Премногу сакам да почнам да вежбам. Вежбав 4 пати неделно пред да затруднам. Многу пријателства стекнав во групата со кои уште живеам и пиеме кафе и ми недостасува да одам пак. Немам никаква препрека, имам кола, блиску е... но не почнувам од жал дека премногу ќе го оставам детето на чување. Инаку до 17ч го чува свекрвата кај неа дома, јас го земам и за да одам на вежбање би требало веднаш мајка ми да дојде кај мене или да го оставам кај неа и од 18ч да вежбам пример... Никој не ми прави проблем околу тоа.. Некогаш и мм може да го гледа дома, но мене ми е единствено проблем што детето ќе биде толку саати без мене. Само што ќе го земам треба веднаш да го оставам пак..
А јас да ти кажам само дека и мене убаво ми дојде на душата ова кога го прочитав, фала што сподели го чекам денот кога подобро ќе спие. Променивте нешто, како успеавтр? На спална, во креветче, во своја соба? На муабетот за вржбање имам 3 препораки: 1. Ако сте за лабава јога, yoga with adriene na youtube, има 30 days плејлисти неколку, убаво доаѓа и на ум и на тело 2. Ако не сте по јога, fitnessblender на youtube 3. Ако имате дијастаза, lauren fitter на youtube,исто има плејлисти Ова ако сакате од дома, ако имате време јас би одела кај што ми е најблизу и не морам да палам кола, дали теретана пилатес јога боречки вештини небитно
Јас последните 4-5 год не вежбав ама работев по 14 саати у угостителство и пешачев многу така да исто како да вежбав, некогаш имав по 30000 чекори и бев ви форма. Цела бременост работев, дури последните 3м скратив саати и убаво ми беше, сега се осеќам многу тромаво и вкочането. Пред тоа одев на теретана и вежбав јога. Е сега не сакам вежбање во сала, не сакам да имам точно саат кога да вежбам, другарка ми има фитнес студио ама далеку ми е и мене тоа ме кочи, саат натам и наваму, оти немам кола, таму саат ипол и ќе изгубам време кое нема кој да го пополни. А и пилатесот ми е досаден искрено. А друго поинтересно ни нема кај нас, освен теретана, ама мешана е и не ми е пријатно со тие билдерашите да се маам таму, ептен ги има. Останува опција за дома, иам нешто опрема, може со детето ако фанеме ред насабајле да почнеме да вежбаме и нему ќе му е интересно. Не променив ништо, секогаш заспива на спална со цицање, ама последните месеци имаше војна за заспивање не сакаше да спие во спална. Креветче нема опција моментално да има, а и јас сакав да спијам со него, првите 5м беше во креветче и беше хорор и за двајцата со по милион станувања и презаспивања и никој не беше наспиен.Вака ми е супер. Е сега во последната регресија која беше апсолутно најлоша до сега, траеше 1м се научи да заспива гушнат во мене во дневна дали додека читам или некоја приказна на тв пуштам такви смирени од оние старите и заспива така па го префрлам после, ама не ми смета искрено многу брзо заспива така. Фала на предлозите за видеата баш ќе ги видам каналите.
Не, не е фаза, разлигавеност е. Јас имам 2 дијаметрално спротивни деца, север-југ. Малово е потемпераментно, ама сепак се трудам да не попуштам, да не го размазам до толку да не можам да го конторлирам. Во фаза е на фрлање работи, вадење чорапи, тврдоглавост, ама сепак и покрај се инсистирам да ставам граници. Пример расфрлил пелени, јас собирам, пак расфрла, јас собирам, пак расфрла јас собирам и тука веќе повишувам тон и пази, не расфрла веќе. Разговарам како со возрасен. Викендов бев кај тетка ми која е многу добар педагог, ми рече дека и двајцата се одлично воспитани и одлична работа сум направила за нив. Кај малото е уште рано да се види, ама ќе бидам упорна, нема попуштање.
