Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Убавини. Мојов е малку поголем ама мака голема за една дремка, уште ми се буди денски после еден час или час и 10 мин. И ако не сум тука до него ќе стане. Ако сум в соба го нишкам и продолжува уште еден саат или саат и пол. Многу тежок транзит. Два месеци никако ред да фати, а упорна сум. Ноќе веќе да не зборам 3-5 пати станува. Брзо презаспива ни 10 мин не е буден, ама мама после мака мачи. Цица пред дремка денски, знае да побара цице и покасно ама почнав да се правам дека не се разбираме :?: а навечер цица два до три пати.
    Не сум спремна да го одбијам се уште. Здравје ќе ни дојде и тој момент.
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  2. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    8.905
    Пол:
    Женски
    Само да кажам дека бебе спие поубаво со татко му и баба му него со мене. Очигледно јас сум му сметња со нив 2 пати по 1.5ч со мене на 34 мин се буди, се бориме да заспие, ноќе ми легнува врз фаца на грклан, некој ден ќе ме најдат превртена угушена :D
    Син на мајка многу ми се радува после работа ме гушка :hug: е уште ноќите да ги средиме... викам нека цица бе 1 2 пати ама 6 пати да станува? :tmi: зомби сум и чудно е како се навикнав да не спијам и функционирам 200на саат, но да ко што викаа сите мајки - работата ко одмор ми доаѓа. Го помислувам но знам дека е згрижен безбеден со свои и ми лета времето во гужви.
    Ее ама затоа после работа, да спремам каши, да зачистам, да си поиграм со него, бањање успивање, спремање за следен ден... ми фалат едно 5ч плус во денот:D
    @@Carolin. Ми враќаш надеж дека уште малце остана, решена сум да го откажам и од ноќно после година со надеж ќе врзува сон.

    Имајте убав празничен ден
     
    На lackygirl, јolene, WhiteCat33 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Синко таман неколку вечери по ред САМО по 3-4 пати се будеше да цица, ноќеска пак 214 пати стана. Еднаш и седеше буден можда пола саат, а еднаш успан мижејки плачеше до помодрување без воздух, и никако не можев да го разбудам, па плачејќи го гушкав нишкав па се смири и заспа. Стварно не знам што му бидна, дали е можно кошмари или терори да имаат волку мали? Од друга страна скоро 10месеци е, и 7ми скок е сега, па ај си викам ке пројде скокот ке почне да спие ко човече...или не :?:
    Јас како робот сум периодов, 300 креми за подочници земав и пак уморна изгледам и две кила пудра не ме крпат.
    Бебулево ми е сонце, ама штом сме дома сами мене не ме пушта да мрднам. Со него си играм или барем до него да седам сака. Иначе јок.
    Денес мајка ми ке го почува, јас на кафе со другарка ми е дојдена да се видам. И то.
    Убав ден мајкички, бебчињата да се најумни денес и да одморите :inlove:
     
    На LiquidLuna, Mom's_life, јolene и 8 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.214
    Пол:
    Женски
    Дојдам во темата, видам дека сите сте ненаспиени и полесно ми е :D.
    Јас едвај чекам да дојде 8 ипол и да ја легнеме. Од што не спиеше цела ноќ, цел ден кисне.
    Татко и ја однесе надвор, да ми одмори глава и да соберам нешто. Толку сум изморена што и поточињата ме мрзи да ги исклучам.
    И од горе се жалам денес на мајка ми, и она ми вика чекај да те видам како ќе спиеш, кога ќе почне да оди по дискотеки.
    И така:drunk:
     
    На 1209, atz1995, Ouravanture и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Мамасити денес ми беше роденден :party:, повелете на торта :^:
    Имав гости. И ајде дур не заспал синко да дуваме свеќи, цел ден покажуваше како ќе дува, за кога дојде моментот да се уплаши. Почна да наплакува и да бара да оди да спие.
    Толку ми падна криво, ниту се сликавме ко луѓе за спомен. А беше дотеран прав мали даса :inlove:
    Тоа е, битно се подруживме, тој си поигра со братучедите. Мама си ги наполни батериите, иако миев куп садови до сега :D
    Сега да се спремам за спиење.
    Добра ви ноќ :hug::l:
     
