1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    12.206
    Пол:
    Женски
    Го прочитав ова и ми текна, ако некоја мора ова да го прави тогаш седнувајте на сред спална или барајте помош да се наспиете зашто пред некој ден бебе ќе ми паднеше од раце доле на плочки зашто заспав седејќи. Од памет се извадив ама ме совлада уморот, по два саати спијам ноќе.

    И на ова да се надоврзам, и јас мислев вака ама сега дефинитивно мислам дека идеална разлика е минимум 4 години за да можеш да издржиш.

    Мене неспиењето најтешко ми паѓа. Ми се погоди цела недела неспиење, плачки, ноќе само врз мене спиеше, само кај мене се смирува. Од синоќа е комиран и го будам само за млеко, не може да се освести. Само го ѕиркам дали дише, да не има температура, да не дехидрирал. Ноќеска успеав 5 саати да сврзам, одма ми се смени расположението. Сега го чекам за млеко и ќе се комирам и јас, се надевам нема да го подречам :*:
     
    На Skyler81, Kikikikiri0405, Zumbulche и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    1.044
    На сите нас ни фалат тие безгрижни денови, сега секогаш мора прво да мислиш за децата па после за се друго...
    Денски некако издржувам, ама ноќта ме плаши и ми е ужас.
    Спиеш на штрек, таман си задремал бебе плаче.
    Пола ден сум сама со децата, некогаш неможам до вц да отидам.
    Неможам да го уживам овој период, бидејќи незнам како ми се погодија исти да ми бидат дечињата.
    Враќа млеко се гуши, крчи луѓе премногу и на моменти неможе да се продишува и се нервира плаче и нормално дека неможе да спие од тоа.
    Јас пишував и на форумот во соодветни теми, ама не сретнав некоја да пише дека и нејзиното крчи.
    Само се нервирам и велам на маж ми дека ова не ми изгледа мене нормално за бебе од 1 месец.
    И затоа само ми се плаче и се нервирам дека ништо не правам како што треба и незнам како да и помогнам.

    Во врска со килажата, имам доста вишок.
    Среќа што пазев во бременоста па имам намалено 10кг.
    Ама кај се уште 20, може и повеќе за да биде идеално.
    Со првото кога се породив бев послаба, ама исто вака од нервози плачки јас утеха си најдов во храната и се направив мечка.:x
    Некако почнувам и се опседнувам дека сакам за 10 дена да сум ослабена нели.(facepalm)
    И тука почнува нервозата и прејадувањето, ако продолжам и сега вака ќе бидам несреќна уште многу.
    Среќа маж ми никогаш не ми пререкол, ама сама сум си свесна.
    Сакам еднаш да се облечам во нешто и да се бендисам дека не штрчи од никаде.

    Се фаќам дека и не сум среќна во државата каде што сме сега, често темата на разговор ни е дали да се вратиме во Мк.
    Незнам што е најпаметно решение, ама сметам дека треба да сме среќни и да живееме каде што така се чувствуваме.
    Животот е еден и некако бргу проаѓа.
    Времето ќе покаже...
     
    На Skyler81, Lilith_3, Zumbulche и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Толку е :).
    Тек две кога ќе имате, на штрек големото да не улета од едната соба, малото да не се разбуди баш сега во другата соба...
     
    На WhiteCat33, lackygirl, strelec231992 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.322
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    Мајка, а 3?
    Сакаме и ние со 3 што имаме да се сек..ме :D
     
    На Zumbulche, WhiteCat33, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    6.604
    :D:D Само изгледа лек ќе биде ако ги испраќаме на поседок за викенди кај бабите кога ќе потпораснат. :rofl:

    Јас се тешам дека со кумовите наши сме преблиски, и во иста зграда живееме. Ќе се најдат за помош некогаш. :D Па и ние на нив.
     
    На LiquidLuna, strelec231992, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    4.650
    Пол:
    Женски
    Мене ми фали да одам во шопинг без да собирам тодлер од по земја и да пробам да го свиткам во некоја нормална природна положба на телото, а не превртена кифла оставена на -40. Прееска бевме со маж ми во некој друг град, демек нешто да се подновам. Дали еден саат поседовме, од кој пола саат ја барав продавницата што ми треба. Такво експресно купување во живот не сум направила. Решивме следно, земаме слободен ден и двајцата, дете во градинка и раат да си видиме што има.
    Иначе за другото, првата година ни беше ужас, буквално како цимери по дома бевме. Кога почна детево да спие, тогаш видовме малку време за нас.
    Генерално, ми треба шопинг од сабајле до вечер, без да трчаш по некого, или да го собираш да не мете по земја, или да пишти како да го убивам.
     
