1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    16.930
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 и јас сум мајка што се нема одвоено од бебо. Година има јас сегде со мене го влечам, мене па и не ме нервираат толку другарки и пријатели кој ке ми речат, мајка ми најмногу ме нервира искрено. Сега последно кажав за одбивањево, луѓе грам поддршка бе да не дадеше. Велам преку ден не давам, па после некое време да се одбиеме здравје и ноќе, следи коментарот " Бадијала не му даваш преку ден, штом му даваш ноќе". Да сум го оставела да спиел со нив, ама како ке сум го оставела цицал и една година јас не сум го оставала со никого. А кој изрази желба да го оставам со него? Никој. Кога и да спомнам дека треба да одам некаде сите си го тргаат газот.
    И не, не ми смета што бебо е секаде со мене, го чекав со најголемата љубов на светов да се роди, и седев над креветче со саати додека спие, јас знам како ми беше и како ми е, ненаспана, не јадаена, некогаш ни до вц не можам да отидам на раат, не очекувам помош од никој од нив ама барем нека не се дрзнуваат памет да ми солат.
     
    На Coco31, Dennings, Sun&Moon и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    4.765
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 , од самата помисла дека ќерка може да остане единица, од Х причини, од старт сакав само јас да сум со неа, да не пропуштам нешто. Буквално првите месеци дека зима ја оставав на 5 минути до аптека да претрчам. После ја носев во кенгур или со количката секаде со мене. Спиење со мене, нормално де. Шетање, хранење, бањање.

    Е кога тргнав на работа, таа во градинка, па вируси, бактерии, што уште не, плус работа во која се бара мое присуство и достапност 24/7, почна да си го зема данокот и по моето здравје. Сега ја оставам и само со татко да прошета. И со баба и дедо, по некое време од денот.
    Сеуште никој за спиење не се понудил ама генерално сум поопуштена.

    Имам блиска, која од прв ден го остава детето по баби, тетки, кај ќе стаса, не сакала да е врзано само за мајка.
    Од старт да се учи само да се храни, од прв момент кога ги извадоа памперсите само да турка/крева алишта, да нема мајката многу обврски околу него. Не чинело преголема поврзаност.
     
    На Coco31, WhiteCat33, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    18.740
    Пол:
    Женски
    Да шкртнам додека се враќаме во Скопје (lalala)

    Викенд истеран, ќерка 3 дена слуша "Веќе никаде не те носам" од шо е умна, нели. Апартманот цел го преуреди, и сабајлево стана у 5 оти треба да го вратиме у првобитна состојба |( Сега спие btw. И љубоморам.
    Од поинтересните работи, се видовме со едни од најдобрите пријатели ама овој пат квалитетно. Пресреќна сум за тоа :inlove: Колку-толку со нив беше умна :D Бебето стандард, сака дома да го носи а сабајлево ко ја прашав "Сакаш ли сестра?" добив категорично "НЕ, ќе плаче". Значи поентата на муабетот е - Вие со бебиња, па и година и пол дете ќе прифатиме на поседок може цел ден да си го оставите 8)

    Сега со нови сили да се враќаме Скопје, да преживееме до вечер, некако. Од утре пак ќе ми чури главата и се така до недоглед... Колку романтично. |(
    Проблеми се трупаат, јас научив многу убаво да си свиркам :music: Како ќе ги решаваме, еве појма немам.

    За поврзаност со дете да искоментирам, еве госпоѓицава е оставана со спиење од 5 месеци па пак се понаша ко да не е пресечена папочната врвца. Да имам испуштено нешто, не се осеќам. "Главните, битни" работи нормално дека со нас си ги проаѓа. Кај моите оди да се разлигави па да ја превоспитувам после додека не дојде време пак да ја земат :rofl:
    И уште спие со нас - спалната и креветчето се споени, и искрено страшно ме нервираат клоциве што ги јадам по цела ноќ. Имам пријателка првото дете спиеше до 9 години сама со неа, па роди второ сега второто спие со неа. Мажот 19 години у дневна ќе спие изгледа :D