Ќути вчера си отидоа, уште имам главоболка. Не е детето криво, родителите се. Прво се посомневав нели во мене, ама сега ми е мило што така изреагирав. Кога дете од две ипол ќе почне до толку да диктира што и како да се прави, родителите тотално без контрола. Хаос. А тоа малото, никакви потреби не му се задоволени, никаква рутина, па какво да биде. Ти 6 саати да го мкнеш навака натака, збеснато. Дај бе пушти дете да се истрча, да испразни енергија, да се напише воздух. Куп игралишта наоколу. И јас шетам со дете и во молови и сегде. Ама мадам два пати се носи на игралиште прво, па после се друго. Се знае кога се легнува, кога се станува, кога се шета. Не може на мене дете да ми стане во 6 попладне од дремка и да ми седи до 12 ноќе будно. И при тоа да не го извадам надвор во тој цел период. Па не да фрла, не да урла, свашта ќе прави. А реално на две ипол години, се во состојба да комуницираат и разговараат смислено со тебе. Не работиш да го мотивираш да прави нешта, се караш со него палто да облече. Па смени пристап бе мајка му стара. А бајки деца раѓа мајкава, како бебиња бубачиња. Моево бе ко бебе, ко ќе рикнеше, ко ќе писнеше, нема оставање. И сега е таква џамбаз палав со црви у газ и само пакост да направи. Ама очи 4 отворени и нон стоп по неа, и зборење, објаснување. Ние овде на Фемина дека најмајкички нели, па нашите најрани се, ама ај шала на страна, колку научив овде од форумот со меѓусебно споделување, па те изморивира па ќе седнеш ќе прочиташ ќе се информираш. А мајкава не е затуцана или глупа, само ете, очекува некој друг да и води ред за децата. Тотално без структура. Се сеќавате се жалев овде дека една година подолго ќе ја чувам од што мислев и дека работа моја најсакана ја напуштив. Епа од сегашна гледна точка, најдобро нешто што сум направила било тоа. На детето мајка му треба, очигледно повеќе отколку што си мислиме. Нека се живи и здрави сите, ќе пораснат, се се има време.
Ама немој чекај, размисли подобро, ја ќе ја праќам сега на градинка и ако се навикне скоро од јануари -фебруари се враќам на работа.
Моментот ме погоди само, гледам некои негативни промени во однесувањето на ќерка ми откако почна во градинка и си викам сакам јас да си ја воспитувам, да не го учи тоа. Настрана што спиењето е хаварија, тотално не е спремна за 1 дремка а таму форсираат, после дома не знам ни што со неа ни што со себе од што е преморена и стално настината. И баш си размислував фак дис шит отказ ќе дадам и во прав момент те прочитав кога ми се собра
Да те разбирам..од сегашното искуство, би рекла, ако имам второ ќе си пишам директно 2 години породилно. (Кај мене е можно). Нека се збере на пари што нема да ги заработам, ама бар кога ќе тргне во градинка да е проодено, да знае да се храни само и да пие само и да скрати на една дремка, да излезат некои запчиња. Вака амбициозно си мислев од година да ја пуштам и среќа што не одбија од првата градинка, па се селевме нели, и на крај сфатив дека мене супер ми е, а на дете уште поубаво му е. Си има ред, натимарено, е сега пак не спие ноќе и пак е настината де, чудо гушки на ден има. И ја гледам, секој ден нешто ново и се радувам. Ама уште повеќе се радувам да тргне во градинка, оти и треба друштво и јас не сум и доволна за се'. Поинаква стимулација се случува таму. 10 пати да сум клонирана, пак децата ќе се поинтересни. Дремка од 2 на 1кај нас најлесно се случи. Децидно она одлучи, за само неколку дена и толку беше. Без најава, од денес за утре што се вели. На 14 месеци.. Твоето е толку сега мислам, може ќе скрати наскоро.
