1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    12.889
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам дека лошите зборови и однесување ги видела кај другите деца. Ако учителката не може да смири 2-3 побесни и некултурни деца, цела група станува урнебес, и во градинка и дома.
    Кај ќерка ми има ново дете од пролетта, што пола градинка го знаела како Лошиот Х од кај таа и таа учителка. Неговата група отиде на училиште, он е помал па го преместиле кај ќерката да истера уште една година. Пола мајки кажуваат дека децата почнале да кажуваат погрдни зборови, и сега на родителска групно ни рекоа дека мора да се опоменуваат децата да не кажуваат пцовки. Ама од секое дете индивидуално ни е кажано дека тие зборови потекнуваат од новото дете. Ќерката ми е 3 години во групата, имало дешавки, ама немало пцуење и вреѓање. Сега имаме нова учителка, па се надеваме дека ќе го стави под контрола детево, па цела група да се прибере.
     
    На Giovanna, LiquidLuna и MissChievous им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    101.195
    Пол:
    Женски
    Веројатно има кој да ја чува па знае и затоа прави вака. Ако нема кој да ја чува ќе оди и тоа е тоа. А за учење, ако е дете кое прима ќе научи и на лулашки, тв и во школо, така да нема правила.
     
    На SummerGirl и MissChievous им се допаѓа ова.
  3. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.087
    јас имам двапати спинална двапати царски и од кога ослабев помина и болка и се
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    6.449
    Пол:
    Женски
    Идам да кажам дека ми одзвонува у глава. Мозок ми е воспален. Магла ми е пред очи. Ме пукна, еј ме пукна.
    Кај не спиев ноќва воопшто, цел ден ми рика, само надвор е мирна.
    Ја извади маж ми да одморам малку, колку документи имам за средување, концентрација немам ни цвеќиња да навадам.
    Ама одбројувам ситно. Од понеделник во градинка. Колку ќе трае привикнување којзнае, ама и 10 мин на ден да не ја чувам чинам ќе одморам.
    Сега се надевам нема за 10 мин стварно да ми ја вратат де.
    Ко тазе породена се осеќам мајке ми. Се ме боли и глава ме фрска, дете плаче и така.
    Нос тече, ја боли глава, заби вади, кашла, со спиењето хаос, иако денеска си дремна солидно, не знам како да му помогнам. Ако не се смири ќе и дадам парацетамол пред спиење, белки и олесни малку. Три пати до сега сум дала само. Избегнувам, ама па и вака не иде.
     
    На WhiteCat33, Carolin., Kikikikiri0405 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    22.749
    Пол:
    Женски
    Овие од болни се разгалија :( дај парацетамол, ретко давав и јас, нејќам да трујам црн дроб ама некош мора, иначе плачи и мојов, леле за се се лути :tmi: тантрумчиња на велико деновиве. Го оставам да се исплачи на под, ама не прекинува и така пак в раце бара, ни раце ни рамена остана на мене, се ме боли.

    Денес завршивме со панцеф и конечно фрее од антибиотици, 3 со ред, без прекин од 21 октомври до денес :|

    Мене па сега една баба ми рече демек само се лажи сега, имаш млеко? И викам да, ми течи само ако не цица дека нон стоп цицаше болен и ми направи пак поќе да ми се лачи. И стварно е така. Ама муабетот дека то не било млеко сега после година, вода било итн ме нервира многу, ама 2ро дете и се воздржувам од коментари оти знам дека џабе ќе зборувам. Па така многу пати велам за мн работи ок и не се докажувам.
     
    На WhiteCat33, Carolin., MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.043
    Допаѓања:
    66.630
    Пол:
    Женски
    А имате ли со заштита? Зошто со страв? Ако не сакаш друго бебе не се остава на случајност работата.
    И мојата беше така кога тргна, почна палец да цица од што гледаше некое дете таму и се уназади малку со зборењето.:D Мислам, сега ми е смешно, ама сакам да ти кажам не дека тоа ќе остави некои последици, гледањето на другите деца и имитирањето, фаза е само.
    Од мое искуство не дека некои страшни бенефити има градинката, посебно кај нас какви што се, ако дома се работи со детето и не зјапа сто саати во екран, тогаш градинка не е нешто особено потребна. Непопуларно мислење, ама ете. Ама ако дома е со баба и дедо и гледа турски серии, тогаш градинка дефинитивно.
     
