Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    18.014
    Пол:
    Женски

    Еее тоа менопаузата ги дрма на најјако. Иста е и мојата само не знам дали таква била или сеа стана таква жената. Како ја трпи татко ми секоја му чест, јас често знам да се налутам па не ни одам и после 2-3 дена ке ми падне жал и ке отидам, а одма на 5минути живееме. Сега последно а бе се испокара за глупости живи, не размислува што збори некогаш ама само да е по нејзино она е најпаметна. Ние другиве нишо не знаемеж.
     
    На јolene, WhiteCat33 и ArtemisSs им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.556
    Допаѓања:
    42.952
    Пол:
    Женски
    Абе не дека татко ми е цвеќе, ама човекот се труди бе, никогаш не сака да излезат, никогаш не прифаќа покана од него за некаде, се нешто не и е погодено, значи јас разбирам дека и човекот има свои маани ама не е лош. Цел живот работи од сабајле до вечер, никогаш не бил љубоморен, никогаш не се кара со неа, никогаш глас не повишил, не пие, не излегува, едино на лов што оди еднаш неделно, ама она како се да си бара некоја рачка за кавга…А не е во менопауза, одамна нема менструација.
    Мојата е во депресија за кучето ама веќе почнува да ме нервира оти разбирам тага и се и јас тагувам, ама буквално се уништува жената, не јаде, не спие, се ја боли нешто, не сака да разговара си никој, само нешто си наоѓа рачка за кавга, а не сака ни да превземе нешто…

    За лутење не се лути, никогаш не се меша во одгледување или наши мислења околу детето ама ме нервира со коментарите околу прожртвуваноста на мајката, дека она цел живот жртви за сите, без никаква грижа за себе мисли дека тоа е здраво и така треба, а не сфаќа дека ради тоа е ваква на 55год каква што е.
    Прееска дури ме навреди со муабет и на крај ми вели ете пак јас крива и се нешто јас не правам како што треба, се погрешно ме сфаќате. Значи класичен менталитет на жртва.
    А паничењето да не го спомнувам оти ќе ми се качи притисок, мислиш нејзино дете е, е толку паничи за се.
    За нас таква беше па затоа мислам сега јас не можам ризик у животот да се осудам да превземам па сега и со детево мое…
    Ја сакам стварно и многу беше грижлива и добра мајка и уште е ама овие испади веќе почниваат многу да ме напнуваат.
     
    На Mumoftwo30, mal.ecka, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Баш пред некое време размислував на темава. Колку навидум имам одлични родители, а колку со одредени постапки испаднале токсични. Не ни забранувале директно нешто пример ама индиректно предизвикувале и да прекинеме со спорт или да не почнеме некаков предизвик или било што.

    Е сега откако сум мајка, и свекрвата и мајка ми и повикани и неповикани знаат да критикуваат.
    Свекрвата дури и повеќе се пази. Има навика да дојде и да ме праша дали ми текнало да детето да му сменам памперс. Нормално дека не, моето со еден памперс, 3 дена врви |(:@
    Од друга страна мајка ми, пак често знае да ми набива вина баш со зборовите, што си мислите, ние не се нервиравме од вас. Така е кога си мајка, ова направи или она направи така и листата продолжува.
    Е на мајка ми знам и да и се развикам, да стиши малку со лекции и темперамент.

    Едит: паниките плус, што сама ги прави, плус ми ги пренесува.
    За на одмор кога решававме беше, како ќе одите толку часа со дете. Ако плаче, ако не седи, ако прави вака, ова ако се случи, она ако се случи.
     
    На Kikikikiri0405, Carolin., strelec231992 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.497
    Допаѓања:
    9.639
    Пол:
    Женски
    Мајки,знам темата не е за совет,ама многу лошо се чувствувам,многу...:(
    Бевме на слава кај мојте вечерва,поголемата ќерка,таму е опуштена,дека баба и дедо се тука,вујче,вујна,братучедите
    Детето си беше весело,расположено,ама не приседна,беше многу темпераментна,бутна чаша со сокче(несакајќи беше видов),ама јас некако мн се изнервирав,ја карав,ја удрив и по газе,не треба така знам,некако станав многу слаба со нервите,како да се губам некаде покрај сите обврски со децата.
    Знам годините и' се такви,скоро 4 ри,но во последно време многу често и' подвикнувам,после се каам,се чувствувам како лоша мајка.Како да си помогнам?
     