Имавме обид да ја пуштиме во градинка ама беше тотално фијаско. Па одлучивме да не ја пуштаме сега. Инаку 2 години има, па ќе пробаме пак наредна година. Работиме од дома двајцата, баба ја чуваше досега по 2 часа дневно, па како досега така отсега ќе се организираме. Очајно ми фали време, сила, нерви, ама адаптацијата колку што ме исцрпи ништо друго. После обидот читав на нет дека е најдобро да не одат во градинка барем до 3 години, па ќе почекаме. Ако имаш опции, мислам дека вреди да ги искористиш.
Толку е да 14м, го чекам денот. Инаку те разбирам скроз. И ја мислев ехее на годинка голема ќе е и мене ќе ми здосади дома. Колку само не бев во право и колку касно сфатив. Опција имам да дадам отказ па кога ќе потпорасне да барам рбота пак. Во многу компетитивно поле сум, и баш би било тешко тоа ама не дека не е можно. Ама за многу помала плата и позиција тоа сигурно. Како успевате работа од дома и чување дете? Јас пробав краток период ама прегорев, ни работата ми беше сработена, ни детето гледано, а јас мртва уморна.
Баба сабајле ја чува два часа, ја земам ја легнувам да спие уште сат-два, и навечер уште некој час. Парт тајм работам, инаку нема шанси. И толку не успевам честопати... посебно во периоди кога баба не може, на пример сега болна е втора недела, некој заебан грип закачи. Не е ич лесно, да не можеш во денот да одмориш неколку часа. Затоа имам правило за викенди не работам, па некако живуркам. Куќата хаос ми е дифолтна состојба... јбг. Ботом лајн набив кондиција и спуштив стандарди Многу ќе ми годеше да оди во градинка, барем 4 часа во денот. Арно ама, свесно се трудев да си створам опции со години пред да станам мајка, за да имам избор кога навистина ќе ми треба. Дојде и такво време, избор имам (не е идеален, ама тука е), и не сакам да туркам по секоја цена. Ова е осетлива тема и ми се чини доста непопуларен избор (барем во мојот круг на пријатели), ама чувствувам дека е правилен во нашите околности. Кога одлучивме да ја повлечеме од градинка камен од срце ми падна. Па ќе видиме што времето ќе покаже, а градинката тука е за во иднина. Не би да те убедувам во ништо, си знаеш какви ти се околностите. Тешки одлуки, посебно дека темава ми е тазе
Pred 2 m pred da trgnam na rabota tolku imav odbivnost prema rabotata sto mi se placese . Koga pocnav svativ deka mi e okej si ja sakam rabotata , ubava pozicija , ne dobivam zadacki sto da pravam tuku jas gi koordiniram kolegite sto treba da se raboti. Sega si se boram za pogolema plata zasto realno ogromna odgovornost imam a ne sum tolku platena Kako del od menadzerski tim treba da dobijam pokacuvanje minimum 30% od segasnata plata Toa mislam i mi e najgolem problem. Koordinatorive se od stranstvo pa mi vetuvaat nekoj pokacuvanja vo skoro pa ke vidime sto ke bidne. Poodmorena sum iako stanuvam vo 6ipol sabajle Bebe kaj sveki go nosam sredeno, najadeno naspano e tamu . Posle rabota kaj sveki idam rucam si go zimam bebe i nakaj doma. Taka da probaj vidi kako ke ti bide ne izbrzuvaj za odluka sto posle ke ti bide krivo.
Мајки од вчера срцево ми е во грч. Како да им кажам смирено на родителите дека малце претеруваат со однесувањето кога се двете внучиња на гости? Знам ќе ме нападнат дека преувеличувам и лажам и на крај ќе излезам виновна дека јас за свое внуче "љубоморам". Притоа моето го гледаат еднаш на недела или две а другото секој ден, знам дека ги сакаат двете ама лошо се чувствувам кога и да отидеме додека сме сами го играат цело време, ќе го донесат бебенцето и одма двајцата срипуваат го земаат, над него а моево седи кај мене (и дека веќе разбира повеќе 10месеци е) ги гледа тажно. Некако очекував дека ќе биде вака бидејќи така долго функционираат и со нас има поделба јас сум посамостојна борбена, но за детенцево не ни е сеедно. Заприметил и мм се налути ама не е човек што ќе пререче на моите, знам дека да беше ова од неговите јас очи ќе му ископав... На тема отказ, јас бев решена но цела среќа не можев да си дозволам па се вратив на работа. Тие 7ч ми се прав одмор колку и да е себично и колку и да е хаотично од работа. Ми требаше малце да излезам од дома, тоа не не прави немајки.