    На Leanne, 1209, atz1995 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Немам енергија да пишам деновиве. Изгоре детево од тт, изгоре, 40 креваше 2 дена, 40.6 ;(
    Почна саботата ноќта со 38, не дадов ништо, сама падна, неделата цел ден држеше некоја глупа тт 37.3.. Е сега понеделник како почна да крева, 39.5, 40 в ред така.. Крвна слика мирна освен црп во понеделникот 23, заради него антибиотик алмацин му даде, џабе го пие... На 3 часа креваше, а бар 4 часа не се дава парацетамол, после блокмакс наместо 6 часа да нема тт тој после 3 креваше пак 40... Мачкав етанол, капев, ладев.... Значи пукнавме од нерви, се менуваме со мм, бар 2 3 сати да поспиеме ноќе. Вчера немаше 12ч кренато, ди реков помина, не бре, пак на 4 часа почна ;( плус пролив од вчера. Ништо не јади 2 дена, само цица. Веќе четврток е, 6 дена се сторија, зарем не е доста, еве го пак 38.3, масирам ладни нозе. Тоа омалаксано само в раце бара. Свекор пензионер е па преку ден се држат со него. Прооде цела куќа ја шеташе сега нејќи воопшто да оди, само в раце бара од што му е мачно :(
    Згора на се мене ми се активира пак хемороидот, внатрешен, премногу ме боли, во уво некоја внатрешна мозолка се прави цела страна ме боли, треба и менс да ми иди деновиве. Општ хаос... Почна и во гради да ме стега од замор. Уште 2 дена на работа па 2 дена дома пак.
    Аман нека поминва ;( еве го пак цица.
     
    На 1209, Carolin., јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  7. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    1.737
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден мајкааа :l:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Like за подршка мајка. Издржи и да помине да се вратите во нормала.
     
    На јolene, lackygirl и sani99 им се допаѓа ова.
  9. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    11.291
    Пол:
    Женски
    Душа мила :hug: да минува побрзо. Абе кога фаќа - сѐ фаќа, да минува поскоро и да се збие на тоа.
    Јас повеќе аир од симнување температура видов од Ибупрофен отколку Парацетамол или Далерон.

    Трет ден од МРП ни е, океј е само црвенило на раката кај боцката ама и како да се шири?
    Нормално е?
    Маж ми ме убедува со муабетот морало да има некаква реакција. Не сум убедена некако.
    Нит дава лепенки да му се стават, нит ациди борици. Се однесува како да нема време детето 20 секунди да седе мирен, сѐ е у покрет газ не му седнува. Најсериозно го немам видено да седи одамна, од нога и јаде.

    Исто што сакав да прашам :!:, периодов размислувам за второ. Ништо не ме кочи толку колку тешката бременост што ја имав. Висок притисок, ниски тромбоцити, лоша тироидна, уреаплазма, намалена плодова вода уште од 18-19та недела, па те добра е па те малку е вода, за на крај да ме породат у 36та заради екстремно намалена... Докторката на маж ми му рекла “Скроз суво внатре.“ Причина не знам. Никој не спомена, ни од ракав нешто да тресне. Трансфузиолози, хематолози, кардиолози, сѐ изминав...По тоа што гуглав, причина може да е нетретиран висок крвен притисок и плус многу други да не набројувам.
    Кога се породив и пост партум периодот бев толку благодарна што помина сѐ без компликации (имајќи предвид дека можеше да има бааги) што дури заборавив колку ми беше тешко.
    Еве веќе минува време и помислувам на второ и почнува да ми се враќа филмот како уствари минав.
    Не сакам пак да е така, страв ми е. Реално преголема кочница ми е, па дури и цврста причина.
    Не знам дали постои ваква тема, за страв од втора или следна бременост поради причиниве погоре. Ако има нешто слично префрлете го мислењето во соодветна. Или ако сте сложни, ќе отвориме ама мислам дека ќе е сол на рана.
    Не ми се минува пак време со апаратот за притисок, страв да не качам, до колку ниско ќе одат тромбоцитите, па примање плазми, па чуда, па боцкања кортико... страв ми е толку многу колку што ми е и желба да му дадам брат/сестра.
    Исто што ми памти акл околу темава е што стручно лице (не стрикно околу гинекологија) ме советуваше да застанам тука... Баш ми се изрази “Абе ти се измачи.“. И кога ме примаа на Гак, кога ги набројував дијагнозите, хипотиродизам, хипертензија, тромбоцитопенија и тн и тн, реакцијата беше “охохооо“ низ смешка ама у стилот бааги си ги накалемила...
    Во ќорсокак сум.
    Има ли некоја со слична мака или некоја мама со повеќе бремености да сподели како минала со прва, со втора со трета...
    Знам дека секоја е различна и секоја за себе, ама имам чувство дека телово ќе ме зае*е пак дури и на погаден начин...