    На Mumoftwo30, strelec231992, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    И моите знаат да кажат нешто такво да ме треснат од земја ама и обратно. На пример кога се жалев последниот пат дека ми е тешко добив одговор: а каков ќе ни беше нас животот сега без вас? На што ќе се радувавме?.. Во смисла дека вреди целата жртва и стресови и сѐ.
    Пробајте да го сфатите како добронамерно :hug:
     
    На Kikikikiri0405, le.soleil, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Јас би ѝ се извинила. Едноставно мама згреши, се налути и те удри. Тоа не беше во ред.
     
    На Mumoftwo30, strelec231992, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.497
    Допаѓања:
    9.639
    Пол:
    Женски
    Секако и'кажав така мајка,но јас не се осеќам добро.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Ехее да знаеш колку мајки се осеќаат како тебе. Еве една тука. Викам и после се чувствувам виновно. За сѐ се чувствуваш виновна всушност.
    Преоптеретени сме, може нема доволно поддршка за нас и ќе пукнеш. Најчесто во афект е. Денес додека мм беше со детето, отиде во кујна и се бесеше на рачката од фурната и тресна долу на плочки. Среќа не падна лошо.
    И после се качува на спална (јас бев сама со него) и му викам: како така стоиш, ќе паднеш не ли гледаш.. во афект се некои работи. И јас се чувствувам како најлошото од мене да излегува некогаш, порано бев тивка и никогаш не повишував тон, со емпатија кон сите..
    Едит: кај тодлери и мали деца, секогаш ќе имаш шанса да постапиш подобро во следна прилика. Ако сега има тантрум или што и да е и не се справиш добро, истата ситуација ќе се повтори брзо и ќе имаш прилика да бидеш посмирена и да си ја поправиш грешката
     
    Последна измена: 8 ноември 2024
    На Mumoftwo30, Carolin., strelec231992 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Mене психологот ми има кажано дека мајка ми е главната причина за многу мои проблеми, сфаќање на животот, однос со маж и децата, многу мои проблеми потекнуваат од набиена вина од страна на мајка ми. Откако расчистив со тоа и престанав да и кажувам се јас се препородив. Цел живот сум мислела дека татко ми бил негативецот ама во многу разговор сфатив дека не е така, мајка ми е таа што ни го има направено животот таков. И не, не е тоа лош контекст, едноставно така знаела, така правела, ама тоа ме кошта многу работа на себе. Иста е и свекрва ми, ама откако тоа го сфативме и двајцата со мм многу ни е полесно. Како да имаме нов почеток после 18 години.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, Kikikikiri0405 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    21.421
    Пол:
    Женски
    Хахах јас сфатив дека и двајцата се тешка токсика, родени еден за друг ама тоа тема за на психолог е :rofl:
     
    На Mumoftwo30, LazaLaza, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    7.191
    Пол:
    Женски
    Tемата со родителите, мислам сите не мачи. Најчесто мајките.
    И стварно треба големо себеспознавање да видиш дека тоа те кочи и прави тажен, за да успееш да одиш напред. Среќни бидете што сте укапирале, многу не се.
    Генерално како општество сме токсични, ама многу токсични. Се нешто ни фали, се нешто не си направил добро, се нешто не е доволно добро.
    А уствари лежи на недоволно себе реализација најчесто на жената.
    Оти живееле, а многу често и сега по шаблон. Мора да се ожениш, деца, работа, свекрва и сето тоа те гуши, ама така треба. И на крај деца растат, ти остануваш со фрустрации и ги вадиш така индиректно и несвесно врз децата. Оти така знаат. Жално е малку.
    Мајка ми исто е тежок токсик. Свекрва ми бетер бетер. На мајка ми можам да и кажам, а свекрва ми кога сака да се кара и навредува, зборови извртува и страшно е.
    Немам контакт со неа, избегнувам колку што може, ама кога се мора некогаш, после две недели сум болна.
    Мајка ми ме прави стално нервозна, многу е негативна и се нешто и пречи. Едноставно не знае да ужива и да биде среќна во она што го има.

