Добро утро, или за нас што сме од 5 станати, добар ден. 9ти скок + 4ки вадиме + се ни е интересно = ќе станеме во 5 сабајле. Нема врска што јас заспав дури во 2. На тема приврзаност, мислам дека е сечило со две острици, барем за мене. Обожавам кога нешто не и е по ќејф, па јас сум првата личност што ја бара да се жали. Зс спиење, заспива со свекрва ми/мајка ми кога мене не ме гледа. Е тука ми е маката. Пробав да ја одбијам т.е. Една вечер да ја заспијам без цицање, толку многу се вознемири, што мислам скроз ќе баталам одбивање. 2.5 саати кенкаше, плачеше, очи и паѓаа ама не заспа. Цела ноќ се будеше со липтање и срце ми се скрши. Не сум некој шетач од типот да сакам да одам негде па да треба да ја оставам, ама да сврзам сон една вечер барем. Не е премногу поврзана, ама некогаш ми треба малце одмор. Плус, после проодување, само жива да ја одржиш е задача сама по себе Никој не ми коментирал злонамерно за тоа дали е или не е приврзана, ама како што кажа друга членка, детето треба да се поврзе и со баби, дедовци, тетки, вујковци. Сите ја обожаваат пошто е една сега за сега, и и стојат став мирно. Денов уште од сеа каша попара, како постов ама тоа е, ме разбирате барем, знам. Треба да правиме ехо на мозоче, да одиме на ортопед, да примиме вакцина, да почнеме во градинка, плус сме на свадба за брзо, крштевка, мм ќе оди на момачко 2 дена, значи очекувам уште поголем хаос. Ве гушкам сите, убав ден да си имате
Дојдов и јас да аи се олеснам ќе пукнам од жал. Татко ми ја изгуби мајка му сега брзо. И секако нашата фамилија највеќе си тагува и си ја сфаќа маката. Му спомнав на мм годинава нова година да славиме со моите(пошто уназад 2г или со неговите или со друштво на мм сме). Ама прва година ни била со беба,па да сме славеле сите заедно. И не сфаќа дека не се само неговите баба и дедо(мн ги сака моите и почитува) но, на татко ми поудобно и пријатно би му било мислам знам каков е човекот сепак,татко ми е. Ќе зборел со мајка му и таткп му(у смисла да ги поканат моите) Ме мава некој нерв да му речам дека преку к!р ми е да ги гледам неговите па и за нг да се лигушат со малиов не мислам нити да го држам толку време буден. И така се нервирам,за некој банална работа, за мене голема пошто живееме толку блиску, а толку малку ги гледам(само за викенди) Или па кога ќе речам да спијам кај моите иде "зошто?" Као ха ха,боже мој. И така тема маж е катастрофа. Не е селфиш ама кога ќе спомнам нешто со моите мора конкретна причина да имам. На тема селење: тужно. Нити мрднавме од муабетот "ќе купиме куќа,нејќеме стан" нити ништо тупкаме у место. Него убаво му е кај мајка му, к!р го боли да ми простите. Битно човекот нејќе стан цел живот у стан. Или ќе чекаме "купи куќа,купи куќа" за млади ти реков ми рече. АМА ако спомнам до кај сме, штосме, што е ова, не мрдаме нигде, одма иде па ти ме брзаш, кај да ја најдам куќата,барам поевтино. И така, а зинам све нешто иде подлабоко и подлабоко. На тема бебе:коси да кинеш Ем заби,ем скок во развој. Дете само кенка,само се лути, сака во раце. Давам осанит,глодалки,гелче..џабе.. мора да пројде знам ама ова е страшно. Навечер будење дремење,кенкање КАТАСТРОФА. И така све е страшно,све е лошо,све се распаѓа. Не знам веќе,на терапија ќе одам. Извинете за негативата, ви посакувам убава работна недела
@LiquidLuna Дојдов да кажам само третото дете не се чува само, да не ве лажат! Повеќе ќе пишам кога ќе се стабилизирам од хаосот
Хахаха како ми дојде, ко 1 на 10. Ми требаше да се насмеам Извини шо ти се смеам на маката Те гушкам многу
И мене сите ми го викаа истото. Еве после 9 месеци, уште чекам да почне само да се чува На тема бебе, ми порасна преку ноќ, не го изгушкав доволно мислам. Денес почна во градинка. Он збунет, јас ред солзи, ред мрсули 24/7 бевме заедно, шок ми се и тие први 15 минути разделба.
