@marama гушки Прилог слика од "чистење" кога ќе оди ќерка во кревет Фрлање на балони и се што имало низ соба у ќоше, седнуваш и скролаш на фемина. Не знам што не е јасно Храната низ соба исфрлана мачката ја собира, фала многу маче А тетоважа многу сакам, и за неа и за себе. Не се плашам, не ми е језиво, ама не можам да се наканам да дадам 50€ Татко ми уште се заканува дека раката ќе ми ја исече Јас преплашена еве.. Ајде следно што ќе направам лично за себе ќе биде тетоважа. Или Беемве. Што ќе дојде прво, не се жалам Да рокнам некое винце, маж ми коментираше дека сум чудна па да се вратам меѓу нормалните
Незнам точно зошто, знам дека не требало, најверојатно заради несакани ефекти како инфекции, па антибиотици, само си претпоставувам
Дел од бојата оди во крвта, вајда за тоа.. И јас презакажав на времето, а тогаш решена бев. И нацртана ми е, спремна ама еве 2 години поминаа уште одам
Тие обично не се замараат многу, на тебе е дали ќе одиш воопшто или не. Јас такво искуство имам од козметичари, заболекари и сл. За нив може се и трудна и доилка, па ти како сакаш.
Мама, држи се. Можам да замислам колку е тешко, со една настинка немам душа некогаш не па вака. На што се сомневаат? Може некој тука има искуство да сподели да ти е полесно..
Не знам за што ти треба магнетна, на нас со големиот ни закажаа за Бифидус спина, ама се разболе и не отидовме. Јас би однела и на второ мислење за волку мало бебе. Иначе магнетот воопшто не е страшен за бебе, за никој додуша не е, нема зрачење. Пиши ми ако сакаш пораче ќе ти објаснам.
Вчера пишав дека веќе 2 недели сме на една дремка нели? Хе,хе,хе да се насмееме сега и пратете по една пијачка пошо вечер до 11 ке денсаме сигурно. Long short стори -> заспа во 12, стана во 12и47 со плачење со викање, со липање со се. Заби го болат само нешто гриза, тројки и четворки му излегуваат заедно. Јас плачам за сон, и он за истото излеа. Му дадов пола доза парацетамол у 1 ваљда сеа му проделува штом навали глава и ми заспа, нека се наспие само пошо пренапорен е кога е ненаспан. Фатив некој ред со машината за перење секоја вечер ја пуштам, епа сеа имам купишта за диплење ама не се поместувам од креветов макар и цела соба да се заѕида од алишта. Прошетавме и се уморивме искрено, не дека бебо беше нешто тежок туку и него промена и нас, уште не свеснат кај е го вративме дома па се збуни дете кога стана во понеделникот пошо заспа во кола вечерта збунет ама одма им се фрли на мечињата и играчките Сабајле се смеевме, мм со свекрва ми пијат кафе и бебо станува гледа има место кај да се симне одма од кревет на земја јас додека станав тој земал пантофлите во раце и на врата збори нешто. Свекрва ми вика, а бе добро дете ке стане ке го слушнеш ке се проврти низ кревет ние само чекори слушаме и одма трчаш, ке и побегнеш од кревет на мајка ти. Многу беше интересен, станува туп,туп,туп со ноџињата и застанал на врата со пантофлите нешто се кара Тоа е од мене да пробам да дремнам малку, јер вечеер
Девојки фала ви за добрата мисла Според докторот во Систина малиот е добар и нема потреба од магнетна. Такво дупче имале многу луѓе и не мора да значи дека е сериозно нешто. Кога рече добар е, нема потреба од магнетна мислам дека се препородив. После се исклучив, не ни слушав што збореше, среќа маж ми е поприбран од мене, па праша се што треба.
Многу ми фали Лондон. Мислам дека најголема грешка во животот ја направив кога го убедив мм да се вратиме. Мислам знам дека моравме ма некое време иако не планиравме за долго и стално, некако работите се ископлицираа и сега многу е тешко пак да идеме, мислам ќе идеме, ама кога??? Тука животот ми е многи монотон и досаден, си замислувам сега на син ми колку ќе му беше интересно во сите паркови таму и сите работи што ги има за деца, а не тука секој ден еден парк со 3 клацкалки… Како со мм ќе си пиевме пивце на ќеј додека он си беснее околу нас. Ах животе оти си толку комплициран. Од друга страна иам понуда за работа , ама со американско рабитно време и буквално не знам како да се организирам со детево, нема кој да го чува во целиот тој период, а убава е понудата…неам апсолутно идеи што да правам.
