Здраво мајки Пост почнав да пишувам пред 3 дена и не успејав да го завршам, па ајде пак да пробам. Веќе сум мама на две дечиња и некако уште не ми е верно дека дома имаме бебе, уште еден член. Уште некој ден и 4 недели ќе биде бебка моја. Мајка ми беше тука и неможам доволно да и се заблагодарам за помошта. Не мислев за правење ручеци, чистење, алишта... Големото го играше, ја измалтретира и искористи сагламски баба му. Мене после една недели ми пукна раната од царски и имав крварење, да бевме сами ќе беше ептен многу потешко. Еве сега веќе една недела сме сами, се снаоѓаме ама многу ми е тешко. Од сабајле сум сама со двете, маж ми е на работа. Бебка е иста како синко кога беше бебе, истите маки ги тргаме. Крв во каката, враќање млеко ми е страв ќе се загуши и очите не ги тргам од неа, хрчи многу со секрети и неможе да спие посебно ноќе. Жива ненаспана сум, подочњаци до колена имам. Синко беше пресреќен кога си дојдовме од болница. Трчи, се радува, се намести веднаш да му ја ставиме во скут. Си имам убави видеа и слики. Среќа што само 24 часа бев само во болница и не пуштија, инаку срцето ми се кинеше за него. Тоа го знаат мајките што дома оставиле дете и отишле да се породуваат. Јас таква мака не сум осетила, ќе се распаднев по него. Ја сака многу, ќе помине ќе ја погали или бакне и ќе ми рече мамо јас многу ја сакам. Од друга страна за 2 месеци ќе полни 3 години, ми порасна човечето. Ама колку е умен, толку е и неумен. Незнам како да го објаснам. Знам дека му е досадно со мене дома од сабајле, има милион играчки и колички и незнае сам да се заигра. Нонстоп тера некој од нас за да се играме и кога ќе седнеш сака тој да те кумандува како да се игра, како да се вози. Па ако случајно направиш по свое, кога почне да писка да вика, се лути. Едвај чека да дојде татко му од работа за да одат да шетаат и после пак е неуморен. Инаку цело време гледам да сум позитивна да не ме стигнуваат лоши мисли. Ама некогаш тешко ми оди. Знам да се расплачам за најбаналната работа и неможам да се смирам. Пример пред некој ден бебе се исповраќа, таман ја пресоблеков таа пак целата лом се направи. И кога почнав да плачам, маж ми ќути несмее да ме погледне, а камоли да ми прозбори. Ме нервира килажата голема и сакам еднаш засекогаш да ослабам, ама почнувам да се опседнувам и завршувам со прејадување. Како што велите иде депресивен период, сами сме скроз како ќе се издржува ќе видиме. Сега за сега толку од мене. Имајте убав викенд.
И он игра кога одам,ама секогаш има прашање "зошто"? Го прашувам претежно пошто он ми е превоз Не е љубоморен тхо лабав е,мислам љубоморен е кога некој пробува да ми се додворува. Вака сме си отворени нешто ако се дешава или некој ни пишал и сл на таа тема сме чисти. Инаку живееме со неговите затоа. Откако сме заедно нг со моите не сме славеле и затоа му предложив. Сака кога идеме кај моите пошто се во куќа а со неговоте сме во стан.
Епа тогаш му е мака да те рашетува со колата Ќе си фатиш такси како мене и сите раат. Да си одиш кога сакаш и кочку сакаш кајј твоите оти еден ден ќе сакаш ама ќе нема кај кого да одиш, користи ги за дружба
И јас немам возачка на 18 год извозив автошкола, зедов црвен крст и не отидов да полагам и еве ме 35 год уште не завршив
@lackygirl @1209 најтрагично е што имам положено ама една кола имаме,а он работи на крајот на светот па мора со кола Користам дури и моите ме зимаат некпгаш а повеќе од времето мора он
Инаку да прашам тука како поактивни Зошто малиов кога цица пред спиење ќе исцица ќе се крене за да седне и пак се тегне накак цицката Навечер му давам од двете пред спиење И од вчера ми праи у спиење кенка му давам цуцла(тазе цицан) ја пушта и ми бара цице и така цела ноќ око немам склопено Инаку вади горе заби доле веќе има И секој саат се будеше плачејко
Грешка во пишувањето. На 1 час мислев. И моето на толку се буди. Вчера и завчера на 30 минути на крај ме фати едно вриштење, добив јак нервен слом, маж ми го зема , јас затворив врата од соба, раце ми се тресеа, не се издржува веќе, секој ден на налгесин сум од главоболки.
