За ова неспиење што имате пишувано, истото го преживував со синко. Дури после година ипол натаму му се регулираше, иако имаше пак испади беше добро. Ќе стане цуцлата само и ќе продолжи. Ама претходно ох туго мајко, по сто пати ќе стане и на крај сабајле во 7часот беше буден. Денски исто едвај по пола час спиеше. Таман почнавме да спиеме како луѓе, се роди еве второто и еве уште неможам да се навикнам. Едвај функционирам, а кај се две години
Колку што долните заби лесно ги извади,толку горните душата ни ја извадија. Да се пријавам во будење на секој саат,45мин ептен ако и се згреши 2саати. Тоа на несакајќи. Преку ден знае да закенка и давам осанит ,гелче и се смирува ама навечер ле-ле. Цица како да е прегладнета, знам дека не е од глад него од мака ама имам нагон да си ги исечам Маж испративме во друга соба да спие,стварно е греота да станува на 45мин ,цел ден работи . Не знам дали само мене ова цицање ми станува пренапорно. Како зависна е. Ќе изеде полн тањир палента ,нејќе повеќе , а се тегне по мене и ми ја лигави блузата дур не и дадам. Да се пофалам од бебе екстремно зависно од мене и голема плачка успешно почнуваат да се чуваат со бабите за малце да искочиме со мм. Две саботи по ред сме сами излезени и подруго е. Не ни звонат не не бараат , заспана на време, ние малце да смениме. Многу ми значи и благодарна сум им на двете многу за ова. Свеки иако беше вечниот критикувач некако занеме периодов, што ќе и кажеме тоа праи и си ужива со бебка кога треба. Фала богу. Тоа и сакав. Да биде баба, а не судија кога ќе дојде. Него имам мака во главава. 8 месеци е уште не лази. Пробува нешто кога е доле крева газе, па крева раце ама никако да укопча дека треба заедно.И многу плаче доле кога е. Повеќе “вежба” на спална него на земја. Нејќе за жива глава. Касниме ли многу? Некако ми е на мисла кога би требало да пролази. Лани ова време одевме по мекици, сите другарки сме во пола година разлика породени, годинава родендени увелико Колку брзо лета време
Ве читам и извинете ама се тешам дека не сум сама во честото будење навечер. 8 месеци е така кај нас. Дефинитивно не е ни до регресии на сон, ни поради заби. Едноставно такво му е спиењето и јас веќе почнувам да се помирувам. Само кога ќе се сетам како ќе биде кога ќе почнам на работа. Ќе бидам изгледа многу често овде да се жалам Нека е здрав жив ќе порасне и после ќе биде подруго, се надевам или ќе ги барам назад овие денови ќе видиме
Добро бе жени како успевате? Да ви е чисто да готвите на работа да одите? Јас не одам на работа ама ете др обврски имам. Сами живееме па катастрофа последните денови. Особено навечер пред заспивање. Ужас, ужас. Денес бевме Козле па ни рекоја вирус имал ни дадоја инхалација а Биотек ништо, кс во ред бактерии нема. Е ај кого да слушам????
Има бебиња што никогаш не лазеле, од седење на ноџиња и проодувале. Не му ја мисли, не се секирај, сите бебиња се различни. И кај мене инаку е иста песна, станува по неколку пати ноќе за цицање. Ама вади заби како шајки На 9 месеци, 6 убаво излезени, и два во најава, непца-бабури Се тешам дека едно по друго ги вади, па брзо ќе помине маката
Јас сум со близнаци и еден тодлер.....значи не се постасува се' да е чисто,тоа што мора само Ако некој дојде и најде замерка ич ни да не доаѓа...ма ич не ми чуе...гледаме деца да се погодени,друго ништо не е поважно
Мојот не пролазе, се влечеше на газ од кај 9 месеци со ногата под газе и со раце се тегнеше, не знам како да објаснам од 10 месеци почна да пушта чекори ама дома и само на сигурно, надвор дури на 13 месеци стана сам дојде и ми подаде рачиња да го земам, ваљда тогаш се осети сигурен. Сите ми викаа ке пролази одкако ке почне да оди, ама не. На кревет лази уште од помалечол ама на земја никогаш не лазел или со лазење да стаса некаде, освен на кревет ваљда меко му е па затоа За заби не ми се збори, кога почнува сите наеднаш ги вади еве го 4ките уште едната му фалеше пукна сеа му пукнала и 3ката тоа значи ке биде весело. Реков ке го одбијам и ноќе ама пусти жал не цица од што е гладен цица од болка и мака, дадов и парацетамол се надевам малку ке го смири.
Не успеваме Нешто мора да трпи а тоа е најчесто чистењето, веројатно дека си уште пресна па те нервира дека се мора да постигнеш и да ти биде дома како што било пред дете…после некое време ќе се навикнеш дека не може да биде така и дека преоритет е да сте најадени сите, да има чисти алишта за бебе, да е прошетано, да поспиете и да излезете малце на воздух, другото не. После некое време кога ќе стане малце поголемо ќе сака да помага по дома па ќе успеваш и со него да чистиш почесто, онака вечерта кога ќе спие ќе потфатиш најбитното и тоа е. За готвење првата годима буквално е снаоѓање, ние искрено живеевме првите месеци на деливери дека не бевме МК, после тука нешто пици, нешто готвење, нешто скара, нешто ќе пратат старите и така, нешто за два три дена ќе збркаш да има… После станува потешко кога треба три оброци на дете да мислиш особено кога јаде посебна храна, ама и тоа ќе помине. Не се оптеретувај толку, кај сите е исто. КС ако е во ред значи може е вирус ама е рано да покаже, прави инхалации како што ти рекле, ќе се смири малце.
Тодлер 3 години, бебе скоро 4 месеци. Со првото многу се замарав чисто било, не било. Сега ако сака нека прооди станов ја у 10 навечер си пијам вино и си глеам серија, баш ми е гајле.
Дали пред МРП правевте кс? Матична вели не мора, во Лондон пред ниедна вакцина не бараат кс, а и од кај вакцините ме велат не мора, другарка ми само ме напна да направам. И сеа надве сум.
Кај нас не бараат, затоа и се мислам дали да правам или не. Не дека ме кошта нешто да направам ама дека утре мм може со нас и сакав да искористам да не го носам сама следен ден…
Исто сами живееме, уште сум на породилно. Првата дремка нејзина варам кафе и готвам ручек за неа, втора дремка правам ручек за нас,измеѓу кога е будна во џампер или доле собирам /перам алишта . Тоа секако е процедура што трае 10пати повеќе од вообичаено заради нејзе. Чистам ептен кога мора татко и ќе ја почува, или ќе земам ќе се растрчам низ стан и ќе и пуштам цртани. Тоа се е како мачката со опашката да се развереме. Навечер кога ќе заспие пијам и јадам и славам Ќе одмарам кога ќе умрам.
КС е готова за 15мин, замоли ги да ти ја изработат одма за да го носиш на вакцина. Јас би правела, некогаш кај нас враќаат и за низок хгб.
Мила јас прво дете и така се понашам . И роботи да сме ќе прегориме од обврски. На почеток средував и играчки и се, сега и за тоа 5 пари не давам. Само соберам во кош и толку да не се низ цела соба