Синко конечно се предаде. Кој знај што му стана вака касно што ми заспа. Можеби чичо му дека беше на гости и сакаше да биде со него. Го гледа еднаш во три недели, дека тој работи и живее во друг град. Нејсе ако спие убаво вечерва ич нема да ми смета вака касно што заспа Инаку читајќи те @marama ме потсети на периодот лани исто ова време кога јас добив наод за синко. Исто фала богу ништо нема пречка во развојот. И мило ми е што и вас ве смириле и не е ништо озбилно. Многу пати сакав да седнам да напишам за што се работи и никако не се осудував. Ама ете мислам дека дојде денот, па можеби ова ќе помогне некому со иста проблематика. Можеби сте ме читале дека имав тежок пораѓај, на кој детето се напи малку плодова вода и фала богу немаше комликации, а предходната вечер на цтг пулсот му одеше над 200. Поради тоа месец дена по раѓање не пратија на ехо на мозок. Во србија ги праќаат предвремено родените бебиња, тие што имале комплициран порагај, што се напиле плодова вода итн. на тој преглед. На прегледот му видоа трауматска циста која настанувала од тешкиот пораѓај и ни рекоа мора да се следи да не почне да расте, што не би требало, дека тие се сушат. Наредна контрола одење ми вели има промена. Крвта ми се заледи. И ми вели не со цистата таа си е иста, но има проширување на предните мозочни комори. Прашувам, никакво објаснување не добив за тоа што е тоа. Демек не е опасно треба да се следи дур фонтанелата е отворена и да го пратат неуролог и физијатар. Наод блага верзија на хидроцефалус. Кога прочитав дома ми се секоја нозете. Термини за неуролог нема,бркај врски. На приватно закажано чак за две недели. Врска најдовме да не прими за 10 дена. Тие десет дена ми се скрати животот за 10 години и обелев во косата. Плачев секој ден. Фала богу проширувањето остана минимално и не се шири. Цистата се исуши како што ни кажаа дека ќе се случи. Синко нема никакви пречки во развој. Чак неурологот и физијатарот го гледаат понапреден од врсниците. Така да кај нас се заврши на добро, ниту има физономија на дете со хидроцефалус. Ако некоја и треба инфо за било што околу оваа тематика ( не дај боже ) може слободно да ми пише. По сите маки, и барање одговори, дојдов до овјаснување дека тоа проширување највероватно настнало во моментот кога синко имаше пулс над 200, дур ми беше во стомак. И дека тоа било првична индикација да ме породат царски, а тие ме оставија цели 24 часа за природно да се породам. Ама тоа се само демек претпоставки, зошто сеуште не се знае како и зошто настанува хидроцефалус, посебно за стекнатиот како во нашиов случај. Сакав да кажам бог не става на такви тестови што некогаш мислиме дека нема да ги издржиме. Ама ете човекот можел и те како многу да издржи. Извинете на долгиот пост. Гушкајте си ги децата, тие ни носат живот, ама и ненормално голема сила дефинитивно
Значи за истото како мојот голем се работи, бифидус спина, и јас го имам. Кај нас матичниот рече дека е наследно, и дека до годинка треба да се израмни, што и се деси кај нас ама ајде да го види доктор дека на годинка уште не одеше. Жупановски не гледаше на клиника и рече магнет, Венко рече нема потреба од ништо потоа. Проблем е ако дупчето е отворено и солзи, има течност, ако е скроз затворено не е проблем, треба да се следи дали се израмнува со растот. Јас ти давам совет да го следиш само дали нормално се развива, движи, лази, ползи, се што си оди со возраста, и движењата да му ги пратиш, дали се координирани и така натаму, а исто така да видиш дали имаш ти и мти, некој во семејството, ако имате не е ништо страшно. Така мене Венко ме советуваше.
Здраво Не знам каде да пишам па решив тука... Како се справувате со обврските по дома кога сте на работа а во мојов случај сум со две деца едното 5 год. и бебе 10 месеци.. Скоро 1 месец откако почнав ама толку сум премногу со обврски што дома најчесто ја исфрлам нервозата...и на работа не е сјајно не се знае дали ќе ме остават на работното место во неизвесност сум секој ден.. Се извинувам што вака како да се жалам а не сум единствена сигурно но не сакам во себе да држам
Ќе бараш помош од сопругот. Обврските по дома мора да се поделени. На нив 99% од времето не им текнува сами да почнат нешто, но ако не им текнува тука сме ние да ги потсетиме
Убаво ти пишале, инволвирај го маж ти. Мојов научен е веќе и сам вика кажи што да правам да не се дереш. И ко на дете ќе му кажуваш земи здипли алишта, земи извади садови. Зашто сами не им текнува. Маж ми вика кажи што да направиме, да си седиме после, зашто мене ако чекаш да ми текне, децава на факутет ќе тргнат.