Не знам луѓе, сериозно не ми е јасно зошто се буди детево на 1 саат. Вчера му дадов АД во мало шишенце, значи на сред пиење заспиваше. Знам дека гладен НЕ е, веќе на таа возраст можат да преспивање ноќ без храна. Не знам веќе што да превземам, ни тренинзи не помогнаа колку и да бев конзистентна. Ова не се трпи, едноставно не можам да функционирам, и дневни дремки запазени и се и пак на 1 саат се буди. Не знам веќе, ми иде да го оставам сам вп соба и да си излезам да се изнаплаче
Си пробала да извадиш/загрееш соба? Моето мало спие поубаво во светла и ладна соба, под светла мислам на полусветла, не да блешти сонце. Ладна соба ама оно убаво стуткано стоплено. Ова е прекрасен период, експериментирајте со амбиенталниот воздух, ќе најдете начин.
Најверојатно заби го мачат, со лесно. Еве го две недели преку ден и за заспивање на цице не помислува ама ноќе овие 3 дена е хаос, станува цица седи на газ, ноќеска пиу(пилето) го бараше, јас спијам он на газ пиу пиу пиу сама сум крива столна ламба џивџи има и сега само пиу е. Или пак учи нешто ново, како и секогаш што учат
Ќе помине, период е, најтежок Еве сега кај мене заспива со цице бидејќи не можам поинаку да го заспијам, и не се буди повеќе во сон. Јас сум одморени и наспана за да имам сила да го издржам денот. Плачки за се, легнување на улица .......и ....... Ако не полудам сега ќе ви пишам за 6 месеци дека и тоа ќе помине
И тоа пробав, да не му е ладно, да не му е топло, посветло, потемно, да е убаво вечеран па цицан, да не е вечеран само цицан да не го мачи стомак, сп АД, без АД, со оставање да се исплаче, со земање и гушкање, со цицка, без цицка, шетан, не шетан, бањат, не бањат, веќе разум немам. До полноќ ќе сврте 3 часа некако. Од таму до сабајле е лудило, како на термин да е. Што не се буди на 1 час во период од 9 до 12, лкако само од 12 до 4 сабајле па и 5 ремети така, не ми е јасно
Сигурно е регресија во спиењето, колку месеци е? Да не учи да оди лази? Моето беше вака исто пред да прооди, ќе полудев тогаш. Ама откако се пушти престана овој хорор, знам дека е многу тешко, ама нему му е уште потешко, он не може да се наспие со толку будење и знам дека знаеш дека не ти прави вака намерно. Ќе помине, совет друг немам, а и не мислам дека нешто ќе помогне, пробај со доза парацетемол да видиш дали ќе се смири за да исклучиш болка. Моето деновиве се врати во нормала со спиењево, камен ми падна од грб, стварно многу ме напнуваше сета ситуација, ама од утре сме на вакцина и пак ќе се поремети… Инаку многу ми е смешен со зборењето, сабајле слуша песни од Биби и Боби и завршо песната и он вика, бавоо Биби Боби, дуга, аде дуга, Биби, ама мртов озбилен, е умрев Многу збори, само нешто измислува, вчера цицаше и зеде ми ја спушти блузата и вика току, фала мама хахахаха, крај. И така, пишувам детска книга не знам дали ви кажав, со мои лични илустрации, ќе биде за поголеми дечиња над 4г, зошто е прераскажана класична бајка, ама многу сум возбудена, едвај чекам да ја завршам и да ја пуштам на издавачката куќа да каже дали ќе ја биде. Ова е мој личен проект кој ми носи радост, знам дека нема да биде многи профитабилен ама за задоволство е.
Se isto, potpolno isto, 10 meseci e, od ko e roden e isto sekoja vecer, bez isklucok, znaci ne e period, HELP
9мес сне од 4ти кога почна таа фамозната регресија значи не се управивме може да ме почасти сон 2 пати во месец да не станува на 2 саати ама после ке ми наплати. Знам дека е период се минува бла бла ама малку потешко сњ функционира, туку речи едвај функционирам ама таа се навикнав веќе