    Може за дете е убаво да е со нив, оти и се радуваат, ама нас не реметат за сите пари. Така откако ќе сфанеме, полесно е. Не им допуштаме толку многу да не допира она што го кажуваат и прават. Да на крај они се со најдобри намери се, и се од љубов прават. И тоа буквално, вие што мислете Мајка како е. Бла бла. Ко да треба да е мачење, а не задоволство да си растеш дете.
    Јас дури мислам дека свекрва болна паѓа, кога ме гледа колку уживам и и сум посветена на малата.
    Помалку на нивните зборови внимание, повеќе на вас, гледајте љубов, смиреност дома да си имате, а се друго на втор план.
    :hug:
     
    На MeowMeow, LazaLaza, LivingGlam и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    @1209 Многу очи отвараш кога стануваш родител. Мислам дека нашите се сите горе долу иста сорта. Моите имаа многу добар брак. Совршен. Многу разбирање. Многу почит. Многу меѓусебна поддршка. Требаше да пораснам за да увидам дека како родители не биле толку добри. Јасно ми е дека неизмерно ме сакаа и дека се беше со најдобра намера ама не се беше најдоброто што можеле. Толку знаеле. И јас така се тешам.

    Мајка ми… знам дека да и речам дека ми треба одма ќе тргне пеш за Германија. Од друга страна, и носев саксии и саксии кактуси од Грција кога се селевме, за сеа скоро кога требаше да ги прибере од тераса внатре, ми рече ауф што ги мрзам значи. Не знаеш како ме сецна во секунда. Каков непромислен коментар. И реков фрли ги што ги чуваш чим ги мрзиш. И одма ама не мислев така не сакам дома цвеќиња курци палци. А замисли ова. Знаеше долго време дека сакаме да одиме на трето, не беше некоја новина. И јас среќна и кажувам дека сум трудна и таа прво што ме прашува е дал маж ми сакал. Од кај и дојде ова да ме праша никогаш нема да ми биде јасно. И велам нејќеше, со комшијата го напраив. Се изнервирав, заплакав од фрустрација и му кажав на маж ми. И тој се почуде од кај доаѓа коментаров. Ја жими све некогаш не знам како може толку непромислени глупи работи да истропа, а истовремено знам дека душа и свет дава и за мене и за децава. Освен да не се замараш, немаш друго. За децава исто, на камера цел муабет е држи го, оди фати го детето ќе падне, не го оставај сам, оди, ама оди лелее падна, готово ќе падне, држи го, оди по него… Некогаш имам чувство како да мисли дека децава на раб на бездна ги чувам. Не знам.. како под еден калап да се праени. Ама само трпение. А некогаш ми дава таква поддршка ми доаѓа топло на душа и после ќе истропа нешто и ќе останам подзината и ќе се правда како не мислела така.
     
    На Lizi, Mumoftwo30, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    @DELFINA81 најди ја на инста Данијела Остојиќ, клинички психолог. Често збори против балканските уверувања и ќотекот. И иако и самата е многу против, има видео каде кажува дека и се случило фрустрирана да си дојде од работа, трпение на минимум и ќерка и нешто и додевала и ја плеснала по гз.
    Фино објаснува дека работата не е да чувствуваш вина, туку да му објасниш на детето дека не е криво и дека мама не требаше да го направи тоа. Ако не ја следиш, заследија. Топ совети дава.
     
