Здраво мајки Ве читам периодов со едно око пред спиење и толку е силата. Градинки, работа, дома, социјален живот да се има, организации на дневно и неделно ниво. Некако ептен работи има за ден што трае само 24 часа. Среќа бебе спие навечер инаку ќе немав сила за ништо. Секој ден по 2 саати најмалку ми фалат ама тоа е. Баткото ми порасна, момче ми стана. САМ е најчестиот збор периодов. Се сака сам да прави и баш ме радува што имам само едно дете за облекување сабајлечки, другото ми е големо Бебушка, почна во градинка. Полесна адаптација амин. Она ни е балансот за сите "маки" со брат и што сме ги тргале. Среќна си оди, среќна ја зимам, си ужива максимално. На работа скрос олабавена да одам, а не во грч. Се спремаме полека за прв роденден. Возбудата си расте од ден во ден. Знам дека сега уште побрзо ќе ми порасне бебето. Се закачаат, се гушкаат со брат и се повеќе, а мене срцево ми се топи кога ги гледам такви. За тие моменти вреди се. Ве поздравувам
Ај добар ден од дремка на бебесито! Се прибравме од гробишта, прв пат го однесовме, не гледаа попреку ама ми е гајле, јас си имам свои замисли за животот и не им се мешам ним. Сум сакала сум го однела. Ќе ставам сега чорба пилешка да се вари, ќе потсуредам некоја фиока, некоја полица, сакам по малку да почнам да ја исчистам кујната, да направам зимски распоред по дома па да чекаме да прекрши декември за да накитиме и елка. Појма немам како ќе биде годинава, ама ај, ќе се обидеме бар. После планот е кога ќе стане да јадат, да го спремам и на пазарење да одиме, бар нешто да поткупиме, немаме влажни, живи срамови, со бебе дома влажни немаме, сакам да им дадам шанса на пелените од ДМ пак, да земам нешто за по дома од Синсеј и вечер имам закажано кафе со другарка и деците. Нека потрае времето убаво уште малку молам, немам план уште за цвеќињата надвор. Убав викенд мајки!
Здраво и од мене Да пишам пред да се фатам на ноќна генералка за утре денот да ми биде на шетање. Градинкава убавини луѓе, легнува на време, станува на време, јас имам време за мене, имаме време со мм да се видиме, мераци. Не готвам 100 пати во денот и ред други позитивни работи.Се разболува многу ама во тие денови кога оди ептен гледам бенефит иако и не седи до 3,4 туку ја земам пред спиење. Уште не сум осетила тантруми, не знам дали е рано, дали така ќе поминеме или дали си кенка од раѓање, па не гледам разлика. Денес цел ден надвор на сонце, утре исто да фаќаме уште малку убави денови и од понеделник јово на ново со работа и сите обврски. Да имате убав викенд
Да ви кажам што сум направила го истрижив со ножица малово ама многу лошо е мене ми се смеј мм се изналути признавам лошо е стрижен ќе пробам да исправам грешка деновиве.
Брзо ќе му порасне, нема ни да се познава Јас ќерка ми на три месеци ја опишав со ножици зашто шишките до муце и беа и многу се потеше Тогаш ми беше многу слатка, ама кога и да ги гледам сликите се прашувам како сум можела Ама се тешев дека коса расте
Не пробувај да исправиш, нема подобро да биде, не прашувај од каде знам Ко лоша копија на Џим Кери се шеташе пола лето лани кога го "поправив" Шишка у око не му влезе до есен
Јас сум домашен фризер Првото исто го стрижев со ножица бидејќи не оставаше никако со машинка, па после 3 год дозволи на фризер ама и таму со ножица, тек лани на 4 и пол год дозволи со машинка ама јас да го стрижам хахах па така почнав со машинка, еве уште јас го стрижам. Го имам и мм стрижено неколку пати. А малово еднаш летото го чкрапнав над уши, кркма и малку назад, ама ова сега е некст левел не стоше мрдаше и лошо испадна, ама ај здравје ќе ја средиме, ќе пробам со машинка ако не плачи многу. И на крај, мене ме стрижи мајка ми, брат ми или девојката на брат ми дека само долу врвови стрижам и кој ќе стигни тој муабети со 4ч, ми дојде редот за чување на мали и ме фати несоница
Ми треба една информација. Добивме многу поклони на мекици, и најголем дел не ги користиме. А се стварно убави поклони (козметика што мојава не ја користи пошто не и одговара, стварно не ми требаат пет ќебиња или три радосници) кои кај мене ќе ми фаќаат место а на некој би му завршил работа. Сакав да ги донирам на самохрани родители ама барам по нетов ама тешко се наоѓа информација. Најдов еден профил на фондација за самохрани родители на фејсбук ама не знам колку е вистинско, а сакам да ги дадам работиве кај што навистина се потребни. Имате ли вие некоја информација за некое вакво здружение за самохрани родители?
