Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Малиот на 21м знае работи кои брат му на 3г не ги знаеше. Пее песнички, игра кореографии (рам сам сам, прсти, колена, стапала и слични), јаде сам со лажица, облака чорапи и топлинки сам, сам носи прибор до кујна, заспива сам полесно и побрзо и тоа знае кога му се спие, не се тераме на сила... Ама малото тргна на 13м во градинка, а бато на 19, има разлика. Премачно ми е што оди и морам да го оставам со непознати, пола не ги ни познавам таму, ама избор немам и тоа е тоа.
     
    На Giiirl23, azelea, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Да точно дека адаптацијата трае подолго кај поголеми оти разбираат.
    А за социјализација може на крај сепак се сведува на карактер на дете. Ете моето не оди во градинка ама ептрен е социјален, никогаш не заплакал од непознати, оди кај сите, без проблем можам да го оставам било каде, ме бара не дека не, ама ако го заиграш брзо заборава, од мал е таков, ептен екстроверт.
    Јас покрај другите работи што ми се на листа негативност во градинка за сега е и тоа што немам доверба во луѓето, моја негативност е тоа повеќе ама не им верувам на воспитувачките, барем од нашите градинки се имам изнаслушано хорор приказни и додека дете не е способно да ми каже ако нешто се случило, нема да го праќам.

    За ред и навики фала богу и јас го научив и е доста самостоен, сам јаде, сам бира уште сега кое палто, кои патики, работам многу со него и зборува многу, слуша и ептен сум задоволна од неговиот развој. Муабетот ми е, не мислам дека градинката ќе подобра работа и дека го кратам од нешто.
    Ама јас сум дома и имам шанса да се посветам, на баби да треба и јас не би го оставила.
    @ivi1987 не да пешачам не сум седната:D ама првата година губев сега веќе само надавам килажа, многу сум поправена, пешачењто не врши работа кај мене.
     
    На Mumoftwo30, WhiteCat33, Giiirl23 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе се работи за различни карактери, отколку тие неколку месеци што би смениле во однос на развојот.

    Имавме евалуација од градинка во однос на говор. Не би да звучам самоуверено, но ми кажаа дека е доста напредно во тој поглед, а воедно се соочува со три јазици. Има навистина огромен фонд на зборови.

    Муабетот ми е, не е дека е толку напреднато од градинка. Барем на нас многу ни помагаат едукативни емисии. Книги со илустрации и нормален дневен разговор.
    Но, не спорам дека си има свои предности. Барем сака да оди и се радува, мене тоа ми е доволно.
     
    На Giiirl23, Dennings, sandza и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Ве читам така повремено, дојдов само да се убацам за градинките. Ова е вечна дебата и дилема кај родителите и никогаш нема да се согласиме (што е во ред и нема правилен/погрешен избор).
    Работата е што едни имаат едно дете, други повеќе, едни се дома, други работат.
    Никогаш нема да биде исто мајка со едно дете што го чува дома и мајка на 2+ деца (не)вработена. Едноставно на едно дете можеш да се посветиш максимално, да има ред, да е опуштено со други деца, а турбо мајка на која страна попрво да фати? Кое дете да биде приоритет, домашните обврски кога, мажот, пријателите, работата?
    Затоа секогаш за едни градинката ќе биде правилниот избор и ќе солат памет на другите, со најдобра намера.
     