    Не напаѓам никој, да се разбереме - сите си знаеме најдобро што и како за нашите деци :inlove: За мене и онака имаат 158405 причини да ме распнат на плоштад - не е крстена, не цицаше, бевме сами со мм на одмор, "строга" мајка сум, не сум раѓала второ, бла бла блаа.. и на тоа многу убаво свиркам :dance:

    И така, свашта пишав а ништо не кажав.
    @Skyler сакам да ја прочитам подетално колку е позабавен животот сега :party:

    Ај ве гушкам сите и поубаво да свиркате на непотребни коментари :sun::hug:
     
    На Coco31, azelea, Tea SK и 19 други им се допаѓа ова.
  4. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Јас не сфатив зошто да се осеќате лошо што поминувате цело време со децата. Другите нека си прават што сакаат, немам што да анализирам за некоја дали го оставила со баба или му дала АД или ако некој ми каже приврзан бил, па да мајка и татко сме му. Еден многу краток период ќе биде тука со нас и ние ќе му бидеме омилени, после ќе стане свој човек. Ние сме си лигави, го оставаме ептен ретко, дали еднаш месечно и саат време ни е убаво тишина и одмор, после веќе ни фали.
    Времето ми лета, детево впива како сунѓер, многу е интересен. Уште да слушаше малку, ама па тогаш за што ќе се жалев.
     
    На DoubleK, јolene, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    7.828
    Пол:
    Женски
    Зошто конкретно кај мене сопствена мајка ги смета за позитивен пример другиве што ги наведов а јас не сум чинела и не сум му правела услуга на бебето што толку било врзано за мене и ме барало наместо од мало да си седело секаде а јас да не сум била напорна да прашувам како е и дали јадел/плачел кога го чувале. Требало кога ќе го оставам да заборавам дека имам дете - во слободен превод. Тоа е емотивец сум и ме гаѓаат коментарите кога мислам дека правам сè за моето дете а на крај некој доаѓа и ти вика пааа грешиш. Убаво вика Луна, не сум научила да свиркам.


    П.с мило ми е што не се осеќам само јас вака и сеуште и ова моево се смета за "нормално"
    Ве гушкам мајки
     
    На LiquidLuna, WhiteCat33, lalinda и 9 други им се допаѓа ова.
  6. .baby.love.

    .baby.love. Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    А јас пак мислев во овој ,модерен свет,, само јас сум таа заостанатата што не може да се оддели од своето дете. Сите околу мене ги оставаат ги чуваат кој како стигне , на Ад или молзено.... а јас добивам коментари посебно од свекица секој ден, каква жена сум била и каква мајка сум што не ја оставам ич и што ништо друго не ме интересирало .....
    И навистина е така ништо друго не ме интересира ни излегување ни правење било што без мојата принцезичка за 2 дена полни 6месеци , толку е слатка и секој ден нови работи изведува и учи и баш ми е забавно со неа , сега и требам , сега цица , сега со мама си е најубаво , се гушкаме си играме, и незнам каква жена сум ама за моето бебе се трудам да бидам најдобра а не за другите кои коментираат и за свекица која секако ќе коментира и да сум приврзна, ако не сум па зошто не сум и така не се мн замарам ... а еве гледам и дека не сум била единствена.
    Само се плашам како ќе биде кога треба да тргнам на работа , уште се мислам дали да ја чува она или да ја носам во градинка, од една страна ми се носи повеќе во градинка некако јас ќе бидам помирна ако е таму , а од друга страна па си мислам дека свекица мн ја сака и подобро ќе ја чува, ама не ми се остава со неа оти има ,, неубав '' карактер си велам ке ми го расипе детето тие учат се ....и така на 300 ума сум ама имам уште 3 месеци за уживање и се си велам ке порасне ке биде поголема и полесно ке одлучам како што....
    Свекица и се радува ептен дури претерано и сака се она .... па неколку пати ја има отерано да олади ..знам дека и се радува ама чекај бее МАЈКА треба прво па после иде баба ...