https://www.facebook.com/zdruzenie.na.samohrani.roditeli.skopje?mibextid=ZbWKwL Со сигурност ова е официјалното здружение. Се наоѓаше карши поликлиника Јане Сандански, не знам дали се уште таму.
Добар нека е денов Само мене ли може од такт да ме извади оваа реченица од стрина или сл? Рандом особа ја прашува за внучето, "Ахааа, еве ставивме мрп, па ќе го пуштаме во градинкааа" Што си ставила ти жити бога и кој ти пушташ билокаде? Претерувам или пмс ме дрма јако? Така ме боцна како трн у око реченицава што не се воздржав и се изнасмеав, реков ништо кога ме прашаа што?! Како и да е.. 5 дена дена соло пернтинг и можда првпат у живот да ми се припие ракија. Зелка салата и ракија. Толку имам да кажам за периодов, сега ќе одам да пуштам некоја машина и се надевам ќе поспие да успеам да ги постелам да се сушат. Има некоја мајка што дава железо на годинаипол дете, кој лек го дава и како успевате?
Јас давам, насабајле со вит Ц капки, ги ставам во чаша за ракија, му правам живели и демек пиеме нешто и двајцата и секогаш пали. Давам флорадикс сируп и некои рандом вит Ц капки кои ми ги препорачаа во аптека.
Добро дали само јас имам панични напади од хаос дома? Прв пат почна во гради да ме стега сабајле од што со денови не можам да пофатам ништо темелно да исчистам, доаѓам од работа бебе ме чека со радости ајде со него, каши, измиј садови, спреми за следен ден легни мртва. Почнав да чистам и посче 40мин сфатив дека ништо не личи на средено. 4 машини среќа се исушија ги испеглав и после цел ден чистење малце заличи дека нешто сум правела. Прв пат да се радувам на лошо време надвор, знам дека не можевме да излеземе и искористивме да фатиме што долго стоеше така. Бебе е во некоја лоша фаза почна да покажува некоја нервоза па стега раце ржи вика и се тресе цел ако не му е по кејф. денско спиење научна фантастика. Сè се должи на пореметена рутина откако тргнав на работа. Од страв мм го успива на 2ч па му фаќа 3 пати да спие денски а не сака 3та дремка и така вришти буден 5 6 ч. Ноќите ужас на 1ч плачки, јас не знам од каде сила да функционирам и физички и умствено дома и на работа. Сега да фатам уште тоалети и плочки да изрибам и доста е.
За хаосот низ куќа се помирив веќе. Собирам 100 пати играчки на ден. Делам по кутии, оставам во различни простории, делови од дневната и се останато и додека се завртам ќерка нешто има истурено по земја. Нејсе, до мене ли е или стварно имам нетрпеливо и немирно дете ама сите наоколу ми изгледаат повеќе воспитани, помирни, повеќе знаат и разбираат. Се додаваме на социјалните мрежи со сите мајки во групата од градинка. Факт е дека на возраста на ќерка ми и месец прави разлика во однесување. Ама гледам на слика, пример девојче 2,5 месеци постаро од ќерка, си седи во ресторан и си бои со темперни. Кај нас боењето со темперни е фијаско. Се наоколу е обоено, вклучувајќи раце, алишта, маса. Друго дете 7-8 месеци постаро, снимано како ги кажува деновите во неделата. Ок, 8 месеци разлика се многу, ама се мислам на моменти како ние не се вложуваме доволно. Ова од вечерни муабети откако ќерка ме преумори денес. Тек не чека зима и повеќе седење по дома, па да се мислат активности.
