Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.651
    Пол:
    Женски
    ! Најтешката приказна евер.
    Си идеме со мажот ми, тогаш дечко, поднапиени расположени за муабет. И неш за приказни почнавме и ми текна на ваа. И раскажувам, подлипнувам. Он ме гледа трауматизиран. И така Поли killed the vibe.. Со девојчето со кибритчиња...
     
    На LiquidLuna и thinkerbell им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Е па сега знаеш што е како е и многу полесно ќе ти е, знаеш се постапките како се, боли пак, мене дури и поќе ме болеше 2риот пат ама не се плашев воопшто од болката, знаев дека ќе помине. Првиот пат бев преплашена, не знаев што ме снајде :D се ќе биди во ред.
     
    На WhiteCat33, Carolin., LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски
    На оваа мама и беше вчера роденден ама од сите дешавки периодов ни роденден видов ни ништо, торта купив синоќа и тоа, кога почнаа да ми носат поклони.
    Ве частам вас по еден џин тоник, да се опуштиме :d:
    На тема бебо што да пишам што да бришам, периодов се бориме се надевам живи ке излеземе, место да дуваме свеќи он си заспа, ко лани исто:rofl:

    Тема 2 бебе. Пишав дека мм изрази желба за второ, ама мене ме фати не спремна некако, уште ова ми е бебе и е залепено за мене, сакам 3 деца. Жива здрава да сум, да можам да ги гледам, што се вели да ги пораснам па после како рекол Господ. На моменти кога сум преморена вика ма какви 3, и ова едно доста ми е. Ама знам целосната слика за семејство ми е мм, јас, бебо и уште 2. Тоа ми е желба одсекогаш. Само што сега не сум спремна за второ, и мислам дека ке почекам бар уште година ипол сигурно ако не и 2, па можеби другите две ке бидат поблиску едно до друго. Здравје. Да сме живи и здрави само.


    Имајте убав ден:f:
     
    На Skyler81, strelec231992, atz1995 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден:party::party::party:
    Јас и ти еден ден по друг со родендените, а и бебушите ни тука некаде :inlove:
    Наздравје :d:
     
    На јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  5. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има соодветна група па ако има слободно префрлете мислење. Дали има мајки кои работат од дома за американски фирми??? Нека ми пише некоја ако може.
     
    На Lilith_3 и sani99 им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Повели срц
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.864
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски

    Фала тиии, да си најсреќна, сите желби да ти се исполнат :l:
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.212
    Пол:
    Женски
    Ја идам да прашам нешто, ама вака по реално да ми кажете, дали сум стварно overprotective или мајката треба да си поработи со детето.
    Две ипол години, знам дека е фаза се е мое во тие години, јасно ми е. Моето е 15месеци.
    Кај нас бевме, и децава да се играат демек. Ама поголемото се што му дадеме на нашето сака нели. И тоа ок е.
    На крај се изнервира нешто и почна да ја плука нашата, ја тргнав само мојата.
    После неколку секунди почна поголемото да ги лиже, става во уста и гризе нејзините играчки, ама онака агресивно дури веќе.
    Ја тргнав мојата малку настрана, ем да не ја удри ем да не ми гледа, па утре да го повтори истото.
    Добив на тоа дека сум била презаштитничка и требло да ги оставам децата да си играат, да се социјализира моето. Нормала фаза било тоа, се требало да се помине.
    И така, вратив само дека не мора баш денес да научи такво однесување.
    Не знам дали претерав или не. Сме биле и во други друштва со деца од 2-3 години, немало вакво однесување.
    Знам сите деца се различни, јасно ми е.
    Моето е многу, ама многу своеглсво и инаетливо и палаво и се. Ама толку многу труд вложувам и работам со неа, оти ми е битно да има граници. Она уште не разбира, ама се трудам секој ден.
     
    На KikiKviki, LiquidLuna, TammiB5 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    Гуд лак со работење со дете помало од 3 па и 4 години. Во јасли мојава се тепала кога и ги краделе играчките, еднаш однесе топче го врати изгризано(делови му фалеа), куклата без фустан (па морав нов да и шијам, да не биде гола куклата):D. Е да гледам шо се дешава, не би издржала. И нормално, ќе се трудиш секој ден, дел од џоб дескрипшн е.:sweat:

    Извинете на упад, имам мај тајм, нигде ништо интересно нема, па морав овде:bandit:
     