    На WhiteCat33, Carolin., MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    6.449
    Пол:
    Женски
    Стварно се огалија. Од денес веќе гледам може да си каснува повеќе и сега не сака на маса, сака да си игра додека ја хранам. Кога ќе и дадеш, мора во раце на височество, оти од чинија не може сама да земе.
    Сега уште да не ми бара после да спие во раце и се ќе е тамам. Кога не можеше да дише, ја држев во раце на мене и така си се гушка и убаво и иде. И мене ни е убаво додуша, ама без раце останав.

    А ја замисли си го зедов со мене на пораѓај и фино лепо се си виде. И тоа спонтано пораѓање, со вакуум на крај.
    Епидурал зедов, ама и две дози провокации кркнав оти мадам малку повеќе остана внатре. За малку и јас царски, ама во последен момент успеавме некако, оти беба се имаше малку не добро наместено.
    И сега ја полека се заборавив што се дешавало, ама маж ми на се се сеќава. Ако родам второ, пак би сакала да е со мене на пораѓај.
     
    На Carolin., KikiKviki, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.219
    Пол:
    Женски
    Леле пораѓајот, мм до ден денес со “насолзени” очи збори за него мислам. :D Јас на пола не се сеќавам, ама он толку траума има од помислата дека ќе не загубел и двајцата што уште ретко збориме за тоа.
    Јас ете скоро две години поминаа и дури сега ми легнува мислата дека за влакно се спасив, сепса е една од најчестите причини за смрт кај мајките и новороденчиња, фала му на Бога што сме тука, ете фала му и на животов што ме однесе во Лондон, оти да бевме тука сигурно ќе умревме.

    Ама ајде такви работи се случуваат 1/1000 и втор пат сигурно нема пак таа среќа да ја имам, ама дефинитивно пак мм со мене ќе го земам ако има кој да го чува батко.
    Не сум ни трудна, ама си испланирав:D

    Мајки деновиве некако многу тажно чувства ми идат за луѓето околу мене…ја гледам некни баба ми колку е остарена, кој знае уште колку има, не знам дали можам да се справам со нејзина загуба, ја гледам и мајка ми колку е стопена од тага, уште секој ден плаче за кучето ако верувате, не знам како да и помогнам, ќе се разболи жена, сигурна сум дека е депресивна…
    А денес цел ден си плачам оти видов слика некаде од погребот на двете сестрички во НС…како бе таква судбина да преживее човек, за каде се родителите сега, за што ќе живеат…

    Изгледа у ПМС сум ја па толку на емоции сум удрена.
     
    На WhiteCat33, Carolin., Mom's_life и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    10.138
    Хелоу, хелоу :hai: Не знам како лета времево, сега гледам од кога не сум шкртнала ни еден ред. Поздрав до врсниците, постарите, поновите, се надевам сите сте добри и лесно ја поминувате сезонава на болештини и есенски темници.

    Беба денес прв пат ми крена температура откако е родена, скроз сум надвор од шема што како се прави. Теорија знам, пракса да не зарибам само :?: Не качува повеќе од 38 за сега, ама е страшно кенкава и жална. Спие бутната во мене и ме држи со рачињата, да не ми текне да и побегнам :doh:
    Маж на службен пат, па се надевам да не ескалира и да ја избуткаме вечерва без поголеми драми.

    На посветлата страна, се друго е супер, не смеам да се жалам. Си расте, си беснее, табиет си има, ама е многу умна и покрај се. Многу ми е поинтересна откако пркна малку, има разбирачка, а и по некој муабет паѓа. Зборџика се погоди, цел ден нешто брмчи, прашува. За викенди главата ми ѕвони од прашања. А ова? и е омилена фраза мислам. И не смееш да не и одговориш. Дали гледаме сликовница или шетаме на улица, се ја интересира.
    Да е жива и здрава, еден куп енергија си бара ама не би можела никако поинаку да си ја замислам. Љубопитна, весела, двеста на саат :l: Уште да ја одбијам од цицање и ќе кажам ми порасна бебка.

