1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.772
    Допаѓања:
    12.144
    Пол:
    Женски
    А зошто не се измочаш со неа? Јас и голема нужда сум вршела со бебе на цицка, јбг не сум имала избор. Се правам со децата низ дома, ручек, машини, правосмукалка, двајцата се со крпички по мене, па така и ретко ми требаат цртани. Цртаните кај нас се пуштаат кога сакам да легнам 15мин или кафе да пијам и зависност воопшто немаат, напротив секогаш ќе изберат мое друштво пред цртани.
    За храна исто, јаделе и пица за ручек ама манџите им се прв избор. Веројатно е до децата ама поверојатно е заради балансот. Не можеш се да забраниш, може да има обратен ефект.
    Опушти се, одлична мајка си ама и ти имаш свои потреби. Се што е умерено е во ред. Вака размислуваш дека си со едно, па можеш целосно да се посветиш, а со повеќе кој крај ќе го фатиш? Вака ќе полудиш.
    И пробај со ад пред спиење, може ќе поспиете и онака млекото не и веќе храна.
     
    На Mumoftwo30, Lizi, kozuf и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    6.019
    Пол:
    Женски
    На ад е па не спие. Има периоди кога станува 1-2 пати, ама и периоди кога не можам да избројам колку пати се буди. Има деца на доење спијат подобро од тие на ад, а и обратно. Значи не е до млекото, до детето е.
    За цртани ништо страшно ако пуштиш, нема да стане зависен од малку, лошо е кога по цел ден гледа и нема други активности. За наиграно дете, прошетано, здружено со други деца и со активности дома малку екран не штети. Еве ние си имаме убава рутина која искрено мене многу релакс ми доаѓа. Сабајле стануваме и заедно цедиме сок во кујна па седнуваме на доручек, нормално тој јаде побавно од мене па се дојадува со блипи, а јас пијам кафе со другарки на камера. Ова ми дава толку убава енергија за почеток на денот, не можам да опишам колку добро се чувствувам после кафето со другарки, како секојдневно да сме заедно ги осеќам а едвај еднаш годишно се гледаме. За цртани само внимавам многу што пуштам, такви 3д хипнотизирачки како Кокомелон не сум пуштила никогаш. Сега гледа Блипи, претходно Мс. Рејчел, внимавам да се едукативни и реални сцени. На телефон имам пуштено неколку пати во кола, дома стриктно на ТВ. Другиот дел од денот обавезно вртат златно славејче или поточиња, не можам со изгасен телевизор параноја ме фаќа а и вака имам поубава енергија дома. За во вц ако не е расположен го зимам со мене, кога е океј го оставам во столче и му давам некоја безбедна активност како штипки за алишта да става на канче или да прави дупки од цевки во стиропор, кога слушам се раскенкува пуштам блипи од вц преку телефон на тв и имам мир 10тина минути.
    За храна внимавам и јас дома, ама кога гледа нешто давам се, ништо не му е забрането што ќе посака.
    На овој начин мислам дека има можност да се запознае со се што прави околината, ама да не стане зависен зашто му е ограничено.

    И како што пишале сите, ти си најдобрата мајка на твоето дете. Ама за да те држи енергијата мораш малку да издишеш. Не си само мајка, и човек си! :l:
     
    На strelec231992, Трагедијаупмм, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам многу...
    Иако касно враќам, само да напишам дека ништо не се применило..

    Саглам од градинка неможам да го земам. Вчера беше лош ден иако после недела и пол само (непроменето)
    Се чуствувам како да не сум способна мајка :/

    Неможам саглам и со внимание да го земам од градинка.
    Ама ќе напишам нова објава за таа случка од вчера.
    Разговарам, прво овде со вас се искажувам па после и ако со некого се чујам ,зннам да попатно и се искажам (сестра ми, братучетка ми, мајка ми .)
    Сепак добро велиш, можеби е добро и некој чај да земам ...
    Пијам засега од овој за лактација :l:
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Така е :/ свесна сум
    Сопругот оди на работа
    Неговите (и сестра му) си живеат на др место (малку оддалечени) но и да дојдат, гледаат да проведат време со постарото дете (2г) . Играат, читаат, се смеат, јадат...
    Ми недостига тоа..
    А малата е "моја работа" .
    (Да напоменам кога беше тој бебе, тоа не беше така!*)
    Нејсе..