    И така си се изнакажа и јас
    Немам против мајките што ги оставаат на чување и си тераат ама јас уживам со моето дете и не би го менувала него за некое си излегување....се може да трпи само бебе не , тоа толкууу брзо расте што ќе имаме време за се друго во животот ...здравје само... ама моментите со бебенцето не се враќаат назад

    Поздрав мајки , кралици
     
    На Coco31, LiquidLuna, WhiteCat33 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Цело време сум со него. Сум излегла и на кафе со другарка ама маж ми го чувал. И тогаш седев ко на јајца и цело време сакав дома да си одам. Фала богу на него целосно му верувам бидејќи најчесто он навечер го рани и чува додека јас спијам. Не сакам никој друг да го чува освен маж ми. Моето е на ад па ете само ние двајца си го чуваме.
    Баш ме здоболе дали некој ќе се навреди, а знаејќи ми го карактерот никој нема ни да се осуди да ми коментира дека ќе ги отерам во три лепе.

    Доста е веќе со совети од старите и останатите кој како да си го гледа детето.

    Сум слушала како е најдобро да си носиш баба сервис на одмор и дека самосталност била америчка работа. Јас не се замарам дали некој одел со бабите на одмор, ама да ме осудуваш мене дека сум независна и дека сакаме само ние тројца да одиме сами на одмор извини нема да ти преќутам :D

    Муабетот ми е не се замарај, што и да правиш ќе има коментари :D
     
    На Coco31, LiquidLuna, Amelia. и 8 други им се допаѓа ова.
  8. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Браво мајки вие сте прекрасни вашите деца се среќни што ве имаат некој толку грижлив покрај нив. Јас почнав поретко да го носам кај баба дедо како да осеќам дека ги напнувам. Посакувам и јас да се осеќам како вас да бев среќна. Се правам и чистам и готвам и го чувам малиот но без никое чувство како робот автоматски. Си плачам сама додека го успивам и кога спие никој не знае како се чувствувам. Осеќам како да тонам како секој ден да е ист. Ми останаа уште 6 испити да завршам факултет и да станам доктор но сега тоа ми се чини далечно неможам ни да учам немам ни енергија ни мотив. Почнувам да осеќам омраза кон маж ми го гледам како причината за се ова што ми се дешава си замислувам како ќе беше се да не го запознаев. Извинете што замарам и што носам толкава негатива на форумов.. но буквално несакам на никој друг да кажувам ќе ми се плесне во фаца дека сама ова сум одбрала. Убава вечер мајки:l:
     
    На Coco31, deasmamas, WhiteCat33 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.435
    Пол:
    Женски
    Жени првите месеци од животот е нормално да се осеќате вака и ако сакате да сте цело време со децата апсолутно на никој не треба да се оправдувате, тоа што сега сте со нив и им сте достапни цело време ќе направи да пораснат во самоуверени личности кои ќе знаат дека можат да превземаат ризик во животот оти секогаш ќе има некој позади нив.
    Апсолутно подрашка има на оваа тема од психолози и психијатри, дека прврзаноста за мајката е нешто најдобро кое детето може и треба да го има во првите години од животот.

    Од друга страна како ќе минува време ќе сфатите дека иако вие сакате да сте цело време со нив, на нив ќе им требаат и други луѓе, колку и да ја сака мама и тато, ќе се радува многу и на времето со останатите членови од фамилијата оти ќе му стане досадно само со вас.
    А верувајте со тек на време и вие ќе почнете да сакате да имате малце повеќе време за себе, ама се во свое време.

    Ете моето пример целиот е ќефови кога го носам кај моите, со саати си игра со нив без да му текне на мене, а јас таму сум до него ама не ме ферма. Исто и со татко му кога ќе одат кај другари или на прошетка, многу му е забавно и секако сака повеќе со тато да шета оти му е интересно во машко друштво.

