Јас сакам да замолам ако имате непотребни кодови од сликичките животинско царство и не ви требаат да ми ги пратите во порака Фала
Не да не му текнува... треба да се расправаме и затоа јас преземам се.. може само да испазари ако кажам нормално..Ви благодарам за одговорите, подруго е кога ќе се сподели со некого
Синко е златен. Вчера бев на свадба, го оставив со маж ми и мајка ми и супер поминале. Заспал околу полноќ и спиеше сабајле до 7 и пол. Имал осет дека мајка му треба да поспие тоа што јас се будев на неколку пати да проверам дали е добар, да не кенка дека е гладен е друг муабет. Од ден на ден менува, па и поинтересен е. Се помалку сака да лежи, сака да го шетаме, не само да го држиме во раце него да шетаме, посебно надвор.
Вчера гледав еден љубовен филм и се фатив како многу ми фали врската со маж ми пред да имаме дете. Реално на дневна база не размислувам на темава оти неам време, ама вчера се замислив и сфатив дека уствари две години неаме саглам посветено време за нас. Знам дека кај повеќето парови е така ама искрено ми фали да идеме на дејт, да се опиеме заедно, да имаме с*кс по цела ноќ, да си лежиме во кревет да си гледаме филмови цел ден, да излеземе спонтано на ручек/ вечера/ пијачка… Да идеме на пикник со мезе, пиво и џоинт и да си кулираме… Ми фали да се дотерам, да облечам секси долен веш и да излеземе, да се осеќам привлечно и опуштено и секси… Вајда и ова пак ќе биде еден ден ама до тогаш дали ќе си ја зачуваме врската, дали ќе биде како пред тоа? Ама муабет извртов викендашки на пландне во мајчински Ама дека сетоа ова е спречено од тоа што сум мајка, ќе речам дека е баш на место.
Па напрајте пикник со дете, сеа без џоинт ама пак ќе е пикник. Глејте долгометражни цртани, нема да е цел ден ама ете едно сабајле може. За искачање ако можеш да го оставиш на спиење,мада колку што се сеќавам немаше помош за тоа, ако не викни некоја жена за навечер само и излезете. Јас ти кажувам дека јас кукам цело време за нешто такво, пикник, искачанка, филмски маратон, ама нема, кај мене другата страна нема желба, или ќе заспие сред филм, или нема да му е интересно ако излеземе и едвај ќе чека да си дојде зошто има фудбал, му се спие, мајка му треба да си оди... Секс не сме имале ни ние, полни 2м, ако не и више веќе, јер сум му дебела.
Правиме секако се тоа со дете ама ми фали бе дете, не е тоа чувство како пред дете, ја немаш таа слобода, не можам да се опуштам… А инаку за секс он има желба и се молиме постојано ама јас немам, јас сум тип на жена што за да има секс мора да е одморена, средена и расположена, а со мало дете 90% од времето тоа не сум, јас сум тука за карање не он.
Абе колку ќе е безгрижен пикникот, и пикник ќе видиш и кулиранција и се. Муабетот е да можеш бар 20 мин да не мораш да трчаш и пазиш дете. Да се посветиш на нешто, без во позадина да мислиш што ќе скраси дете. Инаку да патат врските. Нема таква близина, или треба да најдеме начин да ја вратиме. Фала богу не ми пререкол дека сум дебела, не исфенирана или не издепилирана, ама мене ми влијае на пример. Јас би сакала да сум барем малку посредена. Добив ваучер за облека пред повеќе од месец време, уште не сум си нарачала ништо. Друго исто што ме нервира е што се се врти околку детето. Се. Ја сакам највеќе на свет, љубов ми е, ама ја гледам и полека како се претвара во разлигавено детиште и цело време сака се да се врти околку неа. Знам дека е нормално, ама не сакам да не дели. Не може да им се лути на децата ако одат на игралиште да играат во песок. Па не е песокот нејзин. Или ако во моментов не се лула. Па не е лулашката нејзина. Не се сите книги нејзини. Не може вака на 15 месеци. Кај грешам бе луѓе. Не игнорира кај не и кај стоп. Разбира команди кога и одговара, кога не, си продолжува и ич не не регистрира. Како бе вака одеднаш? Дете растено само со мајка и татко, без баби да го лигават по цели денови. Од каде таа потреба да биде постојано во центарот на вниманието?