    На CareTee, Skyler81, Lizi и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Никако да пишам, се нема некако време баш ко една членка што имаше кажано малку ми се 24 часа и за работа и за одмор.
    Минавме настинка, стомачен вирус сите по ред дома од беба и сега конечно сме ок фала богу. Беба ми е некако најсмешна овој период имитира звуци, плескање со рачиња, се вози со дупот по подлога ама некако ми е мн мрзлива не лазе не станува сама од подлога ако не и подадам рака и мн ме нервира тоа. Башка сне веќр 10мес и немаме уште ниту едно забче. Гледам само да не си стварам нервози за такви работи дека нормално секое бебе е различно сите ми велат дека штом напредува во кг и си е весела е ок. Инаку има денови како минатата недела кога бев цело време со неа поручек, откако ја земав од градинка, башка петокот и саботата ноќта ми стануваше по 1263383 пати, а јас бев цела ден на работа, и тој период едвај чекав да си дојде сопругот да ја погледа а јас да се затворам во вц и да здивнам психички најмногу. А сега ко су втора ми фале бебето, вчера беше дома си ја шетав од сабајле и ме потсети на периодот кога бев дома на породилно кој искрено ми фале и ме нервира фактот што не уживав во ништо тогаш. Секоја прошетка ми беше само за да излезам од дома, гледав само да и направам некој ред и нејзе и себе си и бев опседната со тоа, далеку од тоа дека е лошо , мн ми е полесно ка има време за јадење, спиење и се ама криво ми е што не уживав.


    На тема градинка, немам опција да седам дома, мала ми е платата ама бар покрива сметки колку толку. не сне биле на одмор никогаш со сопругот надвор од мк или повеќе од 3 4 дена дека куќа волкава треба да ја средиш внатре , првите 2 год бевме и без греење не се жалам за ништо постигнавмр нкое солидно ниво, ама сега во момент да откажам од работа би значело да живееме без некои лагодности и без инвестиции дома што би не вратиле некплку години назад со се. Менр ми одговара што оди во градинка, да скоро секоја недела нешто закачува но и да е дома би било исто. Од др страна свекрвата веќе ги изгледала нејзините ко веќе постојат градинки нрка оди, доволно олеснување ми е што ја чува ко сне двајцата на работа и што има ручек дома. И да имам опција да седам дома под др околности пак би ја пуштила в градинка тоа време од неколку саати дома сама да не требам на никој ме прави искрено подобра мајка, не сум нервозна како претходно.
     
    На lackygirl, јolene, BoNaNa123 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Ооо колку само грижа на совест имав за таа градинка... Си плачев на почеток секој ден. Со тек на времето сфатив, и работата ми е за син ми и скоро сѐ што правам е за него. Јас сум од дома, така да изолирана, осамена, не дека одам да се социјализирам туку само работам и на пауза правам ручек, алиштата ги пружам/собирам за кога ќе го земам да му се посветам 100% до вечер целата енергија што ја имам.
    Јас гледам многу напред, многу ми е страв за нивната иднина. Еве и сега за нас е тешко нешто да создадеш, сѐ е скапо, помалку можности итн итн.. а иднината каква ќе биде за децава? Затоа и работам реално и штедам сѐ што можам за да има каква таква помош кога ќе порасне да може да се осамостои. Не дека за мене е работава или дека бркам кариера и слично.
    Сега во прва мала е поразлично, кажува некои работи, што правеле итн. А и по самото дете одма ќе се примети ако нешто се случува во градинка. За во јасли кога ќе размислам може требаше жена за чување да побарам за тие неколку месеци, подобро ќе беше така.
     
    На јolene, Kikikikiri0405, LadyR и 3 други им се допаѓа ова.
  7. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    И ние сме сега со таа некоја дилема од кога и каде да го пуштиме во градинка.
    Моментално го чува свекрвата од 11 до 17часот. Јас и мм работиме од дома и до 11 го чуваме заедно, а во 11 го носиме кај неа. Порано не и одговара зошто мора да заврши некои обврски што ги има.
    Малку е хаотично тоа време до 11часот бидејќи сепак треба да се спреми доручек, па се искакал па се извалкал работиш, а не работиш и станува пладне додека седнеме салам да работиме на компјутер.
    Таа го чува предобро, готвена храна само за него, миење пресоблекување по 100 пати во денот ако треба. Со здрави намирници, без телевизори стварно се грижи како што треба, но се гледа дека многу и доаѓа и е исцрпена кога одам да го земам, а знам дека нема да легне да одмара туку продолжува да тера работи по дома. И ние сме со многу обврски но сепак сме помлади нели..
    Жената не бега од чување, но некако ние меѓу себе со мм си збориме дека подобро е можеби да го носиме во градинка.
    Каде што живееме градинката ми е буквално преку пат, значи до толку што мислам од дома ќе го слушнам ако плака :D тоа е државна градинка, има и некоја приватна на 1км од нас демек подобра, па може и тоа да влезе во опција, но во секој случај ќе помине сигурно уште месец-два додека се одлучиме и испитаме каде што е "најдобро", а и МРП не сме ставиле секако.
    :tmi:
     