Ни тие што решиле да работат рано, ни тие што решиле да дадат отказ не се во грешка, секоја мајка и родител има право да одлучи како ќе се организираат во животот, нема мајка, немајка, најмајка, сите сме луѓе, некогаш грешиме со избори ама дефинтивно правиме најдобро што знаеме во моментот и не треба да дозволувате некој друг да ви диктира што е правилно со уфрлање на овие зборови. Само вие си знаете каква жртва правите. Јас за моето дете сметам дека градинка за сега не е правилен избор, исто сметам и дека 9м па и порано ми е скроз рано да пратам мое дете пола ден со непознати, не ми е природно и не можам да се помирам со таков избор, ама знам дека да морав секако би го направила и среќна сум и благодарна што засега го имам изборот да не одам уште на работа. И знам дека ниедна мајка радо не ги праќа детето во градинка толку рано, ама не сме милионери за жал и сите мора да работиме. Јас сакав да го запишам сега ама се предомислив, ради инфекциите на бубрези што за него се опасни, а таму хигиената не е баш нај нај, ќе го чувам дома додека не тргнеме пелени. Јас работам од дома кога можам и некако се организираме, кнап е со финансии нема да лажам, ама дете има се и апсолутно јас и мм можеме да издржам уште една година без екстра луксузи. Знам дека ќе се вратиме во странство, знам дека мм пак ќе работи убава работа, ќе има пари, а и кој знае може мојот бизнис ќе направи бум Ќе направи 2-3г малиот и мислам дека тогаш ќе биде доволно спремен за во градинка, а исто и јас. Менр ме нервира во парк кога ќе ми запнат некогаш зошто не го праќам, па детето е посреќно таму, па има ред, па не знам што. Ок може има ред, ама сигурно не е посреќно затворено од 8-3 во една соба, него со 2 прошетки, готвење заедно, пазарење и се друго што прави со мене. Така да јас не наметнувам избори да останат дома и да ги чуваат и ме нервира кога некој сака мене да ми ги наметне. А тоа дека е подобро да оди од аспект на учење и социјализација…не знам, можеби, ама мојта генерација 90% не одеше во градинка па реално и не сме несоцијлизирани. На друга тема, многу лошо спиевме ноќва, цела вечер цица и испушта жални звуци, или е заб или е грло, ќе видам до вечер што ќе ме огрее. Ајде лесен ден мајки.
Temata za gradinka e vecno neiscrpna sekoj spored moznostite i svakanjata. Jas prvoto dete go prativ na godina vo gradinka i otidov da rabotam, najgolema greska sto mozev da napravam ispustiv mnogu momenti i vreme sto sekako nemozam da gi vratam. Sega za vtoroto direktno pisuvam dve godini porodilno, finansiite znacitelno ke se namalat, ama se nadevam deka ke nadomestam vreme i so pogolemoto i so pomaloto.
И мене ми е напорно кога ќе почнат со убедување, истите муабети се секогаш, иц гетинг олд. Посебно дека ред ќе стекнела во градинка, па и дома имаме ред, сигурно не чекам непознати тетки да ми го научат детето кога е време за спиење, за јадење, за миење раце и се останато. А во врска со социјализација, на повеќе места на нет што читав пишуваше дека бенефити од социјализација во градинка има само после 3 години, а не и претходно.