    Edit: Среќен роденден @Ceneva, да не куртулиш од убавини. :d:
     
    На 1209, Carolin., thinkerbell и 6 други им се допаѓа ова.
  10. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Јас од таа причина останав со едно, тешка бременост со серклаж 4 месеца во кревет, само што помислувам на тоа ми се слошува. Страв ми е многу, плус сега имам и дете на кое треба да мислам.
    Не дека 100% истото ќе ни се случи ама шансите се огромни. Нешто како мм ме убедуваше за второ па ај пошуштив, пробувавме кратко време, ама на секое добивање циклус јас бев среќна и тука пресеков и сега се осеќам ко да ми паднал огромен терет од грб.
     
    На Carolin., јolene, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.840
    Пол:
    Женски
    Фала за честитката.
    Инаку на тема второ дете. Ниту јас не помислувам. Бременоста не ми беше толку тешка како твојата, ама на почетокот имав хематом и бев на мирување, покасно гестациски дијабет и на грижите никако доста. Поминав фала богу само со диеата не се боцкав. Ама мислата и грижите беа тука. Пораѓај како пораѓај не осетив тешко од што имав епидурал. Иако вечерта кога ме примија, на цтг синко имаше пулс над 200 и беше индикација за царски, а тие ме оставија да се породам природно. Ме стискаа на стомак и највероватно ми пукнаа ребро, па постпартум ми беше хорот, со епизотомија која не зарасна убаво, ради напор да станам. А плачев дур станам од кревет. Толку болки во ребро имав. Дете плаче а ти чекаш да стани маж да ти го даде да го подоиш. И најтешкото дете поради таквиот порагај и 99 посто ради високиот пулс што го имаше вечерта пред да се роди се здоби со проширување на мозочните комори. Фала богу нема никакви проблеми во развој. Ама мене ми ствара огромна пречка и страв за второ дете. Така да те разбирам потполно. Може и треба да има тема за ова. Па со зборување за проблематиката ќе се намалува стравот. Меч со две острици како и да е. Или ќе се намали или ќе се зголеми стравот. Те гушкам :hug:
     
    На Dennings, 1209, Carolin. и 7 други им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден да си жива и здрава :party:

    Јас неможев да се решам на второ 4 години. Многу тешко бебе беше, не спиеше, вака ко сега ова, баш се истрауматизирав ко за прв пат, не знаеш што те очекува, си мислиш песна е :) ама од секогаш сакав 2 деца, па ко што велат се заборава, стварно се заборава, затоа овај пат многу поопуштена сум, сега ова не се рачуна дека болен, иначе не ми е така тешко неспиењето ко со првото, ама овај пат си ги делиме саатите од ноќта со мм. Немав тешки бремености, имав страв огромен со 2те, бидејќи имав една прва неуспешна бременост (миссед абортус), па со 2рово прокрварив малку 11та недела и пак во грч до крај поминав.
     
    На Carolin., thinkerbell, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Многу долго не сум пишувала во темата што дури и заборавив да склопам текст. Можеби немаше ни да пишам да не ја прочитав @DaisyDoo и да ја споделам мојата приказна и искуство.
    Со првата бременост лежев 5 месеци во кревет. Од 14 та недела докторот ми виде кратко грло и ме стави на мирување. Не сакаше да ме прави серклаж цело време препораката беше мирување. И тогаш кажав нека се роди живо и здраво по втор пат не минувам низ ова. Маж ми од кога бебето направи 8-9 месеци почна да врти муабет за второ, но бев децидна во одлуката дека нема шанси повторно да минувам низ истото. Кога направи 4 год. почна и мене да ми се јавува желба пак за второ затоа што таа веќе беше поголема и понезависна од мене/нас. Почнавме со обиди и од прва останав трудна. Си реков оба е знак ќе издржам па што сака нека биде. Е за разлика од прватс бременост во втората немав воопшто никакво скратување, цело време активна до последен момент. На секој преглед очекував дека ќе ми кажат дека е скратено врлото повторно и ќе треба да лежам но до сам крај истерав без проблем на нога. Така да дај си време, навидтина се забораваат работите а среќата што ќе ви ја донесе уште едно бебче е незамислива :) се надевам ќе те охрабрам малку за во иднина :)
     
