Здраво мајки Како сте? Јас сум дома(кај моите) бебо тера дремка, а јас во дневна, имам пуштено музика, кафе и скролам на телефон јер не знам шта чу са собом. Епа ова ми фалело највеќе, искрено вака се немам осетено добри 12 месеци. Да бев дома сигурно нешто ке фатев да работам, да готвам ручек, имам куп алишта ама сеа не ги ни мислам. Од се што ми фалело во овие 14 месеци, сон, да јадам на раат, да излезам сама, со мм, со другарки во 5 за 12, да станеме од спиење и да ни дувне да одиме некаде 300+км иако утредента сме на работа, да појдеме на кафе ама да пиеме и сабајлето да се чудиме што стоки сме, да не се поместам од креветот цел ден, ама буквално за ништо освен за до тоалет. Да можеме со мм асално муабет да направиме,да се искараме, да ручаме/вечераме заедно без едниот да чува дете да ми прави палачинки во 12 ноќе, да пиеме вино до сабајле (за сексот не се жалам некако од како добив ми се врати и желба и мотивација на тоа поле, и капнати да сме за тоа имаме мотивација [ако може само бебо да спие помирно ноќе па да се има време повеќе] ).. ама најмногу од СЕ еве ова ми фалело да седам на троседов баш безгрижно, сега го сватив тоа. И не, не би го дала бебо за ништо на светов, како и сите вие. Уште 140000 дена би го нишкала ноќе и би седела над креветче, би јадела доручек во 3напладне без проблем, само да е он жив, здрав и среќен. Само треба оддишка, да се одморам, да испијам кафе сама со себе, да се рестартирам и да можам да сум тука за него присутна и среќна. Затоа нова цел еднаш неделно оставање со бабите дали пред дремка или после како можат така, нека се учи и он без нас и ние без него. И времево го сакам вакво пола ден и повеќе сме надвор, он трча, копа, мокар, калосан е цел ама среќен. Само вртат машини, у лето толку не перев ко сеа. Ама боди па блуза па елек, па вечер јакна, едни патики одсабајле, други патики попладне, пантофли. Пантофлине се перени 6 пати у еден месец пошо тргнал по дедо му он не го заприметил и шетале низ двор со пантофли и така. Некои денови сум преморена и се чудам како може бебе толку да ме измори ама кога ке се насмее и со прстето кон мене мама се заборавам. На ведрата тема не знам колку е ведра уствари, измеѓу чистење и рандом муабет мм изјави сакал уште едно бебе поскоро. А јас му велам па имаме бебе, ова е вели дете, не е бебе. Јас ке сум одлучела кога ама он би сакал набрзо и така ден три у шок сум.. Имајте убав ден
Ве читам доста време, многу корисни совети ми се најдоа за поголемото, а сега и за малото па конечно решив да се приклучам и јас на форумот. Големата ни е во градинка уште малку ќе одам да ја земам, беба спие. Заспиваше сама до пред некој ден, не знам дали скок ја фати ама не заспива веќе сама, мора нишање во раце и тоа со саати. Ако ја оставам не завлечена се буди во истата секунда. Спратот ми е лом, срам ме фаќа дури. Гледам само секој ден средувам кујна и бришам шоља а се останато така си стои. Купишта корпи алишта што испрано чека да се здипли и нареде што треба тек да се пери. Ама реков, додека е беба ваква морам да и се посветам. On another note, дајте чаре за опаѓање на коса? 4м сум пост патрум косава ми паѓа претерано многу и почнав да се загрижувам. Нормално ли е толку да паѓа? Со поголемата не ми беше вака. Две раци коса собирам само при миење и сушење, и уште толку плус на чешлање и пеглање
5 дена се канам да пишам и не сум стигнала. Тргнав на работа, колку и да не бев спремна убаво ми доаѓа. Се осеќам виновно дека бебко е дома тажен многу плаче, не заспива- ептен тешко, среќа ручка се заигрува ама е тажен му фалам а јас сум ок овде. Ама веќе почнав да сум нервна кон него.. немање сон си има влијание. И Сега не спиеме ама саатите со него ги чекам со радост играме се гушкаме Мило бебенце е, летнаа 9месеци и сега живеам за викенди празници. Мене само сон ми фали, филм со маж ми, да си направиме мезе и да слушаме музика со некои длабоки теми. Се друго е совршено и не би го сменила колку и да е напорно, лета времето и знам дека ќе помине и оваа фаза и ќе порасне
Ај пробај на месенџер прати и на НаталИја Ангелкова видеото, пиши и колку месеци е и дали е за кај неа или не. Пробај си ја среќата може ќе врати. Иначе она е во Систина.
Вашето лошо искуство пред многу години не значи лошо искуство и за друг. Реков нека си ја проба среќата Или нека го види матичната па она како колега нека прати.
