Majki ja mislam deka site deca gi interesiraat trkalata. Poveketo bebinja sto gi znam gi interesiraat pa i moeto ima edna zelka ja vrti i ponekogas si igra so trkalata. A ortoped mi ima kazano deka koga prooduvaat moze da imaat nekoj cudni dvizenja sto na nas ne ni izgledaat ubavo megutoa normalno e
На моите 2 деца прва ,,активност" да ја речам му беше тоа, да вртат тркала на коли, камиони... Од кај 8-9 месеци од прилика.
Денес денов тежок планина. Се разбирам, дека е љубоморен на братчето, ама ништо да не се слушало!?!? Цел ден како е станат се е со инает се е со молење и на крај со викање. Толку грижа на совест имам денес дај утешетеме дека не сум само јас што урлам по дома и што се дерам ... Седнавме заедно да јадеме као ајде мирно јас и тој, луѓе ко не се фрлив од негде арно е. Не сакам ваква вилушка, не сакам ваква салфетка, плаче го изгнасил прстот... Дојам иначе ќе лупнев една ракија па нек иде живот. Сега пола саат плачеше што татко му не бил дома и што еден авион не може да го вози како што замислил (на невозможен начин). Не е спиен плус... Го премолив да заспие не со пеење не со гушкање не и не. Извинете ама негде морав да се искажам. Башка сум тапа болна сила на нула.
@Bubamaricka , едно гушкање. Со едно сум, па имам моменти кај што јас мислам да се фрлам од балкон или ќерка да ја фрлам. Е за почеток, да сме двете живи и здрави решив бар 2/3 од играчките да ги снема од видик, море и од куќава. Ќе спакувам нешто за во градинка, нешто во визба, нешто в канта. Значи со ништо да не се играло. Зеде боички и лист, две линии нацрта и боичките по земја. Ај со сортери, сите по земја нормално по само 5 минути. Не знам кој ги смислил со 6483929 делови. И што правам цел ден само играчки по кутии собирам додека ќерка зад мене растура други. Секако иди Нова година и роденден, ќе собери нешто ново, па претходно нешто да намалиме. И да здивнам оти уште неколку часа има е до спиење како добра мајка пуштив цртани на ТВ да погледа, колку да се испукам. Нека заспие после и еден џин тоник има да пијам, па што сака нека е.
Ела да се гушнеме . Откако се роди брат и пред 4 месеци од ѕверка, стана убер ѕвер. Него го обожава, мене обожава да ми ги врзува нервите. Кога сум сама со двајцата, се мислам дали јас да се фрлам од прозор или нејзе да ја фрлам. Пропушев пак, а не пушев 4 години. Откако прекинав да го дојам малиов, едвај чекам 11 да дојде, да пивнам едно винце. На сите ни е така, што сме со тодлер и бебе, како што се осеќаш ти. Се тешам дека за 1 година ќе биде полесно. Живели
@Miss_S и @Tea SK еве една вуртуелна до двете. Наздравје винце и џин тоник, мавнете и за мене по една Значи исто спрема брат му супер е го гали, го бацува, ама мене ми ги истенчи живците. И ми е жал после и ќе се гушнеме ќе се смириме, на крај на денот пак ќе дојде да ме земе за заспивање, злато на мама. добра ноќ лепоти
Сакав да ги исчитам сите последни 100 страни кои ги пропуштив, ги чував напосебно отворен таб ама затоа се тука децата за се да избришат. мноооогу одамна се немам логирано тука, најчесто идев во категоријата за ослабување ама сега ми зафали о оваа тема. Пијам кафе читам што има ново правам некои планови, децата едниот на гости другиот седна на компјутер да погледа јутјуб и да испие млеко. Брзо растат тоа чудо едно. Малото од септември следната година прваче а како вчера да беше кога прашував за задоцнети тантруми и совети Да ве поздравам накратко па да допијм кафе и да се фатам за работа.