    На Трагедијаупмм, lackygirl, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    13.542
    Пол:
    Женски
    Не си претерала. Јас би му се обратила на другото дете паралелно со тргање на моето. Во моја куќа нема да толерирам правење глупости, без разлика на возраста. Ако некој дома дозволува гризење играчки, кај мене нема. Не се мешам во туѓо воспитување, не очекувам дека ќе сменам однесување со еден разговор со мало дете, ама има да го почитува мојот дом.
    Прост пример ќе ти кажам за боици/фломастери. Моето дете не шкртало никогаш на страна од хартија. Кога доаѓаат деца на гости кај кои знам дека дома им е дозволено шкртање по ѕидови или по самите себе (по раце и алишта), боици добиваат само пред мене да ги гледам. А тие што знам дека внимаваат, сум ги оставала и сами во детска со темперни боици.
    Не ми смета бомба да ми направат од играчки, се додека се почитува просторот. Нема кршење, нема уништување, скокање по кревети и слично. И овој став го имам со децата кои ми доаѓаат на гости од кога се родени, дури и кога сум немала сопствено дете. Во друштво имаме деца од 3мес до скоро 7 години, и со ниедно не сум имала проблем. Еднаш два пати ставам граница и децата после тоа си знаат до каде им се може. Сум земала и туѓи деца да седат на гости без родителите, да си играат со моето, и ќејфови им терам, игри им смислувам, и на крај и цел саат ќе раскревам позади нив. Битно ми се почитува зборот и се додека желбите им се нормални, сите ќе им ги исполнам. Да ми крши играчки за кои сум дала пари, па и уште лош пример да дадат на моето дете, тоа не толерирам.
     
    На LivingGlam, MeowMeow, strelec231992 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Lilith_3

    Lilith_3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Пиши ми
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    @јоlene не мислам дека лошо нешто си направила, само требало да поставиш граници и на другото дете оти разбирам и јас недавање играчки ама вакво понашање со гризење и лижење и уништување не толерирам ни кај моето, а не кај туѓо.
    И јас не сум од оние мајки на кои им смета хаос и секогаш кога иаме деца на играње ич не ми е мака и сите играчки да ги расфрлаат и да се заиграт, ама не давам да се уништува или да се тепаат за играчка безразлика чива е.
    Исто кога сме на гости ако децата не даваат некоја од играчките на моето јас ќе му објаснам нему дека тоа не е негово и не инсистирам на делење, не мора и не треба да делат се и треба да се борат за своето.

    На тема второ дете, многу сакам, сакам и трето, тоа што ќе биде царски ми е многу утеха од една страна дека со првово што одвај извлековме жива глава беше ради инсистирање на природно и не би пак да минувам низ тоа.
    Мене ме плаши малце состојбата која ја имав со црниот дроб и знам дека тука не ја сфаќаат сериозно, а е сериозна и веројатноста дека ќе ја имам и во другите бремености е 95% и се надевам дека нема да бидам тука кога ќе бидам бремена.
    Ништо друго околу бременост и пораѓај не ме плаши толку за да не сакам уште…не беше лесно ама издржав и пак би издржала.
    Моментално само финансиите се пречка за други деца…најмногу ме плаши болеста на мм и исходот ид истата натаму во животот.
    Не сакам ни да помислам како би се снаоѓала со 2+ деца ако тој физички не може да биде активен во нивно одгледување…
    Се трудиме ептен и двајцата да бидеме оптимистични на таа тема ама ќе излажам ако кажам дека не ми поминува некогаш низ глава некое страшно сценарио, а верувам нему уште пострашно, некогаш сериозно се прашувам како може да е толку “незагрижен” ама знам дека е само фасада за јас да не се гржам.
    И така.
     
    На Zumbulche, mal.ecka, Kikikikiri0405 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Lilith_3

    Lilith_3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Од сабајле пиши-бриши правам на мислењето, екипата сега спие па да шкртнам на раат :drunk:
    Има денови кадешто мислите и куќата ми се хаос, а има и такви ретки како денес што успевам да средам се и барем на момент да почувствувам дека "се" ми е под контрола. Додека големата беше во градинка, исчистив речиси се, направив ручек, дури исполирав и приборот за јадење :!: беба беше мирна па на раат се напив и кафе. Две перални алишта спружени, е тек коа ќе им дојде време за диплење ќе постојат некој ден :D
    Инаку сум тежок интроверт, имам мал круг на луѓе и минатата недела три пати бев на кафе (too much за мене) па неделава полнев батерии.
    Многу е тешко тодлер и бебе, се трудам максимално да ја уклучувам во обврските и да минам време со неа навистина се гледа напредок, но сепак има моменти на љубомора и знае да ја удри или скубне :sweat: и само инаети тера, стана многу непослушна. Давајте некој совет, утешете ме дека ќе помине :( Некогаш навистина коа ќе ми се собере се знам да се расцркам па после ми е криво дека гледам кој контра ефект го има тоа но на моменти навистина не можам да се исконтролирам..
    Одам сеа да палам една и пуштам серија, it's me time :inlove: знам ќе зажалам сабајле но тоа е што е..
     
    На Mom's_life, LiquidLuna, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  14. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.077
    Се согласувам со твојата реакција, бебето ти е мало и треба ти да го заштитиш. Игра е игра, кога се преминува граница ти си одговорна. Кај нас братучетката ја удира ќерка ми, ја турка, итн. (само неколку месеци се разлика), ако не пак да ја оставам да ја малтретира зошто „деца се, си играат“. Во тие ситуации јас сум должна да ја заштитам зошто таа не може да се заштити сама.
    Таман си, според мене мајката на поголемото дете требало да изреагира и да го спречи таквото однесување.
     