И пишав. Педијатар првиот пат ми рече ништо не е се радувал. Ама сабајле во 5ч ми стана и дур си седеше се тркалапе седна и пак напраи у темница на кого ќе се радува,и затоа испаничив Ама кога ќе те видат млада мајка ти викаат ајде млада си демек не знаеш ништо не е
Дали и некој друг од пошироката фамилија го видел и го дели мислењето со тебе? Ако да тогаш не оставај на случајност, матичните многу често знаат да кажат ништо не е и во 90% од случаите се во право ама тие десет проценти што остануваат…. Исто Филип Дума он е во Неуромедика мислам пробај и кај него пиши, никогаш не знаеш кој ќе се смилува.
Да, првично со свеки бев кога приметивме и двете се согласивме дека не е океј ама ај се тешевме една со друга после зборовите на педијатарот ама ај ќе го пратиме ако повтори и еве повтори пак. Ќе пишам фала ти многу,утре ќе појдам пак ккај пед. па ќе видиме
Нема да и врати на месенџер Пре букирана е Инаку екстра др е според мене после 5 годишно искуство со неа
Мајки ај тука ми помогнете сакам да порачам вреќа од тилла ..ми испратија димензии и нз која да ја порачам ќе ви испратам слика вие што веќе имате поралувано бидеќи димензиите се тие секаде.. Бебе е 5 месеци 70 цм долг
Jas redovno kupuvam vo tila. Mozam da ti kazam deka broevite odgovaraat spored cm na bebeto. Ne se pogolemi ili pomali. Sporedeno so civil kade sto ne odgovaraat so vozrasta i cm tuku se pomali.
Нема да порасне 20см за 3 месеца. Слободно земи си 80ка. Ако имаат 86ка, повеќе од тоа според мене не ти треба, освен ако бебето не е многу буцкасто, па да ти треба пошироко. Само според должината за 70 см бебе доволно е 80ка.
Мајки да ми го пушти некоја по пп бројчето на Др. Сајковски? Како ми се расипа стариот мобилен останав без него.(поише 8ки имаше знам)
Не можам да се помирам со фактот дека бебе брзо расте и треба да се вратам на работа.. кога поминаа 9 месеци… И некако секој ден си помислувам на тоа колку ми е убаво што сум со бебето и си посветуваме внимание… Сакам да работам и имам голема цел зададено од сама себе за следниве години како кариерен успех, но и многу ми е убаво времето поминато со бебето.. Ќе си пукнам
На сето мислење,еве пак ми се потврдува муабетот од мајка ми. Нели малиов правеше така со вилицата пред некој месец и откако ден два прекина кажа "баба",пак правеше тук таму рече "маама" до завчера правеше вчера пролази. Дали ме лаже умов така за да не мислам дека е нешто или стварно кога праи така ни покажува некој милестоне. Денес трепкаше чудно кога гледаше во тв и од денес не палиме тв дур не си легне он. Тешко било да се расте дете во денешниов свет. Инаку дојдов за друго. Пред 7г идев со еден и неговата сестра се породи и немаше кој да и го чува детето тогаш може имаше годинка и ме оставаше мене од сабајле од 8до 4 дур не дојде некој да и го чувам(тогаш имав 18г) и сега како мајка сфаќам која доверба ја имала во мене за да ме остави дома сама со детето,да се ослони на мене да го наранам,пресоблечам,успијам. И сум и благодарна пошто јас за чување на мојов верувам на едвај 3ца што се дел од потесниот круг на семејството. Нејсе прекрасно чуство е само сакав да споделам. На друга тема пролазивме даа,оваа мама у облаци. Иако мислев дека ќе прооди пред да пролази ама добро,пошто се влечеше како војник И кога ќе стане од спиење и ке ми рече мамаа умирам Инаку сфативме дека кога му се јаде вика "амамам" иако звучи поише како мама. Мамино дете. На тема маж- некогаш ме лаже ѓаволот со лоши мисли. Си размислувам да се разведам,пошто не ме сфаќа колку е тешко да живеам вака.. Па и кога ќе се убаци "золва ми" у наводници пошто уште не се земени да ми соли памет,ми се темни. Или само "треба да добијам" или стварно сум ваква! Гушки до вас
Ние мајките од лошо, полошо најлошо мислиме....чудо од жени сме....така бев со првото...вртеше на колите тркалата аве цело време, без прекин.. незнаев што е и пипам на гоогле и излезе знајш што може....стррсови, мисли, грижи, стравови нз полудев...ајде помина то ..проооди па цело време зафрлуваше ногата де ваму де таму како да не му е иста со другата...пишам јас одма на гоогле излези ми свашта.. ајдр пак истото...а се помина и од кога помине лесно е да зборуваш ете помина..здтаво е детето..зошто сум се нервирала ама нее така..мислам никогаш нема да ги заборавам тие денови...сега втпрото ми е 5 месрци...се надевам нема да сум истата и да барам само ,,маните"