И кај мене бабата не го осеќа зошто не и функционира носот, не мириса, па го проверува ама ретко го остава какан. Во градинка нит го остаиле какан нит црвен го имаат вратено. Додуша они шлапаат многу павловичева дури преку пелена мириса на павловичева, ама тоа е што е.
За ова со телефонот има 8м од 6ипол му пуштам песнички нешто да галами устата пена ќе ми фати(кога сме повеќе луѓе не ни пуштам) кога се возиме на подолго или сами му пуштам биби и боби дури и биби ја има на играчка пусти радости е па ене го ништо не му е некад па не се ни интересира,некад па и наши канали гледа чисто го интересира дека зборат. Не му пуштам со цел да биде ко зомби пред тв. Мочаме заедно он седнат до мене и ми се смешка,ме гледа. Иако се дешава да трпам од што не стигам ништо да напраам ама ете. Јас дојдов да кажам дека боље 700ден во мојот живот немам потрошено. Му земав подлога,од 6ипол-7м во дубак сега е 8м и го тргнав дубакот и го седнав да подлога. За 2 дена научи од легни-седни да праи,вториот ден дури се тргнеше по подлогата за да го спуштам. Се мести и за лазење уште сила да собере да пушти чекор И е мн боље и секако тука иде свеќи та да да дам 'Еј денес ќе идете на преглед прашај таму за дубакот дали може да продолжи у него,па мене двајцата цело време во дубак ми беа'. Ха ха не викам, а па дента кога одлучивме да не го ставаме, јас во вц и на мм му викаат па дај 5мин ништо нема да му биде не ми го погази зборот и ги одби. И така чисто да си кажам дека напредуваме А и ради тоа легни седни еве 3 дена не можеме да се успиеме од што сака да го прави ноон стоп. Воедно будни сме од 9ч и никако нејќе да заспие И само ми кенка за во раце Се изнакажав Убав ден мајки!
Еве ме, со јануарско бебе, 9 месеци на 1ви, а јас веќе втора недела на работа. Свекор ми и свекрва ми го чуваат. Јаде фино со нив и си играат на под, но со спиење им штрајкува, тешко со плачки заспива. Кога сум втора смена, од 18h почнува да им кенка и да ме бара, а јас 20h доаѓам.. Ноќе дома по 10+ пати ми се буди некои ноќи. Цица ли цица, а има и вечера. До душа, за доручек и ручек јаде 150-190 грама, а за вечера ни 100 грама не ги јаде. Јас болна со висока тт во моментов. Така ми е периодов без везе. Ама ќе помине. Само синко да е добар и среќен, мене тешко ништо не ми е. Ми фали многу по цел ден кога ме нема, ама го мислам него повеќе, си викам сигурно јас него повеќе му фалам...
Зависи до човек и плус постарите некако како да не сакаат да слушнат што им кажуваме као демек ние пред вас деца изгледаме нема што да ни кажувате. Мојава денес дома до темпратура, и кажав на свеврвата кога да спие пошто реално така ми се успива и мене не дека нешто ја терам на сила. Ја успав во 12 пррд да тргнам за 5 мин стана она не ја заспала као не и се спие затоа станала а она не осрка никој до неа и затоа се буди, дури во 2ипол и после во 4 кога реално спие сопругот неможел да ја успие и кај и е мака од температура плус и ненаспана
Вчера му давам чаша вода и му велам повели сине и то мало детуле од 17м ми рече Фала Колку само зборува мене не ми е верно. Раскажува, повторува, вчера на одење од парк во сите продавници влезе и само да ги поздрави, здраво вели и дига раче, од сите продавници спечали по нешто Екстроверт на мајка, јас каква сум срамежлива, детето ќе ме смени. Инаку со спиењто е уште хаос, јас не можам веќе ред да фатам, не можам да го запсијам пред 12 веќе месец дена, предходно во 8:30-9 запиваше, не знам дали е време да отфрлам денски дремка може ќе биде подобро така… Мајака вчера падна со него во раце, кога се заметнав во скалите, многу се исплашив, а за да не го пуштам него паднав директ на колена, се искршив квалитетно, ми треба многу сила да се движам. Половината ми е крш, сеа уште толку ја набив. А утре сум на свадба и требаше фустан да носам, сега не знам што ќе носам денес и тоа треба да мислам, колената ми се модри и испогребани, со такви колена нече фустан. Ај добро утро, добар ден.
И мојот вика фала, повели, молам, извини, многу е културен. Ама јас зборам многу со него, без престан, нон стоп дрндам. И многу збори. Си посвои сам маче од маало, си го собра на тераса си игра со него, многу е слатко, го научи како се вика, јас го крстив Маза дека е многу мазулка и и вика Мажа. Кога го боли нешто кажува, Бои оче, Бои уше... Кога му се спие кажува Нани мамааа...