    Затоа се форсирам јас, да постигнам све што можам (а неможам)
    И еве тука се чувствувам некако олеснително кога ќе се искажам.

    И јас сакам да поминувам "релаксирачки" време со него, а некој да ја понишка неа или шета вамо тамо јиз соба.

    И јас сакам да излезам во парк, да појдам со него до маркет како претходно, да му зготвам нешто ...
    Сега сето тоа (*процентуално повеќе другите) , а на мене остануваат "лошите работи" за едно дете ;) : пресоблакање, капење, миење заби...

    Незнам...
    Еве си велам така ќе е почетоков само.
    Два месеци сме сами
    Би требало да е малку полесно после во однос на овие обврски :l:

    Дали е само едно детенце? :D

    Немој да се секираш, еве јас со две (едното две год др два месеци) под невиден стрес сум.
    Дали малово има доволно внимание..
    Дали поминувам доволно време со неа како што поминував кога беше тој бебе .
    Дали правам исто или помалку

    Према него: дали исто "се давам" како до кога беше сам?
    Дали е осамен? Дали е љубоморен? Дали ме сака? :D
    Дали го "опуштив" премногу насочувајќи се кон неа, во смисла : немаш за све време, пушташ цртани ...додека ја капеш ,додека таа плаче...
    храна се нешто на трчање..
    Се мислам, се разочарувам...споделувам овде, добивам совети, добивам поддршка.
    И ТОЈ ЦИЦАШЕ ДО 15 МЕСЕЦИ! БЕЗ ШИШЕ! САМО ЦИЦАЊЕ

    сега незнам дали би го успеала тоа
    Морам да балансирам со двајцата
    Ова што поминувам време овде да напишам нешто и да го опуштам мозокот е луксуз.

    ЗАТОА немој да се секираш! Се правиш како што знаеш и умееш, немој да се "казнуваш" со мислите . Се снаоѓаш на најдобар можен начин. За брзо време се ќе помине и ќе се јадат и в кусни оброци, и ќе се црта и ќе се бои, и чита .
    Но сега е така како што е

    Барем и кај мене

    Ќе ви кажам каков ден имав вчера, на земање од градинка
    Коса да искубеш
    И јас се запрашав и си велев
    Не заслужуваат ваква мајка како мене, не! Не сум способна..итн
    Таа крескаше за цицање, немав кај да застанам. Немав шише. Тој идеше по нас, таа во раце мене..хаос
    Луѓето што ме гледале си имаат речено" женава бара помош". Раце и нозе ми се тресеа.
    Застанав на едно место, и давам града.
    Несака! Креска вреска
    Малово стои до нас. Не гледа емпатично
    Почна да роска дождец...
    Ме фати паника..
    Големиот вика "мами немаме чадор" :/

    Некако успеав да го добијам сопругот и дојде да не земе. Фала богу беше смирен. Немавме кавга

    Потоа само вечерта си правев ретроспектива и реков:
    Незнам што да правам, толку можам и правам колку што можам.
    Стресно ми е носењето и земањето од градинка оти цело време ми е на трчање. Немам време да ги прашам тамонкако поминал, што правеле, се на трчање, се на бегање..

    Помош?! Да , има кој за помош
    Ама сите сакаат само со него и околу него да ми помогнат. А тоа е најмал проблем.
    Не примам таква помош..

    Е тоа...

    Само кажете дали идат полесни или уште потешки ситуации во однос на ова? Јас си мислам полесно ќе е
    И таа повеќе ќе разбира
    Незнам. :/
     
    На Coco31, DaisyDream, firequeenn и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.772
    Допаѓања:
    12.144
    Пол:
    Женски
    Кај нас стануваше потешко како раснеше второто :|:hug: Ама па кога ќе разбира второто ќе си играат заедно тогаш барем дома ќе можеш малку да седнеш, надвор Господ на помош :D Дури сега почнав успешно да ги менаџирам на лулашки малото 2г, големиот 4 ипол. Трпение спасение ми е мантра.
     
