Така ни функционира се скоро, џабе ќе се нервираш. И таа кај тебе е од пред некоја година отворена, а и пред 30 години кога мене ме запишувале у Детелинка со врски морало, ништо не е сменето. Персоналот го ротираат секоја година, некоја останува, некоја ја префрлуваат, неможеш да знаеш дека и наредна година ќе биде фалена. Имаш уште време, поднеси си документи со време и тоа е тоа.
Бетер. Изгорена, прегорена. Цин 1 излечив со многу витамини, поздрава исхрана, знаеш едноставно поздрав живот. Не е страшно, само прави редовни контроли.
Исти сме мајка сите со мали дечиња. И мене ме врти бубањот ептен ме совлада...уморна сум ептен..малата ми е скоро 4 години,мн.незгодни години,сакаааамм тооаа,не сакаам тоааа,сега па со двете нови бебиња ептен е променета ,дека не е веќе сама нели. Близначињата приказна за себе,скокови,заби,грчеви има женското уште.. Пушти едно,фати друго,едно какало сега,друго подоцна.таман едно средеш,другото пак кака има. Поголемата увек има некоја желба кога сме зафатени со бебињата.. Навечер кога се спремаме за спиење гужва невидена. Јас се трудам колку можам да бидам смирена,ама не можам бре жено некогаш,си и викам по големата,а колку е голема де и таа е дете само .Бебињата се само да доење,тоа ме исцрпува плус. Нит ми се оди некаде, нит сакам да ми доаѓа некој,а мора и да се дружи човек,немам време да си средам по дома како порано,како што сакам,туку како лисица со опашка ептен да не проима нози куќата.На работа сум од 09.2025,уште сега ми се гади,ама мора и да се работи. На крај пак кога ги погледнам трите заспани,душата ми е полна,па затоа се живее,па си кажам сама на себе по кој знае кој пат-период е,ќе си пораснат тие. Ете си се пожалив и јас тука,а секако и нема да е последно.
Нашиот убав почеток во градинка се упропасти. Супер почна на 14 месеци, плачеше од прво ама 3тата недела веќе остана со спиење, јадел се, почнал да си игра со децата, се преубо одеше. Настина еднаш па му помина, по 1 недела пак и доби пнеумонија. Па сега еве поминаа инфузиите продолжува со панцеф уште 7 дена, уште инхалации, уште плачки нз како ќе правиме, како ќе се организираме, сите работиме, само свекорот е пензионер, се надевам на него, досега го има чувано 2, 3 часа па се снаоѓа и што е најбитно сака да го чува. Нема шанса сега да оди дури не оздрави убо, оваа душа со 3 антибиотици по ред без прекин нема да трпи уште едно разболување, не е гаранција дека дома ќе биди здрав ама таму нема да оди бар 1 месец ако можиме и повеќе.. Ова е поинакво, сака луѓе и деца, мн поубав карактер спрема брат му. Скроз се различни, само во неспиењето исти Првото дете на 2 год почна и воопшто не сакаше да оди во градинка, секој ден со плачење, таму се смируваше ама настрана седеше сам, нејќеше да игра со децата, не јадеше ништо, само лепче, така до 3ч гладен седеше. Морав да го носам ко што морам и ова сега да не морав немаше да одат бар до 3 год. Толку ми е криво дека така го носев од дома со плачење, в раце со инает, па и сум му викала од дома, сега ко ќе ми текни како беше ми иди шамар да си мавнам, не еден поќе. По секоја цена не се носи, ама ете помина, до крај не ја сакаше градинката ама последната година се опушти и беше подобро, но пак имаше плачки на оставање. Мислев и на школо ќе биди така ама изненади, сака да оди, со мерак оди, досега е супер ама има проблем со физичко не сака да вежба, никако не сака, нз дали е тоа дека вежбаат во истата сала кај што одеше в градинка, а во таа сала тој нејќеше да влези дури одеше в градинка и додека децата играле тој седел до воспитувачките, а сега исто седи на клупа додека вежбаат физичко. Досега учителката ништо не ни има речено ама очекувам и му зборувам нон стоп дека треба да вежба ама ќути и ништо не вели. Така тој до 12 е на школо после дома свекор ми е па си седи и сам горе.. Позитивна работа од градинка е што првата година ги помина сите вируси и сега има супер имунитет. Ама никогаш не направи пнеумонија како ова сега И на крај да земаше мм поголема плата ќе откажев од работа и ќе си седев дома со нив бар до 3год. И така нема правило, на кој како му одговара и како се осеќа. Од ко е смемат сатот станува во 6ч наспан
Мајки,пак јас. Значи имам неизмерни болки во грбот,ептен јаки,веќе долг период,посебно откако се родија близначињата. Еве денес едвај се движам. Дали од доењето,од анестезијата,дали измрзнато,дали од нешто друго кој знае што ми е. Ќе почекам уште малку па на еким ќе морам да одам,а ич не обожавам болници. Што можам да мачкам да ме опуште малку?