    Одам да дежурам, нека е лесна ноќва (waiting):doh:
     
    На WhiteCat33, Carolin., KikiKviki и 7 други им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.927
    Леле, еден од најголемите стравови во животот е да ти изгубам баба и дедо. Веќе се остарени, и мислам дека потсвесно често помислувам на тој страв. Неретко и сонувам дека дедо или баба починале. :(
    И мама и тато се остарени до душа... Мајка ми имаше и тешка операција, со видливи физички последици на лицето, и од тогаш е како скршена и се' повеќе потиштена... Кога и викам да проба со психолог, макар ореку апликација - не сака.

    Тешко е да се соочиме со фактот дека како старееме и ние, личностите кои ги паметиме како деца, се менуваат и стареат и тие за жал. :|
     
    На WhiteCat33, Carolin., MartinaMM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.219
    Пол:
    Женски
    Да, точно. Јас особено страв имам за оваа баба, толку ја сакам, како втора мајка. Подобар човек од неа немам сретнато во животот и секогаш беше многу активна, многу расположена, полетна, сега некако е изгубена, поглед матен, имаше неуспешна операција на катаракта и ја ослепија на едното око и често ја боли…ама не кажува златна, никогаш се нема пожалено…

    А нашите исто ептен им се приметува некако од година за година, како ја поминаа 50тата ептен ми стареат брзо, особено мајка ми дека рано влезе во менопауза. Јас некогаш не можам да си поверувам дека го запознав мм кога мајка ми била 34г, 34 еј, скоро како мене, кога прв пат и побарав дозвола да излезам била 33, баш како мене, уште се сеќавам на моментот… значи не можам тој факт да си го ставам во главата, како помина толку време, како остареа толку.

    Времето е крадец.
     
    На strelec231992, mal.ecka, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Нормално е да се чувствуваш така. Сите да остариме и да дочекаме внучиња. Некои за жал не дочекуваат.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  13. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    419
    Стварно многу значи некој и 10 минути да ти го чува детето, тек сега увидов и јас што не сакав да ја "дадам" :D уште е многу тешко, ама од некои аспекти па полесно.
    Ете пак не спиевме цела нок ама барем ќе одморам на работа а она во градинка. Не се зафркавам стварно ќе одморам иако работата ми е мнпгу напорна и стресна.
    И помага за да останам смирена да си повторувам дека не го прави ова намерно и има некоја потешкотија.

    И не знам веќе што грешам со спиењето, се полошо е место подобро. На секој 1 саат будење, од 3 до 6 на раце спиење и на цицка и со благо нишкање, само така ќутеше. Не е настината, не гледам заби. 9ти скок сме на крај ама мме до толку од еден скок?
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На Carolin., Fenix05, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    22.749
    Пол:
    Женски
    Исто со спиењето е, со 15 месеци и 15кг неможам поќе, НЕ МО ЖАМ, цела ноќ станува на 30 мин :drunk: ова цицањево веќе на нерва ми оди, се ближи крајот мислам, не се трпи :worried:
    @1209 да беше мк за пораѓај одма царски ќе те направеа, не чекаат многу време, ако не оди природно одма царски прават, со првото ме чекаа со провокација, уствари јас сакав природно и се инатев не давав одма царски, ама неможеше и се заврши се во ред.

    Др тема, исто ми е, исти чувства за баба и дедо, само по мајка ги имам, по татко рано починаа, баба 97ма год, дедо 2006 мислам беше.
    Дедо секој ден се јавува, буквално, дури и по неколку пати денот, кога ги гледа децава само плачи :( таков е емотовен многу. Па има и анеуризма во стомак, голема 3см и расти, за операција е ризично многу и сега е темпирана бомба, се натажив ;(

    Сонце со заби денес, 1степен во 8ч, еве ме на работа мрзнам :|
     
    На kozuf, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.927
    Да ни се живи и здрави што може повеќе. :l: Да го цениме времето со нив кога сме заедно, и да го искористиме максимум.
    Мене ми е мака што не сум личност што воопшто размислува да фотографира, и да имам фотографии од различни спомени...

    Мајка ми пред некој ден дојде на контрола во Скопје, со автобус. Дедо и баба знаеа дека ќе дојде, и дека автобусот застанува и кај нив во село, дедо чекал во 6:30 со цела торба зеленчуци тие што си садат, и баба млечници чуда ми правела, и и ја подадел на мајка ми.
    Од една страна, зошто да чека со товар на автобуска, па да ја товари и мајка ми. Јас ја пречекав секако на автобуска за да ја носам на клиника и со кола бев.
    Ама па од друга страна одма си мислам дека леле еден ден и да сакам, ќе ги нема така да прават. И така се во круг...