    На Skyler81, Zumbulche, Luminary и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.804
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Е тоа е веќе експерт левел (facepalm)
     
    На Zumbulche и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  8. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишала ова. :sweat:
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Од тема секс сум исфрустрирана што додека бебе спие на нашата спална ние имаме само на тросед во дневна кој што е неудобен скроз. А пред да се роди направивме спална 2 на 2 за да биде поудобно и душек најмек али ништо. А да кажам и дека ми е поубаво сексот сега незнам порано имав болки сега немам воошто после пораѓај како да сум по опуштена. Само самодовербата ми е 0 кога треба да искачам ништо не ме бере многу сум депресивна не личам на ништо криво ми е многу се доведов во најдобрата форма во животот се изгладнував вежбав и бев топ а сега се од ново пак старата јас мечка.. ослабнав 5 кила и млекото се намали молзев цел саат 100мл па пак почнав да јадам и сега е океј. Маж ми никогаш не рекол ништо знам дека секаква ќе го привлакам али ради себе знам дека вака не сум среќна а и коментари од мајками баш ме погодуваат постојано кога ќе ме види се со плачки завршувам..
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Сексот ни е почест за разлика од со првото, ама така, се криеме во дневна, во вц под клуч, сабајле на прва дремка на малото додека големото гледа некој цртан. Шизик на ризик :rofl:
    А инаку и мене ми фали спонтаноста, од работа да се симнам рандом некаде да си купуам/разгледам нешто па да си седнам после тоа на кафе сама да си уживам. Ми фали да ми се јави некоја од другарките и да ми рече "еј абе ај да излеземе на пијачка, и јас да и речам 9.30 е во 10. 30 ќе сум качена во такси, идеме)
    Ми фалат дејтовите со муж на кино, театар, ми фали кога излегувавме на пијачка па испивавме секогаш повеќе и завршувавме на опасен секс на Водно :D. Ех, многу работи ми фалат. Ги сакам овие ајдуциве највеќе на свет ама не е исто. Сме имале време пред да се роди второво и сме излегувале, ама, не е тоа тоа. И патувањата со маж ми фалат многу, некако повеќе хармонија имавме тогаш, сега од умор и од обврски само се караме. Се сакаме ама некогаш ич не се поднесуваме органски .
     
    На Skyler81, strelec231992, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    76.350
    Пол:
    Женски
    Само сон ми фали. Да легнам и да спијам пример три саати без прекин.
    Друго ништо од претходно , ваљда сум остарела :D
    Некогаш ми е многу заморно, ненаспана и со триста обврски, немам време да се почешам со три деца, секое со свои потреби и секое со свои обврски (освен најмалото нели што нема уште никакви обврски освен да плаче кога е гладно и кога нешто не му е погодено :D ). Ама, има едно големо ама. Го сакам овој позитивен хаос, оваа позитивна бучава дома.

    Сега, кога сум на праг да се вратам во "нормала", да влезам во бубањ, дур се на училиште големите а малото на адаптација, имам време за се. И шопинг, и по дома да средам, и обврски без брзање да завршам, и на кафе спонтано и лабаво да седнам, и да отидам до парк на пешачење или да си седнам на клупа со кафе во рака и да гледам во езерце и да уживам во спокојот и мирот што е таму. Ама, веќе ми фалат деновите кога 24/7 бев со бебуш и фатив летен распуст со дечките. Знам дека помина тоа и нема веќе да се повтори, па на моменти си поплакувам.

    После секое породилно истото си го зборам, децата растат, пак ќе се прават сите работи вака или онака, ама децата се бебиња само тогаш и толку.

