Во Србија матичната не прати за кс пред мрп. Го прегледа се ама морало и кс по протокол. Кога виде дека и она е ок е прати на вакцина. Секаде различно. Направи си да не ти е мисла
Бевме денес, му направив сабајле кс, па го боцкаа со МРП, а пнеумококал после еден месец, ама за да ставеме и ревакцина ДТпер крај на декември и двете закажаа. Плачеше ептен ама и мајка ми дојде а нејзе многу и се радува па брзо заборави на болката. Сега да чекам. А пред да го боцкаат грабна едно такво за проверка на грло и сам си бркна и вика аа, доктор мнoгу му се смееше Епа сега да чекаме реакција. Има панаѓур кај нас во град, едвај чекам да го носам.
И кај нас има,да не сме од исти град? Ќерче мн сака лулашки,вртелешки,па секако ќе одиме...вика,мора да одиме на бебињата да им покажам како треба,као она мн голема,знае се'.
Дојдов само да пишам хаха. Малата скоро 2ипол, јас 5ти месец, ако фрлиме ѓубре у рок е топ. Шоља у вц да е пристојно чиста, у кујна да нема остатоци од храна да не се собере цела фауна. Дури ме мрзи и жена да барам, па тоа препораки, постирања, пречек, башка што не знам ни да и кажам од кај да почне.
Се пресмеав. Приоритети. Во вц, шољата мора да е чиста другото може да почека. По сите соби со приоритет на нешто, нешто здравје на полна месечина, ако ѕвездите се наместат. Да е пристојно чисто. Тоа што е расфрлано и за да стасаш до кујна и не згазнеш на лего, влегува веќе во домен на олимписка дисциплина. @Dennings мора да пролази пред да прооди, тие се фазите. Само не мора да значи дека ќе пролази класично. Може да лазе на сите четири или војнички. Битно е да се “истегне” по под од една до друга точка. Така вежба за да може да се исправи, тоа е следната фаза. Веројатно тоа и сега може да го направи и немаш простор за грижа. Кога веќе сум овде да ве поздравам. И јас сум во истата каша. Многу слабо спие дечково. Не сетивме ниедни заби, ама сега петкиве што чудо беа не знам. Во меѓу време, есенска атмосфера. Надвор врне дур се мазиме и галиме по дома, често стиснати под ќебенце, уште почесто распослани на под ги читаме омилените книги, редиме лего и пееме. Деновиве ми се долги. Веројатно веќе доцна ми е за кафе.
Само ја тазе мајка и "не"мајка што не се замара за чисто. Ќе потсредам кога ќе си легне беба навечер и јас у кревет со него. Битно е неговото ќоше да е средено другото кај паднало не станало дур не дојде мм па да "одморам" чистејќи. Ама куќа со дете таква е и ич не ми е мака! Знам дека кај што го оставам него е чисто,за другото има време ќе средам Воедно почнав на курс да одам по 4ч во денот. Мали се чува де со мм,де со бабиве. Супер е машала мирен само кога ќе се вратам и ке го земам и ме гледа во фаца таков хаха Ама нема гајле,многу му се плашев дали ќе ме бара ама батето мука нема Ама затоа кога ќе види дека соблакам блузата одма плука цуцлата и се радува па на нив или на мене исто е де Воедно мм беше во кафана од 16до00 и кога дојде му реков дека цел ден мислиш на свадба пошол и се налути човекот и два дена лути Инаку супер ми доаѓа ова со курсов,воздух ме фаќа Утре мами прави тетоважа за беба Имајте убав ден
@KikiKviki леле на ум имам тетоважа откако се роди. Се мислам да ја направам за роденденот без никој да знае. Кај ќе се тетовираш? Јас имам малце страв од болка иначе сакам ептен некоја да ми ја обележи најубавата врска на светот
И јас иам тетоважа на ум за него, малце е смешна ама мене ми е баш како за него. Брат ми е тату мајстор и да се ослободи малце ќе го терам да ми ја прави. Ти дете роди ќе се плашиш од игла не зезај Има играчки ама пуштен од следен петок.
Кај Парлов. Он ми е матичен неколку имам се кај него правени. Ех,мајка си болка не постои. Јас обожавам тетоважи,дури мислам "болката" ми се допаѓа. Што би рекол внук ми, "мајка си,можеш ти" или "ама ти си мајка,можееееш" @1209 па ти си на коњ. Камо брат ми да научеше такво нешто
Немам душа во мене денес. Бевме на ортопед, добар е. Е затоа после во државна... Прво на детска хирургија го прегледаа, као мислиме дека е во ред ама ај да го види неврохирург. Отидовме кај него, он едвај го ѕирна, вика не е ништо ама ај една магнетна. Како не е ништо, а магнетна ќе му правиме на дете од два месеци? Магнетна ни закажаа тек за два месеци, како би биле мирни ние овие два месеци? Се слушавме со еден куп блиски, па закажавме прво ехо утре за да видиме дали магнетната е неопходна иако сите инсистираат на неа. Не знам како ќе преживеам до утре, сите вртат, даваат утеха дека нема да биде ништо ама да не ни се во кожа.
Ако треба нешто за магнетна за побрзо, пиши ми. Не ветувам ама може ќе најдам термин за порано. Се надевам дека нема да треба. Гушки до вас
Со помин што и да е. за тебе И јас сакам тетоважа, прво за синко прв, не се кандисав во овие скоро 6 год, па ајде дур дојам демек не требало? И сега за 2цата една тетоважа. Ама уште незнам што сакам точно
И јас имам најдено тетоважа, така да следно одење во Мк ќе се тетовирам сигурно. Овој пат затоа што доев не можев. Туку да прашам а ласерска депилација смее при доење? Некој да е упатен повеќе
@marama Преморена од трчање на сите страни. "Спакував" дете и во игротека. Куќа кај да е ќе прооди. Ама демек продолжен викенд не чека и може ќе се средиме. Во градов мој нема ништо интересно. А како и што ќе заладува или собири по дома или игротеки ни остануваат колку да видиме свет што би се рекло со дете. Не дека преку ден не гледаме, јас на работа, таа во градинка, ама за останатото време. Гледам нејзини врсници низ игротекава и сфаќам дека јас уште си ја мислам премала и само трчам по неа. Знае да се качува и слегува по скали, лизгалки, ама некако си мислам побезбедна ќе е ако сум јас до неа. А комотно може раат да си пијам кафе, ама нема.