    Живот :u:
     
    На WhiteCat33, strelec231992, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  16. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    419
    Така искажуваат љубов тие генерации. Ох :u:
     
    На WhiteCat33, 1209 и LadyR им се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    11.120
    Пол:
    Женски
    Едно знам ме теши.
    Во овие времиња, староста е привилегија.
    Кешки ние со овој лајфстајл да стасаме до нивното.
     
    На WhiteCat33, strelec231992, Besbes24 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Да си фотографираш/снимаш, барем сега телефоните ни се в'џеп на сите. Јас имам само една баба по мајка, дедото починат кога сум била 5 год. По татко ми, домашните баба и дедо ми се непребол, дедо ми почина пред 5 год, тој ни беше личен шофер, кај имаше потреба, обврските беа завршени, ми пазареше се, значи без да ме праша, ќе ми се јавеше и ќе ми речеше долу во дворот имаш диња, јас и тој ја обожававме дињата на пример. За првото бебе луѓе тој ојде во аптека (имаше пријател) и ми зел пумпа за одмолзување, цуцли, шишиња да одберам шо ми треба, оооф колку фалат. А па баба ми по мајка, живее 6 мес МК, 6 мес странство. Вујко ми со фам се странство, па откако е пензионерка е пола год тука, пола таму. Баш на денот кога ја испраќавме само шо стигнавме во двор, си ги седнав децата на скали и си напрајв неколку слики и едно видео, не знајте која хармонија ја имаше, кој мир, која тишина, кај баба...:hug: Цело лето, домати, крастајци не купив, само со полни најлони си бегавме, сега ни наспремила пиперчиња вакви, такви, нанижала пиперки, што вика kozuf тие генерации така љубов искажваат, дај Боже и ние да имаме да искажваме на наши внуци. :mm:
     
    На strelec231992, Carolin., Mother of 2boys и 5 други им се допаѓа ова.
  19. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    885
    Пол:
    Женски
    Да да со заштита ама не знам потсвесно мозокот ми мисли дека може да пукне или нешто,од страв(facepalm)


    Мојов мн сакаше ама не даваат кај нас
     
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    6.666
    Еве ме тука сум, да се пријавам.
    Ме немаше периодов, некако се време немав, и многу размислував за ситници што ме преокупираат и сфатив на крај дека не можеш да имаш се. Колку и да се трудиш. Да си на работа, да имаш чист дом во секое време, децата да имаат домашни оброци приготвено, и ти да сјаеш. Едно ќе страда од овие секако, ако не и две нешта. Затоа од сабалје почнувам да планирам на што ќе посветам внимание пред да тргнам на работа,да се организирам. Најчесто прво почнувам со оброците за малата и кафе за мене. После тоа мијам чинии и раскревам по дома па играм со неа. Нека е здрава и жива ама како иде време се понапорно ми е. 10 месеци направи вчера ,има 8 запчиња:l: и мн е нервозна. Се живо што ќе и дојде пред неа става в уста. До кога трае оваа оралнава фаза знае некоја:worried:? И како микроскоп е, едно нешто да е на тепих паднато лази до таму и го става в уста. Да ти е страв да не изметиш еднаш дневно..

    Големиот ќе слави роденден викендов. Четири годинки. Закажав во една игротека и ќе бидиме собрани 10тина мајки што комуницираме. Немаше пакет од таму со нивно јадење па спремам од дома јас сама. Кифли направив замрзнав, пици затворени исто.
    Ќе треба петок вечер да направам млечни салати 2 врсти, мини крофнички и лиснати да испечам. Поховано ќе нарачам,не знам тоа сама да го правам :D тоа што не знам не се брукам пред луѓе.:$
    Зедов 2 дена од работа за да можам се ова да стигнам. Оти ќе имаме гости и од странство па ќе треба кај нас дома да ги викнам, и така.

    Бидете ми поздравени мајки.:l:
     
    На Kikikikiri0405, DaisyDream, kozuf и 8 други им се допаѓа ова.