    Вчера пример беше со нас на свадба, толку беше ќефен и рапсоложен, буквално со сите се дружеше, 2мин не беше во мене, цело време со некој се шеташе, играше, јадеше…после некое време дојде мајка ми и го зеде, кога ја виде да знаете какви радости беа…денес цел ден ми збори како деде му купил нова кола и како баба правела туп туп и ваа(динусаурус му глумела)
    На децата им треба време и со други особи, мора да развијат и други врски во животот.

    А ете и мене искрено преубаво ми дојде слободата од него вчера, 3 саата се изнаигравме со мм, се расположив, добив енергија, спиев поубаво, добив одново милост кон мм:D
    Едноставно си посветивме време малце на нас, нешто што не сме правеле со месеци.

    Мене среќа никој од блиските не ми дава вакви коментари, напротив сите ми велат дека блискоста со мене е очекувана и пожелна.

    Денес заспа во 8:30, нешто што не се беше десило веќе месец дена, сега не знам што со себе:D:D
     
    На Coco31, DaisyDream, azelea и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    2.778
    Пол:
    Женски
    Ме немаше одамна да шкрткам во темава, од обврски куп и од лудо бебе. Едвај ве дочитав, нешто и прерипав.
    На тема деца и бебиња, јас веднаш штом го одбив големото го оставив кај баба/дедо да спие. И од тогаш наваму повремено оди на спиење кај нив. Они се приврзани за него им годи негово друштво а он среќа без проблеми и остануваше. Ни било чудно со маж дома дека е мир и тишина ама сепак сме сакале малку душевно да одмориме, да се видиме како луѓе или саглам да излеземе. Сега кога е веќе поголем, никаде не одам без него, другарче ми е за секој повод (освен свадби), сама одам секаде со него и бебево и поретко спие кај бабите. Менр ми годеше да сум малку во мир и тишина и сакав да се навикне со нив, за да може да го оставаме кога ќе имаме обврски за завршување или ако треба да одиме некаде. Со првото лесно се нафатив да се вратам порано на работа. Сменив работа и бев возбудена за нова средина, повисока плата итн итн а него го оставив со баба на чување, ептен добро го чуваше свекрва ми. Ужас бебе беше и јас психички попуштив тогаш и морав да се тргнам од дома и нешто да работам зошто не да бев у тешка депресија, претешка.
    Е сега. Сега сум во поголема депресија. Сега ИЧ ама ИЧ не ми се враќа на работа, прво што не ми се работи на тоа место веќе, второ го нема тој вајб што ги имаше кога се вработив. Штуро е и токсично. Плус мн време ми зема патот до работа, како ќе си ги гледам децата. Не можам да си дозволам финансиски да седам дома за жал. Наназад 2 недели нервоза ме фаќа заради моето враќање. Малово ноќе не спие, се буди на секој саат, јас сум веќе ширач на негативна енергија дома, навечер особено ме фаќа лудило зошто сум најуморна и зошто знам што ме чека со будењето на бебе. Ноќеска ми се споија жички и го оставив 1 саат да плаче, ме нервираше сопственото дете кое што не знае да си каже што мака има. Веќе последните 20 мин ја ги плачев од немоќ а сабајле кога ме виде со веселите очиња и ми се насмеа, плачев зошто сум кретен што се изживува врв бебе. Ама не можам веќе, сериозно не можам, ни тренинг ни ѓавол не помага, го оставам да плаче, не му давам цицка али џабе. Не престанува да рика и шо 1 час тоа трае и буди све живо околу а ја мавам глава од ѕид од нервоза и знам дека ќе заспие на крај и по 1 час пак ќе почне. Некогаш сон не ме фаќа па но тој час да го отспијам. Дење е ок ама ајде иди спиј дење на милион обврски. Треба и да јадам и во вц да одам и дете да земам од градинка и се останато. Ептен ми е се одмилено, нема ден да не легнам без плачење. Аман кога почнуваат да спијат повеќе?
     