    На Mumoftwo30, mila89, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    1.019
    Пол:
    Женски
    Дали од нигде никаде освестувате дека сте мајки? Последниов период вака седам и оп, ми текнува дека сум мајка. Сѐ уште не ми е верно, па и кога ќе ми се насмее и кога ќе ме гушне кога го заспивам…
    Убав ми е бракот, се осеќам сакано и го сакам и јас се разбира, меѓутоа низ целиот мој живот ми се проткајува еден core belief дека никој не ме сака, што за жал и беља ми се потврдува низ животниве случувања. Не велам дека е така, има удел тоа што јас си мислам така, ама ова кога ќе ме гушне бебево, онака знам дека оно најискрено ме сака и има потреба од мене. Сте се осеќале некпгаш вака?
     
    На MeowMeow, lackygirl, Dennings и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    515
    Здраво мајки :)

    Денес е еден од деновите кога се чувствувам нај немајка, не знам дали вас ви се јавуваат вакви чувства. Синоќа бебе ми падна од спална, како не знам. Најверојатно се разбуди и не ја осетив, ме понесол сонот и само слушнав пад и плачки. Кратко плачеше има модрица на едниот образ и гребнатинка. Изгледа има пробано да се симни оти таква модрица може да има само ако се удрила од штицата. Успеав да ја држам будна саат и пол, поигра се напи млеко и заспа. Не повраќа сега за сега и се однесува како секој ден.

    Друго се нервирам оти не сака цврста храна во ниеден облик, сите ресурси ми се исцрпени и не знам веќе што да пробам. Сум видела нејадачи ама ти да не сакаш ни да пробаш :x. Па кога ќе слушнам коментари како леле моите се јадеа, јас таков проблем немав јас ова јас она. Мајка кога ќе се јави и она ме тригернува со прашањето денес што јадеше а знае дека не јаде и ќе рече леле пак :@. Знам дека мисли добро ама и она го имала истиот проблем со мене па може да биде малку сочуствителна. Има и други коментари како стави и сол, дај и ова дај и она.

    Доста труев вака викендашки, отидов да си направам уште едно кафе и да се надевам дека ќе го преживеам денот со 3 саати сон. :coffee:

    Имајте убав ден мајки :f:
     
    На strelec231992, Dennings, BoNaNa123 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Па искрено ни мојот син не јадеше ништо на почетокот,па му дадов да проба само малку манџа и со толку страст бараше уште. Епа одтогаш ставам малку зачини знам дека не е во ред знам последици ама па барем вака јади се. Или па кога не јади пуштам 3 песни кои тој ги сака ило го карам му викам мн силно па цела чинија ќе ја изеде. Знам дека не е во ред но морав да најдам начин. Те гушкам:l:
     
    На Nataliii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    7.191
    Пол:
    Женски
    Да ни се јавуваат, многу често. Пред две недели кога не видов дека ми се накакала, беше во комбинезон гумен, плачеше, не знаев што и е. Додека видов, а надвор бевме, па најдов да ја пресоблечечам, се вцрвило газе.
    Три дена не можев да спијам од мака.
    Кога пред очи ми се залета и падна, се исчука во метален стол.
    Кога сум нервозна и ќе и повикам, после ми се плаче.
    Кога имам обврски и она сака да се игра, а јас цело време и викам после.
    Кога сред ноќ ќе стане и не може да заспие два саати, а јас сакам да спијам и сум лута.
    Уште колку многу вакви примери имам ехе. На крај сме само луѓе, изморени луѓе. Некогаш сме престроги кон себе. Ќе паѓаат, уште многу.
    Стави некако заштита од страната и доле постели тепих или такво подебело за играње подлога. Иако верувам нема да се случи повеќе.
     