    На lackygirl, јolene, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски
    Каква тема сте отвориле. Јас бев решена до 2 год дома да седи и јас со него, ама сега кога го гледам како се радува на деца и колку сака да игра со нив, се мислам да го пуштам од пролет чисто да видам како ке оди ама мм ми вели да си поседиме дома уште, како што беше планот. Работа секако ке барам одкако ке тргне во градинка пред тоа не ни помислувам, нема ни да можам, адаптација, некој да го носи, зема, цела организација треба за се тоа.

    За ред дека ке му направат или не знам што ич не му ја мислам, секако имаме ред ние. Само што знам дека ке учи нови работи ке се дружи со врсници и што велите за се тоа што јас велам е мал, таму ке го прави сам. Дете е за со деца, ама па и мене ми е многу убаво со него дома, не дека не ме вади од такт ама пак сум јас таа што го кара, бацува, гушка и кога и да има нешто мака кај и да е, со кого и да е вика "мама", за мене тоа е непроценливо. Сакам да знае дека секогаш сум тука за него. За социјализација па ич не се замарам пошо он деца сака ги знае не ги знае оди гушка, бацува, а никој не му кажал. Во возрасниве како ке му дувне денот, може цел ден да го шетаат ко штафета, а може па а некој да подаде раце да му ја врисне, таков си е од мал.

    @atz1995 еве ме неделава се местевме за МРП да идеме дури сабајле на матичната и се јавив кога е на работа да го прегледа убаво, сеа шипки, грчи со носот, знам дека ке ме врати дома...
     
    На lackygirl, јolene, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со ова.
    Ќерка ми оди од 10 месеци во градинка, сега е 3 год и 2 мес. Значи ќерка ми има социјален живот од 2 години. Со две девојчиња се така здружени, уште од јасли се заедно, да дури не ми се верува како може толку мали така да се дружат. После градинка едвај чекаат да се видат на игралиште, си играат, муабет си прават, мерак да ти е да ги гледаш.

    Баш убаво што некои мајки си имаат избор и опции дали да пратат дете во градинка или не. Јас немам, првото тргна на 10 мес, второво изгледа на 8 мес ќе тргне. Бабите работат, мојата плата е значително висока за отказ да давам. Да беше маж ми милионер, ќе дадев и ќе ги чував до кај година ипол, две дома, после тоа ќе си одеа во градинка.
     
    На lackygirl, azelea, јolene и 9 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.097
    Пол:
    Женски
    Потпис ставам на ова :l:
    Таа дружба и љубов што ја имаат во градинка, не се споредува со ништо. Ќерка ми и ден денес кога гледа слики и видеа знае солзи да пушти, уште ги памети дечињата со кои беше неразделна. И во градинка, и родендени, дружби заеднички во парк, театар, остануваат во сеќавање долги години после тоа. И на детето, ама и на мајката.
     
    На Ouravanture, lackygirl, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  11. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Мајки ве изначитав горе, денес баш бевме документи во градинка да оставиме и се запрепастив. Ние живееме во Карпош, во нашата градинка нема негувателки и поради тоа нема простор за ново дете, туку треба во друг Карпош во друг објект да го носиме ако сакаме да почне сега, 8++ е и јас за месец дена сум на работа. Работиме од дома со мм па планирав до годинка да се покриваме да седи со нас, ама и тоа кога го спомнав ми рекоа па пробај јави се (за 3 ипол месеци од сега), и ако нешто се смени тогаш да почне, ама не верувам дека ќе имаме негувателки и тогаш:rofl:
    Не знаев дали да се смеам или да плачам, приватна нема шанса пре би тие пари да му ги тргам на страна
     
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Не си требало да кажуваш дека работите од дома.
    Ние нашата, само што добивме извод , одма отидовме да поднесеме барање и фино културно , ми рекоа да си барам луѓе, ако сакам да почне во септември. Хаос е за градинки. Ако најдам работа за низ Центар, таму ќе ја запишам. Барем полесно примаат таму.
     
