Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Аии врски да бараш..ц ц ц , за која градинка?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Ми порасна бебето... Вчера на роденден на бабе во Дукат си седеше мирен на столче, па со вилушка јадеше, па мирно, мирно, почна ептен на крај да зеза, ама се изнајаде ептен убаво. Љуби га мајка. Келнерите викаат Не сме имале толку мало дете толку мирно, обично плачат и трчаат насекаде. Па ги дотерав исто со бате и стојат пред огледало и малово му вика на големово Уууу бате како си убавввв.... Дал да плачам ил да се смеам работава. И за него си рече додуша Како су убавввв... Баба почна последната година да ја ситни, сега ќе чекаме до пензија уште само една година. Да видиме дали тогаш ќе има малку повеќе елан за чување внуци.
     
    На mal.ecka, lackygirl, merriel0 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Реон Ѓорче. Поточна градинката во Хром. Ќе видиме за клонот во Ѓорче до школото што е, како ќе биде.
     
  4. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Затка е и моево, единствено што му помага на подолго време е спрејот со диво оригано на Пробота од Зегин, пробај баш
     
  5. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам немоќно сакам да му помогнам да се справи со емоциите ама еве не знам како! На сабајле плачки за во градинка кога ќе си дојде исто. (Во градинка добро поминувал). И од нејадач таму од што е послушен ќе заплаче и ќе јаде. На слики од градинка секогаш е среќен, негувателката се кажува убаво. Учителката и негувателката секогаш убаво кажуваат на врата. После заборава... Ама ваљда не му е сеедно малку пауза и еве не. Нежно дете , чувано во стаклено звоно и сега поради братчето брзо му дојде да биде поголем. Ми се плаче секој ден! Се јавија од градинка сакале да поработат со него... Немало проблем ама можело да има многу сме користеле телефон... А и од мало си е такво не сака луѓе, не сака поготово жени. За некој дедо ќе му светнат очите...ама друг никој не сакаше. Сега еве го 4г почнува со другари во градинка. И ние малку можеби сме отргнати од надворешен свет повлечен тип на луѓе сме, се мислам еве и ние треба да се обратиме некаде...или мене ми дојде премногу со бебе дома, ама еве мора да се продолжи.
     
    На Fenix05 и sani99 им се допаѓа ова.
  6. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Тоа е клонот до Беровски школото?
     
  7. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    До Беровски во Ѓорче, само од 3 години примаат, а пред врата ми е. Ќе бараме за клонот кај Мирче школото што е.
    И Ангел ми даде убав совет за таму, а и пријател што тераат контроли по градинки, ми рече таму ми е подобро, отколку во Хром.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Таа е кај мене пред врата :D
    Ама да, тешко се влегува, врски треба. Додуша не знаеш за каде ќе то најдат место, на пријателка за второто и рекоа нема место па во Ѓорче 2 во јасли и го ставија а овој клон тука, Детелинка и е на 300 метри, двеве деца во различни клонови и се.
     
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Мм и вика на таа, цел живот сум во Ѓорче и неможам дете да запишам во градинка. Ужас сме.
     
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.097
    Пол:
    Женски
    На нас за таа во Хром за бебуш ни рекоа дека нема место и нема да го примат, иако ептен блиску ни беше градинката тогаш, сега веќе среќа не сме таму. Денес за чудо ни се јавија и ни рекоа дека е примен, ама џабе, он е веќе запишан во друга градинка и таму си тера. Поднеси документи, оди лично кај нив, имај траг на меил, направи преписки, едноставно досаѓај, може ќе ти упали.
     
  11. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Ако немаш врски тешко и за кај Мирче ќе ти биде во Детелинка. Сите ги носат децата во овие градинки, има и зошто ама да не навлегувам. Пробај запиши ја во Сонце на пр., или Ѓорче 2, и ќе си ја префрлиш
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Сонце во Волково е предалеку, а таму па нема ни вработени, совршен објект ама нема место. Во Детелинка се носат зошто е со најмногу групи и занимални, а богами според ова што слушам и најдобро се работи.
     
  13. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Да ја запише, не да ја носи. 2 другарки мои си ги префрлија децата без проблем. Вработени сегде им фалат ако е за тоа, ама ајде да не 0навлегуваме многу.
     
  14. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Па еве ќе почекам да видам дали ќе примат случајно. Ако не, сами ми се понудија за да ми помогнат.
    Гледам прееска ќе градат нова градинка во Ново село или каде беше. И нека прават, има деца и дај Боже да има се повеќе.
    Абре дадовте дозволи за еден куп згради , а градинка со две занимални имате само во реонот кај што живееме.
    Го видов прееска седнат на кафе градоначалникот, сакав да му седнам на маса да си позбориме, ама ај со детево бев. А би му кажала така пред куп народ.
    Не ми замеравајте, ама бесна сум, што за една градинка бе врски да бараме. Ужас.
     
    На Mother of 2boys, sani99 и marama им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    И како ги префрлија? Само на список стојат , не идат и поднесуваат барање за префрлување?
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Не оди тоа така, не се префрлаат така лесно без врски.
     
    На Konstrakta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Значи директ врските за во која градинка сакам и да не се малтретирам.
    Знам комшики две, едното од градинката кај Мирче, другото од таа во Хром, одма ги префрлија во градинката што е кај мене.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Ама наполниле 3г и затоа. Во таа има најмалку деца и некако ич не се задоволни мајките. 2 групи се, од 3 до 4 и од 4 до 6, мешани до бескрај, ако не спие дете одма те бараат, ако не јаде исто, одма доаѓај, ко да не сакаат да се потрудат. Мали занимални се, нема простор, кога има нешто доаѓаат само од Детелинка дечињата, дали на некакви приредби или ден на општина, и чат пат од Хромската и таа во Даме Груев. Во принцип кажуваш во која сакаш, нели, ама ако нема место може да ти кажат да носиш на друго место. Инаку сега 2 градинки се прават, 1 кај Геријатрија и 1 во Ново Село, ќе се растеретат доста и Детелинка и Пампурче. Таа во Волково е најубава како објект, со прекрасен двор, ама нема кадар таму, им доаѓаат на помош од другите градинки. Тука кај нас бар една од двете ќе се појави денес, таму не знаеш која ќе го земе детето која ќе ти го врати.
     
  19. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Таа вашата ми ја испофалија баш доста. Со мм решивме за таму да ја запишеме. Па таа кај мене што е, летно време децата во Хром ги носат. Не работи за време на лето.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    8.355
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се пожалам и да се изнакажам овде ,зашто немам каде.
    Преуморна сум луѓе јас. Ме зема бубањот. Ме врти на најјако.
    Дома. Работа. Градинка. Дете . Чистење. Јадење. Па пак во круг. Брзај на работа брзај во градинка. Од работа одам дома се осеќам како втора смена да ми почнува.
    Две години не сум спиела ко човек.
    Сврзувам цела нок кога ке дојде мајка ми да ја чува малата ,а тоа е еднаш месечно.
    Од стрес падна имунитет , закачив ЦИН 1
    Стварно незнам како да си помогнам.
    Ми се вришти ми се плаче.
    Толку сум уморна ,ете.
    Исти ли сте ?????
     
    На Mumoftwo30, DoubleK, WhiteCat33 и 11 други им се допаѓа ова.