    На 1209, Carolin., thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Да ти дадам поддршка, другарка ми исто помина како тебе со првата бременост, плус крварење и порано се породи. Детето е супер, сега има 5 години. А таа е бремена веќе 6 месец. Поради тешката бременост и нејзе и беше страв за второ, ама еве сега е 6 месец бремена и вели дека не се ни чувствува така. Се е во ред со неа и бебето.
    Само позитивни мисли :hug:
     
    На 1209, Carolin., јolene и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.097
    Пол:
    Женски
    Немој да се водиш по бременоста што си ја поминала, сите се различни верувај. Нека не те кочи претходното искуство ако ти е желбата голема.
    Јас после прв пораѓај реков дека нема веќе да раѓам, ама фала му на Бога завршив со три дечиња :D
    Прва бременост со температура до трети месец, па во седми прокрварев и бев на мирување ставена. Втора бременост со строго мирување, обилно крварење, хематом врз хематом, па помина некако и последните три месеци терав лесно и нормално (иако беше близначка бременост, ама само едното успеав до крај да го износам и родам). Трета бременост со монструм хематом, изрешетана со инекции за да го задржам, во 10та недела за жал го изгубив. И на крај четвртата бременост ми беше прелесна, без никакви проблеми, до последен ден си одев на работа, си пешачев многу и функционирав како да не сум бремена.
    За пораѓаите нема да пишувам, три царски и сите посебна приказна, ама веќе ги заборавив кога ги земав во раце трите најзлатни души :l:

    @lackygirl нека поминува со лесно и да не се повторува :hug:
     
    На 1209, Carolin., marama и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.232
    Пол:
    Женски
    @DaisyDoo Не мора да има реакција од мрп. Моите и двајцата немаа, а во странство сме и ревакцина имаа едниот по 2 години другиот по 2 месеца. Никогаш по вакцина не сум користела лепенки ништо за мачкање, ќе си помине само од себе.


    За другиот муабет… ако имаш желба за второ не си ја потиснувај. И да не биде лесно по патот, крајот на тој пат е секогаш фантастичен. :)

    Јас сум со 3 успешни, се надевам до крај и овој пат и два спонтани. Генерално бременостите ми беа уредни, меѓутоа тешки од типот цело време со мачнини, гадења, киселини, повраќање. Од прв ден до пораѓај. Со трауматични пораѓаи, после кои ретко кој на трето би се нафатил. После вториот, кој чисто беше лекарско потфрлање, завршив и со руптура. Бев во такви болки што молев и плачев да ме породат и реков ова пак никогаш веќе. И еве ме пак. Едноставно така си го замислувавме семејството. Круг. Сега сме квадрат и едвај чекам да го заокружиме овој убав квадрат и да се комплетираме во нашиот магичен круг.

    Овој пат, бев убедена дека ќе биде полесно, оти нели секоја бременост е различна, плус сами во странство со две мали деца, ама исто е се. Дури и потешко со секоја бременост оти плус дете, а да можам искрено би седела со ролетни спуштени и не би мрднала од кревет по цел ден.

    Јас им завидувам на оние што имаат едно или две деца и се чувствуваат целосно исполнети и доволни. За мене тука е крајот не по моја желба, туку телото повеќе од ова не ми може, а да раѓав природно сигурно ќе одев уште барем на едно. Ако се чувствуваш доволно и исполнето супер. Ама ако не, немој да се оставиш да копнееш без да пробаш. И да не биде лесно како што би сакала, ќе наоѓаш сила во првото дете, во сопругот, во се околу што те прави среќна и ќе поминат тие месеци дур да трепнеш. :f:
     
    На Zumbulche, 1209, .baby.love. и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    @DaisyDoo , Мрп ќерка ја помина без ниедна компликација.