Се си има предности и недостатоци, само тоа можам да кажам. На детето му треба мајка, ама дефинитивно му треба и социјализација. Јас ако имав можност ќе го чував дома до годинка, па после градинка. Ама, морам да одам на работа, па си почна на 9 месеци како брат му и сестра му. И можам да кажам дека иако на нас мајките ни е жал и мислиме дека е прерано, на бебињата им е идеален период за адаптација на таа возраст. Две недели постепено се навикнуваше и сега веќе оди со радост и не е лепенка за мене. И за мене кажувам, избор никогаш не ми било баби и дедовци да ми чуваат бебе зашто дете е за со деца. За ситуацијата на @јolene не е криво детето, криви се родителите. Да гледаш како детето ти плука друго дете и да не реагираш, плус да кажеш дека е нормална фаза е безобразно. Ама, децата се огледало на родителите. Денес ќе плука, утре ќе мава, па кога ќе порасне ќе малтретира и така во круг. Размазеност и невоспитаност, трето нема. Ќерка ми кога беше мала, комшиско девојче ја малтретираше, ја штипеше под маса, во соба дур си играат ќе лупнеше врата и ќе сакаше да седат затворени сами внатре за да ја малтретира. Па кога изреагирав, мајката ми кажа дека моето било многу свилено. Не се објаснував, земав детето и никогаш повеќе не седнав на кафе со жената и децата не си играа зашто едноставно не гледав поента да се борам и да пробувам да исправам нешто што не е мое. @1209 со второто дур ми беше мало вежбав дома, си пуштав лесни вежби со тегчиња и терав три пати неделно по пола саат негде, или саат време со паузи. Имаше ефект се дур не ми се фати кичмата па баталив. Сега со третово не пазам ич на исхрана зашто уште дојам и имам апетит машала Ама многу вода пијам и многу пешачам па така симнав килажа и стомак и све. Така да, мене пешачењето ми е лек за се, и за расположение, и за килажа и секогаш топло го прпеорачувам.
Ако нешто гледам подобрување од градинка е тоа што станува многу посамостојна отколку што би била да е само дома. Немам опција за седење дома со неа, ако е дома ќе ја чуваат баби. На пример на едната баба и ден денес и е страв да не се задавело дете и на дете од скоро 2 години дава само пасирана храна. Моето дете меѓу другото одамна јаде цели парчиња. Веќе за дел од работите знае и прибор да користи и тоа баш во градинка научено. Имаме одличен однос со овие воспитувачки и насоки што тие ги учат децата и како дома да продолжиме, а и обратно така да бар за тоа сум презадоволна. Од хигиенски навики плус, да си нареди обувки и слично. На пример јас во тие 3-4 часа до спиење што сум дома, гледав набрзина да завршиме се, јас да ја измијам, јас да и дадам да јаде, јас да направам тоа и тоа. Причина јас ако и дадам да јаде, за 5 минути сме завршиле, ако јаде сама се врткаме 15-20 минути. Плус си ја сметам за мала. Во градинка немаат толку простор и децата прават сами повеќе работи. Плус и дружба со деца. Ни во фамилијата имаме многу деца, ни во друштво. А постојано одење по игротеки/паркови не ми е опција. Дали и колку би ја шетале бабите исто ми е дискутабилно. Дали би било поинаку да сум дома, можеби, не знам и немам искуство за обратна ситуација. Сигурно од аспект на тоа да сме излезени секојдневно, ќе биде.
Ова тврдам дека не е точно, од лично искуство. Од бебе што само кај мене во раце сакаше да биде и од сите познати и непознати плачеше, кога почна во градинка оди кај сите, негувателките со љубов ги гледа, без проблем подава рачиња и оди кај нив, се гали и им легнува на рамо, го носам насмеан, го земам насмеан, наспан, најаден, чист. Социјализација не се однесува само со други деца, туку општо и со возрасни. Адаптација е секогаш полесна кај бебиња, како растат така потешко оди и подолго трае (и негувателки и родители истото го кажуваат за поголемите дечиња).