Спинална,со царски бев,пред 5 месеци,втор царски. Со првото немав такви болки,сега имам,ама горе кај плешките и малку под вратот.Можно е да е од неа?
@lackygirl , кај нас препораката беше барем месец да не оди додека се опорави од сите антибиотици. Додуша јас имав и со кого да седи и повремено по потреба јас од дома да работам. Добро утро сега. Кафето од мене. За настинки, по подолго време еве ја и ќерка со растечен нос и кашлање, па ќе одморам и јас со неа. Позитивната страна е што барем годинава не се разболува често, да не ја заречам. Прво отсуство ќе и е од градинка ова.
Не ти е од спиналот. Од доењето ти е и од држење 2 бебиња. Јас со големата имав така болки, земав од оние масажерине од нет шијацу, многу ме опушташе. Има блокнакс маст, маж ми ја мачка за кичма, види дали можеш да мачкаш дека доиш.
Го имам тој масажерот да,ќе пробам и со него. Уф не се трпи,а душичките на мене чекаат се' од сабајле сум сама.Не сакам да имаат таква болникава мајка. Денес прават точно 5 месеци. Како лета времето Боже.
Не нема проблем ништо, ок е со операцијата, почна точак да вози, трча, скока, се прави, ама таму никако не сака. В година ќе видиме во другата сала во училиштето како ќе биди. Оваа ја нејќи од градинка.
Не да сум уморна, преморена сум, дома ми е хаос, толку прљаво одамна не ми било. Морам да зачистам детално, со вадење кујна, со се, детално. А енергија немам реално. Ама мора да почнам. Сите сме така, едноставно решив да не мислам на тоа и толку, зошто ми создаваше голем стрес. Јас немам никој да ми помогне така, бабата причувува али тоа се е ограничено и малку. И јас откако се породив со спиналната е исто, ако е болката доле во кичма над опашката од анестезијата е. Таму масажа не смее, барав и јас, дури ни физикална не може. Јас се снимив, на коски нема ништо, е сеа на меки ткива, па не ме чешаат 400е за магнет и не правам.
@lackygirl кога те читам, ме враќаш во времето второто кога ми заоди во градинка, па на годинка во рок од два месеци размак два пати по девет дена лежевме во Козле, и прв роденден таму славевме. И си поплакав кога ми текна што поминавме (некој гаден стомачен вирус, па јака пневмонија). Бог нека ти дава сила да издржиш, и веќе никогаш да не се повтори. Баткото со најубави образи да е здрав и жив Изморена сум, ненаспана, од вчера на боледување. И второто и бебево ми се болни. Па се смеам, полошо од едно болно дете се две, ама тоа е, нека поминува лесно само. Сум заборавила колку е јако да се бориш со бебе дур се инхалира
Фала со помин и кај вас, нема полошо од болно дете. Инхалацииве ми се хорор исто плачи ко за инфузиите, исто, ама што сила ќе беше нз, 2ца го држиме и пак се трга, веќе жал ми е, уште денес и утре, па и на контрола сме утре да видиме како е. Половината, вратот, рамената се ме боли, не од царските туку од доењто е, од кревањето, башка и спондилоза имам ко на вртелешка сум деновиве @DELFINA81 од ко престанав да го кревам првото ми помина половината, не ме болеше се до 2ра бременост кај тебе па и 3 се дечиња, 2 бебиња, ќе помине за 2,3 години да сме здрави и живи само. Пробај со блокмакс гел за болки, или некоја слична, имаше една и со магнезиум во бременост ја мачкав. Иначе пијам јас ибупрофен многу често за болките плус магнезиум, исто така и витамини во бременост што ги пиев Прегназон, пак ги зедов сега