Леле ма Ангел Да го знам маж ти би го ставила на место, омилени ми се вакви ликови. Верувам дека има причина зошто си со него ама ваков муабет ми е Јас да си кажам за мене, после првото дете многу се осеќав како @1209 ама сега дали созреавме, дали сфативме дека колку и да се децата целиот наш свет ипак не се врти се околу нив, не знам до што е ама поштено се изнае*авме овој месец, а бебе нема ни 40 дена. Excuse my french Веројатно треба време да си легнат работите, многу кавги и недоразбирања за да се дојде до некоја убава завршница. Се ќе дојде на свое место, само држете се заедно
Такво си е детето. Тоа е карактер. Јас мојава воопшто не сум ја учела да е таква, па веќе покажува карактер. Сака да е центар на внимание, ако збориме ние се дере за да и збориме на неа. Буквално 2 реда муабет не можам да направам, мора и она да е инволвирана во муабетот, а 18 месеци има. Ќе дојде ќе каже нешто и ако не и одговориш или кажеш да така е, го повторува истото до недоглед, секој пат со уште повисок тон дур не ја изрегистрираш. Знае и да дели ама ако се запне за нешто не ја разубедуваш и крај. А многу зборам, и разбира, ама исто, реагира само она кога сака. Такво е инаетливо во исто време и плачка. Ако некој и земе нешто не знае да се избори сама него одма доаѓа кај мене и плаче. Како растат ќе менуваат ама некако се ми иде дека си покажуваат некои карактерни особини уште сега. @1209 И мене ми фали таа безгрижност и спонтаност, скроз те разбирам. Јас премногу ја сакам ќерка ми и верувам дека има периоди кога мораме целосно да се посветиме на неа, ама исто така верувам дека не треба да се заборавиме со маж. Сепак нашата љубов е тоа што на свет ја донело нејзе и не сакам да го запоставам тоа. Имам помош од двете страни, можам да ја оставам и да излеземе, ама толку е приврзана за мене и татко и, посебно за мене, што грев ми е да ја оставам. Сме знаеле не дека не, ама не ни е навика баш да ја оставиме за да излеземе на дејт. Еднаш се има десено за тоа да ја оставиме, и секако пак се враќаме дома и спие со нас, за преспивање никогаш не сум ја оставила со друг. Затоа дома си правиме дејт. Јас ја успивам, мм праи мезе и пијачки. Среќа заспива релативно рано, па имаме 3,4 саати за нас. Јас сфатив дека се не може да имам, нешто ќе страда. Моментално страда мојот сон и донекаде социјален живот. Ама се навикнав веќе така да не е страшно.
@AngelOfArh Маж ти да си превземе домашни обврски, да дојдеш од работа, да има ручек, да ручаш, да одмориш, па да поиграш со деца и да излезеш да трчаш на насип а на него да му оставиш садови и да успие дете. Па да види каква риба ќе се направиш за 2-3м. И успат алишта да здипли/пушти машна. А не се научиле да јадат трици за килажа и изглед на жената која што им родила деца и успат се само тресачи на ташак на софа во дневна или спална (општо мажите, не конкретно твојов за овие две работи) за нишо др не пимагат, само одмагаат. И јас верувам дека имаш причина зошто го трпиш, впрочем сите заради некоја причина ги трпиме, а не треба. Не му чини? Парталите и кај мамичка нека го пере, да му готви, нека се излежува цел ден и нека д*ка на порничи ако ја не му чинам и сум му дебела или несредена или неиздепилирана. Мојов знае на шала да рече, Ее ма жено си пуштила газови, бутови, спојлери, ама намерно ми го прави тоа за да се закача. А знае дека ако го каже за озбилно може очи да му ископам. Кај се дома правам и немам време за себе па уште да бае, е мало морген. Ја бркови носам со недели од што сум заборавена, буквално заборавена а ќе се видам во огледало и ќе речам ај вечер да заспијат децата ќе ги средам, таман до сабајле црвенилото да пројде и ќе ,заборавам и го гледам ме загледува и се смешка ама не се осудува да ми рече дека се натпреварувам со неговиот брк(еднаш така ме закачна, па намќор бев 2 недели).