    На MeowMeow, kozuf, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Како и сите:D
    Нема мајка мислам што легнува со дете… јас пред некој ден случајно сум заспала во 9 со детето и се разбудив у 5:30, замесив леб, пиев кафе, доручек на раат, малце јога вежбав и ди вечер до 11 имав неверојатна енергија и му реков на мм дека супер се осеќам вака и дека ќе станувам пак така рано од сега:D:D:D нема грешка.
    Ете 11 скоро енос собирам сила да станам и да се измијам, а раскревање, а серија, а цртање…
     
    На mal.ecka, kozuf, Liza38 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Lilith_3

    Lilith_3 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Што убаво така :D Mom thing навистина, коа ќе го видам мм како си спие така убаво раат, е вака ми иде :punch: А мене секој пат ме наоѓа 3-4 сабајле да легнам и сум со подочњаци до колена :rock:
     
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.212
    Пол:
    Женски
    Мајката го сврте на шала, како еве и ова е нормално и ќе го научи.
    Може да, може не.
    Мене искрено за играчката се исто ми е. И да се скрши, само детето да не се повреди. Повеќе ми беше што ја плукна, ја плукна значи, оти нешто сакаше да земе или му даваше. Мајката не го трга неговото, јас моето да.
    Она е речиси бебе и не е стално во друштво со други деца. Ама не сакам првото нешто што ќе го направи во градинка, е да плукне некое друго.
    Е еве за две недели трга.
    И не само за таму, општо. Не плукаме!
    После тоа со веќе агресивното однесување, што веројатно малиот изморен беше, не беше баш убав пример, а мојата очи ококорени оти не видела такво нешто, ја зедов. Она нормално сакаше да се врати пак, да се игра, ама за мене не беше веќе детска игра.
    Да мајката повеќе време изгуби да ми објасни на мене дека е нормално, отколку да му укаже на детето дека така не е убаво.
    Јас не пример во таква ситуација многу неубо ќе ми паднеше и ќе се извинев.
     
    На MeowMeow, strelec231992, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    :call:
    Не е тоа дека ќе се скрши, децата ќе кршат и ќе уништуваат и тоа е нормално ама не треба да се охрабрува таквото однесување нели, мали се секако дека не можеш баш да им објасниш ама пак не е толку мало на 2.5 да не знае за граници.
    А и да не ги знае мајката треба да е таа што ќе му ги укаже. Јас мислам дека се работи за недоволно посветување внимание, а не изговори дека е нормално. Да плукаш други деца не е нормално безразлика на која возраст се.

    И мм вака, кога му се спие ќе си легне ма ич око нема да му трепне, пример работи од 6, во 5 му се дреме и ќе легне човекот и ќе спие…мислам јас од 6 да сум на работа не во 5, во 2 нема шанса да дремам… Мажите се стварно друга сорта на луѓе хахах. Мене не ме фаќа толку касно мора да признаам, до 1 најкасно легнувам, морам да имам барем 6 саата сон оти онака нема да бидам способна за ништо.
    Може ќе бидам некој ден ама ќе прегорам.
    Ние не сме општо од фамилија на спијачи и сите сме ранобудници, ама затоа кај мм, ахааа да има како колективно ќе преспиваат цел ден без грижа на совест. Јас ќе пукнам од мака да преспијам ден, не сакам, не ми е природно.
    Али убаво е човек да знае да одмори.:D
    Немам грицки! Значи секој ден си велам дека ќе купам нешто и пак заборавам, аман.
     
    На mal.ecka, Kikikikiri0405, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.077
    Секако не е до играчката, туку до тоа дека треба да се адресира однесувањето на детето. Ќе прават секакви глупости, ние треба да им укажеме кога нешто не е океј. По 16 илјади пати :D
     
    На јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  20. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    4.178
    Пол:
    Женски
    Добро вечер од една настината мајка, едвај дишам од носов.
    Бебе заспа а ја со чај во рака и куп грицки се лечам физички а помалце и психички.
    Иако реков ќе поседам дома уште малку деновиве морав да скокнам до работа поради неодложни обврски па некако ми летна неделава. Викендов ме чека генералка и мм викнал гости едвај чекам да поминам цел ден во кујна.
    Второ дете сакам, некогаш за брзо сигурно не. Мм културно ми го игнорира муабетов секој пат. Сакам второ искрено за да не ја оставам малава сама. Не сме голема фамилија, сакам да си има братче/сестриче. Прелесно останав трудна, лесна школска бременост, добар пораѓај лесно закрепнав, е затоа беба ми го кажа вицот. Многу беше плачливо бебе првите неколку месеци, тежок неспијач и ден денес, јас сама по цели денови едвај го чекав мм да дојде дома па да се истурам на него. Првите месеци беа стварно “интересни” не јадев, Не спиев се стопив пола човек се направив. Бев спремна на неспиење ама на вакво нешто не бев. Ден денес повеќе од 3ч нема врзано без да ја презаспивам. 3 ми се премија, на коњ сум. Има ноќи кога на 45мин станува. Мислам дека овие 9м не ми се јасни и чисти од умор како да халуцинирам некогаш.
    Затоа што е таква за другарче ќе си причека дур не фати некаков ред ако не татко и рече пудлица ќе и купел:D
     
    На Kikikikiri0405, LiquidLuna, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.