    На DaisyDream, lackygirl, kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    7.520
    Пол:
    Женски
    Како е по дома кажи нешто со дете од 2год и бебе,:) со две веќе ред имаме фатено што велам, како е со 3
    Кога се роди второт не видов некоја мака дека првото ми беше големо, независно од мене. Ама сега со дете од 2год и бебе некако страв ме фаќа:D:D
     
  7. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    @kozuf јас никако не пуштав цртани до кај 4 5 6 мес некаде незнам точно поточно цртан не гледа не ја интересира незз како и зошто, ама ако и пуштам жижи :D очи не отрга, навечер е борба пред легнување и мн плаче додека ја спремаме и почнав да и ја пуштам за да слуша и да се смири после почнав и на тв да ја пуштам жижи и тук таму некоја биби боби и пример гледа активно некои си 10 15 мин поссле си играе, да погледот ке и избега кон тв но и си играе. Имам близок пример од дете кое е нонстоп со телефон и мн малку говори веќе е 5год, носено по логопеди за да почне да зборува и водена од тој пример не сакав да пуштам, но има разлика од цела ден и поласаат/ саат. Искрено не гледам проблем ко што некоја спомна горе се додека е умерено и јас давам чоколино и бискотки и лебче ама јадр и овошје, гледа и тв ама и шетаме(ако прескокниме да шетаме е проблем оти ништо не и е интересно:D). Дека ке ми се мава од земја ако не и дадам телефон тоа никако и никогаш нрма да и дозволам ама за малку раат и за до вц или ако треба неш да спремам а она кенка тогаш да. Воопшто дома тел е укл цело време може да ја заинтересира ако се реклами ама претежно ми е пуштен некој филм што никој не го гледа(facepalm) и мн пати ми се покажало дека доколку нешто браниш е полошо.

    Иначе ние четврта недела во градинка, од вчера им кажав дека мора со спиење да останува и незнам дали кај сите е така ама едната тетка ми звоне во 1и15 ми вика на работа почна ли викам уште не ( има кажав дека сум од среда на работа за да почне да спие веќе таму)и ми вика твојава неќе да спие спиена е само 5мин да дојдиш да ја земиш, јас одам бебе весело ко никогаш, др воспитувачка ми вика ами она спиеше стана а презаспав пак стана и да не писка да ги разбуде др затоа ти се јавиме. И ми вели знаеш ке се навикне не е ништо спорно а јас се чудам на кој да верувам и како може да се толку различни. Бебево мое беше гладно му дадов јадеше и до 4 додека се успа само ка ка ака :D ама ми беше ќеиф да ја слушам. Ајвар направен ,утре уште да се фарбам и може да почнам на работа. А баш му се пофалив на сопругпт дека конечно се осетив пак убаво пак како јас, и сега почнува нова фаза:D
    Од оние што сне нова година породени, некоја ако почнала на работа да каже како поминала, за нас нема за жал адаптација :D директно на работа
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  8. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    1.584
    Пол:
    Женски
    Моето го обожава тој квизот што го даваат на МРТ Квиско. Не знам зошто но дури на глас се смее од тој водителот. Обично го даваат и на МРТ 5 каналот околу 21 навечер. Тогаш баш е избањат и го облекувам во пижами па го погледува Квиско 10тина минути.
     
    На DaisyDream и see.emily.play им се допаѓа ова.
  9. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    3.569
    Пол:
    Женски
    Добро утро од плажа ☕️☀️
    Бебка ме почасти утрово поспа малце поише па и кафе сама на раат испив. Кафе со поглед на море = рај за мозокот.
    Времево како за крај на септември пријатно ме изненади се изнабањавме. Само ние и пензионерите на плажа, со сите баби се поздрави детево на сите им направи да пукне:D Само она се слуша на плажа, пишти,дрдори што би рекол мм: женска главо затвори уста малце:D.
    Не знам дали е вака кај сите, ама ова дете кога не сме дома не јаде ! Џабе мкнам со мене блендери и тенџериња, не јаде повеќе од две три лажички. Дома е разјадена убаво, а сме негде затвара уста и по цели денови само цица.:worried:
    8 месеци направи јас не знам како ќе издржам да ја дојам до година како што планирав. Ноќите се хорор. Да може под пижама да ми спие со цице во уста. Мала ми е да ја одбијам ама за еден месец се враќам на работа,ова не се издржува вака. Од следна недела со свекрвица ќе почнат да се адаптираат една на друга да се чуваат па држете среќа. Долго нема седено со никого ако не сум јас, ама трпение мора да се научи. Како сите така и она.
    Како вчера да ја родив , а сега пишувам за враќање на работа. Не ми е верно колку брзо лета време. Измеѓу сите плачки,мочки, нишкања, детето ми расте. Да поуживам уште некој ден со неа , знам ќе ми фали седењето дома колку и да е тешко:inlove:
    Се кажав, а не знам што кажав. Убав ден мајки:f:
     