Не пишувам овде мн ама денес мора да се изнаплакам негде. Караници со маж еден куп секој ден исто. Зошто си го облекла жешко е а бебе со мрсули веќе 3 дена. Надвор во паркот само по тренерки танки и зш сум му клала дуксерче а дуваше 300 на саат, ни да го покријам до ќебе ни ништо. Денес сретнав познати ми викаат малку е ова само по блуза и елече беше а маж тие мн знаат. Само тој знаел се. Бебе не спиеше мн денски па ме умре сега,мислам и горе 1 го мачат. Долу има 2 забчиња и ко зајаче ми е хаха. Куќа хаос,нечисти алишта, пајнци катастрофа. Се изнаплакав. Ми треба помош а тоа највредното го немам.
Сите сме така некако, ама мрсули од еден слој плус облека не проаѓаат. Не си ставај на ум, вдиши издиши и кажи му отворено дека те повредува неговиот став кон тебе. За облекување на дете кажи му дека ти си таа што одлучува зошто ти си таа што кога ќе настане ќе дремеш со него цела ноќ, ама па не претерувај со туткање алишта. Моето наутро во градинка оди со дукс и елече, уште му немам облечено јакна, а доста ладно е во 7. Болести од ладно не идат,идат од вируси и бактерии.
Не мајка никако не би трупала со облека ама па бебе од 7 месеци надвор само по тенки тренерчиња и тоа не бива. Мене вчера ми беше ладно па земав јакна да клам. Шо знам денот хаос. Без вољја за ништо сум а од утре почнувам со часови по возење.
Таман малце ќе се раздвижиш и ќе тргнеш памет мама, без секиранции. За облекување сум се водела по тоа подобро на бебе да му е ладно, ќе плаче, него топло. По мене не можам да се водам пошто јас од кога знам за себе сум обратна.
Јас за облека на вака поладно време се водам по тоа да има еден слој од мене повеќе пошо е мал. Јас носам маица, блуза и елек. Он носи периодов боди на прерамки, дуксерче, тренерки долу, есенско јакниче и капа наутро и навечер ова кога излегуваме пошо е ладно. На пладне на сонцето низ двор знам и по тренерки да го пуштам
Ај овде да пишам, како една од најактивните теми, па може некоја мамасита ќе ми даде совет. Дете 4 ноќи по ред се буди со врескање, фрлање, туркање, сака да бега, а воедно и се пика и бара утеха. Не реагира многу на моето гушкање и пеење, и едвај го смиривам. Оваа вечер се повтори два пати во еден час. Мм вели дека го гледа исплашен. Одамна имаме такви епизоди ама сега нешто како зачестија. Во последно преку ден плаче и хистеризира за се живо, ако не му се даде нешто, ако се тргни од некаде што е опасно за него. Дали преживува или се работи за терори? Да барам помош од неуро психијатар, дали ќе има ефект дека е мал има 16 месеци. Премногу ми е стресно ова. И некако мене не ми делува ова нормално. Ми е страв да не се продлабочат или влошат овие епизоди. Дали да сменам нешто во дневните активности? Премногу прашања ми се вртат и немам одговор. За почеток го вртив светлото на столната ламба в соба, да исклучам да не е до тоа. Ум немам. И малку хаотичен пост се извинувам. Се надевам ќе ми го разберете пишаното.
Фаза е. Моево така имаше еден период. По цели денови плачеше, се будеше. Може да се ноќни терори. Како и да е ќе поминат. Нема потреба од светлина додека спие. Изгаси го светлото. На таа возраст не дека се плашат од работи кои мислиме дека би се плашеле. Пример од темнина. Повеќе е сепарациона анксиозност. Неуропсихијатар барем за оваа проблематика, според мене е вишок.
