Јас живеам ѓорче али до паркот у сарај сум блиску значи убавина за шетање премалку коли и паркчето у ѓорче исто е убаво мирно место. Кучињата ми се стари другари па ме знаат не ми е страв. А сега у кисела вода се мажев ужас преполно крца од луѓе , коли . Нема асални паркови. Цела сум нервозна кога го шетам го носам во паркот до киното си ги гледа децата како играат и им се радува .
Znaci posle se aerodrom e ipak najubava naselba . Ima nekoj zeznati trotoari ama barem kup parkovi ima .
Значи ние две се среќаваме во паркот Убава идеја за протестот мора да се променат работиве вака не бива ни за нас ни за идните генерации.
Знам дека не е така ама не ми е сеедно до вчера цела недела веќе на работа се втора смена покрај сите глупости со температури, викенд во болница, некако се вративме малку во нормала бебе е во градинка, следува нов викенд ама ме мачи нешто. Мојто бебе се смее на сите дома девер, свекрва ,сопруг, мене ме гледа само наутро едвај пола час и очекував да биде лепешка за мене да се задева да се клеште ама она не. Со мене само пиште, како и секое утро борба е додека ја облечам и средам. Знам дека мојто расположение го осека и и влијае, цела недела сум нервозна ,преморена , ненаспана. Ама некако ми фале бебево и со мене да е такво, се осекам како сите да го добиваат најубавото од неа а јас не. Се надевам дека со викендов ќе успеам бар малку да наполнам батерии за да можам да си бидам пак јас колку што можам и да уживам со беба. На се тоа додади дека кашлам како никогаш досега, маж ми најверојатно ке менува работа и мислам дека за прв пат така посериозно се спрчкавме затоа што очекував ка ко се дојдам дома после болница да ме пречека и да ме гушка и да му бидам во близина затоа што тоа најмногу ми требаше за да се смирам, а ме дочека сосем спротивното,плус напорно му е и нему дека после работа ја чува беба, знам ама што да му правам. Незнам дали јас мн очекувам од другите или што е работава,ама некако иако очекував стресен период и напорен ова е реално мн повеќе од тоа што мислев.
Хаха исто и јас како тебе , со син ми супер ми се смешкаше ама сега со ќерка ми некако додека е во раце не ми се смешка а на другите ептен.. а 3 и пол месеци е
Во Лисиче е невозможна мисија со количка по тротоар. Се се спремам да им викнам пајак ама колку ќе трае тоа... Бевме на педијатар, буцко мој дуплирал тежина од раѓање, 5090 гр. Пресреќна сум што добро напредува. Па и колку се разубаве, а ептен беше грдо пајче кога се роди
Уморна, ненаспана. Синко вчера едвај заспа 2 саати плачеше не се смируваше никако а јас сама дома. Не знам што го снајде така прв пат се случува заспа во 11 се разбуди во 6 му давав млеко исповрати сеее лом. Грдо време алишта никако не се сушат. Затнато носе мислам трауми доби од аспираторот, поќе не влечам. Денес ако нема ништо стигнуваат рез од брисевите. Јас ненаспана вчера се изнаплакав, станот хаос, алишта еден куп па купатило можи 4 дена не е чистено. Волја за ништо немам, депресија не ми бега.
+1 Не знам како се преживува ова неспиење, па и мм на пат отиде пак, ќе земам ќе го врзам дома. Се испраксирав веќе и шишиња да мијам со една рака, не легнува ни 15мин да ги измијам и стерилизирам, хаос сум јас, дома хаос, времето хаос, а тек депре зима иде.
На сè ова додај тргам на работа за 9 денови Мали се К О Р Н Е од плачење кога пробувам да го легнам. Лежи на спална го галам за коса, заспива се буди и почнува да мава со нозе и да зајдува од плачење. Цела ноќ на 1.5ч станува, во 3-4ч веќе си муабети, сабајле не се сеќавам кога и дали заспал зошто јас веќе не можев сум задремала седната, укочена сум цела Не знам како да функционирам вака, не можам со плачкиве на успивање. Алиштата ми се на сушара веќе 7дена, прашина собраа нит ќе ги преперувам ни пеглам. Се надевам ќе стане малце полесно. А интересен е пустиот, седнува, па се спушта од седење, па се влече по мене застанува на нозе,ломоти цел ден Само уште да почне да спие ноќе и среќна мама
Паркот рај Божји ми е, кучињава што се тука што викаш се домашни, и треба ептен некој да ги нервира да се пуштат. Мирно тивко и средено, мислам не многу луѓе го знаат и нема и многу гужва.
