1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    885
    Пол:
    Женски
    Јас нема ни година како ја изгубив баба.. на татко ми мајка. Да не пишувам еве веќе ми идат солзи.
    Се плашев за дедо ми дека постар ама испадна така од нигде никаде.
    Ама едно нешто ми е утеха.. дека си дочека правнуче од најмалата внука и дека го изгушка и избацува. Иако тагата е поголема тие некои моменти ме поттикнуваат да не ми е криво толку... :u:
     
    На Mumoftwo30, strelec231992, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.927
    Баба и дедо по мајка ми се живи, и вујковците ми се тука. Во МК сме сите (само брат ми е во Америка...), ама сум на два саати возење и сепак 2-3 пати месечно ги гледам. Многу сакам да бевме во ист град, да ги гледам почесто, и да можам да им помагам, барем малку да им возвратам.

    Знам како е... Баба ми пример посади сама пиперки органски да биле, ми направи ајвар и ме наполни со тегли последната пат кога си бев. Пред да влезам во 9ти, и и реков дека следно со бебе ќе ме види. :) Жената паники ја фатија, како гладна да ќе останам во Скопје во наредните два месеци. Кори ми засука со домашни јајца, цела вреќа кори имам; месо не знам колку кила - домашно нејзино пак. Цело време се трудат, прават, даваат... А прстите им се искривени од работа, и пак не застануваат. Дедо ми колевка дрвена сака да прави за бебето, прво правнуче му било.

    Не знам, светот е многу поубаво место со нив. Без нив, нема да сум комплетна никогаш...
    Како што викаш, камо и ние тоа да дочекаме. Ма да мислам дека ние кога ќе бидеме на нивно место, други времиња ќе бидат и не верувам дека така ќе бидеме како и нашите баби и дедовци што се сега.
    Јас се надевам дека ќе ми поживеат подолго, за и моите деца да се сеќаваат на нив... Бидејќи се благослов.
     
    На Kikikikiri0405, Noemi, Anturium и 13 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    56.669
    Пол:
    Женски
    Цело време ве читам и се насолзувам со муабетиве за дедовци и баби, а овде веќе се расплакав квалитетно.
    Души :l:

    Се надевам и нашиве дечиња ќе градат такви преубави спомени. Ми текнува колку ме нервираат родителиве како се однесуваат со внуците и се' што не треба тоа ќе направат од инает, па убаво ме освестија овие муабети, додека се тука ете ќе прогледаме низ прсти... за по нешто :!:
     
    На Mumoftwo30, Mother of 2boys, le.soleil и 7 други им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.927
    :l::l::l:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.351
    Допаѓања:
    22.242
    Пол:
    Женски
    Ме расплакавте и мене со муабетиве за баба и дедо... Само баба си дедо од кај мајка ми ги сакам и признавам, со оние другите немав контакт од мои 10 год, и починаа пред неколку години.
    Дедо ми по мајка почина пред 4 години и тој, душата ми се парчоса тогаш. Беше 82 години, дочека и правнуци, и многу радости од децата и внуците, ама сепак болеше.
    Баба ми е сега 82 години, искривена цела во рацете, подгрбавена веќе, измачена од физичка работа по поле цел живот. Земјоделци со дедо ми отсекогаш биле, и успеале да школуваат 3 деца, куќа да направат и на сите нас секогаш ни даваа се домашно што произведуваа. Пораснав со млекото, јајцата, сирењето на баба ми, месо, овошје и секаков зеленчук непрскан од дедо ми. Никогаш нема да заборавам колку многу ни помагаа додека растевме со брат ми.

    Имам слики, видеа од дедо ми, па се сеќавам понекогаш на неговиот глас и лик, тие добри очи, чесен поглед.
    Сега барем телефоните се со нас нон стоп.

    Така и моите ги снимам со синко, да си имам за спомен.
    Остарени се и нашите родители веќе, нека се живи и здрави, да си поживеат и да дочекаат уште многу убави моменти со нас.
     
    На Mumoftwo30, strelec231992, kozuf и 6 други им се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    15.305
    Пол:
    Женски
    Ме расплака жено:l:
    Колку ми фалат бабите и дедо ( по татко). Дедото по мајка, само другите внуци ги двоеше , ние задња ложа бевме со сестра ми.

    Сакам од мене да ги гушнеш најсилно кога ќе ги видиш.:l:
     
    На Mumoftwo30, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    76.511
    Пол:
    Женски
    Ме расплакавте за бабите и дедовците. Многу ми фали баба по мајка ми, премногу. Како мајка ја сакав, како мајка ме чуваше и галеше.
    Дочека само ќерка ми да ја види и да и се израдува. Да беше жива ќе се радуваше и на другиве две.
    Уште го паметам најубавиот мирис на чиста постелнина кај неа и најубавото месено.
    Секогаш ќе ги паметам тие нејзини мили очиња што светкаат од радост кога ќе ме видеше, памукче мекано ми беше она :l:
     