Никако да ги фатам актуелните теми на темава, читам ама немам време да реплицирам. Деновите ми летаат, малиот во градинка, јас и маж на работа, организирај се за оставање/земање, плус почнав да вежбам и да одам на часови за да го доусовршам јазикот, во меѓувреме сакам и секој ден да јадеме дома готвено, и да е чисто, и да излеземе да шетнеме, и машини да се пуштени, епа нема, не се стигнува. Денот ми почнува во 6, завршува околу 23 и пак не се престига. Напорно Ми фалат многу работи, апропо темата што сте ја зачнале. Ми фали да завршам петок со работа, петок вечер да си ја чиламе дома со маж, со мезе/коктелче, па да спијам сабота до 11-12, па да шетнеме на бранч, или вечерта да излеземе на вечера. Па недела цел ден да го прележиме дома. Ми фали да не мора секоја ебана вечер да ми треба час и повеќе само за да го донесам станов во некаква културна состојба, тоа играчки насекаде, хаос во кујната, алишта расфрлани. Обично и кога ќе завршам со тоа немам енергија за ништо, иако малиот ја преспива цела вечер веќе долго време, толку сме преморени со маж што немаме енергија за секс ич. Мислам дека изминативе два месеци сме имале само два пати. Еднаш месечно, доста е. Ми фали блискост со луѓе, еден проблем е што сме странство па тоа си повлекува цел сет очигледни проблеми нели, блиските пријатели ми се Мк. Имав период пред да забременам кога во име на социјализација излегував со секакви познаници, чисто колку да го проширам кругот на пријатели ( сепак во вакви услови тој круг е многу тесен ). Но среќа го надминав тој период, немам ни време ни енергија да се дружам со луѓе кои ми ја цедат енергијата, а воглавном скоро сите беа такви. Да излезеш со некој два часа на кафе и цели два часа да зборува само за себе, thanks but no thanks. Од друга страна, дали далечината си го направи своето, и блиските пријатели во МК се проретчија. Изминативе 6 месеци бев во МК два пати, од кој првиот пат да го прославиме роденденот на синко. Замислете "најдобрата" другарка не дојде, ми сврти некој ептен глуп муабет дека имала обврски ( и тоа на дента на роденденот, требаше да патува од друг град ). Следно доаѓање исто не се видовме, али ми се понуди да пиеме кафе дента кога требаше да тргаме за назад. Е фала. Од тогаш не сме комуницирале, ја оставив на сеен и неам намера искрено да се молам со некој да се видиме на едно ебано кафе. Син ми го има видено еднаш, а се скапа зборење дека сакала да биде дел од неговиот живот бла бла. Башка и приватно ми се дешаваат еден куп работи, семејни проблеми и стварно ми треба некој за да си направам еден саат муабет, макар и телефонски, ама да се молам со некој после 25 години не планирам, се си има своја граница. Имам контакт со неколку другарки и другари и тоа ми е доста, не можам пред нив да се отворам за теми со кои би можела со неа, ама тоа е што е. Life goes on.
Луѓе многу ми е лошо изгледа закачив стомачен вирус имам температура повраќам и дијареа. Багам од детево да не го заразам се тресам од страв. Го чува золвами ама како и навечер ќе треба ом станува бара да јаде му давам молзено . Незнам што да правам место да се опоравувам се полошо изгледа за болница сум ама што ќе прави он без млеко формула одбива. Пијам линекс парацетамол незнам веќе ништо неможам дс станам истоштена сум .
Ако цело време повраќаш и не можеш ништо на уста веднаш на инфективно да одиш или јави се на брза да дојдат да ти приклучат инфузија, не чекај, можеш да дехидрираш за кратко време. Со помин да е.
Ти не си ме слушала јас по дома како викам. Значи, кажам еднаш со убаво, не ме слушат, кажам втор пат пак си терат по старо, е трет пат веќе ми се спојат жичките и почнам да викам. Е да видеш тогај не ли слушат. Некогаш толку немам трпение и многу бргу избувнувам ама кога видам дека не ме слушат, не можам поинаку
Сте развиле тема за тоа колку ни фали време за нас.... Леле не да ми фали. Посакувам само 24 часа да го чува некој синко, јас со мм да уживам, да се развлечуваме по кревет и да гледаме тв. Се жали дека не може тв да гледа в спална. Јас не му давам да го вклучи, како кино е, преголемо зрачење за синко. Тема секс, имаме редовно некој период, па затишје и се така во круг. Се нема нешто посебно пожалено за тоа, само еднаш ми рече одамна не си облекла нешто секси. Си помислувам, не дека не сакам, ама арно што стигам да се истуширам работава Ќе порасне синко па ќе имаме пак повеќе време за нас. Добра ви ноќ мамасити. Одам да се средам за спиење.
Каков секс .....цел фокус ни е во бебето ама навистина прв пат од кога се роди после 2 месеци некаде и на двајцата ни беше многу чудно повеќе беше како да видеме дали ќе биде исто како порано а и како срам да ни беше од бебе што спие до нас после суша од 2 месеци се случи уште еднаш по моја иницијатива ...некако кака мене повеќе да ми фали , навистина и двајцата сме преокупирани со бебе ама нели не треба се запоставуваме и нас и еве сега пред некој ден сабајлечки, викендички бебе се успа до 9ч па искористивме . Ми фали да си уживаме заедно....не дека во друштво со бебе не уживаме ама се е толку по различно....