Флорадиксот е благичок, убав вкус има. Витамин Ц капки посебно се даваат, не измешано со сирупот. Јас на малово пред некој месец му давав сируп за железо, некој од тие на рецепт што одат беше (не ми текнува на името), ама не е баш убав на вкус, иако помогна за брзо да се среди. .... Со првото ме нервираше хаосот, сега со третово не се ни трудам постојано да збирам играчки, пазам само да не згазам на некоја коцка зашто ептен боли Гледам прашина и правосмукалка да "игра" на време, а играчки, алишта, садови секогаш имам, едноставно со три деца е невозможно да биде све на свое место. Повеќе ме напнува периодов кога имам тон алишта за перење постојано, а веќе не се суши брзо како до пред една недела, па на моменти сум Миле паника како ќе се исуши се на време. И најискрено, периодов како ми беа болни децава, гледам само да се добри и јас да останам на нозе, све друго е во втор план и небитно.
Па ве читам за градинкиве сите за Детелинка еве и јас од Ѓорче не го примија малиов,врски не можам да најдам и ќе седам дома до година на неплатен. А им пишав за во новосело градинката(јас сум од кај таа првата што ја изградија) што к!р градат кога ако немаш врски не ти го примаат,изреволтирана на макс Настрана тоа,настина беба па и јас по него и како ве читам сите исти живот живееме на различни локации Сите што читам настинати,будење,плачење Се буди навечер со плачење до несвес,во сон,едвај се смирува. Преку ден кенкав,сака во раце,не сака да заспие после бањање па заспива во 22ч и се буди рано,недоспан Нејќе да цица преку ден само насабајле и преку ноќ,хаос Катастрофа значи,не знам Плус за 2 недели сум на свадба беба кај мајка ми треба да оди значи гз преку глава Воедно барам место за салон да отворам,катастрофа сум се осеќам како пц со отворени 10 табови што чекаат да ги кликнам или исклучам Ама на крајот ќе речам како ова дете 10 ќе ги исчувам. На тема друго дете,нејќам хахаха Од стравот дека сум во заедница,стан,една соба,едно вц за мн луѓе па уште 2 деца никако Со страв имам односи Пошто ми е страв и од абортуси Страв ми е и од раѓање и носење на второ пошто бев царски,страв ми е и од помислата за опоравувањето од царски. Првиот ајде све набрзина не ни знаеш што се дешава те седнуваат и ти викаат царски ама сега знаеш и е мн зезнато Пред некој ден зб со мм за тоа иглата како ја ставаат и кога му кажав дека те виткаат како фетус позиција многу му падна тешко значи толку силно ме гушкаше вие не знаете. Ама тоа е самп момент,им проаѓа и иде муабетот "е што ти е тешко" демек ние дома пред тв цел ден легачиме со малиов Но тоа е тема за друг пат Само сакав да си пишам колку да ме има имајте убав ден,бакнежи
Сите велат подобро е барем над 3 год. детето да иде во градинка. Да се социјализира, да учи нови нешта, да му се вкорени ред со оброци, учење, играње и дремка. Меѓутоа што ако кај некои деца прави полошо отколку добро? Знам дека 2 месеци се многу малку време за дефинитивно да се каже. Но детево откако тргна стана многу бесна, дури невоспитана (зборува "ти си глупав/а", знае да мавне, да исплука храна и да се ќези, да бутка работи и да бега, итн), а еве минатава недела, четвртокот и петокот седеше дома и никогаш не била посмирена, попозитивно расположена и попослушна во задњиве 2 месеца. Па се мислам, што ако правиме штета праќајќи ја во градинка? А наутро повеќето утра плаче и се буни, не сака да иде. Утрово плачеше до д'ткање. Таму не јаде, воспитувачките велат дека веројатно така искажува револт, преку најадење. Не знам, кажете мислење. Да бидеме трпеливи, уште да дадеме шанса за одење во градинка? Има ли смисла?