    Веќе ми фали мирисот на новороденче, ми фали да го држам во раце дур спие спокојно и да му го слушам од блиску дишењето. Веќе ми фали мојата мала бубачка што расте многу брзо и што веќе почнува да ме вика мама :l:
     
    На Skyler81, Mom's_life, Giiirl23 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.150
    Пол:
    Женски
    Ми фали да излезам сама и да шетам по продавници колку сакам и кога сакам. Да си купам душа што ми сака и секој ден да проверувам дали добиле нешто ново одејќи накај работа.
    Ми фали да договорам викенд од сабајле до вечер со цела агенда, со кого, каде, што, како.
    Ми фали после работа или после ручек да си легнам и да си направам една дремка на раат.
    Ми фали да зборувам на телефон и да не ме влече некој за нога.
    Ми фали да се дотераме со мм и да одиме на пијачка. Да не се мислам дали заспала, дали станала, дали плачела.
    Ми фали да се начукам и да имаме с*кс со мм, тогаш најмногу сакам, затоа можеби сега сум ваква.
    Ми фали да сум безгрижна.
    Ми фали да шетам сама и никаде да не брзам.
    Ми фали да седнам во кафана без да станам 100 пати.
    Ми фали да се спремам за 5мин и да тргнам некаде, сега 100 пати се премислувам дали да излезам.
    Ми фалат многу работи, ама и ова не би го сменила за ништо.
     
    На Skyler81, lackygirl, Zumbulche и 12 други им се допаѓа ова.
  13. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    858
    Пол:
    Женски
    Невролог да не знаете,каде што можам да се исконсуктирам по тел,сакам и видео да му пуштам малиов чудни гримаси праи. Дали има во групава? Морав тука да прашам повеќе сте и искусни.
    Инаку работата е пред некој месец се грчеше со рацете и устата ја грчеше и враќаше наназад. И сега пак почна, и сите можни работи во кружна форма или тркала сака да ги врти.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Физио актив кид (на инста) да ги консултираш 1500ден им е преглед совети вежби проценка на дете. Ако добро те насеќам целиш кон исто што и јас со моево од што сум преплашена само го следам и сакам да го однесам таму. Инаку мислам (се надевам) се уште малецки па затоа им се интересни тркалцата а не цела количка. Моево обожава да руши,кулата му е фаворит уште не сме ја склопиле се убрзува и ја бута цела. А вака друго моторички горе доле совладува навремено мислам ама што знам. Штета што во мкд нема обучени педијатри, физијатари за помали бебиња а не да се чека 2.+ години за дијагнози
     
    На KikiKviki и sani99 им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    100.316
    Пол:
    Женски
    Не ми фали ништо од претходно, презадоволна сум од моите деца, имам препаметен ученик, вреден, нема наставник што го нема пофалено, од школо, курс па се до музичко, имам бебе премедено, слатко колаче, добро плачко е малку ама некако се трудам да го разберам и тоа. Јас копнеам по нормална семејна атмосфера, костени навечер, кафенце, ќебенца нагрнати, деца околу нас, смеа и радост. Не е брачниов другар лош татко да се разбереме, забавен е, кога е присутен нормално, игра со нив, ако го оставам сам со нив ќе ги нахрани, истушира, измие заби и ќе ги легне, не е стварно лош татко, ама спрема мене е се подалечен, а мене страшно ми треба некој да ме гушне и да ми рече Види колку сме среќни! Ќе застанам на нозе наскоро и ќе биде се во ред, верувам во тоа, бар со мене, зошто поважно од се е мојата здрава психофизичка состојба, можеби ете судено ми е сама да бидам и покрај тоа што не сум реално сама нели.
     
    На Anturium, Skyler81, lackygirl и 15 други им се допаѓа ова.
  16. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    858
    Пол:
    Женски
    Пуст интернет што свашта има по него ама еднаш да прави океј (за вилицата што ја стиска наназад со отворена уста). И почна сега почесто така затоа ме загрижи. Сабајле дури во 5 ми стана и така правеше со устата. Го имав првиот пат фатено на видео па затоа сакам прво да пуштам да ми кажат што понатаму.
    А за тркалцата ајде може е моторика што викаш пошто читав дека од 8м веке со прстињата ќе бидат поактивни
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се пожалам и испукам од себе.
    Претешко утро, цела ноќ не спиени бебе незадоволно од се. 2 саати писка плаче кенка вика, нејќе во дубак нејќе во џампер нејќе играчки фрла се само во раце, гладна е, правам доручек со една рака дур ја држам, нејќе витамини нејќе сируп, фрла шише, нејќе да јаде а гладна е, осанит нејќе уста затвара, пелена да сменам плаче до зајдување, јас неспиена цела ноќ со тешка главоболка до повраќање вода не успевам да се напијам, во вц од сабајле не сум била, се храниме 40мин во секое ќоше од дневната има остатоци од каша, алишта расфрлани се сопнувам наоколу, на крј јадеше стоејќи во кјна дур јас симулирам сркање од чаша со вода па она отвара уста.Се покапавме двете ај да ја пресоблечам мислиш ја колам, гола седеше пола саат на кревет се прпелка и плаче, јас тотално изгубив самоконтрола почнав да плачам да липтам од немоќ што не можам денес да се снајдам со ништо максимално ме исцрпи бебе од 9м. Не се гордеам со себе си, нејќам ваква мајка да бидам, се срамам што толку губам самоконтрола , ама вечново плачење ме изморува максимално. Се гледам во огледало 10кила ослабена од пред да останам трудна телото ми е дехидрирано, главата ми прска.
    Нејќам да ме памти во вакво светло , растревожена и вознемирена. Среќа заспа, се напив еден кетонал сварив едно кафе и го гледам купот на алишта и кошули на мм за пеглање. Ќе си се гледаме.
    Не знам дали го знаете она на тикток #17diapers , ама денов се моите 17 прљави пелени и благ хаос .
    Ќе пројде нели:D
     