    На Nataliii, lackygirl, Dennings и 10 други им се допаѓа ова.
  18. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    5.498
    Откако почина мајка ми многу размислувам за нејзините жртви за нас, нејзините деца. За нејзиниот умор, страв, бдеење над нас. Кога морала да не остави на село со баба како се чувствувала. Почина пред да можам да ја прашам, пред да ме научи да месам нешто што 10 години и викав дека сакам а никогаш "немав" време. Кога се родија малите, она тазе излезена од болница ми помагаше со децата, се будеше да прави млеко, ги бањаше, пресоблекуваше. И покрај се јас и замерав за секој коментар за децата, за облекување за хранење за сенешто. Некои коментари биле такви неумесни што со саати сум плачела. Од денешна перспектива гледам колку ми била преувеличена реакцијата. Што хормони, што умор, што фрустрација што животот ми се свртел наопачки. Пробајте да не ги земате коментарите при срце, сфатете дека доаѓаат од некој што го прошол во животот што сега вие го проаѓате. Знаеле што знаеле, правеле најдобро што можат како што ние правиме. Не сјебале, ќе ги сјебеме и ние нашите деца на еден или друг начин. Иако, целиот свет би им го дале и се доаѓа од желба да им биде најдобро и најубаво.
    Најдобро што можеме да направиме на децата е да работиме на себе. Не на нив. Да учиме да бидеме трпеливи, да сфатиме дека децата се деца, да не очекуваме да се однесуваат како возрасни колку и да тоа ќе значи неспиење, страв, фрустрација за нас. Тие знаат поинаку, ние треба да знаеме. И не е лесно да се примени како што е да се каже за жал. 3 пати од сабајле се извинувам што вриштам по нив.
     
    На Coco31, Lizi, Skyler81 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Сте отвориле тема за родители. Јас не се жалам од моите, имат преубав брак, никогаш не се карале пред нас, правеле и прават се што можат да ни помогнат и мене, иако сум далеку и на брат ми.
    Родителите на маж ми се поинакви. Има многу работи што не ми се допаѓаат кај нив и нивниот однос меѓу нив, и ми прават да јас бидам нервозна. Колку и да мислев дека ќе издржам дур живееме заедно, почнувам да го губам трпението и со душа чекам да се иселат.
    Свекрва ми ми помага, и глупо е да се пожалам, ама сака многу да е главна и многу лесно увредлива. Кога и се каже нешто дека не е во право, одма го крева носот до таван. И тоа го увидов од кога почнав да живеам со нив, кога идев како девојка на син и, тоа лице си го немаше покажано. Тоа е нешто што многу ме нервира кај луѓето што се преправаат и се прават нешто што не се. Знае да пцуе и се дере по свекорот цел божји ден и не се замара дека моето дете ја слуша. И укажував многу пати ама се е џабе. Тоа е нешто што најмногу ми смета. Човекот и угодива и пак не е угодено, ми е жал за него.
    Може збегав малку, ама ете се искажав.
    Не сум навикната на таков однос меѓу сопружници. Мајка ми не дозволува мори да и се рече, а не пак да се пцуе по дома.
    Такви вредности дефинитивно не сакам моето дете да има. Туку вредности во кој јас имам израснато. Со убава хармонија дома. Ете и тоа е најголемата причина зошто не сум почната на работа, и одуговлечувм. Зошто не сум спремна да го оставам синко да го чуваат и да слуша само како свекрвата се дере по свекорот оти во секундата кога му рекла не станал. Градинка тешка приказна, преполни групи од по 30 и кусур деца. Ќе видиме како ќе биде. Доста беше од мене да не бегам многу од темва.
    Ама едно ќе кажам фамилијарните односи и те како влијаат на се. Бар мене да, и за жал во моментот негативно. Добра ноќ мамасити
     
    На MeowMeow, LiquidLuna, Nataliii и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    8.780
    Пол:
    Женски
    Денов ме убија уште рано рано.....
    Денот кога станав прв пат мајка на ќеркичка која тивко без да го земе својот прв здив замина највисоко на небото.
    Пред некој ден барав податоци за мртвородени бебиња и ја најдов....во нашата општина тој месец само таа била една. И така стоеше кецот и го гледав пробувајќи да ставам лице на бројката. Не видов каква боја ти се очите , никогаш не ти ја слушав смеата и плачот, никогаш не ги галев ноџињата, никогаш не ти го бакнав образот...
    Навистина нема ништо посилно од жена што изгубила дете а сеуште дише.
     
    На Coco31, azelea, 1209 и 39 други им се допаѓа ова.