Кога ве читам вака за зборување, искрено ме фаќа страв дали може со моето нешто не е во ред. Според пишаното погоре може 1/10 од тоа има фонд на зборови. Не дека не зборуваме низ дома, во градинка и на секаде ама тешко пушта нови зборчиња. А разбира се, покажува се. Слики пример кога гледаме, ги реди сите мама, тата, Хх ( името нејзино), баба, деде итн. Животни сите ги покажува и знае како прават. Ама сепак реченици или цел разговор да водиме, немаме сеуште.
Големиот не збореше до 3г, денес рецитираше во школо ко спикер. Не се потресувај, штом има такви резонирања немаш место за паника.
Не дека не зборува ништо. Ама некои 30тина зборови ги врти со месеци. На слика пример, убаво со збор си кажува, кој го гледа. Ги препознава сите блиски. Ама пример како погоре што пишувате ни фала, ни молам, ни извини, ништо. За животни преку 15 различни кажува звуци како прават. Чао пример покажува, а не кажува со збор. Од тој аспект е помалку.
И моето кажува чао и бакнежи дава со рака. Не кажува. Сите животни знае да ги покаже со прст. За се знае кое каде стои. Ако кажеш кај е тоа и тоа, оди директно кај што е. Ако спомнеш јадење покажува накај кујна. Баба кажуваше уште на 8 месеци, тогаш мама не знаеше. Сега баба не вика. Мама ептен кога е кнап гладна а ме нема. Ама затоа тата по цееел божји ден. Било кој збор да го кажам да го каже, она вика тата. Кажи слон-тата, кажи сакам-тата, кажи ова, кажи она, -ТАТА. Можеби е стварно рано за тоа што го очекуваме.
20++ Edit: од приказните пример памти што и раскажувам и читам. Да речеме прашувам што прави Снежана во куќата од џуџиња. Одговара - нана. Таква слика има во сликовницата, кај што спие Снежана. Или каде оди Црвенкапа - одговара баба.
Девојчето можеби нема голем фонд како некои од другите напредни дечиња во темата ама зборовите што ги користи се со интенција за двонасочна комуникација и тоа е се што треба да прави за да не се грижиш. Одговарања на прашања се скил што се очекува многу покасно од 20 месеци така да во ниеден случај не доцни со ништо. Можам да ти се кладам дека набрзо ќе дојде експлозија на зборчиња и до 24 месеци ќе се пушти со реченички и тогаш ќе пишеш да частиш пиво
Мислам дека немаш простор за паника. Моево малово е напредно, големото беше жива мрза. Многу поважни се мисловните процеси, ете велиш памети, врзува процес до реакција (животно со звук што го прави) отколку зборови. Внук мој од 11мм муабет ни правеше, сега е со моето трето, не знае да чита уште, ништо во глава не му влага. Така да не се секирај многу.
Добар ден Делумно поврзано со мајчински маубет ама нај ми држи тука да прашам. Јас сакам да знам зошто имам страшни аверзии од истите мириси како кога бев трудна? Прашок за алишта, ајвар додека се прави... Скроз истите мириси почнувам да ги осеќам и да ми се повраќа од нив. Ова е вака последните можеби недела дена. Породена сум пред 18 и тие аверзии одамна исчезнаа, сега пак ми се враќат. Катаљон посто не сум трудна, ама зошто ми се ова дешава, хормонално ли е нешто? Имате искуство? Едит Испитував трет ден хормони на последниов циклус, дали би покажале нешто тие...?
Од мое искуство ковид мене месо, сувомеснати и слично, и прашокот за алишта. Некое време траеше и помина и сега повремено ни се случува, може пак сме дошле во контакт со вирусот.
Знаеш дека не ми падна на ум тоа? Ама не се осеќам болно, само ми е тешко, ми се гади од време на време. Скроз истото чувство како кога бев трудна во 9-10та недела. Многу чудно. Кога бев со ковид пред некоја година скроз изгубив мирис, а вака не ми се случило... Не знам, мене прво што ми дојде на ум е дека е нешто хормонално оти секако хормоните ми беа лоши пред некој ден...