Што ви е луѓе? Сериозно, смалете си ги очекувањата, зборувате за речиси уште па бебиња, до 18 месеци буквално немаат самоконтрола развиено, прво спознаваат што е јас, сфаќаат што е нивно, потоа доаѓа другото. Сакате со неполни две години да делат и што, да бидат возрасни? Преголеми очекувања секогаш ни сметаат правилно да се однесуваме во ситуациите и претереано да изреагираме. Ништо не е детерминирано какви ќе бидат со однесување од 15 месеци. Не, апсолутно не значи дека ќе станат себични разлигавени детишта ако не сакале играчка да споделат сега. Нормален процес и развој, вие сте тука за да им зборувате и да ги насочите. Би сакала мене некој вака да ми кажеше, немаше да се грижам толку тогаш и да се напињам дека морало детето да дели, или леле, готово, сум кикснала скроз, детето ќе ми биде крајно себично. @AngelOfArh секогаш кога те читам за маж ти ми иде да земам и да му ја пукнам една. Добро де, не буквално, ама стварно заслужува. Да земе да ми рече дебела сум била, Господе боже, има надвор да спие, да не му смета мојата дебелина. Нема да ти коментирам повеќе, сум те читала и во другата тема, јасно ми е, и сум ти кажала дека заслужуваш многу повеќе, се надевам ќе успееш да се избориш за себе. Ќе помине. За некоја година де, ама ќе помине. Еве ние сами идеме да завршиме некоја работа, она си седи сама дома, крајно е одговорна, ако не и се оди со нас слободно ја оставаме. Знае што треба, што не треба, што не смее, и нема гајле. Иако не е навечер да излеземе, ама пак, уз пазарење може и кафе да испиеме. Малку по малку.
Ти разбираш исто дека ние сме свесни за сево ова, не дека не знаме, ама ете сакаме да си кажеме де. Секое дете посебна приказна. Не дека не ни е јасно. Интересно е пред да добиеш детеси велел ете разлигавено дете, и по некое чудно правило, ти се погодува бетер. Па смееме вајда од другата перспектива да си го кажеме и за нашите. Не дека ние децата еве ги затвораме, не им збориме, им се дереме и пробуваме од нив војници да направиме. Полека малку и ти, кочи, кај тргна да не караш. Мислам ете не има и вакви немајки што си се жалат од децата и им завидуваат на мајките мирните деца. А за очекувањата, еве ја и факс и избрав кај ќе студира, нема тоа е. Нема она што сака, ја кај кажам.
Сакав да кажам дека е развојна фаза, неделењето, сакањето да бидат во центарот, зошто се мали и допрва се развиваат. Дека е сосема нормално да мисли за лулашката дека е нејзина, зошто замисли, има 15 месеци. Не зошто ти до толку си ја разлигавила и затоа мисли така. Всушност, не беше наменето да биде карање, сега го читам тонот дека е таков, ама не беше намерата таква. Сакав да ви кажам дека е сосема нормално и дека сите се такви и сите мислат дека лулашките и се што им е пред очи е нивно. И ќе помине, да, со зборење дека не е нивно, дека е тоа тука за сите, бла бла, ќе ви фаќа устата пена, ама ќе помине на крајот и кога ќе почнат повеќе да осознаваат, па ќе дојде прво размена, па после ќе разберат дека е тоа тука за сите и така.
Ве читам и сакам да ви кажам дека децата постојано менуваат, потребно е да бидеме присутни во секоја развојна фаза и да го вадиме најдоброто од нив колку што можеме. Ќерка ми кога се роди беше многу нервозно бебе, ме фаќаше страв на моменти што ќе правам понатака, сега па стана поплашлива, се повлекува, не се бори, одма ме бара итн. Тука сум за неа секогаш кога ќе ме побара, не ја "јачам" за да се научи да се "бори." Сметам дека ќе си дојде само по себе, сега само и ги задоволувам потребите за кои сметам дека сеуште не е свесна и и треба поддршка. Ние сме тие возрасните кои треба да имаме поголема свест од нив, иако е неминовно дека некогаш сме преморени, нервозни и ненаспани. Колку ми е криво некогаш кога ќе се изнервирам пред неа.. оф! Ама знам дека и јас сум човек и е битно да си ставам прст на глава и да видам колку таа знае, а колку јас. И гледам дека не сме на исто ниво. Такада..ние сме оние кои исто така учиме од нив и треба тоа да го практикуваме. Добро е да се испукаме, изнакажеме, извадиме се од себе и да продолжиме понатака да бидеме добри родители.