    На Mother of 2boys, MartinaMM, kozuf и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    3.976
    Допаѓања:
    7.350
    Пол:
    Женски
    Баба ми почина, дента кога закажав царски со второво, 10 дена пред пораѓај.
    Залегната беше една година, не беше многу свесна ама мислам дека како да знаеше дека сум бремена, кога и зборев, се смееше.
    Не и бев на погреб. Ми забранија докторката, моите, маж ми. 5 месеци се помината, уште душата ме боли што не бев, солзи ми доаѓаат сега.
    Најубавите зимници ги правеше. Имаше останато од пред да има удар. Последен оброк пред да одам на царски ми беше најубавата урда од баба. Пред една недела мајка ми донесе жива туршија, пинџури, полна била гаражата.
    Како уште да ми е жива баба :inlove:
     
    На Mumoftwo30, Kikikikiri0405, Mother of 2boys и 10 други им се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.927
    Бабите се незаменливи и единствени, дури и кога не се присутни физички. :l:
     
    На Tea SK, lackygirl и Mom's_life им се допаѓа ова.
  10. Annniee

    Annniee Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    9
    majki, dali veruvate vo majcinski instikt? kolku mislite deka e tocen?
     
  11. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    1.521
    Пол:
    Женски
    Hmm so znam sinko mi e 8 meseci ama sekogas koga ke se razboli go sonuvam pred toa.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annniee

    Annniee Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    9
    a opsto onaka sprema nekoja licnost? na primer da cuvstvuvate deka nekoja licnost ne e dobra za da bide vo okolina na vaseto dete
     
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Знам дека имаме мајчински инстинкт, не го потиснувај.
    А ако имам чувство за некоја личност тогаш не би ја оставила насамо во никој случај.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annniee

    Annniee Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    9
    toa mi e prasanjeto, licnosta mi e blizok clen na semejstvoto, ama mnogu pati ima napraveno nekoi raboti so deteto sto sum i rekla da ne ti pravi, ama povtorno prodolzuva, ne me slusa
    ne znam dali toa mi stvori odbivnost sprema nea, ili pak nekoj majcinski instikt
    preska koga bese tuka bukvalno racete mi se tresea, isturiv jadenje od nervoza i ne mozam da se sovzemam
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    2.927
    Ако не ти удрила рецка тебе како мајка на детето, не ти треба ни инстинкт за да знаеш дека треба да поставиш граница.
    А се потресуваш толку зошто немаш поставено граници. Немаш контрола на ситуацијата. За'ржи таму и нека се тресе таа наредно кога ќе сака да го погази твојот збор.
     
    На kozuf, LiquidLuna, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    15.305
    Пол:
    Женски
    За дете ќе си јасна и гласна. И нема што да се нервираш. Ако не почитуваат тоа што си кажала, нема да даваш дете и завршуваш.
     
    На kozuf и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.219
    Пол:
    Женски
    Додека не станав мајка не сфаќав дека мајка ми е токсичниот партнер во бракот. Многу притисок ми ствара, почнувам да осеќам одбивност кон неа, толку е сменета јас не знам што е со женава, само притисок ми прави за нешто, само како да се правдам пред неа за нешто цело време се осеќам, само на секое жалење од мене она ми вика што очекуваш ти така е да си мајка, значи веќе не ни сакам да се пожалам нешто.
    Се е околу внукот, кога е со него и кога и зборам како да не ме перципира се осеќам…не знам полудувам ли или сега си ги отворам очите и се ми е појасно…
     
    На Mumoftwo30, mal.ecka, strelec231992 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. ArtemisSs

    ArtemisSs Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека и мајка ми е еден вид на таква жена (нека е здрава и жива)кога ке дојде,зошто сум била во продрсната блуза сум имала подочници стомакот многу ми се знаел после царскиот а пред да се останам трудна бев во топ форма па тогаш како болна сум и изгледала...исто кога е со децата не ме рецка тоа шо зборувам и дека е паничам само шири паники пази детето ќе падне ќе се задави нз шо.. Со свекрва ми имам сто пати повеќе разбирање незнам шо да кажам друго..
     
    На strelec231992, јolene, Skyler и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    41.219
    Пол:
    Женски
    Исто…се како добронамерно ама некако прекриена критика која не ја ни осеќаат, не знам што им е проблемот, а не дека они се најсјајни или дека биле кој знае какви опасни мајки…не знам дали јас многу на срце си ставам ама сериозно на моменти ми прави да се осеќам ко лоша мајка и со грижа на совест за се.
     
    На јolene и Skyler им се допаѓа ова.
  20. ArtemisSs

    ArtemisSs Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    И плус е во менопауза и на тато му ја вади душата искрено незнам како се трпат се нешто не чини ќе ги натокми устите како на пример зошто сме купиле сиво транспортно креветче за ќерка ми не и се свиѓала нејзе таа боја,мислам смешки....и на крај ја исклучувам и се караме па после извини. Манипулатор.. А за современи се доста современи и не се престарени па да речеш се и смета ама нема тоа е дали од досада дали од друго веќе си ја научивме и се носиме со тоа некако јас и одам контра и така..
     
    На јolene и 1209 им се допаѓа ова.