    На strelec231992, Coco31, DaisyDream и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.772
    Допаѓања:
    12.144
    Пол:
    Женски
    Јас поголема мака имав со второто кога се породив, исто се мала разлика 2,5 год ама првиот ми е премногу приврзан и многу ми беше тешко. Сега со ова бебе некако е полесно од таа страна зашто батковците си играат и многу не му обрнуваат внимание ама морам очи и на газот да имам зашто ова средното со прст во око му брца или го гушка без осет, му ја зима цуцлата, такви работи прави ама пак не знам што може да му текне. И ние имавме ред фатено ама сега тешко оди, ќе колабирам кај и да е. Двајцата ми се болни, ние со маски ради бебето, помош немаме и посебно ноќе е многу тешко да се издржи, а после цел ден да останеш на нога, да ги анимираш, да средиш, да ги прошеташ…Маж ми плус работи по 10 саати, хаос сме искрено моментално едвај чекам да оздрават и да ги вратам во градинка. Инаку 3 деца стварно е богатство, убаво ни е дома весело, некако повеќе хармонија има од порано, знам дека доаѓа потешкиот дел и малово кога ќе почне да разбира малку повеќе ама засега функционираме :)
     
    На strelec231992, Coco31, DaisyDream и 10 други им се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    8.901
    Пол:
    Женски
    Богатство право е да :D
    Сабајле поголемата седнала до женското бебе и фатила рачиња..рам сам сам...пее ли ,пее и текна после да седнала врз машкото да виде дали ќе плаче (facepalm) а тие со очињата глеткаат во неа така радосно.:inlove:
    Глетка прекрасна беше тоа.
    Ама уши и очи и на газот имам,кога се сите 3 дома сите сензори ми се активни,ама за таа сметка сега сум послаба и пред бременост дури со фитнесот и жонглирањето на децата дома.(hollest)
    Уште да ојачам и живците уште малку нема да е лошо:muscle:
     
    На Coco31, DaisyDream, kozuf и 9 други им се допаѓа ова.
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    7.520
    Пол:
    Женски
    @Skyler дека се богатство да, знаат и да се закачат, и караат за играчки. Ама па љубов се кога едниот ќе направи беља а другиот сака да го скрие. Или ако биле неколку саата разделени па кога ќе се видат.
    Дека е тешко, тешко е и со едно, и со две и со три.
    Пример кај мене беше потешко со едно дете него ли со две. Со второто кога се роди некако полесно е, дали такво се погоди мирно бебе, само да спие и јаде, после тоа со поголемото сами се заиграваа,искрено не ни осетив дека имаме второ дете. Е сега со третото како ќе биде ќе видиме.
     
    На Coco31, DaisyDream, Mom's_life и 4 други им се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    8.901
    Пол:
    Женски
    Уште полесно ќе ти биде.ќе си имаш помош околу бебето.
    Инаку ќерче беше викендот кај баба и' во друг град,кога се врати неделата дома прво што направи е веднаш отиде кај близначињата да си ги види,па ги бакнуваше,па им збореше,безусловна љубов е тоа.
    :inlove:
    Секаде каде нема дечиња нека дава Господ.:sun:
     
    На strelec231992, Coco31, DaisyDream и 9 други им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.460
    Допаѓања:
    22.338
    Пол:
    Женски
    Големото кога и да влези дома прво кај брат му оди :inlove: мене кој ме шиша :D

    И јас пуштам тв со српски, со кокомелон, ама не гледа мн, си има неколку што ги сака и кога се тие ги гледа па и кореографијата ја игра цела, со аплауз, со тапкање со нога, со свиш свиш :rofl: The wheels of the bus, кад си сречан исто цела ја игра :rofl:
    Првото дете исто гледаше, на 18 месеци почна да зборува со 2 збора реченици.... Па и телефон после 3 год почна да користи, прво со едукативни игри, после како растеше си снимаше сам игри. И сега на 5г и 9 месеци игра ама ако му го земам не се буни. Кога спие брат му тогаш игра оти досадно му е :D иначе нон стоп си играт заедно и си се барат еден со друг.
    Се да е умерено.
     