Или се заби или ноќни терори. Провери му ја устата, ако е потечено некаде пробај со пола доза парацетамол дали ќе се смири и ќе знаеш дали е тоа. Исто можеш на орл да го однесеш да не се ушите проблем. Не се секирај фаза е, ќе помине и ова. Само кога ќе почне да вришти немој да го будиш, гушни го и биди тука до него, полека ќе се смири. Јас оставав пригушено светло, кај нас помагаше.
@le.soleil @ArabellaStarfall @Skyler Можно е да се заби. Горе лево тројка четворка како да пробиваат. Долу тројка изби ама не му е доизлезена. Работата е што не можам да го гушнам се трза со главата и телото на назад и со нозете рита. Цел се извива од раце ќе ми падне. Вришти од грло и ми е страв ларингитот да не го активираме. Ако не го разбудам не знам до кога ќе вришти. Никако не се смирува. На кревет го оставам цел се витка, ќе се повреди. Ушињата не верувам да се,не ми реагира кога го стискам. Имавме ние мака со нив, не ми личи да е тоа. Ама баш ќе се консултирам со матичната денес па утре да го однесам на орл. Денес ќе се потрудам да не плачи за ништо. Да видиме вечер како ке биде. Да исклучам преживување на денските дешавки. Стресно е за гледање, не знаем што да направам за да му помогнам во тој момент.
За заби, давај пола доза парацетамол. Ќерка ми сеа 5ки ко вадеше, страшно беше за гледање. Ги гризаше перниците душмански, се дереше демонски, викаше дека око ја боли па од памет се извадивме. Давав парацетамол пред спиење иначе вака беше и ноќно време. Се будеше ноќеска, се дереше дека ја боли окото и ме гризаше секаде, маица ми искина.
Верувам дека е страшно, стресно и за тебе после цел ден. Ајде пробај уште пред да легне со пола доза парацетамол. Ако исклучите заби и уши тогаш останува да се ноќни терори, крај краева земи го одма во раце и однеси го во дневна на посветло види така дали ќе се смири. И онака не спиете барем побрзо да се освести каде е. И ако го оставаш некаде на чување провери дали таму се е во ред, да не му се случува нешто друго на детето. Претпоставувам дека не ама пак.
Не го оставам на чување. Се уште сум дома, не работам. Ако го оставам саат два кога имам потреба со баба му и дедо му, со нас живеат и тие. Инаку и во 10 ти скок е влезен. Денес ќе се потрудам да поминеме без плачки. Па да видиме како ќе ја поминеме ноќта. Ако имаме пак епизода ќе го однесам на матичен да го види и да даде упат за орл. Пред да не фати викенд да се исклучат ушињата. А сношти дадов бруфен по второто будење и после спиеше убаво. И стана во 9:35 сабајле
Штом после бруфен спиел, заби се 99% има болка, го смирило и си одспал. Мојот така стануваше липаше и ем одеше во нас, ем кога ке го земевме не туркаше. После тоа излегоа двојки. Давав 2 дена и јас парацетамол пред спиење, да го смири. Еве ноќеска цела ноќ стануваше и тоа на газ седнува и плаче. Мижи и ме прескокнува цела де од една страна де од друга. Давам цице не сака, давам вода не сака. Сабајле во 5ипол го шетав низ соба да заспие сме спиеле до 8ипол топ давајцата, не сум го сетила мм кога излегол. Ама и кај нас се заби 90 пости, бели му се непцата. Плус мислам покажува револт заради цицањево, пошо глеаж сам не сака веќе ни ноќе ама знае криза да го фати некогаш па да плаче за цице и така се на се собрано.
И мојов еве втора вечер се буди накај полноќ па сабајле во 4 30. Станува и сака да го симнам од креветот оди шета и кинка. Едвај го заспав сабајлето.. завлече убаво дури накај 6..