    На azelea, LiquidLuna, Kikikikiri0405 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    8.901
    Пол:
    Женски
    Да знаеш јас само колку се научив да си свиркам убаво кога сите три плачат за без врска нешто..:music: полесно билооооо
     
    На le.soleil, WhiteCat33 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Мене сите ми велеа као ко ке имаат 3 полни оброци, кли ко ке тргнат во градинка ке се изморуваат, ама реалноста е дека има ноки ко спие и става еднаш, има ноки ко става на 2 3 саати и ноки ко става на 40мин и нема врска колку јадела или колку спиелла преку ден и такви работи.
    Синока ми требаше над саат да ја успијам обично легнувам и она сама се успива за помалку од 10мин,ама како ставам ме осека и се буди, карав мало дете кое му се спие и ништо не разбира ама неможе , ама пукнав.
     
    На BoNaNa123, Konstrakta и kozuf им се допаѓа ова.
  13. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Мајки сте отвориле тема за која овие дена баш се мислев неколку пати да пишам тука. Значи не сум само јас единствена која се осеќа вака, буквално од збор до збор сте ги кажале работите што ги мислам. Три месеци ми е бебе, до сега ниеднаш го немам никаде оставено, три месеци коментари и од мајками и од свеки, "не му давај ад навечер ќе се одбие, во раце го навикна, кај го шетате толку бебе го изморивте, бебето мајка си бара, зошто сите работи мм ги прави ти си на породилно ти треба и ручек и машини, тоа бебе е не е захтевно нацицај го и заспиј го". Ќе дојдат да си го видат внучето, некогаш ручек ќе донесат, со ноктите средени исфарбани а јас со млеко, неизчешлана, одвај стигам на депилација да одам..и на крај ќе дојдат даси го видат внучето и ќе си заминат.И потоа ќе ме праша мм зошто плачам и сум нервозна.Ете затоа. Мајками се вади со тоа што оди на работа 6 дена неделно, свеки не ми е стабилна ич да и го оставам бебето со терапија притисоци и неможам да се подпрам на неа ама за коментар и двете се први тука. Се да кажат нешто. Наместо барем да ме разберат како се осеќам. Детето си го сакам премногу ама ми треба некогаш да го оставам на 1 или 2 сати и само да пешачам во тишина.
     
    На lackygirl, warrior, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    1.257
    И јас бев таква со првото , крш бев и плачеше за мене до 21 месеци се додека не го одбив скроз а сум го оставала да го поиграт ама јас бев на штрек дали плаче ова она а сега со ќерка ми полабава ептен, секаде е со мене само најголема мака ми е што не сака ич во количка сега откако е 3 месеци па све во раце ја носам надвор, побарај помош или со бебето ако ти прифаќа количка шетајте малку
     
    На warrior, Carolin. и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.435
    Пол:
    Женски
    А зошто не земеш кенгур? Мене тоа ми беше најголем спас, до година така го шетавме. До 6м наназад свртен, после нанапред, многу е практично и ептен ќе си раат, некогаш и ми заспиваше така и ќе завршев по дома нешто, има кенгури за 0+ месеци.

    Нека зборат колку сакаат ако не сакаш да ги слушаш не ги слушај.
    Или речи им, особено на мајка ти, речо а место да ми збориш што како да ми помогнеш малце, да видеш што ќе каже. И ако веќе они не сакаат да го чуваат на саат два, нека го на мм, излези ти.

    Ама верувајте сите сме минале низ истото и поминува многу побрзо од што очекуваш, додека да трепнете ќе станат посамостојни, еден ден ќе се разбудите и нема да бидете под стрес дека треба да јаде, а вие сте надвор или да носите 365 работи со вас за прошетка, или разни такви ствари, само трпение и колку што можете да се опуштате. Користете помош секогаш кога ќе ви ја понудат и не бидете тврдоглави дека можете се сами, медал никој не да ви даде, а вие ќе се преморени и фрустрирани, слушајте мајка која правеше исто и за малце ќе си го уништеше и бракот и здравјето.
     