Јас ич не се сакам кога сум нервна со децата значи солзи проплакав секоја вечер кога дента ќе и викнам на "големата" а па тоа глупаво чувството дека на бебето се лутам што не спие тоа пак, добро бе си велам тачна ли сум. Со мажот ми добро е и два пати месечно ако се има однос пре бирам сон, се жали ама тоа е. Самодовербата му е нула а килограмите сто, како ќе се намалат не знам, јадам на нервна база. Кој пат да го фатам да почнам да слабеам, ме мава на психа дека здравјето ќе си го зафркнам.Башка и 10год постаро изгледам со дуплава гушка, аман веќе. Која праша за косата by the way може да е есенско паѓање и јас мислев пост партум е 6м ама не секој септември истата приказна. Good night ladies
Добро утро вторник ко петок, фала ти вмро Ај наздравје нека е МРП, да мине најлесно што може. Не правевме крвна слика, нит матична ми препорача нит од вакцинално. Доктор таму го прегледа рече дека е гуд ту гоу, само ме советуваше хемоглобинот да го проверам, многу бил бел. Вели ако падне под 90 се реагира. За среќа барем до сега, на малиов под 90 не му отишол. Тука се движеше последно, нешто ситно над 100. До следно испитување ќе ми ѕунат нејзините зборови во уши “не е препорачливо да има низок хгб на ова возраст, не е добро за развојот.“ Да се соземи од овие боцкања, ќе му проверам. Време за мене, или нас? Нула. Минус еден. Имам блиска што второто бебе го остави на 3-4 месеци за да оди со маж и во Банско. Како родител на едно дете ич не можам да го сфатам тоа, можда ќе сменам акл ако некогаш имам второ. Баш таа блиска ми вели, со едно дете не ти се излегува од дома, а со две ја користиш секоја прилика. И тоа држи вода. Нема да продолжам да кукам колку немам време оти имам чувство дека перидов само тоа правам. На тема заби... вади две тројки, две четворки или петки, во исто време. Толку успеав да видам, којзнае што уште се дешава внатре. Толку е од мене со постов. Сега ќе одам да си кажувам молитви у себе да не ми качи температура нит сега нит викендов кога ќе бидам скроз сама.
Добар ден од мене. Нa темата време за себе мислам дека забораив што е тоа. Ми треба најпрво одмор. Ама буквално одмор да се исклучам скрос да се изнаспинјам најпрво а потоа да одморам и физички и психички. Од работи за себе си ги правам само основните. Нега рутина кафе вежби ама еве на пр да седнам и да поседам барем 15 мин без некој да ме викне да ме стане или да ми побара нешто. Тоа ми фали. И секојдневните обврски некогаш премногу ме заморуваат. Тоа е. Сакаш се да е на место се да е средено и ти да си во топ форма и да стасаш тоа да го направиш за 24 часа и барем да врзеш сон од 6 часа.... Епа некако не ми е се тоа возможно
Да не ве тагнувам погоре ама КЕ БИДЕ ПОЛЕСНО. Верувајте јас тоа викав дали ке има ден да седнам само едно кафе во тишина да испијам, ама ке дојде. Секој период е со своја тежина и знам дека допрва е тешкото како викаат "мали деца мали проблеми, големи деца големи проблеми". Преминот од 2 на 1 дремка ме исцрпи и психички и физички, најискрено. Ама сега спие луѓе од 12 до 3 и јас сум преродена верувајте ми. Имам време кафе да испијам на раат. Прво тоа го правам он заспива јас кафето и 40мин седам у тишина, ми одмара мозоков. Кога ми се чисти чистам, кога ми се готви готвам, најчесто ако можам гледам одсабајле да ставам да се крчка па готово е он додека заспие, па и јадам на раат ко човек. Кукав и јас овде, ама вистина било ке дојде време кој ке имаат ред и тоа стварно прија. Можам да кажам дека и на мене се приметува, живнав што се вика. Уште ноќе да го одбијам и да се наспиеме ко луѓе ама ке биде и тоа, верувам.
Јас најдов начин да одморам од сите дома, станувам во 6 и си ги терам обврските на раат, ама затоа легнувам порано. Научив да не се замарам за растурено и не измиено, не здиплено, не наместено... Многу било фино.