    На Skyler81, lackygirl, LivingGlam и 11 други им се допаѓа ова.
  18. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    858
    Пол:
    Женски
    Во ваков случај само надвор,и ние сме некад такви ама кога ќе те огрее сонце све ти поминува. Наполни термос со кафе,шише со млеко земете грицки и седнете надвор на сонце печете се. Нас барем ова мн ни успева. Ќе пројде
    Со лесно мајка:hug:
     
    На WhiteCat33, 1209, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.794
    Допаѓања:
    100.316
    Пол:
    Женски
    Верувај нема да те памети ваква ако си сега, она не памети ништо од сега, но тоа не значи дека треба да не работиш на себе нели. Јас се јадам жива што син ми ми рече Мама на сликите од средно си многу насмеана, зошто сега не се смееш? Е тоа е поразително. Затоа сега со нив се смеам и газам кочници јако, пијам за смирување нешто и лабавеам скроз. Сама со себе расчистив дека на крајот од денот тие ми се најважни и крај.
     
    На Skyler81, 1209, Dennings и 4 други им се допаѓа ова.
  20. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    Од тема ми фали, ми фали само да не се расправаме толку со мм, пошто после две деца и тоа како се расправаме. Кколку и да сме согласни дека не смееме пред дете да покажиме дека во одреден момент имаме различно мислење ние двата како родители, некогаш јас ја карам големата, а тој во дел од секундата и дозволил или однопаку и оп ете ти банална расправија. Некогаш па ќе ја искара тој па после ќе му речам ептен си строг таа е само дете, не разбира, нова расправија, па како ке научела ако не сега итн итн.
    Секс како секс иако имаме ќе речам задоволително (читај за мене задоволително, некој сака и уште и уште), ми фали да имаме рајат секс без да си на штрек дека ќе дојди големата од соба или малото ќе се подразбуди и ќе бара да цица на сред секс (facepalm), пошо и тоа ми се има десено. Децата ни се разлика скоро 4 и пол год, па после првото и сите фази, цицање/одвикнување, пелени/одвикнување итн имавме доста време на нас посветено, излегувања, пијанки, после дома ако било дете кај баба на спиење луди игри во спална :$, па сеа еве малото годинка е веќе полудев по тие работи, ама ќе биде, ќе спие и тоа кај баба еден ден... можда и побрзо пошто ќе се угледа на поголемата дада (fingers). Кутрите ние на продолжен викенд бевме и шо, само шо се каравме на повисока надморска височина :rofl::rofl:, се друго беше исто ко дома, мајтап на страна се издувавме, не готвиш, тоа е предност, децата кеф напраја на базени итн.
    Ми фали и то да да осетам некоја самодоверба, оти ја немам одамна, не знам кај е изгубена, во некоја комфорт зона сум предолго време, тоа важи и за дома, работа, за се. За носење секси веш пример да не прајме муабет, од секогаш сум била пополничка, сега екстра полничка...па шо ќе беше ова ем немам време за јадење, ем ништо не слегува од мене, ама ајде ќе си почнам по мое, па ќе биди и то.
    Пишав и јас еден пост каша попара ама битно си кажав шо ми лежи на душа.
     
    На lackygirl, Mom's_life, DaisyDream и 4 други им се допаѓа ова.