Дно од општина е само тоа ќе кажам. Кај да шеташ бебе бре? Идеш по паркинзи, тротоари пуни коли. И 2 неверојатни "паркови" на сред улица Секој ден пцујам сè живо на кретенине што одат во кладилница и паркират на сред тротоар па неписмен ли си барем да се залепиш за да се проаѓа?!
Mene parkot vo Gorce mi e epten dobar vo sporedba so drugi parkovi. Preku cel den skoro ima decinja, mnogu babi i dedovci sto si gi cuvaat vnucinjata, pa ke si zapoznaas novi luge. A ima i senka. Drugo za naselbata nwznam zatoa sto ziveam vo Avgust samo tamu.
Мене ми изгледа и плоштадот Делфина океј. Само не кога е најжешко, нема сенки. Гледам навечер големи "деца", уништиле многу од реквизитите таму. Здравје Ноември го чекаме бебенцето, мислам дека ќе бидеме редовни таму на кратки прошетки. Поблиску ни е отколку паркот во Ѓорче. Ама се согласувам дека Порта Влае, и Ѓорче е хаос со паркираните коли по тротоари и никаквите тротоари. За нас како пешаци е грдо и нервозно, не пак со количка...
Супер е Делфина, само некогаш е толку гужва да не можеш никаде да застанеш, а не па да седнеш. И што викаш искршени реквизити од дечишта, и ѓубре си фрлаат рандом на сред паркче. Али е оке ете и Баду е тука можеш одма и кафенце да си земеш. А Порта да, уште кола врз кола што се немаат паркирано.
Делфина е супер ама нема сенка. И пак е блиску до булеварот . Јас повеќе сакам искрено да си седнам на кафе, а малово обично си спие во корпата. Ротирам зависи од времето, некогаш на едната страна кај што е сенка, некогаш на другата кај што е потопло и на сонце . Али од тоа колите испопаркирани насекаде стварно е потфат додека се искачиш до Порта. Може да се отиде и до паркот чим викате дека има народ Ако на некоја и е досадно и сака друшто нека пише
Те имам познаено и видено неколку пати. Дури еднаш и на кафе кога бев те видов со тоа медењакот мал. Ние сме и околу наше маало на лулашки со комшикиве и децата. Ама како за промена , да мрднеме малце.
Ела накај мое маало да видиш што е. Зграда до зграда, дали 20% имаат купено паркинг место, другото е се кој каде нашол се паркирал. А возат како ненормални по улица, да ти е страв да искочиш со дете.
До Водњанска живеам другарки... Толку е постот. Среќна сум што на пораѓај си отидов пешки, ама возење количка овде треба да се запише како олимписка дисциплина. Крени - спушти по тротоар/улица, мускули набив Паркчето карши Завод за вработување е за жалење, нонстоп полно, а она до Зебра не се ни рачуна со 3те лулашки и 1 тобоган. Греота децава што растат меѓу згради.
Ех те поддржувам со постот , тука живеам јас кај паркот карши завод за вработување а моите кај зебра, син ми е залепен кај лулашките кај Зебра Ама невидена гужва преку лето, плус темно многу
Па шо не кажеш бе комшивке Тоа јас сум те ѕверела со бебето, сигурно Ако ја препознаеш ѕверкава моја, да мавнеш раче обавезно
Види и кејот е убаво решение за некои денови. Таман е блиску до игралиштето во Влае. А ако си за прошетка во градски парк ајде
Не можам да сфатам зошто клупите што си беа по шеталиштето на кеј од мостот накај Карпош се тргнати... И ноќно време е томбола дали уличните ќе светат или не.
Или бо помало гратче истокот сже ние...мир. тишина..спокој...чист воздух без галами и возила премногу... макар и на викен
Елајте си сите во Ново Лисиче. Паркови огромни колку сакаш, лулашки, деца, коли нигде. Ама побрзо, дури не почнало да смрди на запалени гуми и да не се гледа прст пред око од смог.
Имате отворена покана сите, да ни дојдете на чист воздух и шетање во природа под Шара Многу сакаме деца, а се помалку ги има во местово кај што живемее..
Е за таму би прифатилаа Си барам вила секако, сакаме на викенд некаде, планина. А и за нова година сме во план пак вила Ако имате предлог, фалаа однапред. И зошто никој не кажа 5киве, страшни биле.. 3 наеднаш вади, сигурно и 4тата ќе бидне.. Со сега вака немам заби осетено да ја болат.. Гревче..
Во Холандија патеките за точаци и реструктутирање направиле од кога мајки кренале протест за сообраќајот и проблемот со количките. На еден чекор сте со муабетов