'Вечер мајки Бубачево ми е омилено, ме претставува мене периодов како се осеќам. Денес најубавиот сончев ден (а може и последно убав сончев за годинава) беше Т У Р Б О денски детски роденден, па возрасен роденден, па на крај веридба Убави моменти ама сум згазена. Беба е умен, сонце мајкино само си гледуцка ќе се посмее на сите ќе погуга ама му е башбаш напорно после некое време. А мене х10 И деновиве така си размислувам очигледно јас сум крива, гледам другиве што требаше да дојдат со бебињата сите сами во провод дојдоа (каснејќи 2ч) ги оставиле по баби, сите веќе АД даваат само јас си го влечам со мене зошто цица бре. Шанса нема да седи заспие со друг ноќе. еве после 9месеци сега сфаќам дека тоа што сакав да сум 100% присутна мајка за бебо а не да користам баба сервис на секое "ми се удри од глава". А чудно е што не ми смета де воопшто не сум несреќна не се каам дека не сум ко другиве само сум малце уморна на моменти. И нели те ограничува, бебо 7.30 макс е заспан, е сега 8.30 уште буден, галама, сите го зимаат без осет ајде некако се држеше ама го фати криза зошто мм цитирам " не можете такси да фатите, почекај 10мин стрпете се ќе си одиме". молам? !! не не не нема да чекам ни секунда ти ако сакаш спакуј се,ние отидовме. Не проаѓаат кај мене такви шеги. Небитно да не забегам ептен од поентата. Можеби и борбата за бебе па и претешката бременост ме изградија ваква да ми е цел свет ова обравче ама некако не ни замислував дека ми е поважно да шетам,излегувам, правам спомени без него во првата година кога тооолку многу менува. А гледам 3 тазе мајки што ми се апла блиски,чаак АД 10 20 дена бебе ај дедо чувај јас до маркет до аптека (за да прошетале не дека маживе неспособни и на работа) и си викам абе јас не сакав да се одвојам од креветчето гледав како дише дали му е топло го вдишував секој негов поглед, не ми е некако природно другово бе што знам? Не ги правам немајки да не ме нападнете туку си мислам да не бев јас премногу здрвена и посветена само на него па сега го мислам дали ќе е добар без мене кога ќе почнам на работа... Ја забегав а кој сфати, ни јас што сакав да кажам. Што време дојде да се осеќам лошо зошто сум давала 200% за сопствено дете будала или дојде време да ја изедам тортаѕа во фрижидер и да не филозофирам Ај ве љубам
@DaisyDoo И мене се уште ми сметаат мирисите кои ме иритираа до повраќање во бременост. Еве првото дете го родив пред 4 ипол години и се уште не можам да го поднесам мирисот од една тоалетна хартија (мм заборавил и ја купил, ја насетив од ходник), кога бев трудна со него црева истурив од тој мирис. Не знам до што е, а многу време е поминато. @Fenix05 И јас во мое опкружување имам само такви мајки, јас сум лигавата што не се поместува од децата. И јас не ги правам немајки ама замисли мене ми се упатуваат коментари како јас можам да ‘дремам’ дома по цел ден со нив, цитирам ‘подобро да израснат со баба и дедо, јас да искачам отколку трето дете да родам’ и пример мене ми е многу неубаво кога ќе почнат да ме напаѓаат ничим изазвани. Ниеден коментар не сум дала, дури и ги разбирав зошто имаат потреба да излезат ама некако толку се нормализира тоа ‘роди дете и остај го со баба’ што сега будали сме ние што сме се посветиле на децата. За родендени што да кажам, толку се изгубија мајките во организација, декорирање, дотерување што заборавија чии родендени слават. На еден прв роденден кај пријатели само ние и уште еден пар бевме со деца, сите ги оставиле дома за да седеле раат Човече идеш на прв роденден кај бебе, кој треба да си помине убаво? Дури и славеничката ја пратија дома со баба за да си поминат убаво родителите. И сега кога ќе видам покана роденден во кафана од 19h јасно ми е дека родителите ќе слават, не децата и го праќам само мм со најголемиот. Ад давам и јас ама од други причини, храна и менување пелени е само моја обврска. Не дека мајка ми не го причувала бебето и немам лошо мислење за мајки што оставаат бебиња на чување ама малку се забега со родителството.
Јас реков нема шанси бебе со баба да седи ке оди во градинка заѕоа што др е да го чува секој ден цела ден др е само после 3часот додека си дојде сопругот. Мн ми е шубе ко ја оставам сега посебно дека е болна и не одеше во градинка, се осекав како да сум се изневерила себе си, ја успивав во 12 и заминував и после се гледаа. Знам дека сака ама не е нејна работа да ја гледа, не ми е лепешка бебево ама они изгледале децца, др е ко мора затоа што су на раб др е за да шетам. Исто велев за ад нема шанси да давам ама почнав пошто ми стана веќе мачно со пумпа , дека беме на измолзено , секоја вечер по 3 пати ставање мин и по 20мин пумпање, за сметка на тоа сега и млеко веќе и да нема и мн ми е криво се надевам ке успеам да го вратам