    На Coco31, DaisyDream, Spidy и 6 други им се допаѓа ова.
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    6.639
    Јас од понеделникот почнав на работа, а бебето дома го оставив со свекрва ми да се чуваат. Засега добро се држам, имам спремено оброци за малата, на нив пишува,ручек,вечера кога да се даде, хип сокче растворено со вода во филџан и пишува кога да се даде... се ми е скоцкано. Среќа имам што свекрва ми ме слуша и по мој тертип ја чува, ја заспива кога ќе и речам и слично. И реков екрани минимално да има небитно дали телефон или тв што е можно помалку. И за тоа слуша.

    Јас реков добро се држам, ама
    премногу организација сака. Ја тупам главава што да дадам за јадење, во меѓувреме го мислам поголемиот кога ќе се врати од градинка што ќе јади, таму дали јадел, дали е како што треба се. Го мислам и дека не се гледаме кога сум јас втора смена. Како да сум во некој бубањ со обврски каде нема дугме стоп.
    Што дека сум само два дена тргната на работа осеќам дека денов ми е мал, дека помалку ги гледам децава и осеќам грижа на совест. И во недела дежурна сум;( тоа е капак на адаптацијава.

    Рано е да донесувам заклучоци во врска со работава дали ќе продолжам ама знам дека бев поизморена дома по цел ден со децава, посреќна бев.Вака само кај нив ми се мислите.
    @Dennings Навистина ќе фалат тие денови на седење дома, мозокат раат ти е сега,верувај. Уживајте:f:
    Ќе видиме. Стајте едно кафе ајде.:coffee:
     
    На Coco31, DaisyDream, Fenix05 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    341
    Screenshot_20240925-171617_Chrome.jpg
     
    На DoubleK, strelec231992, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    7.135
    Пол:
    Женски
    Ај малку и јас да чкртнам овде. Одамна не сум :)
    Денес трчканици околу документи, си ја нострифицирам дипломата за да можам да почнам да барам работа. Завршив работа. Поднесено :clap:.
    Ама низ нос ми излезе. Дете, као го чуваат ( и муабет се нафакаат да го чуват дур да го примат во градинка ), идење дома дете укакано кој знае колку време, му преминало малку и на боди и си велам... Вака ли ќе го чувате дур одам на работа? (facepalm) , дефинитивно прво градинка,после вработување. Втор знак, дека баба и дедо не треба да чуваат деца туку да причуваат... Седам и на комп пополнувам барање за нострифицирање, идење дете и ми прави бељи... Дај бре причувајте да завршам. Неколку саати и почнаа ајде мама докле сииии.
    Ми се идеше да ги прашам ... како ќе чувате дете 8-9 саати, а сега едвај неколку издржавте.
    Се нервирам од што се силат многу, и јас испаѓам лоша што сакам дете да оди во градинка, а демек има кој да го чува.
    Па да ви се плукнам на вакво чување, во градинка исто ќе седи укакан и тоа нема да ми е чудно, ама дома... Страшно ама страшно.
    Ајт се испукав за ова ... Ама нека ми е со среќа и побрзо да добијам одговор за дипломата и да се оправам да барам работа, оти сум на раб да побудалам дома :drunk:

    Кој се снајде во пишаново му честитам ;)
     
    На strelec231992, atz1995, Трагедијаупмм и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Прв ден на работа 2ра смена, сон 3 саати, бебе со температура.
    Убав старт;(
     
    На Dennings и sani99 им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.648
    Допаѓања:
    99.576
    Пол:
    Женски
    Зошто во градинка да седи укакан? Па ги преслакаат.
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    7.135
    Пол:
    Женски
    Така му е зборот, сигурно одма нема да го приметат како јас што правам. Па очекувам да поседи троо укакан. Инаку знам дека ги пресоблекуваат. Ама тоа дома не го очекував искрено, толку да не го сети, а го симнала на улица.
    Муабетот ми е очекуваш дома баба подобро да го гледа отколку во градинка нели де... Ама ништо од тој муабет