Од кога родив дете толку го замразев градов. Да отидам до некаде со количка олимписка дисциплина е.. Еве тргнав да го прошетам коли паркирани од двете страни, возев на сред улица. Поминуваме семафори одвај низ тумби румби, ко низ лавиринт да ја возам количката, бекатонките ги мразам.. оп тротоарот на булеварот целиот со дупки, ништо ќе го возам на велосипедска патека. Чекај ќе седнам на кафе, пристапната рампа со огромна косина и цела искршена, се искачивме некако во Порта Влае. Седнавме на кафе, поминува улично куче огромно иде дојде до количка.. среќа еден човек го избрка.. и така.. битно он поспа малце и се изнадиша ауспух...
Леле исто како што си пишала неколку вечери е и кај нас - и мојата седнува и плаче, не сака да цица, сака да спие, а не може. Исто и јас со шетање ја смирував, па откако ќе се смири, зема цице кратко и заспива. Ама многу често се буди и плачи. Некогаш знае да не се смирува по 5 минути. 15 месеци е, само четирите кеца ги има и сега и излезе едната двојка горе, веќе се гледа ама во исто време и излегува и другата двојка и тројка горе. Ако продолжи вака ќе дадам и јас нешто за смирување. Се мачи ја гледам.
Давај, и јас вечер ако почне пак да ми се буди ке дадам. Он се мачи, 100пати му е потешко од мене знам. Ама и јас сум преморена немам сила после денов да го истерам не ми работи мозокот. Ние 14 ке правиме сега на 11. Мислам дека 3киве најмногу го измачија и двојките ама тројкиве се побелени не знам ни јас веќе оџ кога и никако да излезат, само гриза се што ке најде мачкам маст, давам осанит ама навечер е страшното
Исто, синоќа шетаме со мм, искрешни тротоари, кучиња еден куп да ти е страв да излезеш сам, коли паркирани по тротоари, буквално по три месеци синоќа излеговме само со количка без кола и се пренервиравме од што нема услови кај да ја возиш количката..треба само во парк или некаде надвор од град.Во мојот град ни велосипедска патека нема
Тука негде со живеење сме. Иди накај паркот Ѓорче, барем нема да сте на улица. Јас викам на кејот неможам да се прошетам, зошто не е патека, туку улица за тие што ги мрзи да заокружат и возат таму. Ужас… Да не збориме што неможам ни по тротоар да идам. Се коли наредено. Сама да искочам ми е ужас, ама ќе морам. Паркот Ѓорче ми е сега некако најдобра опција да отидеме и свртиме еден круг и кафе.
Подалеку ми е паркот . Истиот пат треба да го изодам само подолго него до Порта. Едино во кола да го ставам и да отидеме натаму
Паркот е ок, само некогаш има опасен призор на пијаници и повраќаници. Седев во кафичот кај тинексот еднаш и се изнагледав брза помош и полиција како собираат пијандури да ги качат во комбето за брза помош. И смрдеше од повраќаници нивни. Со поголемо дете па тоа е никаков призор. Градов одвратен, бетон до бетон, нема паркови со големи и разновидни реквизити, ништо нема. Услови, 0 во СК
Бев до K-Mall пред неколку недели и се изненадив колку пијаници имаше збрано таму. А мислам дека видов и облека од бездомници ама не сум сигурна дали беа стварно бездомници или исгубени пијаници. Искрено мислев дека така денот се погодил, не дека нонстоп се таму .
Елајте си накај Карпош 3, да видите што е убавина. Паркчиња, лулашки, тротори, зеленило. Само кучињата ни се вишок и на нас
На исто локација живееме Јас здравје Боже Ноември треба да се породам, и баш некни при пешачење си мислев за тоа колку е крш тротоарот. Комшииве мои што се со бебенце возат низ Партизанска, ама од другата страна спроти кулите, по велосипедската патека... И до Ѓорче паркот често одат.
Од таа страна сум и јас само што тој пешачкиот подолу пред кружниот тек многу е висок тротоарот, нема семафори, коли летаат и додека качиш и симнеш количка е катастрофа. Полесно е многу на семафорите дека е понизок тротоарот. А во паркот до Ѓорче може да отидам иако и до таму изгледа патот катастрофа со гужвите со коли кај пазарче
Мене затоа ми е страв од тука до таму да идам, не дека ми е далеку. Имам и одено неколку пати ама... Кој ќе се тепа со кучиња
Откако се имам породено ова ми е најголем предизвик до сега. Исто живеам во Карпош, но таман ќе заспие малото, ќе се најде некоја будала со мотор ќе помине покрај пешачка патека и ќе го уплаши. Летово ми беше смрт со мотори, галама од коли, паркирани насекаде... Спасот го најдов само во градски парк искрено и тоа во стариот дел покрај езерцата. Но додека стигнеш до таму, буквално ја играш GTA во живо со бебе во количка.
Којзнае колку пати се имаме разминато. Туку бааѓи ѓорчевки сме собрани еј. Ако шетате во Ѓорче во паркот избегавајте го оној пролаз меѓу двата кафича, тука се пијаниците, тие се двајца исти што седат цело време. Јас гравитирам околу лулашките, чајџилницата кај лулашките ми е матична кафетерија дека од работа на пауза сме тука, Станица Парк и тука околу, ама строго заобиколувам тој пролаз широкиот од Тинекс директ што е. Ај малово е мало, како да објаснам на големово дека не чини тоа. Ако шетате во работен ден од горе ве посматрам сите, канцеларијата ми гледа баш кон паркот и гледам куп мајки со деца и колички.
Оваа вечер мирно ја поминавме, стана еднаш беше буден повеќе од саат време и после си спиеше 6 саати поврзани. Се надевам ќе престанат епизодите и ќе се смири и спие како што треба. Да се пофалам инаку добив позитивен одговор, нострифицирана дипломата, сега да одам до Белград да си ја земам и да бараме работа
А тек па Кисела Вода да знаете колку е катастрофа за бебе/дете Спремаме крштевка во недела, убавини. Ако продолжи да јаде волку фустанот ќе и биде мал
Кисела Вода е едино полоша населба од Ѓорче. Ужас. Во Ѓорче се само паркираните проблем, а кај вас и лошите тротоари.
Па кога ќе ми рече мм земи количката прошетајте пешки низ населба Морам кола да запалам за да стигнам до некое паркче и таму да седиме. Кога сум пешки ај што е ризик да не собере некоја кола ама и смрди бе луѓе, смрди на загадено на ауспух. Ми е жал што диши детевоСреќа блиску ни е Сопиштњ па шетаме накај средно иначее….