    На lackygirl, warrior, .baby.love. и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    7.135
    Пол:
    Женски
    Дојдов да си се олеснам на душичкава. Дете вчера ме полуде. Бевме да му купиме патики, ни патики му купив, ни ништо. Не дава да му пробаме. Вришти се фрла, клоца. Ме усрами само така. Трчаше како луд по цел трговски, ни рака дава ништо. А го фатиш одма уклучива сирена на најјако. Се осеќам како нај немајка на светов зошто имам невоспитано дете. Колку повеќе му се попушта толку на глава се качува. Ни зборање ништо не фукционира. Буквално не слуша кога му се збора. Вчера штом не доби ќотек мислам никогаш нема.
    Да, не е мерка за воспитување ќотекот, ама многу пати се прашувам која е мерката за да се воспита своеглаво дете од 16 месеци кое има тантруми страшни од сега. Ова вака дефинитвно не може. Моите нерви не го поднесуваат таквото понашање. Секој ден плачки ако му се земи нешто, ако се тргне од некаде што е опасно за него. Само се вришти. Главата ми свири, пијам лекови секој ден за главоболки, зошто ми се страшни од што ме напнува.
    И само се прашувам, како како да престанат овие испади.
     
    На atz1995, WhiteCat33 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.797
    Пол:
    Женски
    Ај нешто да пишам и јас на темата. Малиот секој ден е понемирен од претходен, се прави по негово, ако му кажеш не тој уште појќе.
    За се е со молење и кога го терам нешто, го молам буквално ајде јади ајде облечи пижами, ајде да спијаме ништо не ме слуша.
    Надвор од дома е најмирното дете на свет, се срами и послушен е во градинка.
    Вчера беше хаос имавме гости и не ме оставаше ништо да зборнам, сака само тој да кажува, ми ја затвора устата ме трга за нос и кога некој друг зборува ќе прави само некој беља за внимание, за само со него да се зборува, нит се видов со внука ми ни ништо. Кога замина редеше коцки и му велам ајде сега да ги средиме, да не биди растурено тој ги растури сите уште повеќе низ цела соба. После кај баба му се опушти да прави шо сака и ништо да не слуша, шо му пукна едно балонче па се скапа плачење, за во знак на револт да го прекаса татко му и да му ја скини блузата со заби. Само малце го искара, за после мене во кола да ме касни за рака а јас го галев, заби имав шо му вратив малце и јас да знае дека боли, пак плачеше.
    Ќе треба неколку дена да бидам сама со него, се надевам ќе е мирен и ќе слуша оти се фокусираме да му биде убаво и интересно шо за да не игра сам ајде ќе играме, ќе посветуваме внимание шо уште појќе се разгранува и не може самостојно да се заигра туку има потреба од некој.
    Се надевам ќе поминеме добро со син ми пошо дос ега се со татко му заедно правиме и него повеќе го слуша,
     
    На Трагедијаупмм и sani99 им се допаѓа ова.
  18. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    1.257
    Имам дома ама некако не ми е убав , неудобен
    Ако можеш слика да ми пуштиш лп каков имаш , ама да има опции поопуштено да е
    Мојата ептен е немирна
     
  19. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    7.828
    Пол:
    Женски
    Од пики земи инфантино 1100мкд е супер е
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    40.435
    Пол:
    Женски
    Го нема мојот тука, од Амазон е купен, ама сигурна сум дека има други тука што се практични, само најбитно гледај да се нозете во М позиција, оти има ефтини што вака изгледаат практично ама уствари не се добро ергономски и можат да направат проблем. И секако кога го носиш треба да ти е високо да можеш со мала наведнатост да ја бакнеш на главата, тогаш е правилно наместен.
    Гледма по град многу мајки со ќенгури и 90% ги носат неправилно, што е многу битно.
     
    На deasmamas, sani99 и kozuf им се допаѓа ова.