    На Kikikikiri0405 и LeL15 им се допаѓа ова.
  13. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    На крај пред да си одиме кажавме тек, буквално на врата кога бевме и одговорот беше тој, жално ептен
     
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се вмешам во муабетот за градинките и јас.
    Одењето во градинка има недостатоци, ама многу повеќе има предности.
    Синко тргна на 2 години, до тогаш го чуваше дадилка дома. Имаше лесна адаптација, ама тој е и таков карактер, отворен, дружељубив со сите. Многу работи научи во градинката, стана самостоен за се, јас бев презадоволна од тетките кај нас. Во групата беа 18 машки и 6 девојчиња ама таква дружба, сложност, љубов меѓу децата немам видено.
    Сега се сите првачиња, во различни школи, викенди кога ќе се види со некое од другарчињата од градинка е пресреќен, уште по дома зборуваат за градинката. Имаа прекрасни моменти заедно, родендени, тематски забави, приредби, прошетки, учење преку игри, навистина ми е драго што не му го ускратив сето тоа чувајќи го дома.
    Дома колку и да сме посветени, а сме многу со мм, нема споредба со сето научено и доживеано во градинката.
    Затоа не се мислете и за настинки, вируси, бактерии... Сето тоа ќе помине и ќе стекнат имунитет, ама заедничките моменти со другарчињата во градинка никој не може да ги замени.
    На крајот кога имаа завршна приредба се отепав од плачење што им завршува еден од најубавите делови од детството.
     
    На Coco31, lackygirl, Kom.pot и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Каде ти го кажале ова? Да не те мафта некој?
    Има место во Карпош во градинките. Мојата оди во Орце Николов, Карпош 3, место колку сакаш.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Епа баш таму во Карпош 3, Први стапки мислам ми рекоа се вика објектот. Оставивме документи и се, ама вака ни кажаа.. Не знам ни по групи како ги делат ама демек негувателки немало за најмалите
     
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Ти им кажа дека од дома работиш?
    Ако да, те дриблаат ради тоа.
    Си има негователки 2 во јасли 1 каде има бебиња од 8 мес до 18 мес и 2 во јасли 2 кое е за дечиња од 18 мес до 2 години. Пред 1 мес имаше 11 бебиња само во јасли 1.
    Со психологот разговараше? Ај распрашај си се поубаво
     
    На LiquidLuna и sani99 им се допаѓа ова.
  18. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    За работа од дома буквално на крај пред да си одиме кажав, прво изнаслушав се што имаа да кажат за ова :rofl: ќе прашувам пак и ќе видам и во околина ама немам никој познат за да препрашам за жал
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Биди си поупорна.
    Зашто јас бебево сега ќе го пуштам од февруари, март и уште пред 1 мес и кажав на негователката од јасли и само ми рече слободно врти ми кога ќе сакаш да почнеме адаптација. Истата и беше и на ќерката. Немам ни документи поднесено, ни ништо. Пријателка една, ќерката сега и почна исто без никаков проблем
    Стварно не ми е јасен муабетов што ти го направиле.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    1.665
    Пол:
    Женски
    Би требало да резервираме во некој ресторан и да се собереме сите таму и во живо да си ги кажеме маките. Некогаш и вака анонимно е во ред. Бебе со затнат нос ем станува од 6 секој ден. Катастрофа период каде грешам не знам.
     
    На lackygirl, Carolin., sani99 и 2 други им се допаѓа ова.