа де жал што ке оди во своја соба сам да спие, де викам време му е веќе голем ке биде на пролет/лето и така ја сум таа што треба да се убеди не бебо Кажав се што мислев, имајте убава вечер
Не ми се патува со дете. Имам некоја одбивност да треба да патувам со дете. Дали сум изнаслушала лоши муабети колку е тоа пеколно или сум станала премногу зависна од удобноста на домот. Не ме возбудува одење на некоја дестинација како порано. Всушност од целиот туристички хајп ми е доста. Преценето и пренепотребно ми изгледа, а не беше така. Не разбирам што се случува со мене.
Ни порано не ми било забавно, сега со деца па ич. Можам корења дома да пуштам. Особено со бебе. Ако тргнеш негде само на 2 дена, пола куќа треба да ја земеш со тебе. Дури се соберам, однесам, вратам и распакувам, ми се смачува цело шетање. Вака само до паркче со една пелена и влажни, доста ми е.
Детево не спие, во градинка тешко, работата ми е стресна, на резерви сум.. И се трудам пак да биде се како треба, да готвам здрава храна, да не гледа екрани, да биде прошетана, анимирана. Да цица. И од време на време ќе дојде момент да се преиспитам. Сите блиски со деца што им се на доење им даваат адаптирано навечер пред спиење и на сите будења (едно или две), и им спијат. Или ги одбија после 7-8 месеци и им спијат. Моето на 13 месеци уште цица кога ќе стане сабајле, пред спиење и уште едно 5+ пати ноќеска. Не ни бројам во последно време, во делириум сум. И не ми пречеше до скоро. Ама овој умор и стрес ми се собра. И преку ден сака 200% внимание, денес се стискав да не одам да мочам од што нр можам да слушам плачење повеќе. И помислив да и пуштам да гледа цртан и да искулирам, ама не, нели не треба. Страв ми е дека после ќе бара и вришти по телефонот и се ќе биде полошо. Или си правам филмови? Околу исто сите деца се со телефони, некои покасно прозбореа и проодеа ама мајкиве не гледаат проблем во тоа и тврдат дека на 13 месеци учат убави работи од биби и боби што мене здравиот разум ми вика дека не е така. Али него го губам и преиспитувам се што правам и зошто. Полесен ли ќе ми беше животов да не се замарам, да не ја дојам, да јаде плазма за ручек и цртани пред спиење како што прават сите
Не мора да јаде плазма за ручек, но фала богу дека ќе пуштам нешто да гледа ако стварно морам да одам во тоалет. Луѓе сме ..
Не си ставај ,,вина” дека нешто не правиш како што треба. Пред се си живо битие, кое има потреба да издиши. И ако дадеш телефон или на тв пуштиш цртани 15 минути, за да се измочаш, нема да створиш зависност. Има деца кои телефон не виделе, па пак покасно прооделе и прозбореле. И дај плазма нека руча еднаш. Нема ништо да смени. ТИ за ТВОЕТО дете, си најдобрата и најгрижливата мајка!
Моето е помало , си поминала повеќе работи пред мене ама најдобронамерен совет од мене ти е да се опуштиш. Дете растеш, жив човек, во нешто ќе згрешиш нормално е . Паралелно со детето растеш и ти како мајка. Не си совршена, имаш право на оддишка,одмор, кафе на раат и мочање. 10мин пред екран не создаваат аутистично дете. Од 10мин песнички нема да му задоцни говорот. Преголем притисок се создава врз нас да растеме деца врз кои се тресеме па затоа ние збудалуваме. Ќе порасне и со плазма или некогаш кифла за доручек. Голема е разликата од запоставено дете (во поглед на храна,нега, активности и сл), и дете чија мајка мора некако да си го купи мирот барем за едно мочање. За своето си најдобра мајка во тоа сум сигурна, биди добра и за себе. И на детето му треба тоа.
Цртан не мора на телефон, можеш и на тв. Нас ни се пуштени Биби и Боби, Пиличи и по нови Ноди бар по 1ч во денот, ама па и ние си гледаме се смееме. Си имаме реплики што си ги користиме по дома во интерна комуникација. Да ти кажам детево на 21м збори ко стринка. Јас сум против екрани, ама не и дома да е глуво. Не знам кој те излажал дека до АД поише ќе спие, тоа да ако е на АД само па да си терате така. Одбиен е од годинаипол па пак си станува да провери дали сме тука, за вода, да муабет... Нема правила. Можеш да намалиш подои, да скратиш нешто, ама не мора да одбиеш. И не прават сите така, ти створил некој лоша слика за самата себе, ти супер правиш и терај си. Освен за мочањето, пушти и цртан и оди мочај оти ќе накалемиш уринарна. Пушти цртан и за кафе да испиеш, големо чудо, пак ќе си играте после. На тоа дете му треба здрава мајка, не оптеретена и нервозна.
Фала на одговорите преблагодарна сум ви Колку било полесно кога ќе си кажеш. За мочањето несвесно беше тек кога се освестив се сепнав што правам... А иначе секако дека не мислам дека ќе добие стекнат аутизам или нема да збори ако гледа малку цртани, ретко ама давам во кола некогаш кога нема друга опција, ама страв ми е дека дома после стално ќе бара и ќе има тантруми околу тоа (ова ми е пак од примерите од околина). Слично и за храна, после плазма дали ќе ми ја јаде манџата со леќа
Дај си оддишка. До кај 9-10 месеци не пуштав ни јас, ама баш заради тоа кај и да видеше ТВ без разлика што имаше пуштено беше ко хипнотизиран, сеа може цел ден да вртат пиличи, биби и боби нема да ги загледа ич не го интересира телевизорот. И нела гледа бре од 20-30мин ништо нема да и биде, а ти ке испиеш едно кафе раат и ке се опуштиш. Плазма му дадив не ја сака, ама затоа вечера секој 3ден му е чоколино.
Не давај само телефон, зошто има нешто во тој мал екран што ги хипнотизира. На тв е друго, на телефон вака ќе сфати дека секаде може да добие цртан и ќе ти бара. Јас ти викам, пуштам и едвај чекаме дома нова Биби у Боби, штета Пиличи не ни снимаат веќе, многу ми се смешни.
Околу јадењето се зависи од детето. И јас како тебе на почеток кога беше помал се потресував. Кога ќе видев дека ми идат на гости со животински цревата ми се превртуваа (до година и некој месец немаше пробано чоколадо). Потоа се опуштив, не можам цел живот да бранам, и ден денес, може да изеде две животински и по 10 минути да седне да јаде манџа или било што ќе го понудам. Последниве 3 дена е опседнат со леб и маргарин. Стои пред фрижидер и чека пресреќен. Ќе му дадам малку да се залажи после ќе се префрлиме на манџата, и ќе ја изеде цела. Е сега морам да напоменам дека единствената грешка ми е што јаде со телефон, си има негова масичка и нема шанса да почне да јаде без телефон. Предноста е што на телефон си гледа видеа негови, премногу ретко цртани. Ние имаме проблем со вода, ја плука по него и не ја пие, само на сокови и чаеви е.