    За другата тема, тешко прашање. Дилеми без крај и кај мене. Првата бременост со многу страв, постојано притисок дека ќе се случи нешто, што кога се случи, уште повеќе ми влеа страв. И можност дека ќе заврши фатално, што од сегашен аспект само сум благодарна што сме двете здрави и живи.
    За следна бременост помислувам, не дека не. Од една страна ми е некако себично заради мој страв ќерка да остане сама. Од друга страна било каква компликација во следна бременост значи дека ќерка ќе биде со месеци на релација меѓу баби и различни куќи. Маж што на смени работи, што сам и не е баш навикнат со денови да гледа дете.
    Друга страна што и не сум баш млада, ако чекам години да се осамостои ќерка веќе и над 40 ќе преминам.
    А, и ќерка не е баш најлесно дете за одгледување.
    Отворено ми е ова прашање и тек ќе го решаваме. Искрено јас не потпаѓам под притисок дека мора да имам второ дете или свекрва или мајка или маж мислел дека е време, мора да имам и не знам што. Само од мене лично ќе зависи таа одлука.
     
    На 1209, WhiteCat33, Carolin. и 8 други им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    Ах колку ми е страв со оваа бременост. Себично, ама за себе ми е страв, сакам детево што веќе го имам да има мајка покрај себе. Досега е се во најдобар ред, еве се прибравме од втор скрининг, имам човече од 400 грама во себе.
    Ама се тресам од помислата на пораѓај. Многу лошо поминав првиот пат, од школска бременост едвај живи и двете излеговме.
    Не можам да се смирам, само црни сценарија ми поминуваат низ глава. Никогаш не сакав мала разлика меѓу деца, така да 6 години здравје ќе бидат разлика и мене ми е идеално. Не бев ни сигурна дека сакам дете воопшто, а сега животот ќе го дадам за неа. И еве и со оваа бременост не чувствувам ништо, никаква поврзаност. Се нервирам што е така, се тешам дека и со ќерка бев без чувства па сега сме љубови.
    Ваљда со прво не знаеме што не чека, со второ свесно влегуваме во се и веќе имаме дома дете што не чека.
    А на тема емоции, има една детска книга Невидливата куќа, од Сакам книги и ја имам купено. Се раскажува за војна, ама така е убаво скоцкана за детското мозоче, да разбере, ама да не биде трауматично. Е вчера и ја читав по не знам кој пат, па на пола кога ми застана кнедла во грло. Да продолжам не можам. Па кога јс оправив да плачам, па дете се растажи од мене па си рикна со мене. Трча маж ми мисли нешто се случило. Едвај не смири и двете. Минатата недела се заебав исто на девојчето со кибритчињата. Си ја преплакав, ама и брат ми беше баш кај нас, па толкав 30 годишен ми се придружи со по некое липтање.
    Фамилија драми.
    И така.
    Цело време си мантрам само да сум ок, само да останам жива со пораѓајов да си се вратам кај љубовиве дома..
     
    На 1209, Lilith_3, Sun&Moon и 13 други им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    3 дена пред пораѓај не заспав воопшто, последна недела пред пораѓај ослабев 1кг од што неможев да јадам од стрес, од страв. Дека втор царски, закажан, знаев точно дата, час.. Така да ми се плачи, најлоши сценарија :doh: се така дур не седнав на операциона маса, тогаш се ми помина, се препуштив и многу бев смирена.
    Моиве се 4 год и 8 месеци разлика, машки се двете, идеална разлика ми испадна :D
    Се ќе биди во ред не си прави така, мора позитивно, со лесно до крај :hug:
     
    На Carolin., LiquidLuna, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    Исто и јас со втор царски ќе бидам и тоа ме убива. Првото беше итен и немав време да мислам, баш со трчање ме внесоа во сала. А сега свесно легнувам таму, знам што ме чека. Прееска пред да влезам на скриниг поминуваат жени цтг им прават, па си ја оправив со плачки и паники пак, ми се згади дури.
    Ама јбг тоа е, свесно влеговме во ова, планирано беше :)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.