Не се жалам многу овај пат, со второво, поминува се, знам дека ќе помине, ете го првиот неспијач уште малку 6 год ќе прави па спие како заклан сега после 2 и пол години од ко ги извади сите заби почна да ја преспива цела ноќ. Дури ни брат му не го сеќава ноќе, а до него плачи Мислев 2рово ќе ме поштеди малку, ама јок, исто како брат му, скроз исто, дури и потешко со овај е, понемирен е нека се здрави и живи. Ние уште се менуваме со мм за спиење, ете сношти до 4ч го чуваше малиот, од 4 ми го донесе мене, цицаше па до 6 спиеше ѕверчето од 6 се разбуди, па цицаше па одвај 7 заспа, јас станав, кафе, доручек и од 9 на работа до 3 сум. 5ти ден настинат со мрсули, со црвено грло е, без лекови, само парацетамол му давав 2 дена ноќе за грлото што го болеше, па од вчера виранто зедов (машала дупла цена од пред 4 год). Од понеделник се надевам се враќа во градинка на адаптација, 7 дена издржа здрав, ко за прв пат супер е, брат му на 3тиот ден се разболе ко почна в градинка. Стана големиот кашла како куче ларингитот дојде, арно година и пол немаше фатено, шо мајка бара сега Домашна вчера напиша, македонски и математика имаше првачето, денес на роденден е во 2ч кај другарче од школо. За состојбата на куќата не ми се зборува Едит, заб да пишам малово проодува деновиве, оди по 2 метра сам, се пушта, таман на полни 14 месеци ќе оди си велам поќе исто како брат му, на 14 месеци прооди и тој. Полесно за памтење за мене. Стапалки за првото не направив, не правам ни сега
Јас па како будала навечер кога ќе заспијат чистам и пружам алишта цел ден што сум ги перела, некои замирисани се ама тоа е На мајка ми стално и префрлав порано кога ќе ми замирисаа алиштата ама сега ја разбирам Што вика @Besbes24 погоре 4 дена купатилото не било исчистено, кај мене може 3 недели не е, само вц шољата ја чистам секој ден ради децата. То е
Јас дојдов да се жалам, само што почна викенд и веќе губам живци и сакам понеделник да дојде. Се мразам што вака се осеќам некои денови. Сѐ мора да е со борба и те гледа дека се нервираш и се смее. Читам книги пробувам стратегии и џабе е а знам дека само што почнува ова и од 2 години ќе се противи уште повеќе.
На али гледав, ама… ќе ги изначекаш.. ако имаш некој од странство што ќе доаѓа за брзо, па така да ти донесат, пошо кај нив за две недели стигаат.
Терори во комбинација со заби, посебно горни тројки, уште ги вади мојот веќе месец дена и на периоди вака прави, знам дека е и од болка. И моето буквално вака правеше две недели секоја ноќ, и јас тогаш се исплашив дека му е нешто, ама помина.Не се сеќирај не му е ништо психички. Многу се нервирам од вакви постови, извини многу ти е мака верувам ама што к*р се неговите побитни од твоите? Па уште и ќе го прашувам дали да одам и кога да идам кај моите? Искрено да те прашам дали е љубоморен? Мене ми личи дека имате подлабок проблем, искрено вакви испади имаат мажи што сакаат да ги контролираат жените и да им ги избришат сите други врски од животот освен они и нивна фамилија. Мојот едвај чека да речам ќе одам да спијам кај моите, оти знае дека тој ден ќе се изнаспие ќе игра на ком, ќе се дружи Многу ми е чудно маж да не дозволува жена да оди кај нејзините, мислам кажи му дека не ти се допаѓа неговото понашање и дека сега треба да ги гледаш родителите, неѓа вечно да се тука побогу. А на крај крјот што мора нова година да славете до баби и дедовци?
Ств со баби за нова год шо морало ние принудно славевме заедно 1 год со короната ко беше, синко беше 2 год тогаш. Мојов па многу сака кај моите да одиме, ко бевме дечко и девојка тој идеше кај мене, јас кај него никогаш не одев еве сега таму е со малото, јас на работа
Разбирам прва година со бебе да се заедно ама бебе сигурно нема нова година да чека. Јас лани го оставив на свекрвата 2 саата, прославевме и се вративме и он секако спиеше, мои и негови заедно да собирам нема шанси. Неговите кај моите не отишле повеќе од еднаш, тоа беше кога ме запроси, 18год сме заедно. Не сакаат да одат на гости, супер и мене ми одговара меѓусебно да не се дружат. Мм оди ретко кај моите оти не е по гости, ама да ми рече зошто ќе одиш кај твоите, ќе му се завртам и ќе му кажам зошто. Па и јас не поминувам кој знае колку време со неговите, не ми треба таква обврска у животот.
Aуу колку саклет ден денес, син ми уште на лустерот да се качи. Јас собирам на една страна он позади мене истура, извади се од кујната додека правев ручек, кујната од крај на крај е со садови, ги извади сите алишта од фиоките, ги истури сите играчки…синоќа спиеше од 7:30 до сабајле до 9 и енергија 100ка. А дека врне цел ден и у двор не можам да го пратам. Ме полуде. Сега излегоа со мм и јас буквално не знам од кај да почнам. Еве сум