Јас маж ми веќе не го гледам со исти очи како што го гледав, не знам зошто толкава разлика ми се случи. Го сакам, ама скроз изгубив страст. Неколку пати ми се врати, ама еве долго време ја нема. Можам се со него да правам, ама кога ќе дојде време за секс (средена/несредена) ич не сакам. Не знам како да се вратам онаква каква што бев. Имаме активности, шетаме, динамично ни е, не сум дома цело време да сум незадоволна ама сепак ја немам желбата за интимност. Не знам дали е до хормони или реалноста е таа.
Сакам да ти дадам поголема поддршка да се опуштиш. Врската нас ни се подобри после 2 год негде, претходно мн бев нервна, да ми е паметот можеше и порано да се вратиме во нормала. Не е како претходно секако, ама пак е нормално. Е сега детето ни е поприлично во се вклучено. Завршуваме со работа, немаме ручек, одиме на ручек вечера тројцата, без мн мислење каде и како. Ако има дешавки на отворено, пакуваме дете во количка, заспива, ние тераме пијачка, парк и сл. Филмови, гледаме ептен да не се крволочни, нарачуваме пица, седнуваме и пуштаме филм, доста анимирани изгледавме додуша, ама го изгледавме и кинг конг со нејзе, не издржува 2 саати ама пак го правиме како што сакаме ние и приближно како што сме правеле и претходно. Во однос интимност, често се договараме, за да не сме утепани и функционира боље и од пред бебе. Се пицнуваме и излегуваме со дете заедно. Нешто што не би променила од 2те год е заспивањето рано, во 8 е во кревет, до 11 имаме време нешто да средиме и да си правиме дејт дома и ова е скоро секоја вечер. Единствената спонтаност што во моментов ми фали е, станување сабота сабајле и да речеме ај до Солун да идеме, ма да и тоа веќе не ми личи толку недостижно. Јас искрено и сакам да е со нас. Што правев пред 2та година. Мора да спие дома, мора да јаде тоа и тоа, мора да јаде во толку, не смее да гледа тв, не смее да оди во гужви, не смее да остане будна после толку и толку саат, мора да спие попладне, мора да се избања, не смее да не вечера. Е па, се од ова смее и се од ова не мора. И така... Прво ми е, ама го чувам ко втори деца што се чуваат и имам грижа на совест чат пат, ама па си викам убаво ни е, а и вторите не "чувани" деца добри израснале.
Не луѓе не се разбираме изгледа Јас сето тоа го правам со мм и со дете, и не сум јас толку строга со распоред не ни бев и мал кога беше, спие секаде во количка, јаде ако сме излезени што јадеме и ние, не се потресувам да е се на време или сл, освен вечер за спиење. Дејт дома не бива оти мм работи само втора смена, обично од 6, отсабајле спие па само попладне иаме време за нас, ама дете тогаш е најзахтевно. Не ми фали социјализација и дружба меѓу тројцата. Ми фали времето кога бевме сами, и да сега ми е преубаво и имам многу други работи кои не исполнуваат ама ми фали и животот и начинот на кој се сакавме пред да станеме родители, динамиката н- врската пред детето. Знам дека ќе дојде ред пак на тоа(освен некои од работите кои не се за со деца секако) ама ете ми зафали да си безгрижен, заљубен, спонтан и се што носи времето кога си лудо вљубен и се ти е возбудливо.
@1209 Јас само ќе кажам дека ми фали многу времето кога излегувавме во L &M. Манаус,журките и свирките во пабот,па кафе шема на бензинската...така безгрижни,без брзање...спонтани излегувања...Убави спомени....
Леле Манаус кај ме потсети, а во Пабот се запознавме со мм пред нешто помалку од 18г. Ех какви времиња беа тоа